
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Босна и Херцеговина мора да се воздржи од продлабочување на врските со Русија и да вложи дополнителни напори за затворање на просторот за надворешно влијание и манипулација со информациите, порачуваат од Европската Унија, како одговор на најавите дека телевизискиот канал RT (РТ), под руска државна контрола, може да започне со емитување на програма во Босна и Херцеговина. Емитувањето на каналот на српски јазик во Република Српска беше објавено на ...
Северна Македонија ќе се соочи со низа економски предизвици во 2024 година: од слаб раст на БДП, висока инфлација, неповолна размена со ЕУ и предизборни трошоци, прогнозираат економски експерти. Тие додаваат дека и покрај најавените покачувaња на платите, тешко може да се очекува подобрување на животниот стандард на граѓаните. Постојат низа неповолности и негативни ефекти поради кои во 2024 година може да очекуваме „анемичен“ раст на ...
Грчката државна компанија кренала раце од проектот откако се жалеа дека условите „не даваат добри можности за да обезбедат средства од банките за да го градат Чебрен“. Министерката Шукова смета дека државата изгубила со пропаѓањето на 14-от тендер, но порача дека енергетичарите треба да одлучат дали ќе има нов или државата сама ќе гради. Од опозицијата, пак, обвинуваат дека тендерот пропаднал поради конфузни одлуки на власта. Пропадна и 14-тиот ...
Корупцијата во државата долги години беше нарекувана рак-рана на општеството. Но, критичарите на состојбите во земјава во годината што измина и дадоа уште полоша дијагноза, сметајќи дека метастазира во епидемија. Истражните органи отворија предмети за аферите објавени во јавноста, но, епилог нема. Новогодишната елка и светилките се симбол на празнично расположение низ целиот свет. Но, блесокот од украсувањето во главниот град Скопје падна во ...
Дали Трамп може да се врати во Белата куќа? Дали некој во Русија ќе го предизвика Владимир Путин кој би можел да добие уште шест години на власт? Кои се петте избори кои ќе ја обликуваат глобалната политика во годината пред нас Со оглед на тоа што половина од светот гласа во 2024 година и околу 30 земји избираат претседател, еве пет клучни избори што треба да ги имате на ум: Реванш Трамп-Бајден? На 5 ноември, десетици милиони Американци ќе го ...
Според статистиките, кои покажуваат милионски прегледи, фокусот на публиката на профилите на РСЕ на социјалните мрежи во 2023 година бил на војните во Украина и Газа, но и на настаните од регионот. Интеракцијата со публиката не недостасуваше ниту во видеата за човекови права, уривањето табуа и видеата со „политичарите во неформално издание“... Вниманието на светската јавност во 2023 година беше фокусирано на војната на Израел и Хамас и ...
Во есента 2022 година, Кремљ предвиде многу мрачна зима за жителите на Европската Унија. Откако ја прекина испораката на природен гас за Европа како одмазда за западните санкции против Русија поради нејзината инвазија на Украина во февруари 2022 година, Москва и про-Кремљ медиумите речиси радосно предвидуваа дека Европа, без добронамерноста на руските испораки на гас, ќе стане пустелија на темнината и ледените градови. Односно дека Европејците ...
2024 се смета за изборна година не само кај нас туку и на глобално ниво поради рекордниот број изборни процеси што се очекуваат. Македонските граѓани ќе гласаат по 11- ти пат на парламентарни и по седми на претседателски избори. Ново е што прв пат ќе има премиер Албанец и ќе се гласа во среда наместо во недела. Очекувањата за кампањата, пак, се дека ќе преовладува докажување меѓу ривалите кој е поголем криминалец, а кој поголем патриот. Поголеми ...
Алек, прво дете во семејството Стефковски, се роди точно на полноќ и е прво бебе во 2024 година. На територија на целата држава новогодишната ноќ помина главно мирно, велат од полицијата. Имало повредени лица во три сообраќајни несреќи и 22 пациенти примени на Клиниката за токсикологија. Три бебиња се родија на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) во Скопје во период од 15 минути по полноќ, а вечерта на Нова година имало и ...
Од паднати бандери, барање за промена на пукната гума, до ситуации кога операторите сведочат на љубовни афери, но и објаснуваат дека тие не се гласовен часовник. Ова се дел од необичните повици на 112, кои се само мал дел од илјадниците јавувања со кои се справуваат операторите во системот на единствениот европски број за итни случаи. Од 1 500 до 2 000 повици дневно примаат операторите на европскиот број за итни случаи 112 кој пред неполни две ...
