Манчестер сити денеска официјално потврди дека Пеп Гвардиола става крај на својата ера во Манчестер сити. Каталонскиот стратег, по една деценија исполнета со трофеи одлучи дека е време да се збогува со гигантот од „Етихад“. Веста за заминувањето на Гвардиола веднаш предизвика вистинска трка меѓу клубови и репрезентации бидејќи неговото име одамна е желба на најголемите европски клубови и фудбалски сојузи, а самиот Гвардиола во неколку ...

Гушењето кај мачките може да се случи од многу причини. Може да се појави кога нешто ќе се заглави во грлото, гркланот или трахеата на мачката, спречувајќи го правилниот проток на воздух. Иако задушувањето е ретко, внимавајте да не дозволите вашата мачка да проголта мал предмет што изгледа како интересна ужина, пишува „Телеграф љубимци“. Мали делови од играчки, како што се топчиња, пуфки, ѕвончиња, скршени парчиња и други туѓи предмети може ...

Белгиските обвинители отворија истрага за можна вмешаност на белгиски државјани во „снајперски сафарија“ за време на војната во Босна. Истрагата на федералното обвинителство следува по постапката што обвинителите во Милано ја отворија минатиот ноември, поради тврдењата дека странски државјани патувале во опколено Сараево и плаќале големи суми пари за да пукаат во цивили за време на конфликтот. Тврдењата произлегуваат од истражувањето на ...

Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Следете ги најновите содржини од домашната и светската политика во информативниот блок, во кој ќе ви презентираме и актуелности од повеќе области како здравство, економија, хроника, регионални случувања, спортски информации… Модератор на вестите е Ана Јанева. Ви благодариме на довербата. Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. ...

Ози Озборн „ќе се врати“ како дигитален аватар управуван од вештачка интелигенција, речиси една година по неговата смрт, пишува музичкиот магазин „Билборд“. Веста беше објавена на саемот за лиценцирање во Лас Вегас во средата, на дваесетти мај, кога синот на Озборн, Џек Озборн, го претстави проектот за време на дискусија за иднината на брендот на Ози, во која учествуваше и неговата сопруга Шерон Озборн. Во таа прилика Џек Озборн изјави: ...

Тажен крај имаше деветчасовната потрага на полицијата и бројни граѓани по 63-годишен човек од гостиварското село Форино, откако рано утрово тој бил пронајден мртов во атарот на селота Врапчиште. Роднини на исчезнатиот синоќа околу 21:30 часот пријавиле во гостиварскта полиција дека тој ден човекот не се вратил дома и дека не можат да го најдат. Тој работел како овчар на бачило во околината на Врапчиште. Веднаш по пријавата започнала потрага ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во рамките на официјалната посета на Ватикан по повод традиционалната манифестација „Во чест на Свети Кирил и Методиј“, каде што ја предводи државната делегација на Македонија, се сретна со поглаварот на Светата Столица, папата Лав Четиринаесетти. Како што објави на Фејсбук, Гаши му ги пренел честитките по повод годишнината од неговиот избор, а на средбата било разговарано за важноста на дијалогот, ...

Пеп Гвардиола и официјално става крај на својата десетгодишна ера во Манчестер сити, објави англискиот клуб. Шпанскиот стратег по една деценија мината на клупата на „граѓаните“ си заминува како најтрофеен тренер во историјата на клубот. Гвардиола пристигна во Манчестер во 2016 година и за тоа време освои дури 20 трофеи, оставајќи длабока трага во англискиот и европскиот фудбал. Под негово водство Сити се претвори во доминантна сила, а ...

Дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер не се најде на списокот на Англија за претстојното Светско првенство, а самиот призна дека е шокиран и изненаден од таквата одлука на селекторот Тухел. Сега во јавноста се огласи и неговото семејство. „Не можеше да направиш повеќе. Главата горе… Срамота. Згрозена сум“, порача неговата мајка Зои. Уште поостар беше неговиот брат Џо. „Ова веројатно е најлошата одлука што сум ја видел во животот. ...

Од јули, Брисел ќе го укине ослободувањето од царина за пакети во вредност помала од 150 евра, што е потег на ЕУ насочен кон борба против нелојалната конкуренција кон европските трговци, но и прилагодување на царинскиот систем на брзиот раст на глобалната електронска трговија. Од 1 јули, сите пакети купени преку онлајн продавници од трети земји, како што се Shein или Temu, ќе подлежат на новите правила, без оглед на нивната вредност. Според ...

Русија ја обвини Украина дека извршила „монструозно злосторство“ по ноќен напад со дрон врз училиште, во кој загинале најмалку четворица, а 35 деца биле ранети, пренесе „Скај њуз“. Претставници на Кремљ го обвинија Киев за ноќниот напад со дрон врз училиштето во регионот Луганск. Фотографии и видеа објавени од руските власти покажуваат спасувачи како извлекуваат повреден човек од урнатините на носилка. На снимките се гледаат и тешко оштетени ...

