
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Каролина Гочева првпат одржа концерт на плоштадот во Валандово сношти (26 мај), во организација на општината, а во рамките на Фолк-фест Валадово. Настапот на поп-ѕвездата беше одложен за два дена поради лошото време. За првпат по пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ на 16 март, во кој загинаа 62 лица, Каролина настапи без Сара Пројковска, која со години беше нејзин придружен вокал и блиска пријателка. Пројковска, инаку професорка по пијано на ...
Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“ ќе одржат концерт во Штип на 21 јуни, на летната сцена на Домот на млади од 19:30 часот. Влезениците се по цена од 300 денари. Во октомври 2023 Џамбазов прослави триесет години дружење и соработка со гитаристот Игор Атанасовски познат како Гуру Харе и тогаш рече дека 30 години им поминале како триесет минути. Концертот што го одржаа во Филхармонијата беше насловен „Првите 30“, како нивниот заеднички албум. На ...
Вечерва од 20 часот, во Музејот на македонската борба ќе се одржи концерт по повод Светскиот ден на хармониката. Го организира здружението „Љубители на класична музика“ од Скопје, членка на Светската унија на хармоникашите На концертот ќе настапат познати хармоникаши од Македонија и студенти од Факултетот за музичка уметност во Скопје од класата на професорката Зорица Каракутовска (фото). Покрај солистичките точки, на концертот ќе настапат и ...
„Ју-Ту“ и официјално потврдија дека се вратиле во студио за да работат на својот прв нов албум по осум години пауза. Ирскиот бенд беше на продолжен одмор за да може тапанарот Лари Мјулен да заздрави од операција на вратот, а на серијата концерти во Лас Вегас го менуваше холандскиот музичар Бран фан ден Берг. На доделувањето на наградите „Ајвор Новело“ во Лондон, фронтменот Боно многу енергично збореше за процесот на правење на новиот албум што ...
На 30 јуни од 20 часот, во Филхармонијата ќе се одржи концертна промоција на албумот „Маглота“ на Јордан Костов и неговите пријатели, снимен во Виетнам во 2023. „Маглота“ е најновиот музички проект на Јордан, што произлезе од неговата длабока врска со Виетнам. „Албумот вешто ги инкорпорира традиционалните музички инструменти кои се длабоко вкоренети во нашиот секојдневен живот. Виетнам одигра клучна улога во музичкото патување на Костов, бидејќи ...
„Фантазија“ е насловен традиционалниот концерт на Филхармонијата во скопскиот Градски парк, што ќе се одржи на 13 јуни, со почеток во 20:30 часот. Оваа година, на програмата ќе бидат познати песни од долгометражни анимирани филмови на „Дизни“. Диригент ќе биде Тимоти Редмонд од Велика Британија, а како солисти ќе пеат Биљана Јосифов (сопран), Денис Димовски (тенор) и Иван Наумовски (бас-баритон). Меѓу филмовите кои ќе бидат застапени на ...
Британецот Кентон Кул се искачи на Монт Еверест по 19. пат, подобрувајќи го сопствениот рекорд за најмногу искачувања на највисоката планина на светот од ненепалски планинар. Педесет и едногодишниот Кул беше придружуван од шерпасот Дорџи Ѓалјен, за кого ова беше 23. искачување. Кул првпат се искачи на Еверест во 2004 и оттогаш го искачува речиси секоја година. Од различни причини не беше во можност да се качува во 2014, 2015 и 2020 година. ...
„Тесла сајбертрак“ можеби ја држи титулата на најчуден камионет на пазарот, но Кинезите се спремни да му парираат на Илон Маск и на тој план. Кинеската компанија „ГАЦ“ го претстави „пикап 01“ како концепт на неодамнешниот Автосаем во Шангај и сега потврди дека ќе оди во производство и дека ќе се продава низ целиот свет. Производството треба да почне во 2027 и „ГАЦ“ кажа дека „пикап 01“ нема да биде наменет само за кинескиот пазар, туку ќе се ...