Изминува уште една година со закочени евроинтеграции, скандали во здравството, широко распространета корупција... Но, не им беше лошо на сите. На функционерите им се погоди. Си ги зголемија платите за речиси 80 отсто, и си донесоа измени на Кривичниот законик со кој многумина куртулија од затвор, зашто им застареа делата за злоупотреба на службената должност. Како капак на сè дојде и киднапирањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска, кое ...
Во речиси две години од руската војна во Украина, Пекинг се залагаше да се прикаже себеси како јавен миротворец, додека го канализираше гласот на незападниот свет од глобалниот југ. Сега војната во Газа и даде уште една можност да го прави тоа За кинескиот амбасадор во ЕУ, Фу Конг, војната меѓу Израел и Хамас ги откри двојните стандарди на Западот и начинот на кој Пекинг гледа дека не е во контакт со остатокот од светот. Говорејќи во Брисел во ...
Во 40 основни и средни училишта во неколку општини во државава од второто полугодие на учебната година ќе се применува електронскиот дневник (Е-дневник) како пилот проект додека не се отстранат евентуални слабости за да биде применлив во сите училишта, најави министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Пред неколку години целосно беше повлечена хартиената форма на дневникот и воведен Е-дневник, но се појавија проблеми во функционирањето - ...
Постапката за утврдување одговорност на судијката Беса Адеми се случува во присуство на јавноста. Иницијативата за нејзина одговорност ја покрена членот на Судски совет, Миљазим Мустафа. Претседателката на Врховен, пак, смета дека исходот на постапката ќе ја одреди иднината на нашето судство. Денеска, на последниот работен ден годинава, вниманието на јавноста во земјава е вперено кон Судскиот совет и неизвесноста од епилогот на иницијативата за ...
Поставени нов вид камери на крстосниците и булеварите покрај старите од „Безбеден град“, кои треба да регистрираат сообраќајни прекршоци. Од каде се набавени новите камери МВР не открива, тендер има само за возилата пресретнувачи. Министерот Спасовски најавува нов софтвер за камерите. Доколку деновиве возите на главните сообраќајници низ Скопје, ќе забележите неколку вида на камери насочени кон вас. Првите се веќе поставените на кои граѓаните се ...
Колкави ќе бидат сметките з струја од наредниот месец? Можеме ли Чебрен да го градиме сами и зошто не сме го изградиле досега? Некои почнати објекти, заборавени. Хаос со вадењето нови лични документи. Њузлетер 29.12.2023 Сметките за струја - угоре удолу Од идниот месец сметките за струја ќе изгледаат поинаку. Струјата поскапува, но мрежарината поевтинува, па како епилог на тоа, Регулаторната комисија за енергетика пресметала дека струјата во ...
Собранието во новата година ќе се занимава со процедурите за избор на новата влада, но ќе треба да си ги исполни и домашните задачи, како закони и избор на членови на комисии и институции. Претседателот Талат Џафери, кој уште малку е на таа функција, оценува дека го направиле потребното. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, вели дека во голема мера е задоволен од сработеното, иако како што додава, „никој 100 проценти не може да биде ...
Северна Македонија е меѓу најпушачките нации во Европа, со алармантен раст на карциноми на бели дробови. Пушењето е дел од културата, но и од проблемите на здравството и економијата. Министерот за здравство најавува нови мерки за контрола, додека угостителите и пушачите се противат. „Бројот на карциноми на бели дробови нѝе во подем. Статистички нема месец да немаме нов пациент во ординација. Доаѓаат луѓе пушачи со рак на бели дробови, а живеат ...
По неколку месеци одложување, клучната комисија на турскиот парламент ја одобри кандидатурата на Шведска за членство во НАТО во вторник, на 26 декември. Со тоа се отстрани уште една пречка во процесот на приклучување на оваа нордиска земја во западната воена алијанса, пишуваат светските медиуми. Пристапниот протокол на Шведска допрва треба да биде одобрен од генералното собрание на турскиот парламент за последната фаза од законодавниот процес во ...
Народниот правобранител во годишниот извештај потенцираше нарушени права на настава на децата, а кажа дека има докази за тортура на затвореници од специјалци на МВР. Зибери се пожали на неисполнувањето на обврските на клучните институции кон нив – Владата, Собранието и Министерството за финансии. При претрес на 23 октомври во полуотвореното одделение на затворот „Идризово“, припадници на специјалните единици на МВР влегле во затворот за ...
