
Скопје
31ᴼ /
31ᴼ



Дирекцијата за заштита и спасување набавила опрема со термални камери и изолациски дишни апарати за 14 територијални противпожарни бригади, но, тие се вон употреба. И по речиси една година од првиот склучен договор, набавената опрема не се испорачува до бригадите. Директорот на ДЗС Беким Максути вели дека ќе се распредели најверојатно по изборите. Наместо да завршат во противпожарните бригади, опремата која ја купила Дирекцијата за заштита и ...
Реални или нереални руски влијанија на престојните избори, можни локални конфликти на Балканот годинава, предизборни тендери под лупа на антикорупциската комисија и американска црна листа. Њузлетер 22.03.2024 Самонаречени ловци на руски влијанија и естрадни трикови Руско сценарио по изборите на 8 мај во Северна Македонија, врски со Москва, избор помеѓу Запад и Исток… Лепењето етикети со руски предзнак и докажувањето кој повеќе или помалку и ...
Новата зграда која ФИНКИ требаше да ја добие во рамките на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ почна да се гради во 2015 година, но веќе пет години градежни активности нема. Изведувачот отиде во стечај, а МОН не распишува нов тендер. Студентите од ФИНКИ принудени да одат на настава на други факултети Студентите и професорите на најбројниот факултет во земјава, Факултетот за информациски науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), со речиси пет ...
Меѓу изборните теми, дел од партиите во Северна Македонија ја вметнуваат Русија и нејзиното влијание. Руско влијание има, но не е толку силно за да влијае на партиските агенди, па затоа, според Трошановски од Институтот за демократија, темата се користи за дискредитација на противникот. Во албанскиот блок, аналитичарот Небиу смета дека оваа реторика нема да „запали“. Сепак, ако се има предвид глобалниот контекст и војната во Украина, Русија се ...
Европската комисија објави реформски идеи со цел олеснување на проширувањето на ЕУ. Сепак и за прифаќање на овие идеи е потребна едногласност. Прашање е дали сите земји се подготвени да откажат од правото на вето како моќна алатка која помалите членки ги прави еднакво релевантни како поголемите. Без многу помпезност и непосредно пред големиот самит на ЕУ, Европската комисија на 20 март ги објави своите идеи за тоа какви реформи треба да преземе ...
РКЕ усвои нова регулатива со која се дозволува соларните централи да инсталираат батерии за складирање на струјата. Наплив на инвестиции во фотоволтаици - само за две години инсталирани се капацитети од над 600 мегавати. Експерти предупредуваат - државата да најде начин оваа енергија да ја балансира. Производителите на струја од соларни централи од овој месец добија можност да поставуваат батерии за да можат ја складираат својата електрична ...
Со влезот на Северна Македонија во НАТО се отвори и пазарот тежок над 5 милијарди евра. Интерес кај македонските компании има, ама до тендери се стигнува тешко. Министерството за одбрана нема податоци колку компании досега добиле НАТО тендер. Од Стопанската комора се надеваат да станат барем подизведувачи во овие јавни набавки. Секоја регистрирана компанија на системот за јавни набавки во Северна Македонија може да „атакува“ и на тендери за ...
Со неговата работна етика, а да не ја спомнуваме неговата способност да зборува на локалниот јазик, а не со неговото вистинско име, Асјар продоби многу фанови во болницата во Бугарија, каде што често волонтира. Но, така не мислат сите. Ајсар вели дека некои вработени во болницата, каде што работи за да се одмори од студиите по медицина, јасно му ставиле до знаење дека не го сакаат таму. „Тоа е расизам. Видов како оваа колешка се однесува кон ...
Косовскиот премиер Албин Курти во интервју за РСЕ изјави дека нема да го прекине спроведувањето на одлуката на Централната банка со која се забранува српската валута динарот во Косово. Тој не го прифаќа нацрт-документот за Заедница на општините со српско мнозинство, кој го подготвија Европејците, освен ако Вучиќ не се согласи да го потпише Основниот договор (според кој е предвидено создавање на заедницата). Дали преиспитувате некој од ...
Националистички лидери, според американските разунавачи, може да ги влошат тензиите на Западен Балкан. Во моментов, институциите во Северна Македонија оценуваат дека ситуацијата е стабилна - анализите покажуваат дека нема опасност од меѓуетничко насилство во земјава, а за настаните од регионот засега нема опасост дека ќе се прелеат. Безбедносната состојба во Северна Македонија е стабилна. Ваков е заедничкиот заклучок на политичко-безбедносниот ...
