Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека измените на Законот за внатрешни работи и Законот за полиција претставуваат суштинска, а не козметичка промена, насочена кон темелна реформа на полицијата и институционално јакнење на МВР. „Ова не е законска козметика, туку суштинска промена што произлегува од анализа, дијалог и заедничка работа. Вклучени беа стручните служби на МВР, претставници на синдикатите, независни експерти и ...
Голем пожар избувна во Општина Желино, доцна попладнево. Според неофицијални информации на „Скопје1“ истиот е подметнат и за тоа веќе постојат докази. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk) Првично дознаваме дека се најдени гуми, кои најверојатно, се полеани со нафтен дериват, запалени и пуштени да се тркалаат по зелениот појас, каде има и сува трева. На терен интервенираат противпожарни единици, како и ...
Потпретседателката на СДСМ и поранешна министерка за животна средина, Каја Шукова започна со ветувања за изборите. На денешната прес-конференција, Шукова ја претстави својата визија за, како што рече, чисто, уредено и безбедно Скопје – град што ќе им припаѓа на сите граѓани, без оглед на политичката припадност. „Се кандидирам да бидам градоначалничка на сите скопјани, без разлика дали се поддржувачи на СДСМ, на ВМРО-ДПМНЕ или на ниту една ...
Во политичката арена на Македонија се отвори нов фронт на остри меѓупартиски обвинувања – овојпат со тврдења за странски хибридни напади и внатрешни предавства, проследени со жестоки контранапади за параноја и дефокус од реалните проблеми. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, излезе со сериозни обвинувања за, како што вели, координирана дискредитациска операција водена од бугарски служби со помош на домашни актери. Според него, мета на ...
Новиот предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за полиција предизвика силни политички тензии, откако од СДСМ го оценија како опасен чекор кон целосна партизација на МВР и узурпација на безбедносниот систем, додека од ВМРО-ДПМНЕ возвратија дека станува збор за намерни манипулации и дефокус од реалните успеси на Владата. На прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, остро го критикуваше министерот за внатрешни ...
Велосипедист од Тетово им подлегнал на повредите по тешка сообраќајна несреќа што се случила попладнето на 18 јули на улицата „Љубо Божиновски Пиш“ во Тетово, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите од СВР Тетово, несреќата била пријавена во 15:30 часот. До неа дошло кога патничко возило марка „Голф“, управувано од 42-годишниот Т.И. од Тетово, удрило во велосипедистот С.С. (68), исто така од Тетово. Повредениот ...
Во текот на 18 и 19 јули 2025 година, низ неколку градови во државата се случиле серија сообраќајни несреќи со најмалку шест тешко повредени лица, покажуваат податоците од Министерството за внатрешни работи. Најтешкиот инцидент е регистриран на влезот во селото Негорци, кај Гевгелија, каде мотоциклист управувал под дејство на алкохол. Според полицијата, несреќата се случила на 18 јули околу 13:15 часот, кога мотоцикл марка „Хамачи“ управуван ...
Во текот на 18 и 19 јули, полицијата регистрирала неколку инциденти поврзани со физичко насилство и закани, најмногу во регионот на Струга и Дебар. Најсериозниот случај е пријавен во Струга, каде што на 18 јули на паркинг просторот на улицата „Владо Малески“, неколку лица физички го нападнале 29-годишниот С.М. и неговата сопруга, двајцата жители на Струга. Полицијата работи на целосно расчистување на случајот и идентификација на напаѓачите, по ...
Фото: Илустрација Седум лица, меѓу кои и едно малолетно дете, се хоспитализирани поради вдишување чад во пожар што изби на 18 јули попладне во стан на булеварот „Кочо Рацин“ број 75 во центарот на Скопје. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, пожарот избувнал околу 16:30 часот, на вториот кат од зградата, а засега причините за неговото настанување се непознати. На лице место интервенирале полициски службеници од Полициската ...
Полициски службеник бил физички нападнат ноќеска на Средно Водно во Скопје, додека вршел легитимирање на лице на паркинг просторот, соопшти Министерството за внатрешни работи. Инцидентот се случил на 19 јули околу 02:10 часот, кога полициска патрола од единицата за интервентна полиција се обидела да легитимира машко лице. Наместо да соработува, лицето почнало да упатува навреди и пцовки, а потоа со двете раце го удрило еден од полициските ...