Тамара Тодевска одржа концерт сношти на плоштадот во Валандово во рамките на Фолк фест Валандово. Таа настапи по Сузана Спасовска и ѝ рече на публиката да ужива со баладите кои ги испеа на почетокот. „Оваа песна ја снимив со мојот другар, децата можеби не го знаат, но ќе го споменам за да го научат, Влатко Илиевски. Песната се вика ‘Гушни ме’ и така Влатче и јас ќе останеме засекогаш гушнати”, рече Тодевска за нејзиниот школски другар кој почина ...
Винилното издание „Ова е Ѓорче Петров, не Скопје“ ќе биде промовирано утре (25 мај) во кафе барот „Станица парк“ во паркот во населбата Ѓорче Петров. Настанот ќе трае од 12 до 15 часот. Издавачи на плочата се „Корпус деликти“ и „Кичма рекордс“ и на неа се собрани 14 песни од исто толку групи и музичари кои се поврзани со оваа скопска општина. Компилацијата опфаќа најразлични музички жанрови, вклучувајќи панк, блуз и хип-хоп. Дел од песните ...
На 25 мај ќе излезе новиот албум на Слаткаристика „Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш“. Тој симболично го најави албумот за денот кога во поранешна Југославија се славеа Денот на младоста и роденденот на Јосип Броз- Тито. „Кога бев мал, ме прашуваа што сакам да бидам кога ќе пораснам. Им реков дека сакам да бидам она што сум денес, среќен и исполнет. Ме прашуваа и на англиски и на македонски, а на англиски не знаев да им одговорам“, вели ...
Роби Вилијамс објави дека неговиот нов албум насловен „Бритпоп“ ќе излезе наесен, а го најави со синглот „Ракета“. На песната гостува легендарниот гитарист на „Блек Сабат“, Тони Ајоми, кој го отсвирел солото. Насловот на албумот алудира на музичкиот правец кој беше на врвот на популарноста во 1990-тите со бендови како „Блур“, „Палп“ и „Оејзис“. „Решив да создадам албум што сакав да го напишам и објавам по заминувањето од ‘Тејк дет‘ во 1995. На ...
Британските дарк-рок пионери „Систерс оф мерси“ (фото), реге легендите „Инер серкл“ и Макс Кавалера со својот бенд „Соулфлај“ се најавени како главните ѕвезди на новата верзија на Д фестивал (The Festival), кој оваа година првпат ќе се одржи во Штип, на тамошниот стадион од 4 до 6 јули. Организаторот „Пасворд продукција“ објави дека за посетителите ќе има организиран превоз, а музичката програма ќе може да се следи бесплатно, освен што ќе има ...
Шест концерти ќе се одржат на летната сцена на МНТ од 12 до 21 јуни на фестивалот „Млади за млади“. Тој се одржува втора година на летната сцена „Славиша Кајевски“, а годинава, фокусот е на млади бендови и музичари. „Овие млади бендови се многу важни за нашата култура и имаат ретка можност да свират на ваква сцена пред 500-1.000 луѓе“, рече на пресот во Македонскиот народен театар Дарко Јорданов, главен уредник на онлајн радиото „Стереолаб“. ...
Џоди Фостер вели дека преферира да биде надвор од САД во моментов, сметајќи дека во Европа има подобри услови во филмската индустрија и повеќе слобода сега кога децата ѝ се пораснати. Двократната оскаровка гостуваше на Канскиот фестивал, каде што го промовираше својот нов филм „Приватен живот“, во кој глуми психијатарка која ја истражува смртта на своја пациентка. Таа првпат зборува на француски јазик во еден филм. „Навистина уживам да работам ...