За два тендера и уште 13 други предмети поврзани со изборите Комисијата за спречување на корупција отворила предмети. Некои се по допрен глас, други по пријава. Законите регулираат што (не) смее да се прави од кога ќе се распишат изборите па додека завршат, но правилата вешто се заобиколуваат Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) отвара предмети за набавката на осум хеликоптери за Армијата вредна 230 милиони евра и за набавката ...
На местото на комплексот на Генералштабот кој беше уништен во бомбардирањето на НАТО во 1999 година во центарот на Белград, може да никнат две високи згради со станови и хотели. Плановите за проектот ги објави Џаред Кушнер, зетот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој би можел да го склучи овој договор со Владата на Србија. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ е „воодушевен“ од идејата, иако тврди дека е „делумно ...
Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, и актуелниот градоначалник на Карпош и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, се новите лица од Северна Македонија кои Соединетите Американски Држави (САД) ги ставија на црната листа, објави Стејт департментот. Ново име на црната листа е и поранешен градоначалник на градот Качаник во Косово, Џабир Жарку. „Нивните постапки го поткопаа владеењето на правото и вербата на јавноста во ...
Енергетскиот сектор е на крстопат - треба да се ослободи од јаглен, обидот за Чебрен пропадна, а предлог законите за стратешки инвестиции во гасни и соларни постројки не се донесени. Во меѓувреме државата увезува струја. Документи и стратегии има, но не се почитуваат докрај. Зелена транзиција и ослободување од јаглен, инвестициски бум во соларни паркови, но без јасна идеја како да се чува енергијата, пропаднат и 14-от обид захидроцентралата ...
Во Собранието е поднесен предлог на закон за да се оневозможи министерот за здравство по своја желба да одлучува на кој лекар ќе му дозволи да работи до 67 години. На околу 180 вработени на скопските клиники им беа одбиени барањата. Уште 214 лекари ќе заминат од јавното здравство до крај на 2024 Марија Ралева, од Универзитетската клиника за психијатрија и професорка на Медицинскиот факултет, веќе една година е во пензија. Таа е еден од докторите ...
По 24 години поминати во Кремљ, Владимир Путин обезбеди дополнителни шест години на функцијата претседател, на изборите кои завршија во неделата на 17 март, со што стана руски лидер со најдолг стаж по Јосиф Сталин. Иако неговата победа беше сигурна, бидејќи не се соочи со никаков кредибилен ривал, постои загриженост дека Путин ќе го започне петтиот мандат со поостри одлуки, во кои веројатно ќе доминира војната во Украина и почеток на нова воена ...
Претседателот Владимир Путин освоил рекордни 88 отсто на руските претседателски избори, покажаа првите прелиминарни резултати и излезните анкети, со што ја зацврсти неговата моќ иако илјадници негови противници организираа симболичен протест „Пладне против Путин“ на избирачките места. Шефот на Централната изборна комисија Ела Памфилова за руската државна телевизија изјави дека за Владимир Владимирович Путин се избројани 15.759.224 гласови - ...
Можна e пладневна пресметка меѓу властите и демонстрантите додека Русите се упатуваат кон гласачки места на последниот ден од претседателските избори. Извесно е дека ќе му дадат на Владимир Путин уште шест години владеење. До утрото на 17 март, гласале повеќе од 60 отсто од 114 милиони граѓани. Денеска (17.03.2024 год) е трет и последен ден од гласањето на претседателските избори низ Русија, на кои се можни опозициските протести на кои пред ...
Директорот на царина, Стефан Богоев смета дека полиграф не е решение за корупцијата кај вработените, би се потпрел на сигурни механизми и практики. Признава дека има корупција меѓу цариниците, па очекува да се проверува и нивната имотна состојба, а самата управа веќе поднела кривични пријави. Вработените во Царинската управа се посочени како едни од најкорумпираните. Последниот предлог кој го има Националниот координатор за гранично управување е ...
Втор ден се гласа за претседателските избори во Русија, каде се очекува претседателот на државата Владимир Путин да го продолжи мандатот за уште шест години. Гласањето трае до недела и опфаќа 11 временски зони, вклучително и четири региони на Украина незаконски присвоени од Москва. Русите го започнаа вториот ден од гласањето на претседателските избори на кои имаше спорадични протести, бидејќи некои, пркосејќи им на заканите за строги затворски ...
