Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Неколку куќи во селото Рудинци, општина Старо Нагоричане, биле зафатени од пожарот што избувна во петокот навечер, потврди за Трн.мк Далибор Трајковски, командир на Територијалната противпожарна единица. Дел од опожарените куќи биле населени, а дел празни. Точниот број на уништени објекти сè уште не е утврден. Огнената стихија, која се ширела со извонредна брзина, зафатила непристапни терени, како ридови и долови, а во еден момент дури ...
По неколку години отсуство, споменикот на македонскиот револуционер Андон Лазов Јанев – Ќосето повторно е поставен, а градоначалничката Данела Арсовска објави и фотографии од споменикот кој беше отстранет во времето на претходното градско раководство. Контроверзната статуа беше отстранета од поранешниот градоначалник Петре Шилегов во февруари 2018 година, бидејќи бил дивоградба, а беше поставен пред судовите во 2014, кога градоначалник беше ...
Синоќа во Нова Битола изби пожар при што гореше сува трева и паркова површина во близина на станбените згради познати меѓу жителите како „социјални згради“. Настанот предизвика вознемиреност кај граѓаните, бидејќи огнот се приближи до населената зона. Според информациите од Територијалната противпожарна единица – Битола, веднаш по пријавата од локалното население, интервенирале противпожарни екипи на терен. – Гори сува трева во непосредна ...
Германската полиција од Улм соопшти дека постои сомневање дека свлечиште предизвикано од силното невреме може да е причината за тешката железничка несреќа што се случи синоќа во близина на Ридлинген, во сојузната покраина Баден-Виртемберг. Во трагичниот инцидент животот го загубија три лица, а околу 50 се повредени, од кои 25 се здобиле со тешки повреди, информираа германските власти. Меѓу загинатите се и машиновозачот, како и уште еден член ...
Граничниот премин „Меџитлија“ беше затворен повеќе од два часа попладнево поради пожар во близина на границата, што предизвика целосен застој на сообраќајот и хаос за стотиците патници кои се обидуваа да преминат меѓу Македонија и Грција. Патници кои се затекнале на преминот сведочат дека иако по два часа чекање на грчка страна биле информирани дека преминот е повторно отворен, по минување на македонската пасошка контрола биле сопрени на ...
Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против мајка од гостиварско за која постои основано сомнение дека спрема нејзините две деца – девојче родено 2015 година и момче родено 2022 година, сторила кривично дело – Запуштање и малтретирање дете од член 201 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. Таа исто така се сомничи и за – Производство и дистрибуција на детска порнографија ...
Пожарите што последниве денови зафатија делови од државата станаа причина за нова пресметка меѓу владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Двете партии преку официјални соопштенија се обвинија за негрижа, политичка манипулација и прикривање на одговорноста за состојбата со противпожарната заштита. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ за време на своето владеење оставила противпожарните единици без опрема, дека не е набавено ниту едно летало или ...
На 26.07.2025 во 16.40 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода А.Ќ.(31) од Република Албанија, со живеалиште во гостиварско, нејзината сестра М.Ј.(22) тетовско, додека на 27.07.2025 од слобода била лишена и нивната пријателка Е.И.(23) од тетовско, постапувајќи по претходна пријава од 34-годишниот сопруг на А.Ќ. дека во периодот додека престојувале во Италија, А.Ќ., М.Ј. и Е.И. снимиле и му пратиле видео ...
Се огласи Солза Грчева, во врска со посетата на активистката Грета Тунберг на Македонија и учеството на протесната блокада за спас на Дошница на Кожуф. Грчева смета дека Грета е злоупотребена за политички цели. Еве што напиша на ФБ. „Не знам какво е вашето мислење, но јас имам чувство дека девојчено Грета Тунберг е злоупотребувано во политички цели. Тоа чувство го имам уште од нејзиниот, прилично детски настап во ОН. Прво, протестира ...
Кандидатката за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, денес заедно со Костадин Ацевски, кандидат за градоначалник на општина Ѓорче Петров од СДСМ, ја најавија реализацијата на еден од најважните инфраструктурни проекти за општината, решавање на проблемот со водоснабдувањето. „Денес во Ѓорче сме со Каја Шукова за да заеднички го адресираме еден од најгорливите проблеми со кои секојдневно се соочуваат жителите на нашата општина, проблемот со ...