Вечерва (22 мај) во 20 часот, во Националната галерија „Мала станица“ во Скопје ќе се отвори групната изложба „Цртеж, експериментален цртеж“. Изложбата ќе трае до 30 мај. „На оваа традиционална изложба ќе се претстават цртежи кои претставуваат концепт и длабока рефлексија и отстапуваат од воспоставените норми. Оваа година, уметниците презентираат цртање со нетрадиционални материјали: чад, конец, метална жица, силиконски лепак“, вели проф. д-р ...
Тамара Тодевска (фото) ќе одржи концерт на плоштадот во Валандово утревечер (23 мај) од 21 часот. По неа, следи концерт на Сузана Спасовска, која е првенка во ансамблот на „Танец“, а пред Тамара ќе свири „Болеро бенд“. Концертите ги организира Општина Валандово и се во рамките на 38. Фолк фест Валандово. На 24 мај на плоштадот во Валдоново ќе настапи Каролина Гочева, заедно со раперот Тајзи и дуото „Ике де Кока“. Финалната вечер на Фолк фест ...
На 26 мај во 21;30 часот започнува петтото издание на Скопскиот брас фестивал со концерт на квартетот „Макбрас“, што ќе се одржи пред кафе барот „Филхармонија“. Квартетот го сочинуваат Бранко Илиевски, Никола Ристевски и Виктор Богоевски на тромбон и Александар Ниниќ на туба. Гости на концертот се Кирил Кузманов на саксофон, Виктор Филиповски на тапани и Маријана Николовска на пијано. „На програмата ќе бидат познати џез композиции и џез ...
Групата „Меморија“ издаде троен албум во живо, снимка од концертот кој се одржа во ноември во арената „Борис Трајковски“. Албумот е во двоен формат, плоча и цеде. „Кога е плочата во прашање, се работи за вистински уникат каков што во Македонија досега не е објавен. Албумот ‘Меморија 2024 во живо’ е сместен на три плочи и има 21 песна поради просторот, а на двојното цеде се 25 песни од целиот концерт и на него се вклучени и песните изведени од ...
Андријана Јаневска изненади со најголемиот хит на „Нирвана“, Викторија Лоба направи и одлична забава со песна од Рики Мартин, Наде Талевска и Ана Петановска како дует супер се вклопија во едниот од најголемкте хитови на Витни Хјустон, Огнен Димовски растури со „Продиџи“, Јана Бурческа беше одлична со „Ганс ен Роузис“. Сите пејачи на концертот на Битолскиот камерен оркестар „Ѕвездена симфонија“ сношти (20 мај) во салата „Борис Трајковски“ од ...
„Нетфликс“ постигна договор со популарната детска серија „Улица Сезам“ и таа отсега ќе се прикажува на оваа стриминг платформа откако Доналд Трамп ги укина федералните средства за бесплатниот канал ПБС. „Нетфликс“ кажа дека ќе понуди нова сезона на легендарната серија и 90 часа од претходните епизоди, кои истовремено ќе останат достапни на ПБС. Според договорот, ПБС ќе добие пристап до епизодите на „Улица Сезам“ истиот ден кога ќе бидат објавени ...
Популарниот детски анимиран лик прасето Пепа доби сестричка, чие име е Иви. Убавата вест беше објавена во емисијата „Добро утро Британија“ на јавната телевизија Ај-Ти-Ви. Според сценаристите, Иви е родена во истата болница како и децата на принцот Вилијам и принцезата Кејт. Бебето првпат ќе се појави на телевизија наесен. Серијата „Прасето Пепа“ може да се гледа во повеќе од 180 држави и е синхронизирана на над 40 јазици, а ги следи ...
На 23 мај со почеток во 20 часот, во Националната опера и балет ќе се изведе операта „Мадам Батерфлај“ од Џакомо Пучини во рамките на 53. издание на фестивалот Мајски оперски вечери. Диригент е Марко Боеми од Италија, а режијата на Александар Текелиев од Бугарија. Сценограф е Живојин Трајановиќ, костимограф Лира Грабул, концерт-мајстор е Верица Ламбевска, а хор-мајстори Јасмина Ѓорѓеска и Ѓургица Дашиќ. Во насловната улога на Чо Чо Сан – Мадам ...
