
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Алијанса за Албанците можеби и не е моќна да направи значаен резултат на изборите самостојно, но може да биде детерминирачки фактор за тоа кој ќе ја формира идната влада, сметаат аналитичарите. Таравари се залага за приклучување кон опозицискиот блок, а Села го повикува на одговорност. Кој пат ќе го фати партијата и може ли да дојде до нејзина поделба? Јавните конфронтирања помеѓу актуелниот и поранешниот партиски лидер, физички пресметки помеѓу ...
Система, руската истражна единица на Радио Слободна Европа, откри детали за користењето на регрутирани осуденици од страна на руската војска како јуришни трупи во инвазијата на Украина. Министерството за одбрана продолжува да регрутира затвореници да се борат во некои од најбруталните ангажмани на фронтот Тајните сили за напад наречени „Бура гладијатор“, составени од осуденици кои излегоа од руски затвори за да се борат во Украина, биле вклучени ...
Никола Нешкоски, планинар, велосипедист, екологист и едукатор. Личност која ужива во предизвици, но и човек кој сака младите да ги научи на здрав живот, на спорт и на љубов кон животната средина. Со него во поткастот Зошто разговараме за задоволствата, успесите, но и предизвиците со кои тој се соочува во остварувањето на неговата мисија. Во земјава има млади луѓе, кои се обидуваат да направат нешто, за себе и за општеството. Еден таков човек ...
Рецепти за лекови и упати ќе има, но нема да се исплаќаат боледувања, породилно отсуство, рефундации, капитации за матични лекари, нема пресметки за исплата на плати во јавното здравство. Вработените во ФЗОМ бараат да не им се намалуваат платите, Министерство за финансии тврди дека им ги зголемило Скопјанката Бојана Стојчевска денеска не успеа да добие здравствено осигурување за својата ќерка. Остана со документите в рака пред подрачната служба ...
И таткото на министерот Бочварски влегува во друштвото на семејства на политичари кои отворија компании за производство на електрична енергија. Во овој бизнис досега влегоа сопругата на екс премиерот Ковачевски, Елена, синовите на поранешниот премиер од СДСМ Зоран Заев, Душко, на лидерот на ДУИ Али Ахмети, Шкумбин, како и синот на неговиот сопартиец Муса Џафери, Арјанит. „Никој од моето семејство не влегол во бизнисот со струја“. Ова го изјави ...
Парламентот на Северна Ирска направи историска пресвртница во саботата на 3 февруари, кога за шеф на владата ја назначи Мишел О'Нил од партијата Шин Фејн, која се опишува себеси како политичко крило на Ирската републиканска армија (ИРА), иако и двете организации ја истакнуваат својата одвоеност. Идејата за прв министер кој поддржува поблиски односи со Република Ирска во британскиот регион, а потекнува од националистичката партија Шин Фејн, ...
Иако е непопуларна мерка, веќе е донесена одлука за штрајк поради најавеното намалување на платите во Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), вели претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Работниците ќе протестираат и ако поминат низа закони со кои власта сака да ги намали платите, додава тој. Г-не Трендафилов, Владата пред нова година се фалеше со покачување на ...
Има многу причини да се верува дека популарноста на американската мегаѕвезда Тејлор Свифт може да стане политичка сила. Околу 18 отсто од гласачите во Соединетите Држави, односно секој трет од 10 анкетирани млади гласачи, рекле дека повеќе би сакале да гласаат за кандидат поддржан од Свифт. Тејлор Свифт порано во својата кариера избегнуваше да зборува за демократите и републиканците, но со текот на времето тоа се промени. На изборите во 2020 ...
Налепниците за регистарските таблици беа најавени како поевтина опција за граѓаните да немаат поголеми трошоци со оглед дека треба да ги променат сите лични документи со новото уставно име. Кодот НМК мора да биде на сите возила, но налепници се уште нема во станиците за технички преглед. Сопствениците на возила со регистарски таблици со стариот код МК, заклучно со 12 февруари ќе треба да ги заменат со новиот код НМК што беше договорено со ...
Од вкупно седум случаи на голема кашлица во Северна Македонија последните два се бебиња на возраст од два месеца, а еден повозрасен пациент е хоспитализиран. Се шири и сезонскиот грип и лекарите предвидуваат дека пикот ќе го достигне во февруари. Од почетокот на оваа година регистрирани се вкупно седум лица со голема кашлица, а последните два случаи се бебиња од два до два и пол месеци, изјави за РСЕ портпаролот на Комисијата за заразни болести ...
