Евровизија ги менува своите правила околу гласањето по контроверзноста за резултатот на Израел на овогодинешниот натпревар. Некои земји изразија загриженост откако Израел со Јувал Рафаел (фото) го освои првото место на гласањето на публиката на натпреварот во мај во Базел, завршувајќи втор на крајот, откако беа земени предвид гласовите на жирито. Публиката сега ќе може да даде по 10 гласови, наместо претходно 20, а жирито ќе се врати за ...

Сопраанот Полина Тасева ќе биде гостинка на концертот „Цветна симфонија“ на „Битолскиот оркестар Дива“ кој ќе се одржи на 30 ноември во Филхармонијата од 20 часот. Ќе настапат сопранистките: Јаворка Витанова, Виолета Арсовска и Зана Абази Рамадани а ќе диригира Владимир Димовски. Претходно, овој концерт се одржа во Херклеја во Битола на 30 јули. Како солистки настапија истите сопранистки како и мецосопранот Марина Коруновска и хрватската ...

Вечерва (21 ноември) од 19:30 часот, во Даут пашин амам во Скопје ќе се одржи концертот „Од барок до современи македонски композитори“, на кој ќе се свират класични барокни композиции и дела од современата македонска музика. Ќе настапат Мимоза Ќека на пијано (фото), сопранот Марија Ташевска и алтот Мариана Бошковска. На репертоарот се музика од Купрен, Хендл, Марчело, Бах и Силоти и композиции на Димитрије Бужаровски, Горан Начевски и ...

Шестото издание на Котон блуз фестивал во Скопје почнува вечерва (21 ноември) во 21 часот со настапите на квартетот на ИгиМен и Американецот Тони Холидеј. Годинашната програма содржи четири вечери, поделени во два блока, а сите настани се во рок барот „Русти“. Откако лани промовираше албум, Игор Станоески-ИгиМен оваа година ја има честа да го отвори Котон блуз фестивал. Тој ќе настапи со својот квартет, со гитаристот Ади Имери како специјален ...

„Заедно“ е новата песна на Дани Димитровска, која е промовирана на музичките платформи. Поп-рок пејачката вели дека песната е снимена одамна и е со позитивна порака. „Песната е снимена одамна, а преслушувајќи ја неодамна, се потсетив на свежината што ја носи. Енергичниот ‘драјв’ и позитивниот став се добро познати компоненти по кои се водам. Секако, ‘Заедно’ си има и јасна порака. Не сме сами во она што го живееме. А, и секој избор и секоја ...

НАСА објави фотографии одблизу од меѓуѕвездената комета која е на брзо еднократно минување низ Сончевиот систем. Откриена летово, кометата позната како 3И/Атлас е само третиот потврден објект што го посетил нашиот агол од космосот од друг ѕвезден систем. Минатиот месец, таа безопасно помина покрај Марс. Три летала на НАСА на и во близина на Марс ја зумирале кометата додека таа минувала на 29 милиони километри оддалеченост, покажувајќи матна ...

Пејачката Зарина Првасевда ќе одржи концерт во Скопје на 20 декември во Филхармонијата, што ќе биде промоција на нејзиниот нов музички проект „Кадифено“. „За првпат во Скопје пристигнуваат еден од најголемите мајстори на фретлес гитарата, турскиот виртуоз Џенк Ердоган и перкусионистот и мултиинструменталист Ахмет Алан, уметници чија маестралност го освојува светот“, велат од тимот на Зарина Првасевда. На сцената ќе им се придружат и ...

На 21 ноември групата „Љубојна“ почнува турнеја во Франција, Белгија и Холандија. Првиот концерт е во Лион, на 28 ноември се во Брисел, а потоа следуваат три настапи во Холандија, во Амстердам, Ротердам и Мастрихт. Вера Милошевска-Јосифовска, пејачката на „Љубојна“, минатата година ја промовираше книгата „Македонскиот вокален мелос во современиот контекст – Оживување на една заборавена музика”. Ова е прва книга на Милошевска-Јосифовска, која ...

