Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
За првпат, средните училишта во земјава ќе имаат образовни асистенти, откако стапи на сила законското решение кое треба да ја унапреди инклузивноста, информираат од ВМРО-ДПМНЕ, реагирајќи на повикот на СДСМ за ревизија на огласот за ангажирање асистенти. „Ангажирањето не го врши Министерството за образование, туку училиштата во координација со ресурсните центри. Процесот е транспарентен, а самите асистенти се ангажираат на определено време и ...
По одличниот успех во Охрид, иницијативата на Mozzart „Фудбалот е повеќе од игра“ триумфално пристигнува во срцето на Велес. Градот добива современ фудбалски терен, кој гордо ќе го носи името на легендарниот Панче Ќумбев – велешанец кој го симболизира спортскиот жар, неуморна посветеност и љубовта кон играта. Свеченото отворање ќе се одржи на вторник, 22 јули 2025 година, во 18:00 часот. Локација: Улица Петре Прличко бб „Ги покануваме сите ...
Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска, подолг период не доаѓа на работа поради мерки изречени од надлежен суд, соопштија денеска од Антикорупциската комисија. Иако е отсутна, од Комисијата не побарале нејзина оставка ниту иницирале постапка за разрешување. Во соопштението се посочува дека поднесувањето оставка е лична одлука и морален чин на самата претседателка, а дека решението за евентуален ...
Директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов, како што објави на својот профил на ФБ, по една година непрекината работа без користење одмор, најави дека заминува на неколкудневна пауза по интензивната и исцрпувачка борба со пожарите во струмичкиот регион. ЕКИПО, ОДАМ НА НЕКОЛКУДНