По вчерашната вооружена престрелка во Тетово, МВР соопшти дека се лишени од слобода три лица. При претрес на повеќе локации во селото Гајре, тетовско, биле пронајдени предмети од интерес за истрагата. „Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на предмети и други лица кои биле инволвирани во престрелката“, велат од Министерството за внатрешни работи за „Скопје1“. Поврзани вести преку ознаки: ...

Изјавите на премиерот Христијан Мицкоски за Националноослободителната армија се скандалозни и претставуваат отворена провокација кон националните чувства на Албанците“, соопшти Алијансата за Албанците – крилото на Зијадин Села. Од партијата обвинуваат дека Мицкоски се обидува да негира и забрани „славен дел од историјата“, и додаваат дека досега премиерот „поништил многу права и достигнувања“. „Она што нè загрижува уште повеќе е молчењето ...

Албанскиот премиер Еди Рама, споделувајќи видео од акцијата за уривање на дивоградби, на „Фејсбук“ напиша дека со овие сцени ја продолжуваат битката против бесправната градба која ги загрозува и нагрдува заедничките простори. Тој порача дека ова ќе биде последното поглавје во справувањето со градбите без дозвола или спротивно на издадените дозволи и им посака на граѓаните успешна недела. -Со овие сцени од соочувањето со незаконитостите што ...

Независните граѓански здруженија не веруваат во изјавата од Државната изборна комисија и ставање вон сила на Упатството за учество на изборите, со што според ДИК, нема потреба од собирање потписи како поддршка за кандидирање за градоначалници и советници. Тие бараат писмен документ од ДИК како потврда на кажаното. Недовербата оди до таму што ,,Шанса за Центар“, на својата Фејсбук страница објави дека продолжува со собирањето потписи за ...

Маж од Скопје со тешки телесни повреди бил примен во старата Градска болница „Св. Наум Охридски“ по напад од две лица во дворот на неговиот дом. Напаѓачите му се заканувале со пиштол, а потоа физички го нападнале. Полицијата работи на расчистување на случајот. -На 10.08.2025 во 23:44 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“- Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.М.(54) од Скопје. ...

Полицијата на Граничниот премин Блато уапси 35-годишен државјанин на Албанија, баран со мерка „апси“ по наредба на Интерпол Германија. Лицето е предадено за понатамошна постапка. -На 10.08.2025 во 11:25 часот на Граничниот премин Блато, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода А.Ш.(35) од Р.Албанија, затоа што при гранична контрола е констатирано дека евидира со мерка „апси“ по барање на Интерпол Германија. Лицето е ...

Четиринаесетгодишно момче било физички нападнато од група малолетници на трим патека во Кисела Вода, при што напаѓачите носеле и метални предмети. Полицијата работи на целосно расчистување на случајот. -На 10.08.2025 во 14:30 часот во СВР Скопје, Д.Х.(54) од Скопје пријави дека на 09.08.2025 околу 22:30 часот на трим патека на подрачје на Кисела Вода во Скопје, неговиот 14-годишен син, додека бил со неговиот брат и другарка, по претходна ...

Премиерот Христијан Мицкоски, им порача на ДУИ дека „тоа така не оди“, кога во прашање е придобивање на гласови со лажен патриотизам. Мицкоски рече дека ДУИ имаат за цел да испровоцираат предвремени парламентарни избори, па порача да не се надеваат. „Тие играат на картата – кратко помнење. Тоа така не оди. Јас ги повикувам сите граѓани, дека тука бираат помеѓу концептот кој 20 години ја опустошувале Македонија, а немаат никаква врска со ...

„Не може некој кој од заседа и кукавички одземал животи, да биде праведна и чесна војна, бар во Македонија“ – ова е ставот на премиерот Христијан Мицкоски како одговор на изјавата на вицепремиерот Изет Меџити кој рече „Војната на УЧК во Косово, во Прешево и во Македонија беше праведна, разумна и чиста“. „Ја слушнав таа изјава и тука имаме различни гледишта на работите. Не може да биде 2001 година разумна и праведна, а од заседа да се ...

Ресторанските услуги се за 25 отсто зголемени во споредба со минатата година, покажала анализата на Владата. Истото важи и за транспортните услуги, а двоцифрено зголемување има и кај овошјето. „Нашата пракса покажала дека ако ја ограничиме маржата кај одредени производи, во следните месеци таа се прелева и на крајот се нивелира“, рече премиерот Христијан Мицкоски. Тој рече дека во јули инфлацијата е меѓу 4 и 5 отсто, а тоа е поради ...

