Рускиот претседател Владимир Путин вети дека ќе ги исполни воените цели на Кремљ во Украина и строго го предупреди Западот да не интервенира подлабоко во борбите, велејќи дека таквиот потег носи „реален“ ризик од глобален нуклеарен конфликт. Путин го издаде предупредувањето во обраќањето до нацијата пред изборите следниот месец, на кои речиси е сигурна неговата победа. Повикувајќи се на изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон ...

Во анкета на РСЕ на социјалните мрежи голем број граѓани поддржуваат враќање на задолжителниот воен рок. Експертската јавност е поделена: дел од нив сметаат дека треба да се отвори сериозна дебата заради состојбите на меѓународен план, а за други е непотребно и ќе биде оптоварување на буџетот. Се повеќе европски земји дебатираат за враќање на задолжителното служење на воен рок, вклучително и земји од регионот како Србија, Косово и Хрватска, која ...

Изборите во Иран на 1 март ќе донесат нов парламент и Собрание на експерти, тело кое го избира Врховниот лидер на земјата. Но, во десетици аудио и писмени пораки испратени до Радио Фарда на РСЕ од Иран, многу луѓе велат дека нема да гласаат на, како што рекоа, нефер избори. Во пресрет на изборите во Иран кои ќе се одржат утре, на 1 март, постои заедничка закана која се провлекува низ многуте пораки од обичните Иранци. Изборите ќе значат нов ...

„Ќе си се вратиме тродупло поjако, без секирање“, e пораката оставена на 26 февруари годинава на една од неколкуте затворени групи на Телеграм преку кои комуницираа македонските „продавачи“ на лажни дебитни картички со ликот на Доналд Трамп. Како што утврди Радио Слободна Европа (РСЕ), целата содржина набрзо e избришана од групата. И таа не е единствената. Два дена откако РСЕ ги објави деталите за интернет-механизмот воспоставен со цел десетици ...

На самитот во Тирана, лидерите на Албанија и Украина разговараа за безбедносните прашања и поддршката за Украина во нејзината борба против руската инвазија. Украинскиот претседател Зеленски предупреди дека Русија ќе направи се да го дестабилизира Балканот и повика да се обединат во отпорот. Украинскиот претседател Володимир Зеленски во средата во Тирана ги предупреди земјите од Западен Балкан дека Русија ќе направи се за да ја дестабилизира ...

Повеќе функционери треба да се најдат на гласачкото ливче за изборите за шеф на државата. Законски забрани да бидат кандидати и да извршуваат друга функција нема, но дали некој од нив планира да се повлече ако влезе во изборната битка? Досега различна пракса – некои се откажуваа од старата функција за да влезат во битка за нова, други го чекаа изборниот резултат. Еден министер, една пратеничка и тројца градоначалници се меѓу 13-те имиња кои во ...

Најмалку шест убиства на „босови “ на нарко-банди се случија во изминативе три години. Последна жртва на уличната „војна“ на бандите е татко на приведен за соучество во двојното убиство во „Шиша бар“ минатата година. Само во изминативе три години во полициските билтени се заведени најмалку шест убиства на лидери на криминалните скопски банди во четири одделни инциденти. Доминација во трговијата со дрога, во скопското криминално подземје, ...

Кога се разбуди едно февруарско утро пред две години, на Настја и стана јасно дека нејзиниот живот никогаш повеќе нема да биде ист и дека училиштето ќе го замени со подрум каде што ќе се крие од војната. „Се разбудив во 7 часот и 30 минути и и реков на мајка ми: „Ајде да се подготвиме за на училиште, ќе доцниме“, но таа рече дека нема да има повеќе училиште и дека има војна“, раскажува ова девојче од Харкив, град во североисточниот дел на ...

Три регионални онколошки центри и посебно одделение во поранешна Воена болница во Скопје требаше да го растоварат напливот на пациенти во Клиниката за онкологија. Но, зошто регионалните центри речиси не работат, а бројот на болни од канцер во 2023 година достигна речиси 100.000? Пациенти болни од канцер уште не можат да се лекуваат во Градската општа болница „8 септември“ (поранешна Воена болница), иако владата уште пред една година даде ...

Со 70 отсто зголемување на синдикалната потрошувачка кошничка за три години, цените веќе се на ниво како во западните земји, велат граѓани кои живеат во странство. Власта најави запирање на мерката за замрзнати цени. Функционерите може да добијат ново покачување на платите во износ на една минимална плата, а работницте во јавниот сектор само 2.000 денари. Власта најави дека од следниот месец нема да ја продолжи мерката за замрзнување на цените, ...

