Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Националниот џез оркестар ќе одржи концерт со студентите од Факултетот за музичка уметност во Скопје и од Џез академијата во Штип утре (7 октомври) од 20 часот во малата сала на Филхармонијата. „Ова е концерт посветен на креативноста, енергијата и талентот на новата генерација џез музичари. Заедно да ја откриеме иднината на македонската џез сцена и да ги поддржиме младите уметници на нивниот творечки пат“, велат од Националниот џез оркестар. ...
Вечерва (3 октомври) во 19:30 часот во Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип започнува осмиот Интернационален фестивал на камерни хорови Астибо фест. На дводневниот фестивал ќе настапат камерни хорови и вокални ансамбли од Македонија, Србија и Бугарија и интернационалниот хор „Сингерс јунајтед“ со членови од САД, Велика Британија, Јапонија, Канада, Русија, Белгија, Костарика и други земји. Влезот за сите настани е слободен. Т. ЈОВАНОВСКИ Фото: ...
Вечерва (3 октомври) од 20 часот, Националната опера и балет ќе ја отвори новата сезона 2025/26 со „Реквием“ од Волфганг Амадеус Моцарт. „Реквием“ е последното и недовршено дело на Моцарт, создадено во последните месеци од неговиот живот. Солисти ќе бидат Биљана Јосифов (сопран), Николина Јаневска (мецосопран), Јане Дунимаглоски (тенор) и Владимир Саздовски (бас). Сценографијата е на Марија Ветероска. „Заедно со оркестарот и хорот на ...
Филмот „Паноптикон“ на режисерот Ѓеорѓи Сикарулиѕе, копродукција на Грузија, Франција и Италија, доби Гран при на 10. издание на меѓународниот филмски фестивал Киненова во Скопје. Наградата за најдобра режија ја доби српскиот режисер Вук Ршумовиќ за филмот „Помеѓу боговите“, а наградата за најдобро сценарио ја добија Момир Турудиќ и Вук Ршумовиќ за истиот филм. За најдобар краток филм е награден „Пиратска земја“ на Ставрос Петрополус. Специјално ...
Новиот студиски албум на суперѕвездата Тејлор Свифт, „The Life of a Showgirl“, пристигна денеска (3 септември) со силна промоција, што вклучува полноќна продажба во продавници, забава во киносалите низ целиот свет и изненадувачки настани во Њујорк и Лос Анџелес. Албумот следува по „The Tortured Poets Department“, 11. студиски албум на Свифт, кој дебитираше на првото место на американската топ-листата и се продаде во осум милиони примероци во ...
По повод 25 години од албумот „Врати на имагинација“, рок бендот „Ареа“ ќе одржи концерт во салата „Јане Сандански“ во Скопје на 8 ноември. Ова исто така се совпаѓа со 25-годишнината на големиот концерт на „Ареа“ на тогашниот Скопски саем. „Иако беше одамна, концертот во 2000 на Саем ми остави големи впечатоци во сеќавањата, кои и сега ми се свежи. Знам дека имаше многу публика, а ние не го очекувавме тоа, некои од дојдените останаа пред врата ...
Лидија Танушевска ја доби наградата „Драги“ за најдобар книжевен превод на македонски јазик за 2025, за преводот од полски јазик на делото „Емпусион“ од авторката Олга Токарчук, во издание на „Антолог“. Комисијата за доделување на наградата во состав проф. д-р Анастасија Ѓурчинова – претставник од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, д-р Јана Михајловска – член на семејството на Драги Михајловски и Иван Шопов – претставник одбран од издавачката ...
Вечерва во 20 часот, во Народниот театар во Битола ќе започне фестивалот на класична музика Интерфест. На отворањето, Битолскиот камерен оркестар (фото) ќе го свири делото „Катули Кармина“ од Карл Орф, а диригент е Владимир Димовски. Притоа ќе настапат и мешаниот хор на КУД „Стив Наумов“ од Битола, со кој ќе диригира Лилјана Трајковска-Димевски и солистите Билјана Талевска – сопран и Саша Арсенков – тенор од Србија. „Иако првично напишано за ...
Вечерва (2 октомври) во 19:30 часот, во Галеријата на Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се отвори изложбата „Откривање и ритам“ на Мартин Џепароски. Изложбата е замислена како поетска видеоинсталација што се состои од две поврзани видеа, „Откривање“ и „Ритам“ и како просторна инсталација која преку визуелно прикажување и дијалог со просторот нуди уникатно сензорно доживување. „Преку симболичка нарација, визуелна естетика и динамички ритам ги ...
„Прекрасно, многу убаво организиран настан, треба да се земе за пример“, вели младата македонска пејачка Елена Васова, која е годинашната добитничка на регионалната музичка награда „Милан Младеновиќ“, која ја прими во Макарска на 21 септември. Васова ја доби наградата за песната „Љубов“, а ѝ беше доделена на денот на раѓањето на легендарниот фронтмен на „Екатарина Велика“. „Се изненадив од доста позитивни коментари за песната, некои ја нарекоа ...