Владата на Албанија, предводена од премиерот Еди Рама, ја започна кампањата „Урбана ренесанса 2.0“, насочена кон уривање на нелегални градби и ослободување на узурпираните јавни површини низ целата држава. Иницијативата е претставена како значаен чекор во подготовките за влез во Европската Унија до 2030 година. Целта на акцијата е создавање почисти и уредени, „поевропски“ градови, како дел од пошироката стратегија за територијално уредување ...

Грчката полиција открила 271 килограм и 150 грама кокаин во контејнер со пратка од Латинска Америка што пристигнал на пристаништето во Солун, при што биле уапсени тројца членови на меѓународна криминална мрежа. Според информациите од полицијата, како што цитираат грчките медиуми, акцијата била резултат на податоци добиени од Националната агенција за борба со криминал на Обединетото Кралство, кои се однесувале на транспорт и морски увоз на ...

Пет новинари на „Ал Џезира“, меѓу нив и познатиот репортер Анас ал-Шариф, загинаа во израелски воздушен напад во неделата вечерта врз новинарски шатор поставен пред главниот влез на болницата „Ал Шифа“ во градот Газа. Меѓу убиените се и дописникот Мухамед Креикех, како и снимателите Ибрахим Захер, Мухамед Нуфал и Моамен Алива. Вкупниот број на загинати во нападот е седум лица, соопшти „Ал Џезира“. Само неколку часа пред смртта, 28-годишниот ...

Министерството за здравство соопшти дека побарало Државниот санитарен и здравствен инспекторат да спроведе инспекциски надзор во врска со случајот на починатата пациентка во Инфективното одделение на Општата болница во Тетово. Од Министерството наведуваат дека јавноста ќе биде информирана по завршување на постапката за утврдување на фактичката состојба и нагласуваат дека остануваат посветени на транспарентност, одговорност и обезбедување ...

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, стапи во брак со својата избраничка Александра на свечена церемонија во скопскиот ресторан „Риас“. Димитријевиќ на „Фејсбук“ сподели фотографии од радосниот момент со пораката: „Од сега па натаму… двајца против светот.“ На церемонијата присуствуваа бројни гости, меѓу кои и претседателот на СДСМ Венко Филипче, заменик-претседателката Фани Каранфиловa Пановска и потпретседателите ...

Една жена го загуби животот, а најмалку 29 лица се здобиле со повреди откако во неделата навечер силен земјотрес со магнитуда од 6,1 степен ја погоди северозападната турска провинција Баликешир, соопштија официјални извори. Според Би-Би-Си, министерот за внатрешни работи Али Јерликаја изјавил дека 81-годишна жителка починала кратко по извлекувањето од урнатините во градот Синдрги. Земјотресот, кој срушил 16 објекти, бил регистриран во 19:53 ...

По вооружениот инцидент денеска во Тетово, на хируршките клиники во Скопје се примени четири лица со тешки телесни повреди, информира Министерството за здравство. • КАРИЛ – 32-годишен маж со прострелна рана во пределот на граден кош. • Детска хирургија – 12-годишно дете со прострелна рана во десната натколеница. • Торакална хирургија – 37-годишен маж со прострелна рана во пределот на граден кош. • Трауматологија – 60-годишен маж со ...

Денеска (10 август 2025) во 11:22 часот, во СВР Охрид и Езерската полиција било пријавено дека на околу 30 метри од брегот, меѓу населбата и автокампот Елешец, настанал пожар во укотвен глисер. Нема повредени лица, а пожарот бил изгаснат со интервенција на Територијалната противпожарна единица Охрид и Езерската полиција. Според МВР, глисерот бил регистриран и во сопственост на 64-годишен жител на Тетово (З.Д.). Поради големите оштетувања на ...

Во 12:30 часот денеска, на крстосницата меѓу улиците „Илинденска“ и „Благоја Тоска“ во Тетово, се случила вооружена пресметка меѓу лица од две возила, по што настанала и сообраќајна несреќа. Двете возила веднаш го напуштиле местото – едното, „Форд Фиеста“ со одјавени тетовски таблички, се упатило кон улица „113“, а другото во непознат правец. На друга локација, на крстосница меѓу улиците „Благоја Тоска“ и „107“, полицијата пронашла ...

Одделот за внатрешна контрола при МВР утврди непрофесионално и неетично постапување на началник во ОВР Демир Хисар, во врска со објавеното видео од претрес во градот. Според соопштението, против него е покрената дисциплинска постапка, а заради „целосна непристрасност и објективност“ на истрагата, началникот ќе биде разрешен од функцијата. „МВР го осудува секој облик на насилство, незаконско или непрофесионално постапување. Полицијата е тука ...