Оставката на палестинската влада, која е на власт на Западниот Брег, во понеделникот на 26 февруари ја поднесе премиерот Мохамед Штаје. Овој потег може да значи отворање на патот за реформи кои се сметаат за неопходни за обновување на палестинската управа, јавуваат светските медиуми. Штаје, поднесувајќи оставка до претседателот Махмуд Абас, повика на „владини и политички мерки кои се неопходни во новата реалност на Појасот Газа“ во екот на ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го објави досега најдеталниот предлог за повоена Газа, ветувајќи дека ќе одржи неограничена воена контрола над енклавата, додека управувањето со цивилниот живот ќе им го препушти на жителите на Газа кои немаат врски со Хамас, организацијата која ЕУ и САД ја прогласија за терористичка. Планот, доколку се спроведе, ќе го оневозможи формирањето на палестинска држава која ќе ги вклучи Газа и Западниот Брег под ...

Ученик ќе се скара со ученик или ќе крене рака на него и од љубомора, насобран гнев или едноставно ако некој сака да се прави важен. И порано имало случаи на булинг, но за тоа знаеле малкумина, велат за РСЕ наставници кои организираат работилници во училишта против врсничко насилство. Разликата е што сега преку видеата што ги снимаат самите ученици, а кои сведочат за булинг, за тоа дознаваат многу луѓе. Напишете погрдни зборови за вашите ...

Претседателот на Украина Зеленски кажа дека над 31 илјади украински војници и десетици илјади цивили се убиени во војната. Зеленски одржа прес-конференција во Киев на двегодишнината од руската инвазија. Тој се надева дека напролет ќе има самит на светските лидери во Швајцарија. Украинскиот претседател Володимир Зеленски на 25 февруари рече дека 31 илјади украински војници се убиени од почетокот на руската инвазија пред две години. Тој изрази ...

Ефекти од руската инвазија на Украина се чувствуваат и во Централна Азија. Што е следно сега кога војната влегува во третата година? РСЕ контактираше пет експерти кои даваат свое мислење за тоа како руската инвазија на Украина во целосен обем остави свој белег во Централна Азија. Како што руската војна во Украина навлегува во третата година, нејзините ефекти се глобални, бидејќи жестокиот конфликт направи пресврт во политичките претпоставки, ги ...

Новиот министер за здравство, Илир Демири посочува дека до изборот на нова влада ќе работи исклучиво за непречено функционирање на здравствениот систем. Ако постизборно ја добие довербата да продолжи да раководи со министерството, вели дека ќе понуди јасна програма и визија за здравството и Клиничкиот центар. Последен случај кој предизвика лавини реакции во јавноста е одбиената рехабилитација на Леонид Индов во странство. Но, има и други такви ...

Украина одбележува две години од почетокот на целосната руска инвазија на земјата. Голем број странски државници се во посета на Киев во знак на солидарност. Поддршката продолжува до ослободување на земјата, порача претседателката на Европската Комисија, Фон дер Лајен. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен пристигна во Киев рано утрово на 24 февруари, заедно со други странски лидери и високи функционери, кои сакаат да ...

Уште не е во целосна употреба роботот за рехабилитација на тешко подвижни пациенти што го доби Клиниката за физикална медицина во Козле. И кога ќе стане достапен за пациентите, прашање на стручна проценка е дали на него ќе можат да се лекуваат пациенти со повреди како Леонид Индов велат од Клиниката Ниту една институција во државата не е соодветна да третира пациенти со тешки оштетувања како што има 19 - годишниот Леонид Индов, велат лекари и ...

Со насмевка на лицето и со ведар глас, холивудскиот актер Брајан Баумгартнер гледа во камерата и на едвај дешифрирачки руски јазик ја повикува молдавската претседателка Маја Санду да поднесе оставка. Дури и според стандардите на Тик-Ток, тоа беше бизарно. Ѕвездата од хит американското ТВ-шоу „The Office“ се чини дека беше една од многуте холивудски ѕвезди, вклучувајќи ги Долф Лундгрен и Линдзи Лохан, кои учествуваат во последната про-Кремљ ...

Селективно здравство и за пациентите и за лекарите и медицинскиот персонал. Кој решава кои пациенти ќе се лекуваат, а кои ќе чекаат, кој ќе се вработи, а кој не? Кому пречат медиумите и професионалните новинари? Њузлетер 23.02.2024 Клиника за онкологија – очајни пациенти, немоќни лекари Проблемите на Клиниката за онкологија во Скопје траат со години, а дополнително се усложнија со откривањето на аферата во врска со малверзациите со скапите ...

Одржувањето на парламентарните заедно со претседателски избори се гледа како една од причините зошто има голем број кандидати. Претседателската кампања, исто така, ќе се искористи и за промоција на партиите кои не сакаат да остават впечаток на нерелевантни доколку немаат кандидат за шеф на државата, сметаат аналитичарите. Најмалку девет имиња влегуваат во трката за претседателските избори што треба да се одржат на 24 април (прв круг) и на 8 мај ...

