Канадската провинција Алберта ќе одржи референдум за тоа дали треба да остане во Канада или да продолжи кон второ обврзувачко гласање за отцепување, што претставува прв значаен тест за единството на земјата по неколку децении, објави „Би-би-си“. Најавата што вчера ја соопшти премиерката на Алберта, Даниел Смит, доаѓа откако граѓанска петиција со барање за отцепување собра повеќе од 300.000 потписи на почетокот на годината, додека, пак, ...

По четири сезони чекање и дури 14 пропуштени шанси за трофеј, Кристијано Роналдо конечно стигна до шампионската титула во Саудиска Про Лига. Неговиот Ал Наср вечерва ја завери титулата во последното коло од сезоната, откако убедливо славеше против Дамак со 4-1. Тимот од Ријад зависеше сам од себе и со победа требаше да го потврди првото место на табелата, што и го направи. Садио Мане го отвори резултатот во 34. минута, додека Кингсли Коман ...

Иран разговара со Оман за воспоставување постојан систем за наплата на премин низ Ормускиот Теснец, со што Техеран би ја институционализирал својата контрола врз поморскиот сообраќај во еден од најважните енергетски коридори во светот, објави „Блумберг“. Иранскиот амбасадор во Франција, Мохамад Амин Неџад, изјави во Париз дека двете земји мора да ги мобилизираат сите ресурси за да обезбедат безбедносни услуги и подобро управување со ...

Времето денеска ќе биде нестабилно, со пороен дожд, грмежи и со засилен ветар, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични прaзнења, силен ветар од над 60 километри на час и услови за појава на град. Минималните утрински температури се движат меѓу 4 и 17 степени, а максималните дневни температури ќе изнесуваат од 15 до 29 степени. Во Скопје ...

Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 22 мај, погледнете што ви предвидуваат ѕвездите за денеска. Овен Овни, ќе бидете полни со енергија и идеи, но внимавајте да не реагирате импулсивно кога разговарате со колегите. Би можела да ве изненади деловна вест. Денот носи засилени емоции и потреба јасно да кажете што ве мачи. Слободните би можеле да започнат интересна комуникација со личност која веќе некое време ги набљудува од страна. Можна ...

Фјучерсите на американските берзански индекси паднаа поради новиот пораст на цените на нафтата и приносите на американските државни обврзници. Во исто време, инвеститорите го проценуваат развојот на ситуацијата на Блискиот Исток, како и деловните резултати на технолошката компанија Nvidia, објави CNBC. Фјучерсите на берзанскиот индекс S&P 500 паднаа за 0,2 проценти, Nasdaq 100 изгуби 0,4 проценти, а Dow Jones изгуби околу 102 поени или ...

Голема трагедија се случила ноќеска на скопската Обиколница. Во тешка сообраќајна несреќа загинале тројца млади и таткото на едниот од нив, откако во нивната лента се престроил камион и го собрал возилото. Сообраќајот беше нормализиран на патот дури шест часа после трагедијата. Според видео материјал од настанот возилото во кое биле тројцата млади и таткото на едниот од нив, се запалило целосно и било пеплосано. Според неофицијални ...

Mечка е снимена како трча по улица кај Градскиот парк во Битола, а граѓаните се вознемирени бидејќи животното се појавило на прометно место среде град. Видеото е снимено синоќа од автомобил, објави „Телма“. Од СВР Битола велат дека случајот е пријавен во полиција. Општината, пак, е во контакт со институции кои треба да преземат мерки, вели градоначалникот Тони Коњановски. „Во врска со случајот ги информирав Центарот за управување со кризи, ...

Хрватскиот државен инпекторат ја повлекува од пазарот мешаната салата „Бенита“ со потекло Македонија, која ја продава „Кауфланд Хрватска“, поради високо ниво на пестицидот хлорпирифос, соопштија надлежните служби во државата. Како што е наведено во соопштението за медиумите објавено денеска, известувањето се однесува исклучиво на производот со следните информации: Мешана салата 670g/360g, GTIN 3858893130246, ЛОТ 1662025, најдобро да се ...

Иако суплементите можат да помогнат во пополнувањето на нутритивните недостатоци, нивната делотворност може да се намали ако ги земате со утринското кафе. Според нутриционистите, кафето може негативно да влијае на начинот на кој телото апсорбира одредени витамини и минерали, потенцијално намалувајќи ги нивните сакани ефекти. Од железо до калциум, ви донесуваме список на додатоци во исхраната што експертите препорачуваат да ги земате одделно ...

Поленот, влакната од домашни миленици, мртвите клетки на кожата и отворените прозорци придонесуваат за поголемо натрупување на прашина во текот на потоплите месеци во домот. Ова значи дека сега е вистинско време да се грижиме за хигиената на секој агол од станот или куќата. Необично, но ефикасно решение за чистење може да биде производ што веќе го имаме дома – омекнувач за алишта. Освен што ги прави ткаенините меки и пријатни на допир, ...

