Судот во Нови Сад пресуди дека Република Србија и Српската железничка инфраструктура им должат на семејствата на жртвите од уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад минатата година околу 166.000. Четири семејства тужеа две државни институции, од кои судот бара секоја да плати речиси 43.000 евра надомест за нематеријална штета претрпена поради смртта на близок. Според истата пресуда, обвинетите мора да им ги надоместат на ...

Претседателот на СДСМ Венко Филипче објави дека кандидат за градоначалник на Скопје ќе биде потпретседателката на СДСМ Каја Шукова. Ексминистерката за животна средина, ќе се трка во Скопје со градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски. За Општина Карпош кандидатка за градоначалник ќе биде д-р Маја Мојсова Миовска, поранешна директорка на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), додека на Општина Кисела Вода ...

Денеска (18.07.2025) околу 14 часот на патот Охрид-Кичево полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.К.(48) од Скопје, затоа што управувал патничко моторно возило “тојота” со скопски регистарски ознаки, под дејство на алкохол. Имено, по претходно добиена пријава на телефонскиот број 112 дека едно возило се движи неконтролирано по патот, преземени се соодветни мерки од страна на полициските службеници и возилото е запрено, а со ...

„Денес пред нас е исклучително значаен документ, Предлог-закон за ратификација на Договорот за стратешка соработка помеѓу Република Македонија и Унгарија. Овој договор не е обичен акт на меѓународна соработка. Тој е јасна порака на Република Македонија дека гради стабилни, долгорочни, доверливи партнерства со вистински пријатели, во време кога ни се потребни вистински партнери повеќе од било кога. Ова е втор стратешки договор што оваа власт го ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на промоцијата на новоформираната специјализирана Единица за сајбер безбедност на Министерството за внатрешни работи. „Во време на брза дигитализација и се поопасни и пософистицирани сајбер закани, Министерството за внатрешни работи презема стратешки и решителен чекор, за првпат во своето постоење, формира специјализирана Единица за сајбер безбедност. Оваа единица ќе биде клучен ...

По целосно испитување на настанот, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 11 јули, на улицата „Севастополска“ во Скопје, обвинетиот извршил грубо насилство врз градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, со кое предизвикал телесна повреда кај оштетената и чувство на несигурност, загрозување и страв во ...

Министерството за здравство ја информира јавноста дека, согласно најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во периодот од 20 до 24 јули 2025 година се очекува значително зголемување на дневните температури, кои во одделни региони може да достигнат и до 41°C. По тој повод, потсетуваме за почитување на општите препораки за заштита на населението од високи температури: -Престојувајте во затворени, разладени простории, ...

Обвинителниот акт за случајот „Пулс“, во кој се опфатени 17 лица, е доставен до Основниот кривичен суд Скопје. Четворица од обвинетите остануваат во притвор, додека за останатите 13 и понатаму се применуваат мерки на куќен притвор. Со ова се означува крајот на истражната постапка, а започнува рокот во кој странките можат да поднесат приговори пред судот да одлучи дали ќе го прифати обвинението. Во продолжение го пренесуваме соопштението во ...

На 17.07.2025 во 17.45 часот, во СВР Скопје, 68-годишна жена пријавила дека околу 15.30 часот била измамена од непознато машко лице за сума од околу 1.300.000 денари. Лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како лекар и ја убедило дека нејзината ќерка има повреди и треба итно да се оперира, по што таа ги оставила парите на договорено место. Подоцна сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за откривање на сторителот. Поврзани вести ...

Осумдесетгодишна жена од Скопје пријавила во полиција дека била измамена од лице кое ѝ се претставило како полициски службеник, потврдија од Министерството за внатрешни работи. Според пријавата поднесена на 17 јули во СВР Скопје, инцидентот се случил еден ден претходно, кога непознат маж ѝ се јавил на телефон и ѝ кажал дека нејзината внука наводно прегазила дете кое починало, и дека ќе оди во затвор ако не се „среди“ случајот. Исплашена и под ...

По јавното обраќање на родителите на трагично загинатите млади во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, од Владата реагираа со соопштение во кое ги отфрлаат како неточни наводите дека средбата со премиерот била понижувачка и нечовечна. „Во моментот се прави злонамерно дефокусирање и злоупотреба на трагичната судбина. Владата е тука за семејствата, за сè што им е потребно и секогаш ќе биде со нив, дури и кога ќе има различни мислења“, велат ...

