Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска вети дека САД на крајот ќе ја преземат иранската залиха на високо збогатен ураниум, и покрај изјавите од Иран дека нема да го предаде материјалот, објави „Ројтерс“. — Ќе го земеме. Не ни треба, не го сакаме. Веројатно ќе го уништиме откако ќе го земеме, но нема да им дозволиме ним да го имаат — им рече Трамп на новинарите во Белата куќа. Се верува дека Иран поседува околу 900 фунти високо ...
Фудбалерите на Арсенал денеска повторно се собраа во тренинг-центарот за да ги започнат подготовките за последниот натпревар во сезоната што ќе остане запаметена како историска за клубот од Премиер лигата. Сепак, меѓу присутните не бил 16-годишниот Макс Дауман, кој по освоената шампионска титула морал да се врати на училишните обврски и да ги полага завршните испити. Младиот фудбалер пред само два дена испиша историја, откако го надмина ...
Меѓународниот аеродром Скопје попладнево информира дека од денеска почнуваат градежни активности на пунктот за безбедносна проверка во терминалната зграда поарди што можни се повремени ограничувања и побавен проток на патници при безбедносната проверка. – Затоа апелираме до сите патници да пристигнат на аеродромот на време, односно најмалку 2 часа пред закажаното време на полетување, велат од ТАВ Македонија. Градежните активности се очекува ...
Фармацевтската компанија „Ели Лили“ (Eli Lilly) соопшти дека нејзиниот експериментален лек за слабеење, ретатрутид (retatrutide), им помогнал на пациентите со дијагностицирана екстремна дебелина да изгубат повеќе од 28 отсто од својата телесна тежина во период од година и половина. Ова клучно испитување го отвора патот на компанијата да побара официјално одобрение и да го лансира лекот на пазарот веќе следната година, пренесува „Ројтерс“. ...
Русија испорача нуклеарна муниција во теренски складишта во Белорусија како дел од големи нуклеарни вежби, соопштија денеска министерствата за одбрана во Москва и во Минск. Тие објавија и, како што наведоа, „видеодоказ“ — снимка на која се гледаат воени возила како влегуваат во шумска област на непозната локација и ракети што се товараат на лансери. „Искандер-М“, мобилен ракетен систем со наведувани ракети, кој НАТО го означува како „СС-26 ...
Полицијата соопшти дека е уапсена 28-годишната Ј.Ѓ. една од сопственичките на стотиците грла говеда кои се движат слободно во околината на Крива Паланка. Таа била приведена во месноста Калин Камен, откако вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ја пријавиле дека ги спречувала да заловат дел од кравите кои се во сопственост на нејзиното семејство, кое ги „чува“ пуштени во природа. Ова со години е проблем во повеќе села во ...
Во просториите на ФФМ се одржа жрепката за бараж натпреварите за пополнување на Втората македонска фудбалска лига за сезоната 2026/2027. За четирите места во оваа конкуренција ќе се борат осум екипи од кои три се екипи кои се пласираа од деветтото до 11-тото место во Втората лига и петте шампиони во регионалните лиги. Жрепката одреди за место во Втората македонска лига да се соочат: Тетекс Тетово – Влазними Струга Каменица Саса – Еуромилк ГЛ ...
Лидија Кочовска отворено прозборе за најголемата лага која ја повредила. Кога имала само 13 години, таа слушнала невистина за неа дека е бремена од познат хрватски пејач. Кочовска во своето гостување во емсијата „Гламур магазин“ отворено проговори за најтешките, но и за најсмешните лаги кои ги слушнала за себе во текот на својата долгогодишна кариера. Искрена, без влакна на јазикот, таа се присети на тинејџерските денови кои биле обележани ...
Тројца се пронајдени мртви во рурална куќа во Ново Мексико, а повеќе од десетина спасувачи беа ставени во карантин и прегледани откако при интервенцијата биле изложени на непозната супстанција. Властите првично биле повикани поради сомнеж за предозирање, а истражителите сè уште утврдуваат дали непозната супстанција е поврзана со смртните случаи, објави „Асошиејтед прес“. Во куќата во Маунтенаир, источно од Албукерки, првично биле пронајдени ...
Додека навивачите на Арсенал ширум светот со нетрпение го следеа натпреварот меѓу Манчестер сити и Борнмут, по кој клубот од северен Лондон и официјално ја обезбеди шампионската титула во Премиер лигата, менаџерот Микел Артета воопшто не следел што се случува. Шпанскиот стратег, кој го одведе Арсенал до првата титула по пауза од 22 години, откри дека првично планирал натпреварот да го следи со фудбалерите во тренинг-центарот на клубот, но во ...