Воспитувачки, цариници и административни службеници не можат ниту да се вработат ниту да напредуваат до завршување на изборите. Владата не предвидела јавна набавка за одржување на софтверот за испити за државни институции. Решение за тестирање на хартија се бара само за Академијата за судии и воспитувачките во градинки. Најмалку илјадници барања за вработување во градинки, Царина, Комисија за хартии од вредност, Катастар и неколку министерства ...

На 21 февруари 2022 година, рускиот претседател Владимир Путин одржа мрачен, огорчен говор кој го промени мислењето на многумина кои до тогаш веруваа дека Русија нема да започне нова голема инвазија на Украина. Помалку од 72 часа подоцна, руски проектили паднаа низ целата земја, а руските сили ја преминаа границата, како и постојната линија на фронтот во Донбас. А Путин, според западните разузнавачи, верувал дека Украина ќе биде под палецот на ...

Јавноста се мобилизира да собира донации за рехабилитација на Леонид Индов во Виена. Тие кои го испратија пред камери не чувствуваат одговорност, a Фондот за здравство се повикува на закони и правилници. И за други пациенти не се одобрува рехабилитација, и покрај препораки од лекари дека ја има само во странство. Додека револтот во јавноста расте, оние кои јавно пред камери и со медицински хелихоптер го испратија 19-годишниот Леонид Индов од ...

Матични броеви, фотографии, броеви на лични карти покажани во видеа објавени од министри. МНР вели дека ги коригирале пропустите, а МВР тврди дека е целосно посветено на заштитата на податоците. Молк од Владата и Агенцијата за заштита на лични податоци зошто Владата објави лични податоци на 500 граѓани во „Службен весник“. По хаосот кој настана со издавањето лични документи и мобилизацијата и реорганизацијата што потоа ја најавија надлежните ...

За термини за нов пасош се чека со месеци, фалат и обрасци, па за патување во странство ќе се чека долго. Функционерите се растрчаа, но се чини доцна. Министерот Тошковски добил допис од Брисел дека ЕУ нема да прави проблем доколку македонски граѓани патуваат со пасоши со старото уставно име, но нема да можат да излезат од земјата ако дојдат дома. Хаосот со пасошите продолжува, со стотици граѓани заглавени во неможност да ја напуштат Северна ...

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека најдобриот начин да му се оддаде почит на починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални е да се спречи рускиот претседател Владимир Путин да победи на бојното поле во Украина. Во интервју за украинскиот сервис на Радио Слободна Европа, Столтенберг рече дека очекува Соединетите Држави да останат верен сојузник во НАТО и покрај можноста поранешниот претседател Доналд Трамп да се врати ...

Техничкиот премиер Талат Џафери во овие дваесетина дена од мандатот посетува само места каде што албанското население е мнозинство. Џафери вели дека е премиер на сите и дека тоа што го прави не е предизборна кампања. Според аналитичарите, не само Џафери, туку сите министри 100 дена пред избори само мобилизираат гласачи. За три недели, колку што Талат Џафери ја предводи техничката Влада, на терен, тој беше во посета на обиколница во Тетово, на ...

Жителите на провинцијата Балкан во западен Туркменистан можат да бидат уапсени доколку ги напуштат своите домови по девет часот навечер, откако полицијата воведе неофицијален ноќен полициски час на почетокот на февруари. Како што пишува редакцијата на англиски јазик на Радио Слободна Европа (РСЕ), државните службеници од таа крајбрежна покраина може да останат без работа доколку ги прекршат новите правила. Тоа е најновото ограничување во ...

Листата на високи функционери кои завршиле во затвор е куса, покажува епилогот од судските процеси изминатите години. Судења во високопрофилни случаи, забележуваат набљудувачите, траат подолго и од пет години. Дел од предметите, пак, паднаа во вода по измените на Кривичниот законик, а претходно обвинетите почнаа да бараат надоместок за трошоци за нивните адвокати. Поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) Сашо Мијалков ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
2.06
23%
1018
weather icon

Белград

29ᴼ / 28ᴼ
2.57
34%
1017
weather icon

Загреб

31ᴼ / 29ᴼ
3.09
43%
1015
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
3.09
25%
1018
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
1.36
21%
1016
weather icon

Љубљана

31ᴼ / 29ᴼ
1.34
50%
1016
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
5.36
29%
1016
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
2.57
39%
1017
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
2.06
30%
1018
weather icon

Букурешт

30ᴼ / 30ᴼ
3.6
29%
1016
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 30ᴼ
4.12
29%
1014
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
4.12
64%
1016
Currency

61.535

Currency

53.4215

Currency

71.8858

Currency

34.3015

Currency

38.9054

Currency

65.4658

Currency

7.44954

Currency

0.68164

Currency

0.36489

Currency

0.52488

Currency

1.34838

Currency

0.61752

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.66

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62