Венко Филипче, поранешен министер за здравство и актуелен пратеник е нов претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), кој победи на внатрепартиските избори со 9.052 гласови пред второрангираниот Јован Деспотовски со 2.705 гласови, од 95 отсто обработени гласови. Претседателката на Централната изборна комисија (ЦИК), Викторија Аврамовска Мадиќ, а Филипче во обраќањето, го оценија процесот како демократски и успешен. Деспотовски ...

Тие договори се веќе направени, нема одново преговарање за напредок кон ЕУ, вели американската амбасадорка Анџела Агелер во интервју за Радио Слободна Европа. Од новата Влада граѓаните треба да бараат транспарентност и справување со корупцијата. Агелер вели и дека секогаш постои ризик од влез на корозивен капитал и власта треба да одговори на сите прашања Новата Влада веќе една недела како ја презеде власта, што треба да очекуваат македонските ...

Овие предвремени избори што ќе се одржат во Франција во два круга на 30 јуни и на 7 јули, имаат голема поврзаност со Макрон по неговиот пораз на европските парламентарни избори претходно во јуни. Очекувајте да се склучат многу договори меѓу партиите пред 7 јули. Овој викенд Франција, една од клучните земји за Западот, за Европската Унија и за НАТО, гласа за да избере нов парламент. Гласањето, кое се очекува да му нанесе уште еден удар на ...

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопштија од Управата за хидрометеролошки работи (УХМР). Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19 целзиусови степени, а максималната ќе достигне од 29 до 37 целзиусови степени. УВ индексот ќе изнесува 8. Времето во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. ...

Државните институции без доволно вработени за справување со информатички безбедносни инциденти, а само една институција има сертификат за информациска безбедност, откри Ревизијата. Министерот Андоновски најавува воспоставување на минимум стандарди за сајбер безбедност во институциите. Обвинителството е на потег по објавувањето на ревизорскиот извештај во кој се констатира дека 70 отсто од институциите практично немаат заштита од хакерски напади, ...

Социјалдемократите се пред избор на шестиот партиски лидер. Изборите следуваат по најлошиот изборен резултат во историјата на партијата, а жешкиот костен да го „рехабилитираат“ СДСМ ќе заврши кај еден од четворицата кандидати. Сите се познати во јавноста и сметаат дека партијата треба да се врати на социјалдемократијата и да се доближи до членството и граѓаните. Враќање на партијата на социјалдемократските вредности, доближување до граѓаните и ...

Двајца се новинари. Најмалку тројца се сегашни или поранешни воени лица на САД. Друг е учител. Една е обучена танчерка која работи во спа центар во Лос Анџелес. Повеќе од 10 американски државјани моментално се наоѓаат во руските затвори, обвинети или осудени по обвиненија, - од поседување дрога и кражба, до предавство и шпионажа. Некои од обвиненијата нашироко се сметаат за измислени или евидентно политички или едноставно смешни. Некои од ...

Премиерот Мицкоски амбициозно најави фуриозна работа уште во првите 100 дена на новата влада, инвестиции и економско заживување, намалување даноци, зголемени пензии, спас на здравството... Ги подигна очекувањата, но доколку новата власт потфрли, разочарувањето ќе биде уште поголемо. Њузлетер 28.06.2024 „Црвено – црна фурија“? „Црвена фурија“ е нарекувана фудбалската репрезентација на Шпанија. Овој прекар Шпанија го доби на Олимписките игри во ...

Американскиот претседател Џо Бајден и неговиот републикански ривал, Доналд Трамп, се „судрија“ околу надворешната политика и војната на Русија против Украина во телевизиската дебата меѓу двајцата најстари кандидати за претседател на Соединетите Држави. Откако излегоа на сцена на 27 јуни без ракување и без публика во салата, актуелниот претседател и неговиот претходник изнесоа сосема различни ставови за инвазијата на Русија врз нејзиниот сосед во ...

Постизборно, ромската заедница засега останува политички занемарена со учество во законодавната и извршната власт. Во Парламентот не влезе ниту еден ромски пратеник, а во владата добија министерство без ресор со фокус на спроведување на „Декадата на Ромите“. „Да нема ниту еден Ром пратеник не е во ред од големите политички партии“, изјави на крајот на декември 2023 година Шабан Салиу, претседател на Демократските сили на Ромите. Половина година ...

Додека светот е во еуфорично натпреварувачко расположение со натпреварите на Европското првенство во фудбал во Германија (ЕУРО 2024), а следниот месец го очекува стартот на Летната олимпијада во Париз, ново за македонскиот спорт е ново Министерство. За да има промени потребна е долгорочна стратегија, соодветни кадри, селекција и тренажен процес Спортот во Македонија досега беше дел од Агенцијата за млади и спорт и сега доби повисок чин со ...