По бројните пишувања за нивниот однос, без разлика дали ја напуштил сопругата поради неа или не, актерот Хју Џекмен сигурно не очекувал покана од неговата поранешна сопруга да се сретнат лице в лице за првпат откако се разведоа. Изворите велат дека Дебора-Ли Фурнес наводно им упатила изненадувачко барање на Џекмен и неговата девојка Сатон Фостер, што ја оставило новата двојка во шок, пренесува „Њуз.ком.ау“. Да потсетиме, врската на колегите ...
Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека ќе разговара со тајванскиот лидер Лај Чинг Те за можна продажба на оружје, што би претставувало остро отстапување од дипломатската традиција, објави „Би-би-си“. Американските и тајванските лидери не разговарале директно од 1979 година, кога Вашингтон ги прекина формалните врски со Тајван за да ја признае кинеската влада во Пекинг. Кина го смета Тајван за своја територија и не ја исклучува ...
Селекторот на англиската репрезентација, Томас Тухел, утре треба официјално да го објави списокот за претстојното Светско првенство, но веќе е познато дека на него нема да се најде дефанзивецот Хари Мегваер. Веста ја потврди самиот дефанзивец кој призна дека бил непријатно изненаден од одлуката да остане надвор од составот за Мундијалот. „Верував дека можам да имам важна улога за репрезентацијата ова лето, особено по сезоната што ја одиграв. ...
Поп-ѕвездата Бритни Спирс наводно им признала на полицајците дека земала „Прозак“ и „Адерал“ на денот на нејзиното драматично апсење за возење под дејство на алкохол и супстанции (DUI) – открива официјалниот полициски извештај до кој прв дојде американскиот магазин „Us Weekly“, пренесува „ТМЗ“. Во извештајот, полицискиот службеник детално го опишува апсењето на Спирс, кое се случило на 4 март. Тој забележал автомобил кој неколку пати ...
Повозрасна жена денеска околу 13 часот била удрена од автомобил на пешачки премин во строгиот центар на Скопје, кај Градскиот трговски центар и паркот „Жена борец“, објави телевизијата „21“, заедно со снимка направена откако на местото пристигнала Брзата помош. Од МВР за „Фокус“ ја потврдија информацијата. „На 21.05.2026 во 13:09 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Филип Втори Македонски“ во Скопје, патничко возило „шкода“ со ...
Лидерот на словенечката десница, Јанез Јанша, по потпишувањето на коалицискиот договор порача дека новата влада ќе се соочи со многу предизвици, но дека има капацитет да ги надмине. Во видеообраќање на социјалните мрежи, тој рече дека задачата нема да биде лесна, но дека коалицијата располага со доволно знаење и храброст. Според Јанша, коалициската програма треба да ѝ помогне на Словенија да излезе од, како што рече, натрупаните проблеми, ...
Израелските пратеници вчера попладне гласаа со 110 гласа „за“ и со ниеден „против“ во корист на прелиминарното читање на владиниот предлог-закон за распуштање на Кнесетот, што потенцијално би можело да доведе до тоа изборите да бидат одржани малку порано од очекуваното, доколку законот конечно биде усвоен, објави „Тајмс оф Израел“. Предлог-законот за распуштање не утврдува датум за избори. Наместо тоа, предвидува датумот да го одреди ...
Еден од најталентираните млади македонски фудбалери, Лука Грчевски, направи значаен чекор во својата кариера откако го потпиша првиот стипендиски договор со Црвена звезда. Станува збор за 17-годишниот голман и македонски младински репрезентативец до 17 години, кој со потписот стави почеток на долгорочна соработка со белградскиот гигант и еден од најтрофејните клубови во регионот. Во Црвена звезда не го криеја задоволството од договорот со ...
Откако беше објавено дека Македонија догодина се враќа на Евровизија догодина на натпреварот во Софија, „Слободен печат“ околу ова прашање се обрати кај Давор Пашоски, претседател на програмски совет на МРТ. Тој ја потврдува информацијата — во 2027 година повторно ќе имаме евровизиски претставник, по пауза од пет години. – Македонија догодина ќе учествува на Евровизија во Софија. Веќе разговаравме со ЕБУ, каде покажаа голема заинтересираност ...
Последната епизода од „Доцното шоу“, чиј водител е комичарот Стивен Колберт ќе се емитува вечерва на Си-би-ес, со што завршува 33-годишната франшиза на емисијата, пишуваат странските медиуми. Планот за последната емисија не е објавен, иако тимот на „Доцното шоу“ имаше време со месеци да подготви збогување на форматот што ја обележа американската телевизија. Во последната недела, меѓу гостите беа Мајкл Китон, Џон Стјуарт, Џулија Луис-Драјфус, ...