Кантавторот Јон Ajди потпиша договор за соработка со американската издавачка куќа „Нвак колектив“, која помага во промоцијата на млади музички таленти. Ајди досега има настапено на неколку фестивали во Косово, Шведска и Бугарија. Во 2022 беше еден од шестемина финалисти во изборот на македонскиот претставник на Евровизија, кога победи Андреа Коевска. Во моментов работи на нов албум, за кој вели дека е инспириран од музичари како Нора Џонс и ...
„Ќе го презентирам културното богатство на Македонија пред светот“, вели 20-годишната студентка Чарна Невзати, која ќе ја претставува Македонија на изборот за Мис на светот на 31 мај во Хајдерабад, Индија. Невзати во моментов е во Индија и вели дека има интензивни подготовки за финалето. „Моментално сум во Индија, во Теленгана-Хајдерабад и сум во интензивен процес на подготовки. Тоа вклучува физичка кондиција, учество во хуманитарни активности, ...
Групата „Педро Хоризонте“ го промовираше првиот албум „Паранормали мегахитови“. Членови на групата се музичари кои се на сцената повеќе од 30 години: Петар Младеновски од „Суперхикс“ (вокал, бас гитара), Гога Поп Георгиевски (гитара) и Владимир Митревски (тапани). На албумот има 11 песни и може да се набави на цеде, а го има и на сите музички платформи. Издавач е „Дистрокидс рекордс“. Го снимаа и продуцираа Дени Крстев од „Студио 1060“ и ...
Розета Дулевска, која предава во основно училиште, ја промовираше поетската збирка „Далги“. „Поезијата во книгата повикува на добрина, почит, правда и љубов, кои ни се повеќе од потребни“, вели Дулевска. Лани, наставничките Розета Дулевска и Анета Ѓорѓиевска од основното училиште „Страшо Пинџур“ во Ѓорче Петров ентузијастички ја реиздадоа книгата „Дневникот на Страшо“, која првпат излезе во 1976. Книгата ја напишал самиот народен херој, а ...
Вечерва (19 мај) од 20 часот, во Камерната сала на Филхармонијата ќе настапи „Ченг дуо“, во кое свират Брајан Ченг на виолончело и Силви Ченг на пијано. На програмата се дела од Дебиси, Равел, Де Фаља, Цинцадзе и Шостакович. Ова кинеско-канадското дуо го сочинуваат брат и сестра: Силви Ченг е родена во Токио, а Брајан Ченг во Отава. Тој во моментов живее во Берлин, а таа во Њујорк. По нивното деби како „Ченг дуо“ во 2011, настапувале во Америка, ...
Христијан Настески-Пајак и Марко Маринковиќ-Слаткаристика го промовираа дуетот „Его“. Автори на музиката се Пајак и Слаткаристиа, а текстот е на Христијан Тасковски-Таско. Аранжманот, миксот и мастерингот ги направи Иван Јованов-Ивајо. За дуетската песна е снимен спот кој го режираше Гордан Божиновски и е во продукција на „Урбан рекордс“. Главната женска улога ја игра моделот Јелена Џимревска од Куманово. Спотот е снимен во скопскиот клуб „Ивент ...
Австрискиот пејач Џеј Џеј победи на Изборот за песна на Евровизија во Базел, Швајцарија сношти (17 мај), и во последен момент ја победи фаворитката Јувал Рафаел од Израел која заврши втора. 24-годишниот пејач, кој е контратенор во Виенската државна опера, ја освои титулата со песната „Потрошена љубов“ (Wasted Love), балада за невозвратена љубов. Австрија двапати претходно победи на Евровизија, прво во 1966 со Удо Јиргенс и повторно во 2014 ...