На првата седница што ќе ги закаже новиот собраниски спикер Африм Гаши, уште пред формирањето на Владата, ќе се најдат измени на системските закони за да се овозможи формирање нови и трансформација на постоечките министерства. Но, новото владејачко мнозинство претендира на дневен ред да бидат и измени со кои се избегнат предвремени избори за градоначалници Меѓу првите точки на дневен ред што ќе се најдат пред новиот парламентарен состав ќе се ...

Партиите ги користат изборите за вработувања во јавната администрација, но работа во државно веќе не е така атрактивно за они кои бараат работа. Националниот демократски институт и организацијата ЗМАИ анализираат како партиите ги употребуваат државните ресурси за време на избори Изборните циклуси значајно влијаат врз тековите на постојаните и привремените вработувања во јавната администрација, како и врз ангажирањето на луѓе за консултантски и ...

Тој не бара Русија да ја напушти Украина, но очекува Киев да го остави оружјето. Тој е генерал на НАТО, но најде начин да не биде во Софија на неодамнешниот состанок на НАТО таму. Тој вели дека локалните политичари ја ставаат Бугарија на ризик со тоа што и даваат оружје на Украина, но сега веќе мисли и дека опасноста доаѓа од Западот. Кон каде „оди“ Румен Радев? Многу детали од последните денови ќе бидат заборавени, но едно ќе остане: НАТО имаше ...

Повеќе имиња се вртат како можни лидери на СДСМ по најтешкиот изборен пораз од 8 мај. Дел од нив, веруваат дека можат да ја предводат партијата која по седум години власт сега ќе биде опозиција. Меѓутоа, за консолидација на партијата, според екс-лидерот Бучковски, ќе треба најмалку една година. Откако вчера молчешкум ја поминаа конститутивната седница во Собранието, социјалдемократите утре (30 мај) ќе дискутираат на „Бихаќка“ за да ги утврдат ...

Во 2023 година, 1153 луѓе беа егзекутирани во светот, од кои речиси три четвртини во Иран, соопшти Амнести интернешнел, предупредувајќи дека бројот е веројатно поголем бидејќи не се знае колку егзекуции се извршени во Кина. Организацијата во својот годишен извештај предупреди дека бројот на егзекуции го достигнал речиси највисокиот број во последната деценија и дека е забележано нагло зголемување на целиот Блиски Исток. „Во 2023 година беа ...

Со 76 гласа „За“, шест против и без воздржани, новиот парламентарен состав го избра Африм Гаши од Алтернатива за нов претседател на Собранието. Тоа беше всушност и последната точка на денешниот дневен ред на конститутивната седница, на која им беа доделени мандатите на новите народни избраници. Гаши ја положи свечената заклетва пред пратениците и порача дека без разлика на тоа што доаѓа од партија која е дел од новото парламентарно мнозинство, ...

Три телевизии ќе добијат најголем дел од државниот колач за партиските реклами во изборната кампања. Најмногу пари потрошиле двете македонски партии за политички реклами. Но, во пресметките за вкупното платено политичко рекламирање не влегуваат парите за спонозирани постови на социјалните мрежи. За политичките ветувања за правда, европска иднина и подобар животен стандард, но и за „црната кампања“, кои граѓаните изминатиов месец и половина ги ...

Со утврдување на дневниот ред и избор на Верификационата комисија, почна седницата на Парламентот, на која се конституира новиот парламентарен состав. Потоа беше дадена пауза до 13 часот. Претседава најстарата пратеничка Мерита Колчи Коџаџику. На дневниот ред на седницата се четири точки, односно, покрај изборот на Верификациска комисија, следува Верификација на мандатите на новите пратеници, избор на Комисија за прашања на изборите и ...

Во Собранието денеска (28 мај) во 11 часот треба да започне седницата на која треба да биде конституиран новиот парламентарен состав. На дневен ред на седницата се четири точки односно избор на Верификациска комисија, Верификација на мандатите на новите пратеници, избор на Комисија за прашања на изборите и именувањата, како и избор на претседател на Собранието. Конститутивната седница, според новиот Деловник, трае најмногу три дена, а Собранието ...

Исто како и пред пет години, кога се одржаа последните избори, сегашната кампања за изборите за Европскиот парламент е под напад на дезинформации. Зборувајќи на оваа тема, заменик-портпаролот на Европскиот парламент, Делфин Колард, повнимателно ги избира своите зборови во изјавата за Радио Слободна Европа (РСЕ). Тој ја опишува денешната ситуација како „попредизвикувачка“ во споредба со 2019 година. „Гледаме дека изборите и демократијата се мета ...