Сменетиот претседател на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека неговата смена и пресудата со која е осуден на една година затвор претставуваат „пресметка на муслиманите со христијаните“. Toj одбива да ја признае одлуката и бара од Народното собрание на РС распишување референдум за негов останок на функцијата. Тој најави и нов референдум, за кој вели дека ќе се однесува на статусот на ентитетот: „Овој пат или РС ќе се доволно оддалечи ...

Вчера попладне изби шумски пожар во ловиштето „Јасен“, неколку километри по влезната капија „Кула“ од скопската страна. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk) Екипите на „Јасен“ први интервенираа на тешко пристапниот терен, а на помош им пристигнаа два ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и два полициски хеликоптери. Пред стемнување пожарот беше ставен под целосна контрола и ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев „ја почитува и целосно ја поддржува“ заедничката изјава на европските лидери за постигнување мир во Украина со заштита на украинските и европските интереси. Францускиот, италијанскиот, германскиот, полскиот, британскиот, финскиот лидер и претседателката на Европската комисија ги поздравија напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да се обиде да го стави крај на војната, ...

Ако досега при патување во странство главната грижа ви беа пасошот, парите и авионскиот билет, од октомври 2025 ќе имате и нова обврска. Повеќето земји-членки на Европската Унија и уште четири европски држави од 12 октомври ќе почнат постепено да го применуваат новиот Систем за влез/излез (Entry/Exit System – EES) за патници од земји надвор од ЕУ, соопшти Европската комисија. Со новите правила, наместо рачно печатење пасоши, ќе се воведе ...

Едно лице загина, а неколку станови и индустриски објекти беа оштетени во украински напад со дрон врз јужноруската Саратовска област, соопшти гувернерот Роман Бусаргин. На снимки објавени на социјалните мрежи се гледа густ црн чад над она што изгледа како индустриска зона. Според украински медиуми, меѓу кои и РБК-Украина, во пожар е зафатена нафтена рафинерија во градот Саратов, административен центар на регионот. „Неколку жители добија ...

Белата куќа разгледува можност украинскиот претседател Володимир Зеленски да биде поканет на планираниот состанок меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин во Алјаска, јави NBC News. Иако поканата сè уште не е официјално испратена, висок претставник на американската администрација изјавил дека ваков троен состанок е „апсолутно можен“ и дека во Вашингтон се надеваат дека ќе се реализира. Трамп претходно ...

Шведскиот премиер Улф Кристерсон предизвика лавина реакции откако во интервју призна дека повремено се консултира со ChatGPT за стратегии за водење на државата, пишува Gizmodo. „Го користам прилично често. Ако не за ништо друго, тогаш за второ мислење – што направиле другите? Дали треба да мислиме спротивно? Такви прашања“, изјави Кристерсон. Изјавата наиде на остри критики од експерти и медиуми. Вирџинија Дигнум, професорка за одговорна ...

До утрово во 09:00 часот, на територијата на Република Македонија се регистрирани вкупно 22 пожари на отворен простор, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив, активен е само еден пожар. Според информациите, активниот пожар е на подрачјето на општина Македонски Брод, во Националниот парк „Јасен“, каде гори мешана шума. Изгаснати пожари се евидентирани во повеќе региони, меѓу кои Тетово, Струмица, Новаци, Велес, Гостивар, ...

Петнаесетгодишниот Муханад Закарија Еид од Газа загина откако врз него паднала палета со храна и помош за време на воздушно доставување хуманитарни пакети, јавува „Ал Џезира“. Несреќата се случила во близина на коридорот Нетзарим, во момент кога расте меѓународната осуда на израелскиот план за преземање на најголемиот град во разурнатата енклава, каде засолниште имаат најмалку еден милион луѓе. Снимките од местото, чии автентичност е ...

На претстојните локални избори, кои спикерот Гаши ги закажа за 19 октомври и втор круг за градоначалници за 2 ноември, ќе може да учествуваат и независни кандидати. Ова произлегува од изјавата на претседателот на Државната изборна комисија, Борис Кондарко. Тој го цитираше членот 60 од Изборниот законик, според кој ДИК нема право никому да му го ускрати уставно загарантираното право да учествува на избори, да бира и да биде биран. Според ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
93%
1009
weather icon

Белград

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
93%
1010
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
0.0
91%
1010
weather icon

Софија

3ᴼ / 0ᴼ
2.06
79%
1011
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
86%
1010
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
97%
1009
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
3.09
75%
1009
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
87%
1009
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
100%
1009
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
8.05
81%
1012
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
3.09
92%
1011
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 9ᴼ
2.06
83%
1010
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Алуминиум

3.07

Кобалт

64.04

Платина

67484.42

Паладиум

54077.56

Злато

159436.20

Сребро

2497.79

Бакар

11.83

Цинк

3.29

Иридиум

215504.98

Калај

46.06

Родиум

336779.07

Рутениум

45750.51