Српското обвинителствo отвори предмети за изборна кражба со „фантомски гласачи“ од Република Српска. Опозицијата на протести пред Изборната комисија бара поништување на изборите во Белград. Расте и бројот на опозиционери што штрајкуваат со глад. Вишото јавно обвинителство во Белград во саботата на 23 декември соопшти дека формирало неколку предмети врз основа на пријави поврзани со можни нерегуларности за време на републичките избори во Белград ...

Ја поддржуваме Северна Македонија во нејзиното барање и определба да биде полноправна членка на Европската Унија, уверува шпанскиот амбасадор Хозе Луис Лозано Гарсија во неделното интервју за РСЕ. Тој не ја исклучува можноста дека во процесот на преговори може да се отворат и други барања од други земји членки, дури и доколку бидат усвоени уставните измени, од кои зависи одржувањето на Втората меѓувладина конференција. Амбасадоре, преостануваат ...

Скопје е домаќин на министерскиот состанок на ОБСЕ, најголем дипломатски настан во поновата македонска историја. Очите на јавноста беа вперени во него, но не изостанаа и „прашалниците“ за економијата, за политичките кавги за изборите, за Вања, Блискиот Исток, за војната во Украина... ОБСЕ, Русија и Западот... Последниве два дена во Скопје се одржува најголемиот дипломатски настан од самостојноста на Македонија - Министерскиот состанок на ОБСЕ. ...

До моментот кога Русите фрлија бомба врз родилиште во Мариупол на 9 март 2022 година, семејството Хусак веќе чувствуваше дека животот во опколениот украински град е пекол. Тие веќе ги загубија своите работни места на пристаништето, нивниот дом и роднините. Олег и Олга Хусак беа ранети. Но, нападот на болницата, кој дојде само 15 дена откако Русија ја започна својата неиспровоцирана, целосна инвазија на Украина, го претворија пеколот во кој ...

Од следната година на институциите нема да им треба потпис на министерот за финансии за вработувања во јавен сектор. Секој буџетски корисник ќе треба да си направи годишен план за вработување. Тој план ќе треба да биде одобрен од надлежна институција, на пример министерство, совет на општина, а за државно претпријатие загубар ќе одлучува Владата. Од 1 јануари за вработување во јавен сектор нема да се бара согласност од Министерството за ...

Руслан Ахметшин излезе од затворот во северниот регион Архангелск на 15 декември. Тој беше пречекан од колеги активисти кои го прегрнаа, му ја зедоа чантата и го однесоа во автомобил што го чекаше. Поранешниот шеф на штабот на опозицискиот политичар Алексеј Навални во Архангелск имаше двосмислена реакција на неговото ослободување. „Од една страна, тоа е слободата. Можете да одите каде сакате. Не мора да се редите. Не мора да правите утрински ...

Понеделник е последниот работен ден на актуелниот државен обвинител Љубомир Јовевски, па за денеска е закажана седница на Советот на јавни обвинители кој треба да избере привремен заменик. Од таму ветуваат дека ќе сторат се, за да се запазат роковите, но битката ќе се води во Собранието. Писмото од Владата до Советот за јавни обвинители за мислење за тоа кој кандидат заслужува да биде избран за нов Државен јавен обвинител се уште патува до ...

Никој не е безгрешен, но некои грешки се со сериозни последици. Што испушти да каже претседателот Пендаровски? Зошто расте евроскептицизмот? Ќе има ли пензии за идните генерации? Зошто младите стануваат се понеписмени? Што не кажа претседателот Пендаровски во годишното обраќање пред пратениците? Во неговото, како што рече, последно обраќање во Парламентот, во овој мандат, оставајќи простор за кандидатура и за втор мандат, претседателот Стево ...

Бохуслав Свобода, градоначалникот на Прага, соопшти дека е „потполно шокиран со она што се случило на Филозофскиот факултет во Прага“ Повеќе од 15 луѓе ги загубија животите, вклучувајќи го и напаѓачот, во пукотницата во зградата на Филозофскиот факултет на Универзитетот Карлов во центарот на Прага на 21 декември, изјави на прес-конференција директорот на чешката полиција Мартин Вондрашек. Уште 24 лица се ранети. „На 21 декември во 12.20 часот ...

За едно место во Државната изборна комисија од албанската опозиција стигна поддршка за двајца кандидати, неизвесно е кој ќе собере 80 гласа. Опозициската Беса најавува и протести. СДСМ, пак, не кажува кого поддржува, а ВМРО-ДПМНЕ размислува да ги повлече и своите членови ако на избори се оди со некомплетна комисија. Со партиски игри и калкулации за избор на член на Државната изборна комисија (ДИК), Собранието ја завршува 2023. На околу четири ...

