
Скопје
26ᴼ /
26ᴼ



Зошто властите имаат игнорантски однос кон препораките од ЕУ, аферите за корупција, за партиските вработувања, за уништувањето на главниот објект на поштата во Скопје? ЕУ препорача конкретни реформи на Судскиот совет, но, кој ќе ги спроведе? Како одговор на низата скандали и проблеми кои го потресоа Судскиот совет изминатиов период, ЕУ, од септември ja анализираше неговата работа и даде низа мерки кои треба да бидат спроведени за да се зголеми ...
Унгарија го блокираше договорот на Европската Унија за 50 милијарди евра за Украина од буџетот на Унијата, а лидерите на ЕУ одлучија да се вратат на дискусија во јануари. Ова го изјави холандскиот премиер Марк Руте кој прецизира дека 26 земји од ЕУ се согласиле да и обезбедат на Украина пари од буџетот на ЕУ до 2027 година, но Унгарија била против тоа, а потребна е едногласна одлука. „Имаме уште малку време, Украина нема да остане без пари во ...
Основните цели на Русија остануваат „денацификација“ и „демилитаризација“ на Украина, истовремено обезбедувајќи ја нејзината неутралност, порача рускиот претседател на годишната прес-конференција. Тој повеќе од 4 часа одговараше на прашања за теми од војната на Русија против Украина, за Американците во притвор до цената на јајцата. Рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на попуштање во војната против Украина. Тој на годишната ...
Граѓаните на сметките за струја ќе имаат нова ставка „пристап до мрежа“. Се уште не се знае колку ќе изнесува ова ставка, но се оперира со сума од 50 до 250 денари. Од друга страна најавено е намалување на ставката за мрежарина. Ќар од ова би имале тие што се редовни потрошувачи, тие пак што имаат станови или викендици кои се празни ќе имаат повисоки сметки. Но, ставката „пристап до мрежа“ ќе им се одрази и на оние што штедат, односно на оние ...
Планот за изградба на висококатници кај Алумина во скопски Карпош предизвика бурни реакции на граѓани и советници во општината. Сопствeник на земјиштето е нафтената компанија Пуцко Петрол на Асмир Јахоски, син на пратеник од ДУИ и внук на градоначалник на општината Пласница. Тој и претходно се обиде да гради во Карпош. Колку згради и со колку катови ќе никнат во скопскиот Карпош на местото каде што порано се наоѓаше фабриката Алумина? Ова ...
Осомничените се обвинети за членување во маргиналното движење Рајхсбургер или „Граѓани на Рајхот“. Конкретните подготовки за пучот започнаа во летото 2021 година. Планот беше да се преземе власта со упад во Бундестагот, германскиот парламент, со мала група вооружени луѓе. Инволвираните во планирањето на пучот се товарат за тероризам, предавство и обид за убиство, но во текот на истрагата се откриени нови детали за нивните врски со Русија, ...
Без уставни измени и со критиките во последниот извештај за Северна Македонија во однос на владеењето на правото и корупцијата, извесни се пораките од претстојниот Самит на ЕУ. Албанија веројатно нема да се одвои од Северна Македонија и нема да добие конкретен датум за отворање на поглавјата. Во Брисел се одржува самитот ЕУ-Западен Балкан, а в четврток и петок, пак, следува Самитот на ЕУ на кој ќе се состанат лидерите од земјите-членки. Неделава ...
Нецели два месеца по серијата истражувања на РСЕ за Државна лотарија, Управата за Финансиска полиција не открива – со каква динамика се движи предистрагата и дали евентуално е проширена кон нови лица и компании кои склучувале договори преку јавни набавки со акционерското друштво. Што сработила Финансиска полиција за предистрагата за Државна лотарија, знаат само во оваа институција. Обвинителството нема информација дали на нивна адреса е стигнато ...
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел изјави дека на претстојниот клучен самит на Европската Унија (ЕУ) во Брисел подеднакво важно е и прашањето за Западен Балкан, како и за Украина, Молдавија и Грузија. Во пресрет на клучниот самит на ЕУ во Брисел на 14 и 15 декември, досега многу се зборуваше дали одлуката за Украина би можела на еден или друг начин да се одвои од одлуките за другите земји, но Мишел ја отфрли таа можност. „Денеска со ...
„Моторот е слобода, тоа е една пасија. Меѓутоа тоа е сериозен ангажман, пред се од безбедносен аспект, од култура на однесување. Сепак, моторите и моторџиите се учесници во сообраќајот и треба да се има вистински однос од моторџиите кон другите и обратно. Се разбира има правила, прописи кои треба да се почитуваат, има кодекси на однесување кои не се пишани во правилата но треба да се почитуваат во името на безбедноста за да се намали ризикот“, ...