Во раните утрински часови на 19 јули во скопската населба Илинден се случил инцидент при кој е оштетено службено полициско возило, откако едно лице физички го нападнало автомобилот со тврд предмет, информира Министерството за внатрешни работи. Според податоците, околу 01:15 часот на улицата „Благоја Стефковски“, полициски службеници му дале знак за запирање на патничко возило „Пежо“ со скопски регистарски таблички, кое не застанало веднаш, ...
По години исчекување, дигиталната платежна услуга Apple Pay конечно би можела да стане достапна и за корисниците во Македонија. Иако сè уште нема официјална потврда од Apple или од домашна банка, веќе неколку извори од банкарскиот сектор информираат дека се финализираат техничките подготовки и преговори за воведување на оваа услуга. Според неофицијални информации, Apple Pay во Македонија би можел да стартува веќе кон крајот на 2025 година. ...
„СДС под водство на Венко Филипче покажа само една работа – дека секогаш може да се оди подолу, дека дното е се подлабоко и подлабоко. Филипче е како жив песок, само ја влече надолу партијата. Ова се виде во овој последен период во кој никој жив не му прифаќаше да биде кандидат за ниту една општина, посебно за Скопје каде никој не сакаше да излезе на трката избори за градоначалник на Скопје, па по низа истакнати имиња кои очигледно сам си ги ...
На бел лист А4 формат, со ракопис испишани ознаки и насоки, како и неколку стрелки кои се губат меѓу нечитливи зборови – вака изгледа официјалниот „План за евакуација“ во Јавната здравствена установа во Неготино. Фотографијата ни ја испрати загрижен читател, по што со право се поставува прашањето: дали ова е навистина план што треба да спаси животи во случај на пожар, земјотрес или друга опасност? View this post on Instagram A post shared by ...
Актерот и поранешен кандидат за градоначалник на Куманово, Тони Михајловски, првпат јавно прозборе за своето искуство од локалните избори во 2021 година, во подкастот „Претрес со Ландов“. Тој вели дека бил оставен на цедило и отфрлен, и тоа од страна на луѓе кои првично го поддржале. „Како не, тоа е шут во дупето. Што ја напиша Коле Ангеловски – ‘клоца у г’з’. Јас сум многу голем емотивец, тука ми е и најголемиот проблем“, рече Михајловски. ...
СДСМ ја обвини Владата и раководството на ЕСМ дека ја довеле најголемата енергетска компанија во државата до катастрофална состојба. Според партијата, ЕСМ за само три месеци во 2025 година направила загуба од 45 милиони евра, што е за 11 милиони евра повеќе од истиот период лани. „Ова се резултатите од ‘дрим-тимот’ на Мицкоски и Божиновска во енергетиката. Ова е реалноста, а не манипулациите и лажните трибински говори“, стои во реакцијата на ...
Четири месеци по трагедијата што го потресе Кочани и целата држава, Здружението на граѓани „16 март 2025 Кочани“ вечерва го организира 15. по ред „Марш на ангелите“. Маршот, посветен на сеќавањето на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“, ќе започне во 18:05 часот, од Паркот на револуцијата. Во соопштението од Здружението, родителите на жртвите повикуваат на заеднички тивок марш – како симболично потсетување на институционалниот молк и ...
Во изминатото деноноќие низ Македонија биле евидентирани вкупно 35 пожари на отворен простор, покажува најновиот билтен на Центарот за управување со кризи (ЦУК), објавен утрово до 09:30 часот. Од нив, четири пожари сè уште се активни, четири се ставени под контрола, додека 27 се изгаснати. На терен и натаму се води борба со огнот на неколку локации низ земјата: Василево, село Нивичино – гори нискостеблеста шума. Македонски Брод, село Грешница ...
По повеќе од две години отсуство, актерот Кирил Поп Христов – попознат како Кили – се појави повторно на социјалните мрежи. Со кратка, но впечатлива објава во која самиот ја нарекува своја „мала уметност“, Кили ги изненади и воодушеви своите следбеници. Реакциите не изостанаа – обожавателите го пречекаа со воодушевување. „Еден и единствен“, „Те обожавам“, „Кили – легенда“, „Поздрав, легендо!“ се само дел од коментарите што за кратко време ја ...
Најмалку 19 лица се повредени во несреќа со огномет што се случила во петокот навечер за време на саем во германскиот град Дизелдорф. Меѓу повредените има и најмалку едно дете. На местото на настанот интервенирале околу 80 пожарникари и спасувачи. Nothing to see here just a *liiiiiittle* accident when a rocket fell and ignited a large part of the entire fireworks depot at the annual Düsseldorf fireworks display all at once 🫠 ...