Рап групата „Пука козметика“ прославува 30 години на сцената со концерт на 13 декември во Младински културен центар од 19:30 часот. „Во киното Фросина ќе се раскажува приказната на групата од своите почетоци до денес. Во лобито потоа ќе има промоција на винил изданието ’30 години Пука козметика’ и коктел за присутните, за вечерта кон 22 часот во Денсинг салата да продолжи музичкиот дел со концерт на ‘Пука козметика’ и другарите“, велат од ...

Утре (20 ноември) во 20 часот, во бистрото „Комедија“ во Скопје се отвора петтото издание на фестивалот YES! со промоција на првиот роман на драмската писателка Драгана Лукан Николоски, „11 проверени начини како да ја заебеш љубовта“. Фестивалот е во организација на издавачката куќа „Чудна шума“, а ќе се одржува до 26 ноември на повеќе локации низ Скопје. „Во ова издание на YES фестивалот!, кое е во помал обем од пролетното, ставаме фокус на ...

„Приказни од маргините“ е насловена изложбата на Ѓорѓе Јовановиќ, која ќе се отвори на 20 ноември во 20 часот во Музеј на Град Скопје. Уметникот вели дека „Приказни од маргините“ претставува евокативни анимации кои ја доловуваат специфичноста на одредена локација и на неговите жители. „Секое дело функционира како подвижна слика, овозможувајќи поглед кон одредена маргина, без разлика дали е географска, културна, политичка или економска. Делата ...

Македонскиот народен театар (МНТ) денеска (19 ноември) гостува во Националниот театар во Будимпешта со наградуваната претстава „Ничија земја“ на режисерот Александар Морфов. Претставата е работена според сценариото на босанскиот режисер Данис Тановиќ, чиј истоимен филм освои Оскар за најдобар странски филм во 2001. Гостувањето следи по потпишувањето на меморандумот за соработка, а напролет, унгарскиот Национален театар ќе настапи во МНТ. Во ...

По пет години пауза, Биба Додева наскоро ќе промовира нова песна, „Тука си“, која неодамна ја сними во студиото на Кристијан Габровски. Автор на музиката и на текстот е Митко Чешларов, а аранжманот го направи Владимир Дојчиновски-Дојчин. „Немав снимено нова песна од албумот со преработки на македонски поп хитови ‘Незаборавни’, што го промовирав во 2020. По промоцијата не успеав да направам концерт, бидејќи тогаш се заразив со ковид и едвај ...

Денеска (19 ноември) од 20 часот, во Камерната сала на Филхармонијата солистички концерт ќе одржи пијанистката Дуња Иванова. На концертот ќе се слушне циклусот „10 пурпурни ноктурна за пијано“ од композиторот Давор Јордановски. „Програмата ги опфаќа десетте пиеси од циклусот, дела што ги спојуваат лиричноста, модерната хармонска мисла и впечатливата звучна естетика на авторот. Овој концерт претставува прва целосна изведба на циклусот во живо ...

Филмот „Утре наутро“ на Јани Бојаџи премиерно ќе биде прикажан утре (19 ноември) во скопското кино Синеплекс. Сценариото, режијата и музиката се на Бојаџи, кој е и продуцент, извршен продуцент е Дејан Милошевски, директор на фотографија е Дарио Секуловски, монтажер е Давид Дулев, сценограф е Гоце Попов, костимите се на Зорка Тодорова, а шминката на Ирена Сенокозлиовска. Филмот е инспириран од организираниот напад на Собранието на 27 април ...

Еден од најголемите рок бендови на сите времиња „Дип парпл“ се враќа во Македонија следната година, во рамките на светската турнеја, која е најавена како проштална. Концертот во организација на „Авалон“ ќе се одржи на 11 октомври во арената „Борис Трајковски“. Ова ќе биде трето гостување на „Дип парпл“ во Скопје, по оние во 2005 и 2022 година. Сѐ уште предводен од тројца членови од класичната постава, пејачот Ијан Гилан, басистот Роџер ...