Лабораторија во Германија треба да утврди што ги затвори хируршките сали во Клиничкиот центар, најголемиот медицински комплекс во државата. Се работи како во вонредна ситуација, се прават само итни операции, останатите се одложуваат. Пациентите се пренасочуваат во болницата „Св. Наум Охридски“ и во ГОБ „8 септември“, но таму веќе се е полно Се оперираат само итните пациенти, другите операции се одложуваат, засилени се хируршките тимови, собите ...

Повеќето институции кои предлагаат членови на Управниот одбор на Академијата за судии и обвинители веќе ја разгледуваат иницијативата од Антикорупциска со која се бара одговорност од директорката и управниот одбор. Додека се очекува исходот, се доведува во прашање и опстанокот на Академијата со оглед дека ВМРО-ДПМНЕ најави нејзина поделба на две посебни институции. Иницијативата за одговорност за директорката и Управниот одбор на Академијата за ...

Жителите на украинскиот регион Луганск, од кој поголемиот дел е под окупација на Русија, зборуваат за интензивните напори на руските офицери да регрутираат студенти од универзитетите за да потпишат договори и да се приклучат на руската војска. „Велат, ако го потпишам договорот, нема да бидам мобилизиран, ќе имам поголеми шанси да ја преживеам војната на Русија против Украина“, изјави 20-годишен студент од Луганск, кој се вика Антон. Бидејќи не ...

Инвестицискиот бум во соларна енергија помогна државата да го намали увозот на струја и со тоа може да има намалување на цената на струјата за домаќинствата, но и да биде проширена евтината тарифа, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни ресурси, Марко Бислимовски во неделното интервју на РСЕ. Гoсподине Бислимовски, имаме намален увоз на струја од 30 проценти на 2,74 во 2023 година. На што се должи тоа? За прв пат по ...

Организациите кои протестираа против црногорската Влада поради одлуката за поддршка на Резолуцијата на ОН за геноцидот во Сребреница се блиски до Српската православна црква (СПЦ) во Црна Гора. Групите демонстранти кои излегоа на улиците во Подгорица на антивладин протест, по одлуката на црногорската Влада да даде поддршка за Резолуцијата на Обединетите Нации за геноцидот во Сребреница, се блиски до Српската православна Црква (СПЦ). На списокот ...

Огласот за работа, испратен преку апликацијата WhatsApp, беше краток и сладок, наменет за потенцијален регрут: „Аплицирајте за позиција во национална железничка компанија и на крајот ќе се борите во „специјална воена операција“ (еуфемизам на Кремљ за војната во Украина). „Регрутирањето продолжува, од Руски железници + Санкт Петербург + Министерство за одбрана. Ова е милион рубљи“. Не е тајна дека руските воени команданти и политички претставници ...

Домаќинствата летово може да очекуваат поевтина струја благодарение на инвестициите во фотоволтаични централи, велат од Регулаторната комисија за енергетика. Енергетските експерти предупредуваат дека ова „краткорочно задоволство“. Ивеститорите пак бараат државата да ги олесни процедурите за добивање дозволи. Домаќинствата летово може да добијат поевтина струја и плус уште еден час евтина тарифа, најавува Регулаторната комисија за енергетика и ...

Поминаа уште седум „турбо“ денови и на домашната и на светската сцена. „Дома“ прегласувања, оставки, закани, ветувања, патриотизам..., а во светот војни, шпионажа, резолуции, висока политика и загинувањето на иранскиот претседател. Од добрите вести - многу помалку. Њузлетер 24.05.2024 Прегласување и пораки Прегласувањето во седумте избирачки места во двете изборни единици донесе и делумно нов распоред на силите во пратеничкиот состав во ...

Со 84 гласови „за“ од 193 членки на Генералното Собрание беше усвоена Резолуцијата со која се осудува негирањето на геноцидот и величење на воените злосторници. Српскиот претседател Вучиќ повика да не биде усвоена зошто нема да придонесе кон помирување во Босна и Херцеговина и во регионот Генералното Собрание на Обединетите Нации (ОН) денеска, 23 мај, ја усвои резолуцијата со која 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот ...

Иако Владата даде црвен картон за реконструкцијата на градскиот стадион во Тетово, градоначалникот Биљал Касами не планира да ги запре активностите. Во истражување на случајот се вклучени неколку државни институции за да се утврди потенцијалната незаконитост на постапката. Ако тое се утврди, Владата предлага и кривична одговорност. Градскиот стадион во Тетово е пуштен во употреба во далечната 1981 година. Во неговата изградба учествувал и ...

Идната владејачка коалиција на десничарската партија ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата од албанскиот политички блок, Влен засега тежат најмалку 72 пратенички мандати. На првата конститутивна седница следната недела пратеничка заклетва ќе дадат поранешни министри, доктори и директори. Кандидатката за пратеник од коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ, досегашната заменик министер за надворешни работи Фатмире Исаки од ДПА нема да биде дел од новиот ...