Францускиот претседател Емануел Макрон повика на регулирање на криптовалутите, односно нивна државна контрола, со цел да се спречи нивна „злоупотреба за терористички цели“ и да се спречи финансиски „Див запад“. Според него, поради недостаток на регулатива, сите власти во светот можат да бидат соучесници во терористички активности и организиран криминал. – Порано знаевме финансиски свет кој беше целосно нерегулиран. Постепено го регулиравме ...

Откако Советот на Општина Центар изгласа покачување на цената на паркинг по возило, од ЈП „ПОЦ“ најавија нов систем на паркирање на јавните површини, со кој, како што велат од претпријатието, просторот ќе се користи порационално, а жителите ќе можат полесно да најдат паркинг во близина на својот дом. – Токму затоа, со последните одлуки на Советот на Општина Центар, се воспоставува нов систем на паркирање во кој јавниот простор ќе се користи ...

Речиси шеесет години откако сер Мик Џегер првпат беше уапсен за време на полициска рација на една забава, фронтменот на „Ролинг Стоунс“ повторно се соочи со полицијата, овојпат поради гласна музика. Осумдесет и двегодишниот пејач бил меѓу гостите на забава на малиот вулкански италијански остров Стромболи, која полицијата ја прекинала во средата точно на полноќ, по поплаки од соседите за бучава. Според британски „Тајмс“, музиката се пуштала ...

Просечната нето-плата во март достигна 48.433 денари, објави Државниот завод за статистика. Иако растот на просечната нето-плата во март е 8,2 проценти во однос на ланскиот март, реално платите се зголемиле за 3,1 процент, пресметаа статистичарите. Ова значи дека инфлацијата изела 5,1 проценти од растот на просечната нето-плата која во март достигна 48.433 денари. Вредноста на синдикалната кошница во април изнесувала 68.797 денари, што значи ...

Новиот унгарски премиер Петер Маѓар одби да ја потпише документацијата за исплата на со закон предвидените отпремнини за министрите од поранешната влада на Виктор Орбан, предизвикувајќи политички спор кој кулминираше со неочекувани хуманитарни гестови од двете страни, пренесе Дневник. Маѓар објави дека вкупниот фонд за отпремнини од речиси милијарда форинти (околу 2,6 милиони евра) наместо на поранешните функционери, ќе биде пренасочен во ...

Вишото јавно обвинителство ќе биде исправено пред предизвик суштински да ги анализира причините за драматичниот пресврт меѓу иницијалниот наратив за истрагата за мазутот и одлуката на Обвинителството за нејзино запирање, односно да ги разреши дилемите во јавноста зошто од случај за кој се тврдеше дека има криминал од над 160 милиони евра, се претвори во случај без штета. Директорот на Коалицијата „Сите за правично судење“, Дарко Аврамовски ...

Грција и атинската „О.А.К.А.“ арена, која денес го носи името „Телеком центар“, деновиве е центар на европската кошарка. И покрај тоа што домаќинот Панатинаикос не успеа да се пласира на завршниот турнир во најсилното клупско натпреварување во Европа, интересот во грчката престолнина воопшто не опаѓа. Во Атина владее вистинска еуфорија и се бара билет повеќе, а најбројни на трибините се навивачите на Олимпијакос од Пиреја и турскиот ...

САД привремено ја запреа продажбата на оружје во вредност од 14 милијарди долари на Тајван за да се осигурат дека има доволно оружје за војна во Иран, изјави вршителот на должноста секретар на американската морнарица Хунг Цао. Неговата потврда на сослушувањето во Сенатот дојде само неколку дена откако претседателот Доналд Трамп делуваше неодлучно во врска со продажбата по средбите со кинескиот лидер Си Џинпинг, јавува Би-би-си. ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио е во нова мисија да ги смири нервозните американски сојузници во Европа околу намерите на администрацијата на Трамп кон НАТО или барем да им даде попријателско лице на наглите промени и на неизвесноста околу намалувањето на американските трупи во Европа, објави „Асошиејтед прес“. Рубио денеска присуствува на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Шведска — истиот ден кога високи ...

Антикорупциската комисија ќе поднесе пријава до Јавното обвинителство против поранешни членови на управен и надзорен одбор на ТЕЦ Неготино за кои стигнала пријава и било утврдено дека и по соединувањето на АД ТЕЦ Неготино кон АД ЕСМ – Скопје земале и плата и апанажа и покрај престанокот на функциите. -Лицата наведени во пријавата биле членови на поранешниот управен одбор на АД, воедно и распоредени на директорски позиции во организациони ...