Емотивен рокенрол концерт со најубавите песни што ги оставил Влада Дивљан се одржа вчера (17 ноември) во Филхармонијата. Свиреа музичари кои растеле заедно со белградскиот рокер од бендот „Невладина организација на Влада Дивљан“, составен од некогашни членови на „Идоли“ и нови, помлади музичари. Концертот насловен „Имам само една љубов“ беше еден од најљубовните што се одржал во Скопје. „Да ми речеше некој дека некогаш ќе пеам љубовни песни… ...

Поп-пејачот Влатко Лозаноски-Лозано ќе одржи концерт во Скопје на 7 март. Концертот е насловен „Километри љубов“, по неговиот голем хит „Километри“. „Работиме на нешто многу посебно и многу ново за мене, концерт што ќе спои добар звук, врвна сцена, движење и емоции. Ќе има танчари, гости, изненадувања и песни кои ќе ги слушнете во сосема ново издание. Ја замислуваме вечерта како претстава, како еден целосно спакуван спектакл. Искрено, многу ...

Денеска (17 ноември) на повеќе локации низ Скопје ќе започне 10. издание на настанот Недела на италијанската кујна. Оваа година настаните ќе бидат посветени на темата „Италијанска кујна: здравје, култура и иновации“. Оваа манифестација е особено значајна денес, кога италијанската кујна го доби првото зелено светло во процесот да биде призната како нематеријално културно наследство од страна на УНЕСКО. „Ова десетто издание, организирано од ...

Познатата албанска оперска пејачка Инва Мула ќе гостува во Националната опера и балет на 28 ноември од 20 часот. Мула ќе настапи заедно со сопранот Дешира Амети-Крлиу, тенорот Исмет Весели и оркестарот на Операта. „Под диригентската палка на Иван Еминовиќ и во режија на Дејан Прошев, публиката ќе има ретка можност да ужива во внимателно избрана програма која ги спојува бисерите на оперскиот репертоар“, велат од Операта. Сопранот Инва Мула ја ...

На 63 години, Том Круз сѐ уште е една од најголемите холивудски ѕвезди и синоќа конечно му беше доделен Оскар. Тој беше меѓу годинашните добитници на почесен Оскар, заедно со сценографот Вин Томас, кореографката Деби Ален и легендата на кантри музиката Доли Партон, која не дојде на церемонијата во Лос Анџелес. „Снимањето филмови не е она што го правам, туку она што сум. Во киното се смееме заедно, чувствуваме заедно, се надеваме заедно“, рече ...

На 29 ноември од 20 часот, камерниот оркестар „Профундис“ ќе одржи концерт под свеќи во Филхармонијата, со младиот српски виолончелист Петар Пејчиќ како солист. Диригентка е Ѓурѓица Дашиќ, а концертот го организира Охридско лето. „Профундис“ требаше да одржи ваков концерт на 22 март, но го одложи поради пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Пејчиќ е финалист на англискиот меѓународен натпревар „Кралица Елизабета“. Настапувал со некои од ...

Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ вечерва (17 ноември) гостува во Сплит со претствата „Синиот портокал“. Претставата ќе се одигра во Градскиот театар на младите Прокуратива од 18:30 чaсот, како дел од манифестацијата „15. Македонска културна есен во Сплит“, во организација на Заедницата на Македонците од Хрватска и Македонското културно друштво „Македонија“ од Сплит. „Синиот портокал“ е најдолговечната претстава на Велешкиот ...

Српскиот ТВ-водител и сатиричар Зоран Кесиќ ќе гостува во Скопје со шоуто „Приказни и песни“ на 24 ноември од 20 часот во Филхармонија, објави продукција „Компот“. „Зошто приказни и песни? Затоа што ова не е само шоу, ова е приказна која се пее и раскажува, каде Кесиќ пренесува свој поглед на животот. Ова шоу е сè наеднаш, малку стендап, малку претстава, малку прес-конференција и малку собрание на идеи што го дефинираат денешниот свет. Темите ...