Ако мислите претерано ве оптоваруваат, ако се чувствувате вознемирено и анксиозно, испробајте ги овие 8 јапонски техники за забавување на мислите. Менталното здравје е исто толку важно како и физичкото, меѓу многуте методи за релаксација, како што се вежбањето, молитвата, прошетката во природа, е и медитацијата која е древна метода за релаксација. Најчесто се практикува на Исток и служи за смирување на мислите и борба против стресот и ...

Секој човек заслужува партнер кој ќе го сака, ќе го почитува, ќе биде тука за него кога му е потребно и ќе направи сè за да го направи среќен… Бракот, на крајот на краиштата, не е нешто што влијае само на партнерите, тој влијае на децата и остава белег на идните генерации, пишува „Дневник“. Во бракот постојат нешта за кои не треба да има дискусија. Меѓу нив, има и поголеми и помали работи што секоја жена ги заслужува од својот сопруг, а ...

Многу луѓе со месеци се обидуваат да ослабат така што едноставно ја намалуваат количината на храна што ја внесуваат. Сепак, вагата често ја покажува истата бројка, а фрустрацијата расте од ден на ден. Експертите истакнуваат дека проблемот не е секогаш само во количината на храна, туку и во начинот на живот, изборот на намирници и навиките што честопати ги занемаруваме. Скриени калории што луѓето не ги забележуваат Една од најчестите грешки ...

„Сите приказни кои водат кон загрозување и потпалување на меѓуетнички тензии се опасни и се неприфатливи, а тие кои не внимаваат на меѓуетничките односи коишто се премногу важни, се неодговорни“, порача вечерва претседателот на Собранието Африм Гаши за време на гостувањето во „Вин-вин“ на „Телма“. Гаши оцени дека темите поврзани со меѓуетничките односи не смеат да се користат за дневнополитички пресметки. – Не сакам да зборувам за себе ...

Експертите објаснија дека мажите можат да доживеат шест различни видови оргазми, вклучувајќи ги и оние кои не бараат ерекција или ејакулација. Психосексуалниот терапевт и медицинска сестра Лорејн Гровер изјави за „Метро“ дека разбирањето на различните видови оргазми може да го намали стресот и да го подобри сексуалното задоволство. – Многу мажи не сфаќаат дека можат да доживеат оргазам дури и без ерекција – рекла таа, додавајќи дека не сите ...

Најдобриот светски тенисер во моментов, Јаник Синер, и рекордерот по бројот на гренслем-титули, Новак Ѓоковиќ, се најдоа во различни половини од ждрепката за претстојниот Ролан Гарос, што значи дека евентуална пресметка меѓу нив би можела да се случи дури во финалето во Париз. Италијанецот на вториот гренслем во сезоната пристигнува со неверојатна серија од 29 победи по ред, а турнирот ќе го отвори против Французинот Клемен Табур, кој доби ...

Европската централна банка (ESB) подготвува нова серија банкноти на евра, а меѓу нив повеќе нема да има апоен од 500 евра. Одлуката објавена од ЕЦБ уште во 2019 година сега е официјално потврдена и е дел од поширок процес на модернизација на европските банкноти што ќе продолжи од 2021 година. Во исто време, се подготвува целосно нов дизајн на банкноти. ЕЦБ појасни дека укинувањето на банкнотата од 500 евра е поврзано со борбата против ...

Познатиот психијатар Зигмунд Фројд своевремено напишал дека ако немате критичари околу себе и ако сите зборуваат само убави нешта за вас, тогаш веројатно повеќе не сте на оваа земја. Колку и да се трудите, невозможно е целосно да ги избегнете лошите луѓе, манипулаторите и деструктивните критичари. Но, можете да научите како ментално да им одолеете. Следниве психолошки лекции и мудрости можат да ви помогнат полесно да се справите со ...

Грчката полиција воведе засилени безбедносни мерки во Атина пред почетокот на завршниот турнир во Евролигата, со цел да се спречат евентуални инциденти и нарушување на јавниот ред. Според одлуката на безбедносните служби, забранети се сите јавни собири на отворено, како и организирани навивачки колони со автомобили и мотори во централното градско подрачје. Мерките стапија на сила од денеска од 6 часот наутро и ќе важат до понеделник, 25 мај, ...

Алкохолот и канабисот (ТХЦ – Тетрахидроканабинол) се меѓу најчесто користените супстанции во светот, но експертска анализа на Институтот за човечка анатомија (ИОХА) – The Institute of Human Anatomy, покажува дека нивните ефекти врз телото и мозокот се значително различни, пишува „Лед бајбл“. Според нивното објаснување, алкохолот брзо се шири низ телото затоа што лесно се раствора во вода и брзо поминува низ клеточните мембрани. Тој се ...