Додека расте бројот на малигни заболувања кај цело население, меѓу другото и поради загадениот воздух, Град Скопје ги обвинува медиумите за ширење на лажни вести за аерозагадувањето. Од друга страна, владејачкото мнозинство во Собранието ги отфрли сите амандмани за поголем буџет за животна средина во 2024 година, велат Иницијативата О2. „Искрено да ви кажам јас не ја ни симнав маскава, многу малку во летниот период. Мора да се носи маска, ...

Ако се суди според прелиминарните резултати од изборите во Србија, новиот парламентарен состав ќе има и мнозинство пратеници кои отворено се против воведувањето санкции против Русија. Заедно со партиите од актуелната власт, против се и две десничарски коалиции и една малцинска листа. Србија во Европската Унија не ја сакаат ниту коалицијата НАДА, „Ние гласот од народот“ на Бранимир Несторовиќ и малцинската руска партија. Ќе имаат 27 од 250 ...

Населението во државата ќе старее - ќе имаме повеќе пензионери, а помалку работоспособно население. Пензискиот фонд, пак, и денес нема доволно приходни за да исплатат пензии, што го прави зависен од државниот буџет. Кај дел од граѓаните, стравот е веќе присутен дали воопшто ќе дочекаат пензија од државата која, пак, најавува дека насокоро ќе донесе 20-годишна развојна стратегија. Децата родени 2005, кои годинава станаа полнолетни, кога ќе ...

Без учебници, учат за компјутери без компјутери, читаат без разбирање, ова се дел од проблемите на македонските ученици. За лошите резултати од ПИСА надлежните институции не покажаа загриженост и повторно најавуваат реформи. Но според тестирањето на ПИСА 10 години државата е цврсто на дното. Во четврто одделение моето дете има проблеми со читањето, не чита со разбирање, а тоа што не знае убаво да чита му прави проблем и со математика, оти не ги ...

Европската Унија започна истрага против социјалната мрежа „Х“, порано позната како Твитер, која е во сопственост на милијардерот Илон Маск, поради наводно кршење на правилата поврзани со објавување содржини по нападот на Хамас врз Израел Ова е прва истрага според Законот за дигитални услуги, кој стапи на сила во ноември минатата година и кој ги обврзува големите онлајн платформи и пребарувачи повеќе да се ангажираат во борбата против нелегалната ...

Во Собранието се доставени два закона за легализација на дивоградби. Еден на Министерството за транспорт и врски од пред две години, а другиот на пратеникот Скендер Реџепи кој е на дневен ред на пленарна седница в петок. Власта и опозицијата се против предлогот на Реџепи, но што ќе биде со предлогот на Министерството, кој е коригирана верзија на законот донесен во 2021 година, а кој не го потпиша претседателот Пендаровски? Граѓанските ...

По изборите, следната година, две работи се клучни за државата - одржување на стабилни меѓуетнички односи и продолжување на европската интеграција, порача шефот на државата Стево Пендаровски во обраќањето пред Собранието. За опозицијата говорот бил празен, а власта застана зад претседателот. Ставови за „евергрин теми“, како евроинтеграциите, уставните измени, војната во Украина, иселувањето на младите, судството и корупцијата и за нешто „ново“ - ...

На украинскиот тинејџер, кој беше насилно отстранет од неговата татковина со инвазијата на руските сили и испратен во Москва во 2022 година, му беше исполнета роденденската желба минатиот месец, кога беше вратен во Украина и повторно соединет со семејството. Богдан Јермохин пораснал како сирак во Мариупол, град во украинскиот регион Доњецк кој стана цел на брутална опсада во првите недели од целосната инвазија на Русија во февруари 2022 година. ...

Најмалку 118 луѓе загинаа, а стотици се повредени по земјотресот што ја погоди северозападна Кина, објавија во вторникот кинеските државни медиуми, додека спасувачките тимови се обидуваат да стигнат до преживеаните на температури под нулата. Земјотресот го погоди округот Џишишан во провинцијата Гансу доцна во понеделникот, при што оштетени се домови и патишта. Спасувачите веднаш започнале потрага по преживеани под урнатините. Според последните ...

Партиите од коалицијата „Србија против насилство“ тврдат дека на локалните избори во Белград на 17 декември владејачката Српска напредна партија (СНС) ја нарушила изборната волја на граѓаните Поддржувачите на коалицијата „Србија против насилството“ вечерва, 18 декември, на протестот во центарот на Белград побараа поништување на изборите во главниот град. „Не можеме и нема да ги прифатиме резултатите од изборите. Сите сте сведоци на бројни ...

Годинава е нотирано најниско ниво на поддршка за ЕУ во последните девет години, откако Институтот за демократија спроведува истражувања на оваа тема. Најпоразителни се податоците за младите. Резултатите се одраз на незадоволство, но тие не значат свртување кон други партнери како Русија или Кина. За речиси деценија за една третина е падната поддршката на граѓаните за членството во Европската унија (ЕУ). Ако во 2014 година 90 отсто од ...

