
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Завршени и незавршени работи пред стапувањето на должност на техничката влада. Што успеаа досегашните министри да завршат, а со кои проблеми ќе се соочат „техничките“? Њузлетер 26.01.2024 Заврши мандатот на премиерот Ковачевски. Што остави зад себе? Димитар Ковачевски си замина од премиерската функција по две години, период кога Европската унија изразуваше сериозна загриженост за судство и корупцијата и кога Соединетите Американски Држави, како ...
Вкупно 39 години затвор добија осудените шестмина за автобуската несреќа која пред речиси пет години се случи близу селото Ласкарци, а во која загинаа 16 луѓе и над 30 беа повредени. Најблага казна, 4 години затвор, доби газдата на фирмата „Дурмо Турс“ Дурмиш Белули. Роднините на загинатите разочарани. По речиси пет години поминати во судски рочишта, Кривичниот суд во Скопје ги прогласи за виновни шестмината обвинети за автобуската несреќа кај ...
Државен советник во Министерство за култура и поранешен пратеник на ДУИ, вработени во Министерството што го раководи Артан Груби, поранешен член на ДИК, вработена во општина Струга, но и советничка за протокол во владата. Ова се дел од луѓето кои добиле државни пари за невладини организации во кои се основачи, открива Слободна Европа. Во огласот за финансиска помош за невладините избришан е членот од Законот за спречување корупција со кој се ...
Правдата и вистината да бидат задоволени, очекуваат од денешната пресуда роднините на загинатите во автобуската несреќа кај Ласкарци, при која загинаа 16 луѓе. Но, селективната правда им отвара сомнеж дека нема да ја дочекаат правдата, па макар и задоцнета. Кој е одговорен за смртта на најмалку 16 луѓе и 30-тина повредени во сообраќајната несреќа во гостиварско Ласкарци пред речиси пет години, само возачот на автобусот или и сопственикот на ...
Алсу Курмашева добива писма во затвор - од семејството, пријателите, колегите и странците, но понекогаш им требаат недели за да стигнат до неа во истражниот затвор во рускиот град Казан. Новинарката на Радио Слободна Европа, како што пишува од затвор, на 13 јануари по долга пауза за време на зимскиот распуст добила голем пакет писма. „Ми беше многу тешко без нив. Всушност, сето тоа полека, но сигурно станува помалку подносливо“, пишува Алсу. ...
Калкулациите околу техничката влада и политичките надмудрувања траат веќе два месеца. Опозицијата вечерва ќе одлучува за министри и дополнителни-заменици во техничката влада, а идниот премиер Џафери вели дека ќе ги достави ако има номинации. Процедурите ќе започнат утре со оставка на Ковачевски. Актуелниот претседател на Собранието и иден технички премиер Талат Џафери во сабота (27 јануари) планира да го предложи составот на новата Владата. ...
Државните ревизори откриле дека Министерството за животна средина и просторно планирање не ги наплатува навремено и сите такси на фирмите кои поседуваат А и Б интегрирани еколошки дозволи, што доведува до намалување на приходите во буџетот. Не ги откриваат ниту должниците. Еко-активистите бараат автоматизиран систем за наплата. Околу 150 илјади евра со години и должат на државата неколку фирми поради неплатени давачки за интегрирани еколошки ...
Движењето Самоопределување не е регистрирано како субјект во Северна Македонија и не бара таму власт, велат претставници на оваа партија за Радио Слободна Европа (РСЕ). Сепак, тие признаваат дека партијата предводена од косовскиот премиер Албин Курти соработува со одредени партии во Северна Македонија и дека нејзините членови со македонско државјанство ќе учествуваат на тамошните парламентарни избори на 8 мај годинава. Ангажманот на претставници ...
Викса вели дека на радио „опасно бега од политика“ и дека и затвора врата, но оти некогаш е толку смешно што не се издржува, посебно „ако треба да не се смееш“. Е тогаш станува уште посмешно и зaтоа можеби „не е срамно ако нарушиш културна тишина“, вели во Поткастот Зошто Виктор Петров – Викса, популарен водител кој им го разубавува денот на слушателите на Радио Сити. Радиото е магија, луѓето го слушаат гласот на водителот и секој си има своја ...
Власта со месеци чекаше пред да ги направи „следните чекори“ во борбата со корупцијата, по интензивните критики дека лошо се справува со тоа. Најави законски измени со кои лицата на странските „црни листи“ ќе бидат санкционирани и дома. Предлогот отвори правни дилеми. Наместо обвинение или санкции против оние кои лани се најдоа на американската „црна листа“, власта сега нуди предлог за законски измени на Законот за рестриктивни мерки, со кои ќе ...