„Господарот на танцот“, глобалната танцова сензација од Ирска, се враќа во Скопје на 7 април 2026 со ново шоу за прослава на својата 30-годишнина. Настанот ќе се одржи во салата „Борис Трајковски“, во организација на „Пасворд проукција“. „Скопје ќе биде домаќин на овој значаен настан, грандиозна прослава на културниот феномен, кој плени над 60 милиони обожаватели и поставува нови стандарди во креативноста и сценската продукција. За ...
На 4 октомври во Музејот на современата уметност во Скопје (18 часот) ќе се одбележи светскиот ден на виното „вранец“. „Овогодинешниот настан ќе ги собере производителите на ‘вранец’ од целиот регион, заедно со реномирани познавачи на вино и страствени ентузијасти од целиот свет. Заедно ќе ги истакнеме овие извонредни вина, покажувајќи ги нивните длабочина, карактер и потенцијал за глобално признание“, велат организаторите. Винскиот салон по ...
Неодамнешното деби на „актерка“ создадена со вештачка интелигенција наречена Тили Норвуд предизвика бурни реакции од Американското здружение на филмски и телевизиски актери (САГ-АФТРА), кое ја осуди замената на вистинските актери со синтетички. Креаторите на Норвуд кажаа дека некои филмски студија веќе покажале интерес за неа. Тили Норвуд беше претставена пред неколку дена на конференција за филмска индустрија во Цирих. Притоа беше прикажана во ...
На 9 октомври во Кинотеката на Македонија ќе почнат Денови на словенечки филм, со проекција на комедијата/драма „Спасение за почетници“ во режија на Соња Просенц. По проекцијата ќе има разговор со продуцентот на филмот Рок Сечен. Следниот ден од 19 часот ќе се прикаже новиот детски филм на Клемен Дворник, „Игралиштето не го даваме!”, а на 11 октомври е документарниот филм на Петра Селишкар, „Планината не оди никаде“. Проекциите се на словенечки ...
Кристијан Димовски, Македонец кој живее во Шведска, покрена петиција Македонија да се врати на Евровизија во 2026. Македонија не учествува од 2022, кога Андреа Коевска пееше во Торино. Досега, петицијата ја потпишале повеќе од 160 луѓе. „Иницијативата потекнува од обожавателите на македонската музика, но и од музичката индустрија и композиторите кои ги контактирав и кои секоја година покажуваат интерес да ја претставуваат Македонија на ...
Честер во Велика Британија е прогласен за најубав град на светот, во глобална анкета спроведена од „Online Mortgage Advisor“. Тој добил 83,7% во златниот пресек, земајќи ги предвид аспектите како архитектура, пропорции и структура, оставајќи ги зад себе Венеција и Лондон. Честер, кој бил римска утврда во првиот век, спојува историска и модерна архитектура со знаменитости како Честерската катедрала, најголемиот римски амфитеатар во Велика ...
Утре (1 октомври) во Театарот за деца и младинци премиерно ќе се изведе младинската претстава „Челинџ“, авторско и режисерско дело на Јане Спасиќ. „Живееме во време кога поголемиот дел од растењето на нашите млади се случува пред екраните, а нивната вредност јавно се мери преку социјалните мрежи. Ние постарите тешко го разбираме овој свет и често го осудуваме, па поради тоа го губиме контактот со нив и со нивната реалност. Ваквата ‘комуникациска ...
Гудачкиот квартет на Пламенка Трајковска денеска (30 септември) од 20:30 часот ќе одржи концерт во Домот на културата во Дебар насловен „Валцери и полки од Штраус“. На програмата се познати дела од класичниот репертоар на Штраус како одбележување на 200 години од неговото раѓање. Овој квартет е еден од најактивните камерни состави кај нас. Изминатиот период имаше концерти во Софија, Созопол и Велес и го промовираше новиот сингл „Балкан сонг 11“. ...
На 2 октомври од 20 часот, во киносалата на Кинотеката ќе се одржи специјална проекција на дигитално реставрираниот филм „Македонска крвава свадба“ од 1967 во режија на Трајче Попов, како дел од проектот „Сезона на филмски класици“. Филмот во исто време ќе се емитува на Јутуб каналот на Кинотеката, овозможувајќи ѝ на публиката надвор од Скопје и Македонија да го гледа. Во рамките на проектот „Сезона на филмски класици“ Кинотеката ги ...
Американскиот џез гитарист, композитор и продуцент Курт Розенвинкел со задоволство прифати да свири во Скопје, велат од Националниот џез оркестар пред нивниот прв концерт за оваа сезона, кој ќе се одржи на 1 октомври во Националната опера и балет. „Курт Розенвинкел првпат доаѓа во Скопје и чест ни е што успеавме да го усогласиме распоредот на овој гитарски гениј. Тој со задоволство прифати да биде гостин на нашиот концерт“, ни рече Гоце ...