Во киевската подземна железница избувнал инцидент откако патничка почнала да извикува проруски слогани, соопшти полицијата. Според информациите, нејзиното однесување предизвикало гнев кај друг патник, кој ја нападнал и ја удрил жената. 😱Incident in Kyiv metro: man allegedly beat a woman for shouting pro-Russian slogans A conflict broke out in a subway car after a woman reportedly shouted slogans like “Glory to Russia — death to khokhols.” One ...
Во петокот, Словенија го легализираше потпомогнатото самоубиство, што граѓаните го поддржаа на минатогодишниот референдум, објави Н1 телеивизија. Парламентот го усвои законот со 50 гласа „за“ и 34 „против“, а тројца претставници беа воздржани. Законот им дава право на луцидни пациенти кои страдаат од неизлечиви болести и чие страдање или здравствена состојба е неподнослива да го прекинат својот живот, освен во случај на ментални болести. Може ...
„Откако ги узурпираше раководните позиции во сите институции, моноетничката влада на ВМРО сега одлучи да ги исчисти редовите на редовната полиција од Албанци. Со новите измени предложени во Собранието, бришењето на членот 96, кој предвидува правична етничка и родова застапеност, не е единствената промена што ги засега Албанците. Дополнително, предлогот предвидува полицијата да може да врши и вработувања без оглас. Кога ќе го разгледаме ...
Во скопската Зоолошка градина беше извршена првата високо стручна интервенција за седација на шимпанзо – процедура која се смета за една од најсложените во светот на ветеринарната медицина. Поводот беше несреќа при игра помеѓу шимпанзата Коко и Изи, кои живеат заедно веќе неколку години. „Како и кај сите блиски односи, понекогаш дури и најдобрите пријатели знаат да се налутат“, велат од Зоолошката. Малото недоразбирање помеѓу двете шимпанза ...
Игор Џамбазов прави концерт во Охрид по 27 години, утре, на Античкиот театар. Има уште достапни карти, а од кусата прес-конференција го поздрави Министерството за култура, предводено од неговиот колега Зоран Љутков, за кое кажа дека ниту овојпат не му дало средства за организација на овој настан кој ќе се памети. „Да се заблагодарам и на Министерството за култура, што не ми даде пари за овој концерт и уште еднаш ме увери мене и вас, дека нѐ ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, во врска со изјавата на премиерот Мицкоски за поднесување заедничка резолуција со Бугарија во Европскиот парламент за македонскиот јазик, посочи дека вакви сериозни прашања се дискутираат како предлог во Собранието, каде што учествуваат сите политички партии. „Сметам дека е крајно несериозно такви сериозни предлози да се даваат од ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која се однесува на давање согласност за кандидатури за градоначалници за претстојните локални избори. Одлуката се однесува на кандидати за градоначалници за уште 16 општини, меѓу кои и кандидат за Град Скопје, односно потпретседателката на СДСМ, Каја Шукова. Во продолжение е ...
Жителите на околу половина населби во Скопје, среде температурниот пекол се жалат дека немаат вода и нормални услови за живот. И детската болница во Козле втор ден е оставена без вода. Пред влезот на установата каде се лекуваат деца, има цистерна за техничка вода.Доколку продолжи катастрофава, може болницата и да се затвори. Освен детската болница Козле, ист проблем веќе 20 дена имаат и жителите на населбата Автокоманда . Нормални услови за ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека ќе ја помилува 25 годишната девојка, која во јануари со својот автомобил удри студентка што протестираше во Белград. Вучиќ рекол дека ќе ја аболира 25 годишната девојка која е осомничена за убиство во обид доколку за тоа се согласи нејзиното семејство. ,,Taa девојка со ништо не го заслужи тоа обвинение. За мене е ужасно што како претседател кој до пред неколку недели не издаде ниту едно ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Кока-кола се согласила да користи вистински шеќер од трска во своите пијалаци во Америка. Кока-кола става пченкарен сируп во своите американски производи, но министерот за здравство Роберт Кенеди Џуниор бил загрижен за неговото влијание врз здравјето. „Зборував со компанијата за користењето на вистински шеќер во кока-колата во САД и тие се согласија.Ќе видите, сега ќе биде подобра. Би сакал да ...