Фармацевтската компанија „Ели Лили“ (Eli Lilly) соопшти дека нејзиниот експериментален лек за слабеење, ретатрутид (retatrutide), им помогнал на пациентите со дијагностицирана екстремна дебелина да изгубат повеќе од 28 отсто од својата телесна тежина во период од година и половина. Ова клучно испитување го отвора патот на компанијата да побара официјално одобрение и да го лансира лекот на пазарот веќе следната година, пренесува „Ројтерс“. ...

Испитувањето во доцна фаза, кое го следело губењето на тежината кај пациенти со дијагностицирана дебелина, но без дијабетес е најновиот обид на „Ели Лили“ да доминира на растечкиот пазар за лекови против дебелина, како што се „Зепбаунд“ и „Вегови“ на „Ново Нордиск“, пренесе „Ројтерс“. „Ретатрутид“ е првиот лек против дебелина од компанијата „Ели Лили“ кој истовремено активира три хормонски рецептори ГЛП-1 (за потиснување на апетитот), ГИП (го ...