Мерил Стрип седеше во првиот ред на ревијата на „Долче и Габана“ во Милано, но не како Мерил Стрип, туку како Миранда Пристли, нејзиниот лик од филмот „Ѓаволот носи Прада“. Од модната куќа потврдија дека на ревијата се снимаше сцена од продолжението на филмот. Стрип ги носеше препознатливите очила за сонце на Пристли и мантил од „Долче и Габана“ кога влезе во салата, придружувана од обезбедувањето и следена од Стенли Тучи, кој го игра нејзиниот ...
Младите од осум земји-учесници на 13. филмски фестивал „Џифони Македонија“ имаа викенд исполнет со проекции на филмови, ги започнаа своите работилници и дискутираа за филмовите што ги гледаа. Програмата се реализира во Кинотеката, каде што работат јуниорите, односно основците од шесто до деветто одделение, додека во Младинскиот културен центар се средношколците, кадети и сениори. Денеска (29 септември) на програмата е средба со активистката ...
Со доделувањето на почесните награди „Златна грива“ вчера беше отворено десеттото издание на филмскиот фестивал Киненова во Скопје. Годинашните добитници се норвешката актерска легенда Лив Улман, македонскиот кинематографер Владимир Самоиловски и норвешкиот режисер и сценарист Даг Јохан Хаугеруд. Осумдесет и шестгодишната Улман не дојде во Скопје, туку се заблагодари преку писмено обраќање, додека Хаугеруд (фото) лично ја прими наградата и во ...
Италијанската модна куќа „Џорџо Армани“ ја претстави последната колекција на која лично работел легендарниот моден дизајнер, пред да почине овој месец на 91 година. Ревијата се одржа во уметничкиот музеј „Брера“ во срцето на Милано и првично беше замислена како прослава на 50-годишнината на модната куќа, но се претвори во посвета на нејзиниот основач. На настанот присуствуваа и славни личности, како Ричард Гир, Спајк Ли, Глен Клоуз и Кејт ...
Мараја Кери го објави својот шеснаесетти албум „Тука за сè“ (Here for It All). Ова е прв албум на поп-ѕвездата по седум години. Претходниот излезе во 2018. Издавач на албумот е нејзината продукција „Мараја“. На албумот има 12 песни, а пејачката го опиша како летен. Првиот сингл излезе во јуни и го одбележа 50-тиот влез на Кери на топ-листата на „Билборд“. На денот на издавањето, пејачката го објави и третиот сингл. „Од поп до хип-хоп, госпел до ...
Сараевскиот бенд „Црвена јабука“ ќе слави 40 години постоење со концерт во Скопје, на 29 ноемеври во салата „Борис Трајковски“, објави продукција „Прагма“. Бендот е оснван во Сараево во 1985 од вокалот, автор и гитарист Дражен Ричл-Зијо и гитаристот и автор на повеќето хитови на групата Златко Арсланагиќ-Злаја. Групата беше дел од музичкото движење Нов примитивизам во 1980-тите. Првиот албум насловен „Црвена јабука“ е снимен во 1986. Во тоа ...
На 11 ноември од 20 часот во Националната опера и балет ќе се одржи концерт во чест на легендарниот композитор Кире Костов насловен „Летај галебе“, објави „Баги комуникации“. На концертот ќе се пеат најголемите хитови на Костов, со голем оркестар. „Ќе настапат пеајчи со кои Кире соработувал низ годините, а и млади пејачи кои ги пеат неговите песни на нивните настапи. Оркестарот е составен од повеќе професионални музичари, а ќе диригира маестро ...
Хеви метал бендот „Џудас Прист“ објави сингл за добротворни цели во кој учествува покојниот Ози Озборн за да собере пари за лицата кои се борат со Паркинсонова болест. На поранешниот фронтмен на „Блек Сабат“ му беше дијагностицирана дегенеративна невролошка состојба во 2019, а почина во јули годинава, неколку недели по прошталниот настап во Астон Вила. „Џудас Прист“ кои се формираа во Бирмингем во 1969, снимија нова верзија на песна од „Блек ...
Етнолошко-документарниот филм „Хембој“, во продукција на Музејот на Македонија, чиј автор е етнологот Елизабета Конеска, ја освои Гран при наградата од публиката за најдобар документарен филм на TEФ Фест Крк 2025, меѓународниот фестивал за туристички и етно филмови, кој се одржува на островот Крк во Хрватска. Филмот победи меѓу 72 селектирани филмови од вкупно 127 пријавени од целиот свет. Наградата во име на Конеска ја прими директорката на ...
Вo Велес почнува четвртото издание на Фестивалот на џез, ворлд и современа музика, кое ќе трае три дена. Вечерва (26 септември) од 21 часот настапуваат „Трансверс“ и „Парусион груп“, а утре е концертот на триото на Влатко Стефановски (21 ч.), кој во Велес доаѓа по децении пауза. Претходно, на платото пред Спомен костурницата настапува проектот на Дино Донев и Тома Димовски, „Во тек“. В недела е концертот на „Сторитеилс“, на Дино Донеф, Мариа ...