Како одговор на низата скандали и проблеми кои го потресоа Судскиот совет изминатиов период, ЕУ ja оцени неговата работа и даде низа мерки кои треба да бидат спроведени за да се зголеми независноста, одговорноста и ефикасноста на ова тело. Без имплементација на овие мерки, ЕУ не гледа како земјата ќе ги спроведе потребните реформи во правосудството. Европската унија (ЕУ) очекува итно да бидат спроведени 40 мерки во Судскиот совет и тие да бидат ...
Руски дипломат и наводен шпион протеран од ЕУ поради „незаконски и вознемирувачки дејствија“ ќе работи како набљудувач на изборите за претстојните парламентарни и локални избори во Србија, во рамки на мисијата на најголемото безбедносно тело во Европа, откри истражувањето на РСЕ. Александар Студеникин (49 годишен) беше наведен како советник во постојаната мисија на Русија во ЕУ во Брисел, кога тој и уште 18 руски дипломати беа означени како ...
Власта предлага забрана на привремени вработувања, а во исто време вработува во јавниот сектор токму на овој начин. Одложената примена на законот од 2025 е да помине и овој круг на избори, па да поминат и локалните избори. Тоа е голем ризик за политичка корупција, вели Нури Бајрами од Антикорупциска Јавна тајна е кој се вработува преку Агенции за привремени вработувања, ни рече сопственик на една од тие агенции, коментирајќи ја намерата на ...
Нема потврда, ниту демант од институциите за набавка на нов софтвер за следење на комуникациите. ВМРО-ДПМНЕ се сомнева во нелегално прислушување. Судската власт и ОТА велат се држат до законот, а според експертите злоупотреба не е можна од ОТА, но може ако опремата се инсталира во друга институција Неколку разузнавачки афери и постојано сомнежи и политички прозивки за нелегално следење на комуникациите ги одбележа изминативе околу три децении ...
Шест директори и две влади не „собраа“ ни сили ни пари за обнова на опожарениот објект на Пошта кој изгоре пред една деценија. Власта се надева на европски пари за ревитализација на симболот на градот од постземјотресно Скопје. Во меѓувреме Пошта издвои 1,2 милиони евра за тендер за чистење. За три месеци ќе се реновира изгорената Пошта, беше насловот на многу текстови објавени во 2013 година, веднаш по пожарот во кој изгоре главната зграда на ...
Експлозија на статуетка во кафуле во Санкт Петербург. Детонирана мина од далечина уништи автомобил во село во регионот Нижни Новгород. Експлозија на автомобил-бомба во предградијата на Москва. Фатално пукање во предградијата на Москва. Набргу откако Русија започна општа инвазија во февруари 2022 година, Украина водеше не толку тајна кампања на напади со беспилотни летала и саботажи на руска територија, таргетирајќи сè, од цевководи во ...
Околу 20 милиони евра е државната помош за странските компании за 2023 година, открива првиот човек на ТИРЗ, Јован Деспотовски. Во интервју за РСЕ, говори и за причините за застојот во инвестициите - за електрични автомобили во Тетово и холивудските филмски студија на Џон Малкович во Скопје. Господине Деспотовски, 2023 година полека изминува, можеме ли да кажеме колку странски компании побарале државна помош во тековната година и колку пари ...
Во Русија ќе се одржат претседателски избори на 17 март 2024 година, на кои претседателот Владимир Путин, според ТАСС, кажал дека ќе се кандидира за уште еден мандат кој би можел да му ја обезбеди моќта најмалку до 2030 година, пишува Ројтерс. Претседателските избори во Русија ќе се одржат на 17 март, а победникот ќе биде инаугуриран во мај. Ќе се гласа и во, како што Русија ги нарекува, своите нови територии - деловите на Украина кои сега се ...
Во центарот на историски одлуки кои треба да се донесат на самитот на ЕУ идната недела стои Унгарија, која до сега се закануваше со вето за некои од нив. Дали ќе има одлуки околу проширувањето и помош за Украина, ЕУ ќе проба да го реши со пари за Унгарија, но ќе може ли да го стави Орбан во ќош? Оваа недела е клучна во Брисел. На 11 декември министрите за надворешни работи во Европската Унија (ЕУ) ќе се состанат за да разговараат за поддршката ...
Избор на државен обвинител, избор на двајца уставни судии како и измени на изборен законик и неколку реформи за владеење на правото ќе влезат во милост и немилост на изборната кампања, откако политичките партии се договорија парламентарните избори да се одржат на 8 мај. Новиот кривичен законик кој се уште е во работна група, законите за раководна служба и административни службеници како и за дигиталната агенција за сајбер безбедност најверојатно ...