Пред Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) во четврток, на 23 мај во 16:00 часот по средноевропско време, треба да започне расправата за Предлогот за резолуција за геноцидот во Сребреница. Резолуцијата со која се предлага 11 јули да биде прогласен за Меѓународен ден на сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница и го осудува негирањето на геноцидот и глорификацијата на воените злосторници, беше спонзорирана од триесет земји. ...

Прегласувањето во седумте избирачки места во двете изборни единици - донесе и делумно нов распоред на силите во пратеничкиот состав во законодавниот дом. Влен му „зема“ пратеник на ДУИ во шестата изборна единица. Во петката, ситуацијата со пратеничките мандати останува непроменета. ДУИ изгуби еден пратенички мандат во шестата изборна единица, кој го доби Коалицијата Вреди. Во шестата изборна единица се гласаше само на едно избирачко место, 2101 ...

Македонските угостители увезуваат работна сила од Далечниот Исток откако домашните почнаа да заминуваат на работа во Хрватска. Причина за заминувањето се ниските плати од 350 до 500 евра. Но тоа е една од причините и што и увезените работници од Непал, Индија, Пакистан бегаат во земјите на ЕУ. Десетици Непалци, Индијци, Пакистанци пристигнуваат во Охрид и Струга, ама не туристички, туку во потрага по работа. Некои од нив остануваат, а други за ...

На помалку од еден месец до изборите за Европскиот парламент, истражувањата покажуваат дека повеќе од 400 милиони граѓани на Европската Унија, од 27 земји-членки, со своите гласови ќе донесат значителен раст на десничарските партии. Пред изборите, кои ќе се одржат во сите држави меѓу 6 и 9 јуни, анкетите покажуваат дека партиите кои припаѓаат на десниот и левиот центар и групата на Зелените ќе доживеат пад на бројот на гласови, но дека ...

Шумите се предмет на интерес на криминалните групи. Ова е светски бизнис број три, по фалсификуваните трговски марки и трговијата со дрога, затоа што постои помала казнивост на нелегалната сеча на дрвја. Очигледно овој тренд е и кај нас вели Сашко Петровски еден од основачите на Регионалниот центар за шумарство и рурален развој „Рефорд“. Тој во Поткастот „Зошто“ додава дека е еден од главните проблеми е корупцијата. За сите оние чинителите кои ...

Гласачите во седум избирачки места во две изборни единици ќе одлучуваат можеби и за преструктуирање на пратеничките сили во Собранието. Изборниот резултат од прегласувањето може да влијае врз конечниот број на пратенички места, за двајца пратеници. Вкупно 4 513 граѓани во изборните единици пет и шест денеска ќе имаат право повторно да гласаат за пратеници, откако Државната изборна комисија одлучи да го поништи гласањето на 8 мај во седум ...

Импровизиран кревет и забоден нож, вербални закани, запалени возила. Ова се дел од инцидентите кои се регистрирани од МВР а во кои мета се дел од учесниците во високо профилирани судски процеси. Судијка и обвинителка со години шетаат со обезбедување, на директор на затвор му е запалено возило. Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска на само две недели до истекот на мандатот се соочува со два посериозни инцидента. Првиот се случи на 15 ...

Беа потребни само неколку минути за да ја поставам мојата страница за пропаганда, што е виртуелна копија на друга страница во Бугарија која веќе ги мешаше вестите од таблоидите и проруските текстови. Се приклучив на таканаречената Машина за веб-страници печурки (Mushroom Site Machine), односно мрежа на веб-страници што ја користат злонамерните актери за ширење дезинформации и пропаганда. Она што е најважно, е дека нема потреба регрутерите да ...

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, доби право да се жали на одлуката за негова екстрадиција во Соединетите држави, откако судиите во Лондон одлучија дека гаранциите што претходно ги бараа од САД не се задоволителни. Ова е најновиот развој на настаните во случајот со обидот за екстрадиција на Асанж, кого САД го бараат по 18 точки од обвинението за објавување на стотици илјади доверливи документи. Минатиот месец, Високиот суд во Лондон пресуди ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
67%
1020
weather icon

Белград

17ᴼ / 13ᴼ
4.12
61%
1019
weather icon

Загреб

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
88%
1018
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
82%
1020
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
2.83
48%
1018
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 15ᴼ
0.51
83%
1019
weather icon

Атина

23ᴼ / 22ᴼ
2.24
42%
1017
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
67%
1018
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
56%
1019
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 16ᴼ
1.03
60%
1016
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 15ᴼ
1.34
54%
1017
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
72%
1017
Currency

61.53

Currency

53.4215

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.66

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62