Деветтото издание на фестивалот „Џез фектори“ ќе се одржи од 15 до 19 април. Оваа година ќе се одвива во Битола, Скопје, Демир Хисар и Охрид, собирајќи музичари од Франција, Израел, Албанија, Австрија, Унгарија, Полска, Црна Гора, Србија и Македонија. Програмата обединува концерти, едукативни содржини, промоции на книги и професионални средби, создавајќи динамичен простор за развој на џез културата и културна размена во земјата. Фестивалот ќе ...

Шестото издание на Скопскиот поетски фестивал ќе се одржи во периодот 7 до 9 мај во Младинскиот културен центар ‒ Скопје и во „Буква“. На настаните ќе се претстават безмалку стотина поети од земјава и од странство. Ќе имаме гости од Кина, од Хрватска, од Словенија, од Турција, од Грција, од Србија, од Бугарија и од Црна Гора. -Мотото на годинешниот фестивал е „(СО) СТИХ СПРОТИ НАРАТИВ! (Поезија, политика, пропаганда…). Со ова мото сакаме да ...