Турски суд денеска практично го отстрани лидерот на главната опозициска партија, Озгур Озел, поништувајќи го партискиот конгрес од 2023 година на кој тој беше избран за претседател, објави „Ројтерс“. Пресудата претставува удар за противниците на претседателот Реџеп Таип Ердоган и ги потресе финансиските пазари. Апелацискиот суд го поништи конгресот поради „неправилности“ и пресуди дека поранешниот претседател на Републиканската народна ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во емисијата „Вин-вин“ на „Телма“ изјави дека избегнува да интервенира во говорите на пратениците и функционерите од собраниската говорница, освен во случаи на навреди и говор на омраза, иако како претседател има деловничко право да го прекине секој говорник. Изјавата доаѓа по забелешките дека од собраниската говорница сè почесто се испраќаат политички пораки кои навлегуваат во работата на други ...

Длабоко во океанот се наоѓа црв кој живее во „стаклен замок“, мистериозна „дух-ајкула“ и месојаден сунѓер „топка на смртта“, пишува Си-ен-ен. Ова се само три од 1.121 „претходно непознати“ видови откриени во светските океани во текот на изминатата година, објавени од страна на „Пописот на океаните“, глобален напор за мапирање на морскиот живот во кој учествуваат повеќе од 1.000 истражувачи од 85 земји. Ова означува зголемување од 54 отсто на ...

Екипата на Вардар веќе започна со подготовките за новата сезона, а од клубот денеска најавија и едно летно засилувае. Нов член на вардарци ќе биде Жерсон Родригез, фудбалер кој во еден период од кариерата според специјализираниот портал за трансфери „Трансфермаркт“ бил проценет на дури три милиони евра. Зад себе Родригез има богато интернационално искуство и настапи за клубови како Динамо Киев, Сиваспор и Слован Братислава, но во текот на ...

Вообичаените конзерванси што се користат во многу индустриски произведени намирници со цел спречување на развој на бактерии и мувла се поврзани со 29 отсто поголем ризик од покачен крвен притисок и 16 отсто поголем ризик од срцев и мозочен удар, покажало ново истражување на француски научници, пренесува „Си-ен-ен“. Студијата покажала дека дури и таканаречените „природни“ антиоксидативни конзерванси, кои се користат за спречување на промена ...

Министерството за одбрана на Соединетите Американски Држави неодамна го објави првиот пакет доверливи документи за неидентификувани летечки објекти (НЛО) или, како што денес ги нарекуваат, неидентификувани воздушни феномени. Станува збор за колекција од матни фотографии и нерешени извештаи. Многу од нив, иако веќе ѝ се добро познати на јавноста, ја скокоткаа имагинацијата на ентузијастите, но не и на стручњаците. Првиот пакет од серијата ...

Црна Гора денеска одбележува 20 години откако на референдум ја обнови државната независност, а според истражувањата на јавното мислење, денес идејата за независна Црна Гора би ја поддржале околу 70 отсто од граѓаните. На референдумот гласале 86,5 отсто од вкупниот број избирачи. Независноста ја поддржале 55,5 отсто, додека, пак, за останување во заедничка држава со Србија биле 44,5 отсто од граѓаните. Кампањата за независност ја предводеше ...

Министерот за дигитална трансформација, во гостување во емисијата „Ноќно студио“ на „4ТВ“, рече дека државата активно работи на „централизирано и безбедно поврзување на институциите преку платформата за интероперабилност, со цел побрза размена на податоци и поефикасни административни процеси“. Тој објасни дека идејата е институциите да комуницираат меѓу себе „без потреба од хартиена документација и долги процедури“. Како пример го посочи ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска вети дека САД на крајот ќе ја преземат иранската залиха на високо збогатен ураниум, и покрај изјавите од Иран дека нема да го предаде материјалот, објави „Ројтерс“. — Ќе го земеме. Не ни треба, не го сакаме. Веројатно ќе го уништиме откако ќе го земеме, но нема да им дозволиме ним да го имаат — им рече Трамп на новинарите во Белата куќа. Се верува дека Иран поседува околу 900 фунти високо ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
2.83
68%
1022
weather icon

Белград

15ᴼ / 13ᴼ
3.13
71%
1021
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
0.06
67%
1021
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
2.25
55%
1024
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
2.95
84%
1020
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
0.58
83%
1022
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
3.13
64%
1013
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
2.16
70%
1017
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
5.01
59%
1020
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 13ᴼ
0.45
93%
1019
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
1.79
69%
1020
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 19ᴼ
5.02
83%
1015
Currency

61.6317

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Цинк

0.00

Злато

131337.93

Калај

51.97

Платина

53756.05

Бакар

12.52

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.48

Кобалт

45.39

Родиум

257205.97

Рутениум

48965.59

Сребро

2072.63

Паладиум

39545.42