Или нема доволно простор во училиштата или нема наставници - ова е одговорот зошто нема продолжена настава за четврто и петтоодделенците. Родителите буквално препуштени сами да се снаоѓаат што ќе прават со нивните деца на 9 или 10 години додека тие се на работа, а се плашат да ги остават сами дома. Двете деца на Марина Наумовска која живее во општина се ученици во основното училиште „Владо Тасевски“, но таа за РСЕ објаснува како мора секој ден ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, создаде нефер изборен систем што го фаворизира“, изјави Даниел Сервер, професор на американскиот универзитет Џон Хопкинс, во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ). Според првичните резултати, Српската напредна странка, до неодамна предводена од Вучиќ, прогласи победа на изборите. Во републичкиот парламент, како што покажаа првите изборни резултати, тој ќе има мнозинство. Истовремено, второрангираната ...

Владејачката партија од чии редови е претседателот Вучиќ прогласи победа, а опозициските партии, пак, реагираа на нерегуларности. Додека е извесно кој ќе биде власт на централно ниво, она што останува отворено прашање е дали партијата на Вучиќ ќе успее да го сочува Белград или тој ќе падне во рацете на опозицијата. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави дека листата „Србија не смее да запре“ на неговата партија Српска напредна странка ...

Украински возач на камион почина на полско-украинската граница на 16 декември откако му се слошило додека чекал во редицата создадена поради штрајкот и блокадата од страна на полските камионџии. Ова е трет ваков случај откако почна блокадата на 6 ноември, објави јавниот радиодифузер „Сусплине“. Полските камионџии ги блокираат главните гранични точки кон Украина во знак на револт поради олабавувањето на транспортните правила од страна на ...

Се очекува клучната битка да се води за Белград, каде анкетите покажуваат дека обединетата проевропска опозиција е во тесна трка со коалицијата на претседателот Александар Вучиќ. Во Србија денеска (17 декември) се одржуваат вонредни парламентарни, покраински и локални избори во повеќе од 60 градови и општини. Локалните избори се одржуваат и во главниот град Белград. Гласачките места, како што кажа утрово претседателот на Републичката изборна ...

Актуелните предизвици околу просторното и урбанистичко планирање во Карпош, промените во Правилникот за урбанистичко планирање, автопатот Кичево-Охрид и состојбата со железниците се темите во неделното интервју на Радио Слободна Европа во кое гостува министерот за транспорт и врски на Северна Македонија, Благој Бочварски. Г-не Бочварски, во мај годинава Министерството за транспорт и врски го промени Правилникот за урбанистичко планирање и го ...

Првата реченица е чиста победа за Украина. Таа сакаше „јасен јазик“ за отворање на преговорите. И тоа го доби, додека Унгарија попушти. Но, со втората реченица, лидерите на ЕУ решија да ја клоцнат конзервата по патот. За да започнете де факто пристапни преговори, треба да усвоите преговарачка рамка Тоа требаше да биде најтешката работа за договор, додека лидерите на ЕУ се собраа на нивниот последен самит годинава во Брисел. Но, историските ...

Иселувањето од државата, според проекциите ќе продолжи, а веројатно е дека ќе се засили кога земјава ќе влезе во ЕУ. Но, Државниот завод за статистика очекува потоа луѓето да се враќаат назад. Корупцијата е главен двигател на иселувањето и ја има во секоја сфера, смета Претседателот Пендаровски. За помалку од 50 години односно до 2070 година во земјава ќе има речиси 1,2 милиони жители, покажуваат проекциите на Државниот завод за статистика (ДЗС) ...

Родители протестираат, ученици бојкотираат и три недели нема настава во ОУ „Тодор Јанев“ во мултиетничката општина Чашка. Протестот е поради отворање паралелка на албански јазик во училиштето со настава на македонски јазик. Дали преку учениците се „ора“ теренот за лов на гласови за следните избори? Мислев за лошите резултати од ПИСА е револтот, а тие за јазикот се бунтувале, иронично коментира граѓанин за протестот во ОУ „Тодор Јанев“ во ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.54
36%
1008
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
3.6
79%
1009
weather icon

Загреб

13ᴼ / 11ᴼ
3.6
80%
1013
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
2.06
32%
1007
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
3.86
58%
1007
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
84%
1014
weather icon

Атина

29ᴼ / 25ᴼ
3.13
41%
1010
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
3.09
49%
1012
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
4.63
43%
1012
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 17ᴼ
5.14
60%
1009
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
3.09
46%
1011
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 20ᴼ
5.14
47%
1009
Currency

61.525

Currency

54.1533

Currency

72.3411

Currency

34.9893

Currency

39.3371

Currency

66.0463

Currency

7.52996

Currency

0.67484

Currency

0.37844

Currency

0.52704

Currency

1.40608

Currency

0.64154

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.39

Кобалт

42.99

Никел

15352.50

Рутениум

19869.16

Калај

31.47

Сребро

1050.65

Злато

107959.96

Бакар

9.23

Паладиум

31121.92

Платина

31329.90

Родиум

172810.26

Цинк

2.58