Претставникот на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, во интервју за РСЕ изјави дека не успеал да го убеди косовскиот премиер Албин Курти да одговори на загриженоста на Западот во врска со забраната за употреба на српскиот динар на Косово. Ескобар престојуваше во официјална посета на Косово. Претставникот на Соединетите Американски Држави за Западен Балкан, Габриел Ескобар, изјави дека не успеал да го убеди косовскиот премиер Албин Курти да ...
На еден месец пред почетокот на кампањата за двојните избори, лидерите на политичките партии веќе започнаа да се „додворуваат“ пред електоратот. Официјални партиски програми се уште нема, но дел од мерките за подобар живот земаа замав во јавноста. Двојните избори засега носат и старо нови ветувања. Билборди со фалби и политички напади кон противниците надвиснати на раскрсници, спонзорирани промотивни објави на социјалните мрежи, заострена јавна ...
Во сите три држави од Отворен Балкан досега околу 2000 граѓани се пријавиле да добијат сертификат со кој ќе може да најдат работа во соседната земја. За нив, во тек се безбедносните проверки. Дел од оние кои аплицирале, велат дека процедурата е едноставна и не се губи време по шалтери. Македонските стопанственици стравуваат од одлив на работници. Ана Стамболиќ е 27-годишна девојка од Ужице, Србија, магистер по меѓународни односи која во своето ...
Мигрантите со ќотек, а македонските државјани, без нов пасош, со „арно“ се враќаат од граница. Странските инвестиции останаа преку границата. Путин пред нов претседателски мандат. Њузлетер 15.03.2024 Мигранти сведочат: Србија со тортура не враќа во Северна Македонија „На српска територија полиција нè тепаше, а ни пуштија и кучиња“, сведочат за РСЕ мигранти кои се обиделе илегално да влезат во Србија од Северна Македонија. На насилство се жалат и ...
Русите почнаа да гласаат на првиот ден од тридневните претседателски избори на кои се очекува да победи претседателот Владимир Путин, и да го продолжи неговото владеење за уште шест години. На сите сериозни противници им беше забрането да се кандидираат против него во услови на бруталното задушување на неистомислениците и независните медиуми. Отворено е првото избирачко место на далечниот исток на Русија. Како што одминува денот, гласачите ќе го ...
Пропадна вториот обид да се донесе Законот за игри на среќа. Прво го стопираше претседателот на државата, а сега не доби поддршка од пратенците. Во Собранието настана конфузија дали е донесен или не, по што реагираа собраниските служби, дека не е усвоен. На веб страницата,пак,стојат други податоци. Законот за игри на среќа и забавни игри не е усвоен. Доколку беше изгласан објектите за игри на среќа ќе требаше да се оддалечат повеќе од 500 метри ...
Документот е продолжение на Декларацијата за подобар студентски стандард потпишана пред четири години, од кој круцијалните барања останале неисполнети. Сегашните студенти немаат многу надеж дека овојпат ќе биде поинаку, но нивните студентски лидери бараат притисокот врз властите да биде посилен. Со 140 денари субвенција за студентски оброк, студентски домови кои уште чекаат реновирање, но и застарени образовни програми, македонските студенти се ...
Функцијата генерален секретар на НАТО и официјално е одвоена од позициите на ЕУ. Но, имајќи предвид дека 23 од 27 земји-членки на ЕУ исто така припаѓаат на воената алијанса и дека генералниот секретар на НАТО треба да биде европски, двете организации во суштина ловат „таленти“ во ист политички базен Брисел е веќе преполн со гласини пред годинашниот избор за високи позиции во институциите на ЕУ и во НАТО. Четири големи политички работни места ќе ...
Е-го, филмски студија на Малкович, фабрики за лекови, профили, делови... Многу нереализирани најави за странски инвестиции иако Власта смета дека води успешна политика за нивно привлекување. Земјава останува на дното на листата на земјите од Балканот со странски инвестиции под милијарда евра. Македонија е меѓу земјите од регионот кои се уште не можат да го надминат годишниот праг на странски инвестиции од една милијарда евра. Податоците на ...
Епидемијата на големата кашлица натера многу родители да ги вакцинираат децата, но паниката донесе редици, и некои од нив за РСЕ велат дека чекале со часови. Проблемот е и што децата мора да бидат здрави, а процесот на вакцинација и ревакцинација е временски долг. Проблем плус, зошто над 50 насто не се вакцинирани е и раширеното антиваксерство Големата кашлица зема замав, бројот на невакцинирани деца е голем, делумно заради антиваксери, но има и ...