Покрај Ковачевски, оставка треба да поднесе и Џафери кој од Собранието ќе се пресели во Владата во која министри ќе има и ВМРО-ДПМНЕ. Опозицијата ќе предложи кандидати, но засега тврди дека нема да гласа за таа влада. По нејзиното формирање, ќе следуваат и разрешувања и распоредувања во МВР. Премиерот Димитар Ковачевски в четврток (25 јануари) ќе си поднесе оставка, по што ќе треба да се формира преодна или техничка влада. Таа треба да се избере ...
Тензично беше изутрината (23.01.2024) пред ОУ „Тодор Јанев“ во Чашка, меѓу полицијата и родители што вчера и денес го продолжија протестот, почнат уште во првото полугодие, против воведување паралелка на албански јазик во училиштето. Тензии имало и вчера, вели Цвета Пешевска, претседателка на Советот на родители во ОУ „Тодор Јанев“, за Радио Слободна Европа(РСЕ). Embed share Турканици пред основното училиште во Чашка Embed share The code has ...
За НАТО, 2024 година ќе биде клучна за следните пет работи - за Шведска, пристапувањето, најголемата воена вежба „Steadfast Defender“, трошоците и самитот. И можеби се ќе се одвива точно по тој редослед. Веројатно најблиската вест би можела да биде крајот на долготрајната сага за членство на Шведска. Пријавувајќи се во пролетта 2022 година, повеќето очекуваа брз влез подоцна истата година. Но, Турција и Унгарија имаа други планови и додека ...
Планот за раст на Западен Балкан што го презентираше ЕУ за лидерите од регионот е можност за економскин исчекор и приближување на единствениот европски пазар преку формирање на заеднички регионален пазар. Сите лидери зборуваат за соработка, но не излегоа на заедничка прес - конференција. Да се формира заеднички регионален пазар и со тоа Западниот Балкан да се приближи кон единствениот европски пазар, е заклучокот на состанокот на лидерите од ...
Граѓаните се жалат дека не можат да ги подигнат новите пасоши во предвидените 15 дена за редовна постапка. Од МВР велат дека личните документи се издаваат во законскиот рок, но не одговорија дали има доволно обрасци, проблем на кој укажа Народниот правобранител во интервју за РСЕ. „Тие што сте се фотографирале по 17 декември 2023, залудно чекате, вашите документи не се готови“. Со овие зборови, во неколку наврати во рок од два часа, двајца ...
За двете години што ги поминала на студирање во странство дваесет и петгодишната Божана Машановиќ вели дека забележала дека квалитетот на производите што ги купила таму се разликува од производите што и се достапни во Црна Гора, каде што е родена. Во разговор за Радио Слободна Европа (РСЕ) таа објаснува дека не била изненадена бидејќи уште пред да замине на студии веќе се водеше голема дебата за послабиот квалитет на производите што се пласираа ...
Земјиод Западен Балкан најавија соработка и реформи за да ги искористат парите што се предвидени со Планот за раст на Европската комисија. Лидерите од регионот, на почетокот на состанокот, зборуваа за економиите и регионалната соработка, но не и за политичките прашања. Заложбите за економскиот напредок и Планот за раст на Западен Балкан, го одбележаа почетокот на состанокот на лидерите од регионот кој започна утрово на 22 јануари во Скопје. ...
Граѓани се жалат до Народниот правобранител дека Министерството за внатрешни работи не го почитува законскиот рок за издавање на патни исправи. Омбудсманот Насер Зибер тврди дека МВР има недостиг на обрасци за патни исправи, како и за другите документи. Г-дине Зибери, обврската за менување на личните документи изминатиот период предизвика огромен метеж на пунктовите на МВР. На што се жалат граѓаните кои поднесоа претставки до вас? Претставките ...
Кон крајот на овој месец, НАТО ќе ја започне својата најголема воена вежба по Студената војна, „Steadfast Defender“, во која ќе учествуваат 90.000 војници од сите 31 членка на воената Алијанса, како и Шведска, која е поканета во НАТО, во различни видови маневри на копно, море и воздух во период од четири месеци. Иако официјалните документи на НАТО не кажуваат директно дека одржуваат вежби за потенцијална руска офанзива на сојузничка територија, ...
Македонските компании ќе ги добијат пратките од азиските земји со задоцнување и поскапо заради трговската криза со нападите на Хутите врз бродовите на влезот во Црвеното море, велат шпедитери за РСЕ. Наместо 30, сега бродовите стигнуваат за 45 дена. Најпогодени се компаниите за автомобилски делови Играчки, облека, стаклени и керамички производи, па се до мебел и компјутери од азиските земји, со големо задоцнување и со повисоки цени, стигнуваат ...