Се чини дека и НАТО и Европската Унија конечно решија кој ќе ги води во наредните години. Прво, амбасадорите на воената организација на 26 јуни го потврдија она што беше познато веќе неколку недели - дека холандскиот премиер во заминување Марк Руте ќе го замени Јенс Столтенберг на 1 октомври. Во друг дел на белгискиот главен град, лидерите на ЕУ се согласни дека на Урсула фон дер Лајен ќе и дадат уште еден мандат од пет години како претседател ...

Обвинителството да истражи зошто планираната трета фаза од пругата кон Бугарија ќе чини 24 милиони евра за еден километар пруга, бара новиот министер за транспорт и врски Александар Николовски. Ревизорите откриле дека се платени 4,6 милиони евра провизија поради доцнење со проектите. Планирана уште пред 150 години, пругата кон Бугарија, проект рекордер ветуван од сите политички партии во изминативе 30 години, треба да стане предмет на истрага на ...

ВМРО-ДПМНЕ во програмата, меѓу другото, вети 500 нови вработувања во здравството и 50 нови методи во првите 100 дена. Здравството е во хаварија, хируршките сали едвај функционираат, Онкологија е пред колапс...Министерот Таравари ги почна промените во ресорот со разрешувања и смена на директори. Кога на 24 јуни неврологот Арбен Таравари по вторпат седна во министерската фотелја во ресорот здравство (кратко беше на истата функција и 2017) на маса ...

Кога актуелниот американски претседател Џо Бајден и републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп ќе ја одржат првата од двете дебати, закажани пред изборите во ноември во четврток, на 27 јуни, тие ќе се запишат во историјата како двајцата најстари кандидати во американската историја во трката за Овалната соба. Во телевизиска дебата пред милионска публика, Бајден (81) и Трамп (78), кои се речиси изедначени во анкетите, ќе имаат можност да ...

Во своето портфолио, „Алказар енерџи“ наведуваат пет соларни фотоволтаични централи и два ветерни парка во Јордан и Египет. Од регионот, пак, на нивната веб-страница може да се пронајдат информации за влегување во проект за ветерен парк во Црна Гора од септември лани. Инвестицијата што ја најавија во Северна Македонија тежи 450 милиони евра, а властите во Скопје очекуваат да проработи во 2027 Ветерен парк помеѓу три општини – Штип, Карбинци и ...

Државното претпријатие Електрани на Северна Македонија има две деловни згради кои се распаѓаат, иако за нив досега се потрошени речиси 20 милиони евра. Ниту можат да ги продадат нити да инвестираат во нив поради правни битки за стари пропусти. Првата зграда стара 62 години, девет години седи без фасада, а втората е нова, и седум години чека технички прием. Последната битка е за правото на сопственост, на чие име да се води, дали на државата или ...

Сè уште нема детали за насилството кое на 23 јуни се случи во рускиот северен кавказски регион Дагестан. Според рускиот Истражен комитет, најмалку 20 лица загинаа, а меѓу нив 15 полицајци, кога вооружени лица нападнаа две синагоги, две руски православни цркви и полициски цели во регионалниот главен град Махачкала и градот Дербент, на околу 120 километри јужно од Дагестан. Петмина вооружени лица, наводно, биле убиени, додека 16 лица меѓу кои 13 ...

Електричните тротинети „влегоа“ во закон, но тој тешко се спроведува , покажуваат статистичките податоци од Министерството за внатрешни работи. Еколошки се, но безбедни само ако се почитуваат правилата, велат од Републичкиот Совет за безбедност во сообраќајот. Нема податоци за бројот на тротинети. Инспектори и градски редари на електрични тротинети, дипломати кои се залагаат за „зелена дипломатија“ па добија тротинети во МНР, млади луѓе кои ...

Новата власт, која најавува видливи резултати, економијата и животниот стандард на граѓаните ги стави меѓу приоритетите во својата програма. Оваа политичка гарнитура, аналитичарот Незири не верува дека ќе донесе спектакуларни резултати. Промените во општество, според него, може да се случат само преку процесот на преговори со ЕУ. Со економијата во централното место во својата програма, новата Влада денеска (24 јуни) го има првиот работен ден. ...

Руските компании испорачале десетици илјади тони пченица и грашок од окупираните делови на Украина во 2023 година до Шпанија, членка на Европската унија (ЕУ) и до Турција, члеенка на НАТО, како и до Азербејџан, открива Шеми, истражувачка единица на украинскиот сервис на РСЕ и нејзините партнери, пишува редакцијата на Радио Слободна Европа (РСЕ) на англиски јазик. Слични количества јачмен и пченка стигнале до сојузниците на Москва, Иран и Сирија, ...

Голем ден за власта, манипулации и погазени ветувања за опозицијата. Пратениците со 77 гласа „за“ и 22 „против“ вечерва (23 јуни) ја изгласаа новата Влада на Северна Македонија, предводена од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Со Мицкоски на премиерската позиција, во Владата ќе има 23 министри, а од нив пет ќе бидат и вицепремиери. Во завршното обраќање пред гласањето, Мицкоски рече дека на „граѓаните им е доста од препирки“ и оти е ...