На крајот, помина изненадувачки брзо и безболно: имаше едногласност меѓу лидерите на ЕУ (уште претпладнето на 1 февруари), дека блокот ќе и обезбеди на Украина 50 милијарди евра (54 милијарди долари) грантови заеми за следните четири години. Тоа е значаен сигнал, бидејќи Американскиот конгрес досега не успеа да постигне договор за повеќе средства за Украина, а Киев истакна дека наскоро ќе остане без пари. Унгарскиот премиер Виктор Орбан ...
Корупцијата не се казнува. Високо ниво на корупција. Тоа што ни е познато, го потврдија и Транспаренси интернешнел, но и Државната комисија за спречување на корупцијата. Од власта нема реакции на ваквите констатации. Корупцијата е една од причините и за иселувањето на младите од државата, која полека станува „држава на старци“. Корупцијата ја гледаат сите, освен оние што треба Во најновиот извештај на Транспаренси интернешнел, Северна Македонија ...
Четири години поминаа откако ДУИ поднесе предлог-закон за ветинг. Само 16 дена по поднесувањето, Собранието се распушти пред парламентарните избори во 2020 и предлогот никогаш не стана закон. Идејата се актуелизира и пред овие избори, антикорупционерите се сомневаат во искреноста на партиите. Предлог-законот за ветинг стои во моето биро. Две минути ми требаат да го пуштам во процедура, вели Арбр Адеми, координатор на пратеничката група на ДУИ за ...
Најавите за покачување на сумите за партиципација ги разгневија студентите. Повеќе студентски организации излегоа со остри реакции, а некои дури се заканија и со протести. Ректоратот на УКИМ побарал став од факултетите за покачување на партиципациите, но одлука уште нема. На факултетите на најголемиот државен Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ каде студирањето законски треба да биде бесплатно, се разгледува предлогот за зголемување на ...
Еден клик е доволен за прекршување на санкциите на Европската Унија (ЕУ) против Русија. Ист клик е доволен и за да се докаже какви се ограничувањата во борбата на ЕУ против дезинформациите, коja и е многу важна. Два клучни руски медиуми, кои ЕУ ги смета за инструмент на Кремљ за ширење пропаганда и дезинформации, се многу присутни на европско тло, вклучително и на самото место каде се носат одлуките за санкции, во просториите на Европскиот Совет ...
За измами во служба се гонат двајца поранешни директори и тројца лекари онколози. Еден од директорите е осомничен и за седум дела злоупотреба на службената положба. Обвинителството досега нема информации дека вишокот лекови завршувал во Косово. Од Албанија, се уште се чекаат информации. Двајца поранешни директори на Клиниката за онкологија – еден медицински и еден организациски, и тројца доктори – онколози, од денеска, 31 јануари, имаат својство ...
За 56 раководни и службени лица во македонските институции антикорупционерите во нивниот мандат побарале одговорност односно разрешување, а за 59 покренале иницијатива за кривично гонење. Но, надлежните не презеле мерки. Неказнивоста и недостаток на интегритет се дел од проблемите со кои се соочиле антикорупционерите чии мандат истекува во февруари. Изградбата на комплексот згради Холидеј Ин која од прозорецот на седиштето на Комисијата ...
Откако тројца американски војници загинаа, а повеќе од 30 беа повредени во напад со беспилотно летало врз американски пункт во североисточен Јордан, расте притисокот врз американскиот претседател Џо Бајден директно да го нападне Иран, пишува редакцијата на англиски јазик на Радио Слободна Европа (РСЕ). Иако таргетирањето ирански цели е една од опциите, аналитичарите велат дека е поголема веројатноста Соединетите Држави да нападнат една или ...
Собранието ќе одржи уште неколку седници до распишувањето на изборите и неговото распуштање. Уште е неизвесно дали ќе бидат увоени измените на Изборниот законик. Овој пратенички состав ќе го инаугурира и новиот претседател на државата доколку нема жалби за изборниот резултат. Собранието продолжува со работа и ќе одржува седници до моментот кога новиот собраниски спикер Јован Митрески од СДСМ ќе стави потпис за распишување на двојните избори, ...
Скокот од девет места не значи и реално подобрување на борбата со корупцијата. Според извештајот на Транспаренси Интернешнл, таа останува на високо ниво. Измените на Кривичниот се главната забелешка. Институциите остануваат глуви на критиките и препораките, според Транспаренси Интернешнл. Северна Македонија е рангирана на 76. место од 180 држави во светот според Индексот на перцепција на корупцијата за 2023 година што традиционално го објавува ...