Снимка на која се гледа физичка пресметка меѓу две лица, од кои едното држи секира, предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, откако беше објавена од случајни минувачи. Според неофицијални информации, инцидентот се случил вчеравечер во центарот на Струмица, а видеото прикажува како вербална расправија преминува во турканица и отворена тепачка на улица. На видеото се гледа дека едно од лицата замавнува со секира, додека друго возвраќа ...
Група од четири деца, меѓу кои три девојчиња и едно момче, биле изложени на вербален и физички напад од друга група деца на Школка во Градски парк, објави загрижена мајка на едно од нападнатите деца. Инцидентот се случил пред два дена, кога децата мирно седеле, по што им пришла група од околу 5 до 6 деца на возраст од 12 до 13 години, кои почнале да дофрлаат навредливи зборови како „секташи“ и „педери“. Иако нападнатите деца не реагирале, едно ...
Израелските одбранбени сили (IDF) денеска најавија воведување на локална тактичка пауза на воените активности во појасот Газа, која ќе се применува секојдневно од 10:00 до 20:00 часот (07:00–17:00 GMT), и тоа во области каде што израелската војска моментално не спроведува операции, меѓу кои ал-Маваси, Деир ал-Балах и градот Газа. Според соопштението на IDF, одлуката е донесена во координација со Обединетите нации и меѓународните хуманитарни ...
Во јасен показател за продлабочување на односите меѓу Русија и Северна Кореја, денес започнуваат директни патнички летови меѓу Москва и Пјонгјанг, што претставува прва редовна авионска врска меѓу двата главни града по речиси три децении. Според руски воздушни блогови, оваа новина доаѓа по обновувањето на железничката патничка линија меѓу двете земји во јуни и означува прво вакво поврзување од средината на 1990-тите. Руската сојузна агенција за ...
Американските власти потврдија дека е уапсен 42-годишен маж осомничен за брутален напад со нож во продавница Волмарт во малиот град Траверс, во северниот дел на сојузната држава Мичиген. Како што пренесе Fox News, напаѓачот, кој делувал сам, влегол во продавницата и со склопив нож нападнал десетина лица. Според шерифот на округот Гранд Траверс, Мајкл Ши, идентитетот на осомничениот сè уште не е објавен, но тој бил приведен за неколку минути по ...
Во изминатото деноноќие, Центарот за управување со кризи (ЦУК) евидентирал вкупно 33 пожари на отворен простор низ земјава. Од нив, 12 се сè уште активни, 5 се ставени под контрола, додека 16 се целосно изгаснати. Меѓу најкритичните активни пожари се издвојуваат оние во Василево, Прилеп, Македонски Брод, Крива Паланка и Петровец, каде што гори мешана шума, бор, нискостеблеста вегетација и сува трева. Во некои региони, како Прилеп и Василево, ...
Со транспарент, „Слушнете го гласот на оние што повеќе не можат да зборуваат“, родители, роднини и пријатели на загинатите и повредените во кочански „Пулс“ испратија уште една порака до јавноста и правосудната власт. Тие се обратија и посочија: „Оддаваме почит на жртвите од земјотресот во Скопје и се сеќаваме на храброста на сите кои помогнаа да се роди урбано и модерно Скопје. Пред четири месеци се случи најголемата трагедија во поновата ...
Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, денес го посети пазарот во Тафталиџе заедно со Маја Мојосова, кандидатка за градоначалничка на општина Карпош. „Денес бевме на пазарот во Тафталиџе заедно со Маја Мојосова, нашата кандидатка за Карпош. Ги слушнавме од прва рака проблемите на пазарџиите,“ изјави Шукова. Таа посочи дека условите за работа се лоши, особено при екстремно високи температури. „На вакви пеколни ...
Основното јавно обвинителство Тетово поведе истрага против 48-годишен маж, осомничен за посредување при вршење проституција, кривично дело казниво по член 191 став 2 од Кривичниот законик. Според обвинителството, осомничениот во изминатите два месеца повеќепати обезбедувал клиенти за 23-годишна државјанка на Косово, која била сместена во неговиот мотел. Девојката наплаќала за сексуалните услуги, а најголемиот дел од заработката му го давала на ...