Пратеникот Фатмир Битиќи, кој неколку години претходно беше и вицепремиер за економски прашања во владата на СДСМ-ДУИ, во интервју за РСЕ вели дека секојдневно размислувал да се кандидира за нов лидер на социјалдемократите, но, смета дека на партијата не и треба дополнителна поделба и групирање. Неговиот став е дека кампањата за иден претседател на СДСМ не се одвива на најдобар начин. Господине Битиќи, мандатарот на новата Влада, Христијан ...

Во 11 часот започна собраниската седница за изборот на нова влада. Мандатарот Христијан Мицкоски во експозето најави нови инвестиции и проекти за економско зајакнување на Северна Македонија, додека за СДСМ програмата на новата влада е далеку од ветувањата што ВМРО-ДПМНЕ ги дало во предизборието. „Оваа генерација нема опција за неуспех и ќе мора заедно да направиме големи чекори напред. Најавувам фуриозен почеток на проекти“, рече мандатарот ...

Северна Македонија трпи неверојатни загуби на вода, кои во некои региони достигнуваат и до 73 отсто, покажуваат податоците на Регулаторната комисија за енергетика. Институцијата бара целосна надлежност за заштита на водниот сектор како еден од најранливите на последиците од климатските промени. Македонскиот систем за водоснабдување во просек губи над 60 отсто од водата главно поради старата инфраструктура, нелегалните приклучоци и недостатокот ...

Техничката влада во заминување донесе неколку одлуки кои и предизвикуваат главоболки на новата, уште неседната влада. И проблемите со градскиот превоз во Скопје, веројатно ќе чекаат нова градска власт. Зошто за лекување во странство се собираат донации, а не му се верува на Фондот за здравствено осигурување? Њузлетер 21.06.2024 Ќе се зголеми ли цената на струјата и за колку? Иако претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко ...

Двојното убиство во Кратово покажува дека во очај жртвите почнуваат да се бранат сами, што е последица на непостапување на институциите, вели адвокатката Катерина Котеска Стисниовска. Јавното обвинителство допрва ќе цени за кое дело ќе ја обвинат В.И, кратовчанката што ги уби сопругот и свекорот. Под хаштагот #ПравдаЗаВале се обединуваат граѓански здруженија, адвокати, јавни личности и други граѓани во обид да издејствуваат слобода за ...

ТИРЗ ги менува административните простории. Од Партизанска се сели на градски стадион. РСЕ го има договорот со кој ТИРЗ изнајмува простории од државното АД за 20 илјади евра месечно иако сега е во простории за кои не плаќа кирија. Со 500 илјади евра ќе опремува четири административни згради. Додека Технолошко индустриската развојна зона Скопје (ТИРЗ) на својата интернет страница нуди „симболична цена за закуп на земјиште и директна државна ...

Рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун потпишаа договор за партнерство на 19 јуни за време на самитот во Пјонгјанг, во обид да ја прошират својата економска и воена соработка и да го зацврстат обединетиот фронт против Вашингтон. Договорот предвидува „взаемна поддршка“ во случај овие две земји да се соочат со агресија, изјави рускиот претседател Владимир Путин за време на неговата посета на Пјонгјанг, пренесува ...

И второстепената комисија на ФЗОМ ја одбила жалбата за лекувањето на Леонид Индов во Виена. Бирократијата при собирање на документи, долгата процедура и стравот дека Фондот ќе го одбие барањето, се причини поради кои граѓаните се одлучуваат да не губат време и да бараат донации Апел за помош на Мартин Талевски, четиригодишно дете од Велес за лекување во САД, е последниот од низата барања за донации на кој деновиве се одзиваат граѓаните. Во ...

weather icon

Скопје

36ᴼ / 36ᴼ
3.09
23%
1014
weather icon

Белград

33ᴼ / 30ᴼ
4.63
33%
1019
weather icon

Загреб

32ᴼ / 30ᴼ
3.6
41%
1022
weather icon

Софија

35ᴼ / 34ᴼ
2.57
23%
1015
weather icon

Сараево

38ᴼ / 38ᴼ
2.85
14%
1014
weather icon

Љубљана

30ᴼ / 28ᴼ
6.17
50%
1022
weather icon

Атина

36ᴼ / 33ᴼ
10.29
25%
1011
weather icon

Тирана

39ᴼ / 39ᴼ
1.54
13%
1012
weather icon

Подгорица

39ᴼ / 39ᴼ
4.12
17%
1012
weather icon

Букурешт

35ᴼ / 32ᴼ
7.2
37%
1018
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 29ᴼ
3.09
38%
1022
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 31ᴼ
9.77
35%
1015
Currency

61.5

Currency

52.8334

Currency

71.0408

Currency

34.4801

Currency

38.4145

Currency

65.3538

Currency

7.35687

Currency

0.66541

Currency

0.35742

Currency

0.52499

Currency

1.29923

Currency

0.60326