Композиторот и еден од најсовремените музичари Кирил Џајковски и српската кантавторка Констракта ќе бидат специјални гости на концертот во чест на Влада Дивљан, на 17 ноември во 20 часот во Филхармонијата во Скопје, соопшти „Пасворд продукција“. Насловен „Само една љубов имам“, на концертот ќе настапат пријателите на Дивљан од неговата „Невладина организација“, при што ќе ги изведат хитовите од сите фази на неговата кариера. Концертот е дел ...

Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата“ на режисерот Гоце Цветановски ја освои наградата „Сребрен Чин“ доделена од детското жири на 19. издание на Индискиот филмски фестивал за деца и форум CHINH, што се одржа од 9 до 14 ноември во Њу Делхи, Индија. CHINH фестивалот е една од водечките азиски платформи посветени на детски филм и медиумска писменост. Карактеристично за фестивалот е што децата самите ги ...

Калиопи го одржа својот најдобар концерт досега, вчера (14 ноември) во Филхармонијата. Ова беше нејзин прв солистички концерт во оваа сала, и по долго време акустичен, со 12 музичари на сцената. Бендот и придружните вокали Маја Саздановска и Јулија Карамитрова-Огненоска, таа ги засили со гудачки квинтет и двајца дувачи, кои пееја заедно со неа и со публиката. Уникатноста кај Калиопи е што од една страна публиката останува зачудена по секоја ...

Ансамблот за народни игри и песни „Танец“ ќе промовира јубилејна монографија насловена „75 години Танец – Монографска презентација на архивската граѓа од архивот на НУ Ансамбл за народни игри и песни Танец“. Промоцијата ќе се одржи на 20 ноември од 18 часот во универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Автори се етнологот и антропологот Светлана Ќириќ и професорката Мирјана Мирчевска. „Ова значајно издание, кое ги трасира ...

Актерката и продуцентка Сара Џесика Паркер ќе ја добие почесната награда „Керол Барнет“ на Златните глобуси на 8 јануари 2026. „Нејзиното револуционерно влијание врз телевизијата и нејзината посветеност на раскажувањето приказни на сцената и екранот оставија неизбришлив белег во популарната култура“, изјави претседателката на Златните глобуси, Хелен Хоен. Паркер има добиено четири актерски златни глобуси за серијата „Сексот и градот“. ...

Адел ќе дебитира како актерка во новиот филм на модниот дизајнер и режисер Том Форд. Британската пејачка ќе глуми со Николас Хоулт, Арон Тејлор-Џонсон, Колин Фирт, Пол Бетани и младата ѕвезда на „Адолесценција“, Овен Купер, во филмот „Cry to Heaven“. Тоа ќе биде адаптација на романот на Ен Рајс од 1982, а приказната е сместена во 18. век во светот на кастрати, машките пејачи кои биле кастрирани за да го зачуваат нивниот висок глас. Форд ќе ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
0.51
87%
1017
weather icon

Белград

4ᴼ / 1ᴼ
8.23
80%
1011
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
92%
1007
weather icon

Софија

0ᴼ / -2ᴼ
1.54
71%
1019
weather icon

Сараево

-5ᴼ / -5ᴼ
0.36
93%
1021
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 2ᴼ
1.03
96%
1006
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
1.34
87%
1018
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1012
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
100%
1013
weather icon

Букурешт

-2ᴼ / -3ᴼ
3.09
78%
1021
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
96%
1011
weather icon

Истанбул

3ᴼ / 3ᴼ
2.57
93%
1022
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Бакар

12.10

Иридиум

221848.72

Рутениум

45750.51

Злато

159322.70

Кобалт

64.04

Калај

49.78

Паладиум

56617.46

Родиум

339190.38

Платина

83354.78

Сребро

3663.67

Алуминиум

3.06

Цинк

3.37