И денеска продолжува потрагата по 16-годишното девојче кое беше повлечено од водите на реката Вардар, информираат од МВР. Спасувачките екипи се на терен и интензивно трагаат по исчезнатото лице. Надлежните информираат дека потрагата ќе продолжи сè додека девојчето не биде пронајдено, при што се ангажирани припадници на полицијата, нуркачи, Армијата и други служби за спасување. Поврзани вести преку ознаки: вардар, девојче, исчезната ...
Полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода 43-годишниот А.Д. од Скопје, кој вечерта на 25 јули 2025 година околу 21:55 часот, предизвикал сериозен инцидент во хотелски комплекс лоциран на охридското крајбрежје. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, А.Д. со нож физички нападнал две лица вработени во хотелот, при што им нанел повреди, по што продолжил да оштетува дел од хотелскиот инвентар. Благодарение на ...
Потпретседателката на СДСМ и кандидатка за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, денеска испрати силна и емотивна порака до скопјани, по повод 62-годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди градот во 1963 година. Шукова потсети на солидарноста и заедништвото со кои Скопје беше изградено одново и порача дека токму тие вредности мора повторно да го поведат градот напред. „Скопје беше повторно изградено со срце, со волја и пред сѐ со ...
Познатата инфлуенсерка и ТВ водителка, Миа Костова, во „Претрес со Ландов“ зборуваше за здравствената состојба на Владимир Блажев-Панчо, кој и натаму е на лекување во „Систина“. Посочува дека физички е многу подобар, како и дека ќе треба долго време за да зараснат изгорениците. На психичката состојба и натаму се работи. „Имам информација дека е многу подобар, дека како и за сите повредени во Кочани и за него ќе треба многу време за ...
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски упати остар одговор на критиките од неговиот претходник Бујар Османи, обвинувајќи го за политички двојни стандарди и користење на соживотот како инструмент за партиски притисок. Реакцијата во целост: „Интересно е како некои личности, кога се на власт, се прогресивни Европејци, а штом ќе дојдат во опозиција, одеднаш стануваат апостоли на дестабилизација и поделби. Османи беше дел од власт во која ...
Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Шкотска во рамки на четиридневна посета на Европа, при што повторно ги шокираше европските лидери со остри коментари за миграцијата, политиката за енергија и иднината на континентот. Иако посетата е неофицијално најавена како приватна и во голем дел поврзана со голф, Трамп веднаш по слетувањето на аеродромот Прествик во Аиршир, изјави дека „Европа е под закана од ужасна инвазија на илегални ...
Дванаесет лица се приведени во ноќна полициска акција на локалниот пат од селото Миравци кон излетничкото место „Бел Рај“ во близина на Гевгелија, откако кај нив била пронајдена дрога, соопшти Министерството за внатрешни работи. Акцијата е спроведена во ноќта меѓу 25 и 26 јули, во периодот од 22:00 до 03:00 часот, од страна на полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија. Приведени се: седум лица од Скопје: Б.Ј. (25), С.Н., М.К. (31), ...
Изјавата на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски во врска со кандидатурата на Бујар Османи за градоначалник на Чаир, предизвика остра политичка полемика во јавноста. Муцунски, во интервју за ТВ Канал 5, оцени дека Османи со својата кампања и последните изјави испратил „опасни наративи“ кои, според него, повикуваат на редефинирање на државата и загрозување на нејзиниот унитарен карактер. Министерот вели дека се работи за концепт кој ...
Снимка на која се гледа како дваесетина автомобили поминуваат наплатна рампа без запирање и без очигледно да платат патарина, предизвика бурни реакции на социјалните мрежи и отвори прашања за контрола и (не)еднаквост пред законот. Видеото, снимено на патарината кај Гостивар, стана вирално, а неговиот објавувач саркастично напиша: „Патарините за едни се мајка, за други маќеа“. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во тек се жестоки борби околу градот Покровск, во источниот дел на земјата, кој претставува важно логистичко јазол. Руските сили во изминатите денови речиси секојдневно објавуваат дека освојуваат села во неговата близина. Во своето редовно вечерно обраќање, Зеленски нагласи дека врховниот командант на украинската армија, генерал-полковник Олександр Сирски, на состанок со високи воени и ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, осомничени дека заедно како група извршиле кривично дело „Насилство“ согласно член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. Според обвинението, инцидентот се случил на 24 јули во селото Орешани, откако осомничените – на возраст од 39 и 31 година – сметале дека едно лице украло лубеници од нивата на ...