Индексот на перцепција на корупцијата за 2023 година, објавен денеска од меѓународната организација Транспаренси интернешнел покажува дека повеќето земји постигнале мал или никаков напредок во справувањето со корупцијата во јавниот сектор. Глобалниот просек на Извештајот за индексот на корупција останува непроменет и изнесува 43 - дванаесетта година по ред, при што повеќе од две третини од земјите имаат бодови под 50. Ова укажува на сериозни ...
Преседан кој е обид за замолчување на независното новинарство, е оценката од новинарската фела за црковната одлука да му суди на новинар. Новинарот Маријан Николовски вели дека тој и не е најважен фактор во целата игра во која е испреплетено и руско влијание во македонската црква. Денеска, 29 јануари, требаше да се одржи „доказно рочиште“ на кое новинарот Марјан Николовски требаше да се брани за наводен говор на омраза и доведување во општа ...
Војната во Украина е најзастапената тема во медиумите околу која се пласирале најголем број дезинформации во 2023 година. Ова го покажува истражувањето на „Метаморфозис“ кое го открива ефектот на дезинформациите. Според Фондацијата ширење дезинформации не е само медиумски, туку и безбедносен проблем. Фондацијата Метаморфозис следеле написи во домашните онлајн медиуми но и објави на социјални мрежи во периодот од јануари до септември 2023 година, ...
Еден од водечките руски производители на борбени и цивилни авиони продолжи да увезува делови и друга опрема од европски и американски добавувачи, и покрај санкциите наметнати од Запад кон Москва, откако таа ја започна својата инвазија на Украина во февруари 2022 година. Зошто? Податоците од царинскиот увоз доставени до руската истражувачка единица на Радио Слободна Европа - Система, откриваат дека авионски делови во вредност од над 8 милиони ...
Во Собранието почна седницата на која Северна Македонија треба да ја добие третата преодна (техничка) Влада по 2016 година. Мандатар е Талат Џафери од ДУИ. Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ најави дека нема да гласа. Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ обвини за „понижувачка ДУИ-зација на државата“ Преодната влада ќе биде одговорна, транспарента и нема да дозволи да се наруши изборниот процес, вети мандатарот Талат Џафери пред пратениците на ...
Иако субвенциите од 11 милиони евра за плати во ЈСП треба да бидат до крајот на годината, сигурен сум дека наесен повторно ќе се побараат пари, вели во интервју за РСЕ претседателот на Советот на град Скопје и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески. Според него, факт е дека нема позначителен напредок во услугата што ја добиваат граѓаните во јавниот превоз. Господине Славески, откако ова градско раководство е на власт во град ...
Мнозинството Германци не би го поддржале „Дегзит“, односно излегувањето од Европската Унија(ЕУ) на што повика ултрадесничарската „Алтернатива за Германија“(АфД), вели за Радио Слободна Европа, Бенџамин Талис, експерт во Германскиот совет за надворешни односи (ДГАП) со седиште во Берлин. Претходно, Талис работеше во мисиите на ЕУ во Украина и на Балканот. „Бројот на луѓе во Германија кои ги делат ставовите на екстремната десница останува ...
Меѓународниот суд на правдата (МСП) пресуди дека Израел мора да се погрижи неговите сили да не вршат геноцид и мора да преземе мерки за подобрување на хуманитарната ситуација. Израел мора да обезбеди да се зачуваат доказите за наводниот геноцид. Судот нагласи дека одлуката спаѓа во меѓународните обврски на Израел. Израел мора да поднесе извештај до судот во рок од еден месец за тоа што прави за да ја поддржи наредбата. Во образложението на ...
Животот и натаму поскапува, покажува синдикалната кошничка која пораснала и во јануари. Ако двајца вработени во четиричлено семејство примаат просечни плати, треба да потрошат 74 проценти од парите да го покријат минимумот трошоци. Од Министерството за економија велат дека нема покачување на цените на замрзнатите производи. Синдикалната потрошувачка кошничка скокна за 641 денар во јануари. Граѓаните континуирано се погодени од растот на ...
Десетици илјади етнички Срби кои живеат и работат во Косово, но тврдоглаво ја отфрлаат официјалната валута на земјата, имаат една недела да го отфрлат динарот во нивниот секојдневен живот. Веќе две децении, охрабрени од Белград и неволно игнорирани од Приштина, жителите на 10 општини со претежно етнички Срби се држат до српската валута за сè, од платите и пензиите до лекарски сметки, ресторани, па дури и такси. Јадранка од Северна Митровица ...