Покренато е обвинение против претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Татјана Димитровска, која се гони за оддавање на службена тајна. Според Обвинителството за гонење организиран криминал, Димитровска, на обвинет во предметот „Адитив“ му доставувала информации кои биле тајни. Тоа го правела со месеци. „Преку својот службен телефон и апликациите Viber и WhatsApp му давала податоци на обвинетиот за поведени постапки, за ...

Подводни археолошки истражувања на албанската страна од Охридското Езеро доведоа до неверојатно откритие – населба стара меѓу 6.000 и 8.000 години, за која научниците веруваат дека е најстарата позната човечка населба изградена на брег на езеро во Европа. Тим составен од швајцарски и албански истражувачи секојдневно нурка на длабочина до три метри во близина на селото Лин, каде што внимателно се вадат дрвени столбови – остатоци од куќи, како и ...

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, денеска предложи конкретна иницијатива за надминување на блокадата на македонските евроинтеграции, упатувајќи отворена понуда до Бугарија за поднесување заедничка резолуција во Европскиот парламент, со која ќе се потврди македонскиот јазик и идентитет. „Ако Бугарија тврди дека проблемот за почетокот на преговорите со ЕУ се само Бугарите во Уставот, предлагаме да поднесеме заедничка резолуција во ЕП ...

Предистражната постапка за договорите поврзани со изградбата на Коридорите 8 и 10Д и ангажманот на американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ сè уште трае, а предметот од Обвинителството се работи во Министерството за внатрешни работи. „Предметот е во предистрага, долго трае затоа што започна од Обвинителството, ама откако истражителите заминаа во МВР, продолжи постапката таму. Целокупната постапка и сите дејствија ги преземаат ...

Поради прекин во водоснабдувањето, Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата во Козле привремено нема да прима нови пациенти на болничко лекување. Од Министерството за здравство информираат дека пациентите кои ќе имаат потреба од хоспитализација ќе бидат пренасочени кон Универзитетската клиника за детски болести и Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби. „Во меѓувреме, третманот на пациентите во ...

Сообраќајна несреќа се случи утрово околу 10:35 часот на автопатот Куманово – Скопје, во близина на хотелот „Белви“. Во несреќата учествувале три возила – товарно возило „Ивеко“ со скопски таблички, патничко „Ауди“ и патничко возило „Голф“ со кумановски регистарски ознаки, потврдија од МВР за Скопје1. Според првичните информации, сообраќајката се случила кога дошло до судир помеѓу возилата управувани од С.Д. (54), Д.Р. (31) и С.А., при што ...

На концертот на мегапопуларната британска група „Колдплеј“ во Бостон, кој се одржа во средата, љубовна сцена прикажана на големиот екран пред илјадници посетители предизвика вистинска бура на социјалните мрежи. Камерата го улови Енди Бајрон, извршен директор и основач на компанијата „Астрономер“, во близок момент со неговата шефица на одделот за човечки ресурси, Кристин Кабот – и тоа на очиглед на целата публика. Extra-Marital affair Got Caught ...

Американскиот претседател Доналд Трамп страда од хронична венска инсуфициенција, објави Белата куќа откако се појавија фотографии на кои се гледаат модринки во раката и отечени нозе. Веста беше потврдена вчера, по неколкудневни шпекулации за неговата здравствена состојба. Според портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, Трамп неодамна имал оток на нозете и бил подложен на опсежен преглед што вклучувал васкуларни тестови. Лекарите откриле ...

Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против 29-годишниот Г.П. од село Ангелци, општина Василево, кој се сомничи за сериозни кривични дела, меѓу кои два обиди за убиство, три тешки кражби и недозволено поседување оружје. Според информациите од МВР, во периодот од 2 до 7 јули, пријавениот извршил повеќе кривични дела во битолскиот регион. Најпрвин провалил во две викенд-куќи во атарот на село Крклино, каде не одзел ништо, ...

Актерот Тони Михајловски, во емотивен и критички интониран настап во подкастот „Претрес со Ландов“, зборуваше за личното разочарување од македонската реалност, трагедијата во Кочани, одговорноста на неговата генерација и песимизмот за иднината на државата. „Во 2021 година првпат ми дојде желба да ја напуштам Македонија – и тоа на 54 години“, изјави Михајловски, потенцирајќи дека чувството на беспомошност и апатија е резултат на континуираното ...

Голем пожар кој вчера избувна во близина на селото Бујковци, се прошири кон индустриската зона „Бунарџик“ и зафати дел од покривот на црквата во близина на селото Мршевци. Интервенцијата на терен ја водеа скопските пожарникари, со помош од касарната „Ѓорче Петров“, единици од Кавадaрци, како и специјализираните тимови на Дирекцијата за заштита и спасување – „БТР“ и „Хермелини“. View this post on Instagram A post shared by Мк Пиреј (@mk.pirej) ...