Денеска во Белград избувна голем пожар на еден сплав на реката Сава, објави „Б92“. Според првите информации од терен, огнот бргу се проширил и зафатил уште два сплава во населбата Нов Белград. Првичните информации од местото на пожарот беа дека пожарот набргу се проширил и на останатите сплавови, од кои, како што пренесуваат медиумите, останала само металната конструкција. На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа густ чад што се ...
Македонската кантавторка Дина Јашари тргнува на турнеја низ постјугословенскиот простор со деби-албумот „Растенија без корен“ – точно на неговата прва годишнина. Нејзините песни, автентичен звук и органски прецизниот бенд во мај и јуни 2026 пристигнуваат во Словенија, Црна Гора, Србија и Хрватска. На 22 мај Дина настапува во „Кино Шишка“ во Љубљана – еден од водечките центри за урбана култура во регионот, како дел од јубилејот на „Night ...
Иран соопшти дека значително ја проширува зоната околу Ормускиот Теснец врз која тврди дека има воена контрола, во обид да го потврди својот суверенитет врз оваа клучна трговска маршрута, објави „Би-би-си“. На карта објавена од новоформираното иранско „Управно тело за Персискиот Залив и Теснецот“ се тврди дека „иранските вооружени сили вршат надзор“ врз повеќе од 22.000 квадратни километри. Зоната се протега и во територијалните води на Оман ...
Новата триделна документарна серија „Мајкл Џексон: Пресуда“ (Michael Jackson: The Verdict) премиерно ќе биде прикажана на 3 јуни на Нетфликс, а во фокусот ќе го има судењето на Мајкл Џексон од 2005 година, во кое тој беше ослободен од обвинувањата за злоупотребување деца. Серијата ги истражува обвинувањата поведени против поп-иконата во 2003 година, самото судење, како и огромниот медиумски интерес кој го следеше целиот судски процес. ...
Петкатна станбена зграда се урна ноќеска во северномароканскиот град Фес, а во несреќата 11 луѓе го изгубија животот, објави „Анадолија“. При уривањето на зградата во населбата Џнан Џруди, во округот Аин Накби, биле повредени уште шест луѓе, а спасувачките операции продолжиле по несреќата која предизвикала паника кај жителите на соседните згради. „Ал-Амк“ наведе дека повредените биле пренесени во болница и дека нивната состојба е стабилна. ...
Фудбалската репрезентација на Македонија на 29 мај во Сараево ќе игра пријателски натпревар против Босна и Херцеговина, а денеска федерацијата пушти билети за македонските навивачи. Фудбалската федерација на Босна и Херцеговина за македонските навивачи обезбеди влезници по цена од 1000 денари за секторите ЈУГ Б4, ЈУГ Б3 и ЈУГ за стоење на стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“ во Сараево. Навивачите на македонската репрезентација билетите можат да ...
Во ера на англицизми, Тикток-сленг и брза интернет-комуникација, особено кај новите генерации, се поставува прашањето: каде завршува литературниот стандард, а каде почнува урбаниот македонски јазик? Во оваа епизода на „Слободно со Агнеса“ разговараме со Филип Аврамовски и Алекс Шалевиќ — основачи на онлајн платформата „Урбан речник“. Инспирирани од светски познатиот „Urban Dictionary“, двајцата автори — филолог и филозоф по професија — ...
Стратешката цел на Украина е да ѝ нанесе на руската војска до 200 загуби за секој квадратен километар напредување, изјавил министерот за одбрана Михајло Федоров минатата недела, на затворен брифинг за медиумите, објави „Киев индепендент“. Изјавата доаѓа во период на извештаи дека Украина претходно годинава накратко ја презеде иницијативата на фронтот, враќајќи повеќе територија отколку што изгубила од руските сили, првпат по околу 10 месеци. ...
Пејачката Ивона Јо искрено прозборе за одлуката брзо да се омажи за својот избраник Кристијан Тодоров. Таа во „Бекстејџ“ раскажа и за тешкиот период по загубата на татко ѝ кој почина лани во септември, и изјави дека веќе од ништо не се плаши. „Не знам како ќе бидам сфатена, а, но навистина не лажам. По зацврстување на тие корени, по смртта на тато и после сè она што ми се случи, јас навистина не се плашам од ништо затоа што знам дека сè што ...
Принцот Вилијам емотивно ја прослави победата на Астон Вила во финалето на Европската лига, а снимките од неговите реакции брзо се проширија на социјалните мрежи. Идниот британски крал не го криеше воодушевувањето откако неговиот омилен клуб во Истанбул го освои првиот голем трофеј по три децении, пренесува „Би-би-си“. Астон Вила славеше со 3:0 против Фрајбург на стадионот на Бешикташ и ја освои својата прва титула во Европската лига, како и ...