До 15 јануари се очекува одлуката дали грчката компанија ќе ја гради хидроцентралата Чебрен. Од 2006 до сега пропаднаа 13 меѓународни тендери. Државата има пари за ја изгради хидроцентралата, велат дел од економистите и инженерите кои тврдат дека ниедна Влада не се занимава со државниот туку со личниот интерес. За помалку од една недела истекува банкарската гаранција од 1,4 милиони евра на грчката компанија „Архидрон“ која покажа интерес да ја ...
Позитивен чекор за Брисел, Србите на северот на Косово поделени - за едни „предавство“ и „пораз“, за други пак добро решение. Во Белград немаше поголеми реакции на одлуката на Владата на Србија да дозволи влез во Србија на возила со регистарски таблички од Косово. До објавувањето на овој текст, Владата на Косово немаше одговорено на прашањето на Радио Слободна Европа дали и Приштина од 1 јануари ќе ги укине налепниците со кои досега се покриваа ...
„Земи си еден Дијазепам за да се смириш“ - ова е често споменувана реченица низ македонските семејства. Тоа е катастрофа, вели во Поткастот Зошто Тиана Ивановска психолог. Со неа разговараме и за најчестите причини да се посети психолог, за анксиозноста и депресијата „Ние како нови генерации имаме доста притисок, како на училиште така и од нашите родители, тренери и се што ни се случува во приватниот живот и нормално ни треба момент кога ќе ...
Од Нова година сметките за струја ќе изгледаат поинаку. Струјата поскапува, но мрежарината поевтинува, па како епилог на тоа, Регулаторната за енергетика пресметала дека струјата во првиот блок ќе поевтини, во вториот останува иста, а во третиот и четвртот ќе биде повисока. Се воведува и нова ставка „пристап до мрежа“ за сите корисници од 200 денари месечно, што ќе значи поскапување за куќите и становите во кои не живее никој или трошат многу ...
Налепниците со ознака „НМК“ како алтернатива за промена на регистарските таблички, се уште не се издаваат, се утврдува цена. Нов пункт без закажување нема да се отвора, продолжуваат тирканиците пред „Пролет“, но и за подигање на новите документи. Досега издадени милион пасоши со Северна Македонија. Редици граѓани од раните утрински часови нервозно чекаат за промена на личните документи на единствениот пункт во главниот град во полициската ...
Украина полека губи позиции, луѓе, морал и поддршката од Западот, а можно е да ја загуби и војната против Русија. Уште од првите недели од руската инвазија во февруари 2022 година, кога се чинеше дека нејзините сили се подготвени да го заземат Киев и да ја принудат владата да капитулира, изгледите за воените команданти на Украина и нејзиното политичко раководство не беа толку мрачни, пишува редакцијата на Радио Слободна Европа на англиски јазик. ...
Партијата Самоопределување на Курти досега не е регистрирана во земјава. Најавената соработка на Курти со албанската опозиција, за премиерот Ковачевски не е спорна ако доаѓа како од сестринска партија. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, пак, ги оценува најавите како предизборен фолклор. Партијата Самоопределување на косовскиот премиер Албин Курти, ќе биде дел од изборниот процес во Северна Македонија пролетта 2024 година. Движењето беше претставено ...
Речиси деценија помина од почетокот на изградбата на објекти за факултетите ФИНКИ и ДИФ. Министерството за образование три години размислува како да го промени планираниот барокен изглед додека студентите учат во во преполни простории или имаат предавања на други факултети, а нема услови ни за вежби Не може да се забележат никакви градежни активности на двете бетонски зданија кои се градат речиси една деценија во кругот на Универзитетот „Св. ...
Повеќе од 30 демонстранти биле уапсени во полициска акција во центарот на Белград, по инцидентите на седмиот протест на кој се бараше поништување на изборите во Србија. Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека во инциндентите биле повредени и седум полицајци. Како што се наведува во соопштението на 25 декември, министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ ги посетил повредените полицајци во Ургентниот центар во Белград. „Нападите ...
Со солзавец полицијата се обиде да ги растури вечерашните протести на српската опозиција која се обиде да влезе насилно во белградското Собрание. Ова е седмиот протест од кој опозицијата бара поништување на изборите во Србија. Инцидентите се случиле кога претставници на опозицијата и дел од демонстрантите почнале да ги туркаат заклучените врати. Тие се спречени да влезат во градското собрание од припадници на полицијата со опрема за разбивање на ...