Додека болницата за деца со респираторни заболувања во Козле е без капка вода, а жителите на Водно, Ченто, Маџари и Железара се справуваат со рестрикции и часови без водоснабдување – еден жител на Црешево бил затекнат како полни личен бунар со вода од јавниот водоводен систем. Инспекциските служби на Општина Гази Баба му издадоа прекршочна казна во висина од 200 евра – прва санкција за злоупотреба на вода во услови на сериозна водоснабдителна ...

„Одредете си цена за вашите деца“ – оваа реченица, како што објавува „Здружението на граѓани 16-ти Март 2025 Кочани“ ја изрекол премиерот Христијан Мицкоски на средбата со родителите на трагично загинатите млади во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. По средбата одржана на 7 јули во Владата, Здружението денеска излезе со обраќање до јавноста. Родителите, видно вознемирени од односот на институциите и содржината на состанокот, обвинуваат ...

Трагичен инцидент вчера попладне ја потресе Струмица, откако избувна пожар во стан на четврти кат од колективна станбена зграда на улицата „Б.Ј. Мучето“. Екипите на Територијалната противпожарна единица Струмица интервенирале со три противпожарни возила и седум пожарникари-спасители. За време на интервенцијата, за жал, во зафатениот стан било пронајдено едно починато лице. Сите останати станови беа заштитени од огнената стихија, а жителите на ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во „Само Интервју“ на телевизија Канал 5, се осврна околу блокадите од страна на Бугарија и условите кои и ги поставуваат на државата за влез во ЕУ. Премиерот потенцираше дека Македонија нема да стане членка на ЕУ по секоја цена, затоа што овој народ и Македонија дале премногу изминативе повеќе од 30 години. „Сите сме за ЕУ, и сите сакаме да бидеме во ЕУ, но не по секоја цена. Затоа што да беше ова ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, вечерва во „Само интервју“ на Телевизија Канал 5, зборувајќи за односот на Бугарија кон нашата евроинтеграција кажа дека барањето на Бугарија не се само Бугарите во Устав, и дека тоа е само почеток, а не како што говори и СДСМ дека потоа не чека отворен пат. „Ајде да направиме велам еден обид, а тој обид е Европскиот парламент со мнозинство гласови да донесе одлука со која што или резолуција, или ...

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци. Возилата се пренасочуваат кон Петровец. „Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот, за што сооодветно ќе известиме“, велат оттаму. ...

Oд редовите на Охрид потврдија дека момчето кое загинало утрово со мопед откако се удрил во столб е млад фудбалер на нивниот клуб. Станувало збор за Анастас Каровски кој имаше само 16 години. Несреќата се случила на регионалниот пат Охрид – Свети Наум, помеѓу населбата Рача и стариот влез за хотелот Парк, а случајот во полиција бил пријавен околу 1.40 по полноќ. Каровски се здобил со тешки телесни повреди, а им подлегнал на повредите откако ...

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, ја отфрли критиката на опозицијата во врска со предложените измени на Законот за полиција, нарекувајќи ги „лажни тврдења и политички инсинуации“. „Станува збор за тенденциозно извртување на фактите со цел политичко профитирање и свесно ширење дезинформации“, изјави Тошковски. Според него, новиот предлог-закон не само што не дозволува политички унапредувања, туку воведува построги, јасно ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
93%
1017
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
7.2
82%
1019
weather icon

Загреб

2ᴼ / 0ᴼ
5.14
90%
1021
weather icon

Софија

3ᴼ / 2ᴼ
3.09
72%
1019
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
6.31
94%
1021
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 0ᴼ
1.54
95%
1020
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
2.68
92%
1014
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
71%
1014
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
100%
1014
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
11.83
93%
1025
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
4.12
71%
1023
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
5.14
82%
1020
Currency

61.545

Currency

52.1668

Currency

70.5371

Currency

35.0381

Currency

38.2156

Currency

66.2688

Currency

7.43314

Currency

0.66136

Currency

0.3354

Currency

0.52426

Currency

1.21929

Currency

0.58382

Сребро

2314.89

Цинк

3.09

Иридиум

145787.60

Платина

73500.79

Кобалт

58.42

Калај

43.79

Алуминиум

2.95

Рутениум

29192.88

Родиум

263636.12

Злато

144308.60

Паладиум

59028.77

Бакар

11.33