Неколку месеци по најавите од страна на градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, денеска екипи на Градот започнаа со поставување ограда и затворање на дивиот пешачки премин во близина на Бит-пазар, но беа спречени од група демонстранти кои застанаа како жив штит и не дозволуваат затворање на овој нелегален и неозначен премин. Некои чаирчани побарале да не се затвора дивиот пешачки премин кај Бит-пазар, но Градот е решен да постави ограда ...

Идејата на поранешниот амбасадор Виктор Габер пратениците да распишат референдум за уставни измени, со кои во Уставот би се внеле Бугарите и други малцинства, отвори нова политичка дилема: дали граѓаните треба директно да се изјаснат за прашање од кое зависи продолжувањето на европските преговори или, пак, таквиот чекор во сегашниот политички амбиент може да произведе спротивен ефект. Габер, дипломат од кариера, филателист, публицист и ...

Њујорк славеше против Кливленд со 109-93 во „Медисон Сквер Гарден“ и поведе со 2-0 во финалната серија на Источната конференција, доближувајќи се чекор поблиску до големото финале во најсилната кошаркарска лига. Во првото полувреме се водеше израмнета битка, а ниту една екипа немаше предност поголема од шест поени. Сепак, клучниот момент се случи на стартот од третата четвртина. При резултат 53-53, домашниот тим направи неверојатна серија од ...

„Хјундаи мотор компани“ повлекува повеќе од 421.000 возила во САД поради софтверска грешка поврзана со системот за сопирање, објави Ројтерс повикувајќи се на Националната администрација за безбедност на сообраќајот на автопатиштата (NHTSA) на САД. Повлекувањето се однесува на одредени модели „Санта Круз“, „Тусон“, „Тусон хибрид“ и „Тусон плут-ин хибрид електрик“ произведени помеѓу 2025 и 2026 година. Регулаторите изјавија дека софтверска ...

Балтичките држави деновиве го креваат алармот по нова серија дронски инциденти на источното крило на НАТО, откако летала навлегоа или се приближија до воздушниот простор на Латвија, Литванија и на Естонија, во услови на растечки тензии со Русија и сè почести предупредувања за електронско попречување и хибридни закани. Пред неколку дена Латвија соопшти дека открила најмалку еден дрон што летал во воздушниот простор на земјата и дека биле ...

Пар таканаречени „премиум“ дињи од јапонскиот остров Хокаидо се продадени вчера на аукција за рекордни 5,8 милиони јени, што одговара на износот од околу 31.000 евра. Со тоа е урнат претходниот рекорд од пет милиони јени од 2019 година, пренесе „Кјодо“. На аукцијата, дињите ги купила компанијата „Футами Сеико“, трговец на големо со овошје и зеленчук, која потоа ги препродала на „Кеио стор“, а која планира да ги изложи во еден од своите ...

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишна осомничена за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 20 мај таа се обидела неовластено да внесе наркотична дрога – марихуана и кокаин во КПУ Затвор Идризово во Скопје додека била во посета на нејзиниот сопруг кој издржува казна во ...

Секоја година, државата издвојува значителни буџетски средства за социјална заштита. Но она што на хартија изгледа како добра намера, во праксата често се претвора во неефикасен, бавен и скап процес. Реалноста на ранливите групи во Македнија – семејства со ниски или без никакви приходи, повеќедетни семејства, повеќегенерациски домаќинства (три генерации под ист кров), возрасни и хронично болни лица, лица со попреченост и самохрани родители – ...

Возачот на Гресини, Алекс Маркез, нема да настапи на трките во Муџело и Балатон парк поради повредите здобиени минатиот викенд на Големата награда на Барселона. Помладиот од браќата Маркес заработи скршеница на седмиот пршлен и клучната коска по тешката несреќа во која имаше и среќа бидејќи сцената изгледаше навистина застрашувачки. „Алекс Маркес ќе ги пропушти трките во Муџело и Балатон парк“, соопштија кратко од Гресини. Според правилата, ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
2.83
68%
1022
weather icon

Белград

15ᴼ / 13ᴼ
3.13
71%
1021
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
0.06
67%
1021
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
2.25
55%
1024
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
2.95
84%
1020
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
0.58
83%
1022
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
3.13
64%
1013
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
2.16
70%
1017
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
5.01
59%
1020
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 13ᴼ
0.45
93%
1019
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
1.79
69%
1020
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 19ᴼ
5.02
83%
1015
Currency

61.6317

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Злато

131337.93

Калај

51.97

Родиум

257205.97

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Сребро

2072.63

Алуминиум

3.48

Кобалт

45.39

Бакар

12.52

Паладиум

39545.42

Рутениум

48965.59

Платина

53756.05