Премиерот Ковачевски две години гаснеше пожари - економски, енергетски, социјални... Иако вети откочување на евроинтеграциите, земјата само со една нога се приближи кон ЕУ, а од Брисел нотираат сериозна загриженост за корупцијата и политичките притисоци во судството. За време на мандатот не отвори некој стратешки проект, а и покрај сеприсутноста во јавноста, не се прослави со висок рејтинг. Две години откако во Собранието беше избрана нова Влада ...
М-НАВ и натаму ќе го обезбедува приватно обезбедување, иако сега има и полиција. Продолжува сагата со личните документи. Оние за внатрешна употреба со продолжен рок, за пасошите, тешко. Откриени измами со трговија со нафта и фиктивни фактури за поврат на ДДВ. И полиција и приватно обезбедување во М-НАВ Приватната фирма што го обезбедува М-НАВ добила нов тендер а вклучена е и полициска асистенција, по инцидентот на 4 јануари, кога луѓе од надвор ...
Обвинувањата за албанофобија и за непрофесионалност во дипломатијата повторно го отворија прашањето какви кадровски решенија испраќа државата за дипломати. Она кон што треба да се насочиме, според поранешниот дипломат Арсовски, е целосна професионална дипломатија, а не политички решенија за потоа да не гледаме циркус. Злоупотреба на дипломатијата за приватни и партиски интереси, албанофобија, непочитување на процедурите предвидени со Законот за ...
Пред два дена, за време на состанокот со општинските претставници од целата земја, рускиот претседател Владимир Путин ги коментираше тоалетите во странските земји. „Заеднички бањи за момчиња и девојчиња или нешто слично, тоа стана обична, секојдневна работа“, рече тој, пред да го додаде неоснованото тврдење дека многу Руси кои претходно ја напуштиле земјата, почнале да се враќаат дома, токму поради ова прашање. „Многу е тешко луѓето со ...
Учебната година за средношколците ќе заврши на 10 јуни, а не на 17 како што првично беше одлучено. Основните, пак, ќе одат во училиште до 17 јуни. Одлуката за скратување од една недела, Министерството за образование и наука (МОН) ја донело по барање на Сојузот на средношколци. „Во Законот за основно образование се одредени точен број работни денови во основното образование. Во Законот за средно образование не е одредена таа законска обврска за ...
Претседателските и парламентарните избори што ќе се одржат годинава во Северна Македонија ќе ја чинат државата околу 12 милиони евра, вели претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски. Во интервју за МИА, тој посочува дека оваа сума е со тенденција да се зголеми најмалку до 15 милиони евра. „Ние кога се договаравме со министерот определивме една сума, меѓутоа после кога отиде буџетот во Собрание, многу се скрати. Не ...
Наместо лажна надеж и иницијативи за уставни измени и промена на закони со кои пасошите со старото името ќе важат и по истекот на рокот, на 12 февруари, фокусот сега треба да се стави на тоа што е можно повеќе луѓе да добијат нови лични документи, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи. За пролонгирање на рокот ќе треба нов договор со Грција, оти ова не е одлука на една Влада, додава тој. Во овие услови нема надеж дека пасошите со ...
Приватната фирма што го обезбедува М-НАВ доби засилување, нов тендер и полициска асистенција, по инцидентот на 4 јануари. Во меѓувреме се наметнува прашањето кој и како треба да ги обезбедува објектите од критичната инфраструктура. Полицајци им помагаат на приватното обезбедување на државната компанија за воздушна навигација М-Нав, по инцидентите од 4 јануари, велат два независни извори за Радио Слободна Европа. Интервентна полиција и полицаец ...
Државната изборна комисија и „Дермалог“ договараат како ќе се користат терминалите за отпечатоци од прсти на двојните избори и за надградби на системот. Решение, тврдат, има. Партиите чекаат абер, а експретседателот на ДИК Новакоски вели - мора консензус за да нема сомнежи за изборите. Претставници на германската компанија „Дермалог“, од која беа набавени уредите за отпечатоци од прсти, деновиве се во Северна Македонија и со Државната изборна ...
Товарниот брод под панамско знаме пловеше во водите на Црното Море на пат кон речното пристаниште на Дунав за да товари жито,(клучна извозна стока за воено разурната Украина), кога беше погоден од експлозија кон крајот на декември 2023 година, што го исфрли од правецот на движење и предизвика пожар на палубата во која беа повредени двајца членови на екипажот, пишува редакцијата на Радио Слободна Европа (РСЕ) на англиски јазик. Украинската војска ...