Дете киднапирано, па убиено. Екс-вицепремиер на „црна“ листа. Ќе има ли уставни измени и техничка влада? Мафијашки престрелки и секој ден по еден застарен предмет против поранешен функционер... Тоа е во фокусот на јавноста, а тоа се и проблемите кои ја ставаат државата на тест „колку е држава“ и колку го есапи народот Вања, Панче, Кочо, ЕУ... Очите на целата јавност, не само македонска, туку и во регионот, се кон убиството на Вања Ѓорчевска и ...
Корупцијата, политичката нестабилност и криминалот се во првите пет најголеми проблеми во државата, според перцепцијата на граѓаните во истражувањето на невладината МЦМС. Тоа е сериозна промена во однос на претходните години кога сиромаштијата и невработеноста беа клучните проблеми. Девојче киднапирано, па убиено. Поранешен вицепремиер на американската „црна“ листа. Ќе има или не уставни измени? Дали ни треба техничка влада? Мафијашки престрелки ...
За власта заштитата на животната средина е меѓу најмалку приоритетните прашања според распределбата на парите во Буџетот за следната година. Еко-активистите укажуваат дека за Владата не се битни ниту анализите на Европската агенција дека во 2021 поради загаден воздух во Северна Макеоднија починале 5.600 луѓе. Во земја која е меѓу најзагадените во Европа, само 0,8 проценти се предвидени за заштита на животната средина од вкупниот Буџет на ...
Европските безбедносни служби се соочуваат со оживување на терористичките закани бидејќи Брисел предупредува на огромен безбедносен ризик во текот на претстојните празници. Предупредувањето е одраз на порастот на антисемитизмот и зголемената поларизација во светот поради нападот на Хамас на 7 октомври и одмаздата на израелската армија во Газа, пишуваат светските медиуми. Додека Франција го истражува фаталниот напад во близина на Ајфеловата кула ...
Почна постапката за екстрадиција. Политиките на Десна преку Палевски беа само омраза кон етнички групи, вели претседателот Пендаровски и не го чуди што таква реторика претходела на убиствата на Вања и велешкиот фризер. Mинистерот Спасовски, повика на дерегистрација на „криминалното гнездо „Десна“. Сопствениот роденден на 12 декември, но и првата годишнина од основањето на својата партија „Десна“ на истиот датум, Љупчо Палевски – Палчо ќе ги ...
Бев и сведок на многу човечки трагедии, страшни судбини, на многу страдања, раскажува Елизабета Ел-Кедра, Македонка која 30 години живеела во Газа. Таа и нејзиниот сопруг се брачниот пар што МНР успеа да ги евакуира, по 38 дена живот во болница што им служеше како засолниште од бомбардирањето Елизабета Ел-Кедра, Македонка од Прилеп и нејзиниот сопруг, Палестинец кој има и македонско државјанство, се второто од вкупно двете семејства што беа ...
Ќе можете да ги платите даноците. Ќе можете да споделувате и лајкувате слатки видеа со мачки. Ќе можете да го запишете вашето дете во градинка. Ќе можете да испраќате инстант пораки со пријателите, да платите сообраќајна казна, да пренесувате музика, да најдете партнер за бизнис, романса и повеќе или да ве повикаат да се борите во војната во Украина. Сè на едно место, со само неколку кликнувања на апликација на вашиот iPhone или Google Pixel ...
Љупчо Палевски бил уапсен денеска во градот Баликесир во Турција. Полицијата пронашла два пиштола, ќе се утврдува дали со нив се убиени 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски. Точните причини за смртта ќе се знаат по обдукцијата. Поднесени се кривични пријави против пет лица. Монструми, малоумни, луѓе што не можат да се наречат луѓе, се термините што ги употребуваше министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на ...
Медиумски експониран, политички активен. Така може да се профилира осомничениот за двојно убиство Љупчо Палевски - Палчо кој и овој пат им избега на властите. Никој не успеа да го „заузда“ прорускиот „експерт“ кој се прослави со прислушуваните разговори кои ги имаше во сеф, а јавно ги пушташе и по плоштади. „Почитувани, КРШ 113 кој требаше да биде емитуван вечерва, НЕДЕЛА во 21 часот, се ОДЛАГА за ВТОРНИК во 21.00 часот.“ Со оваа порака на ...
Вознемирени и исплашени се и учениците и родителите по случајот со тинејџерката Вања Ѓорчевска, која беше пронајдена убиена, откако една недела се трагаше по неа. Родителите ги носат децата до училница и се стресуваат кога не крева телефон нивното дете. Психолозите порачуваат училиштата да им понудат психолошка поддршка на децата, а родителите да отворат четири очи. „Како сега да ја пуштам сама да оди на училиште“, се прашува родител на ...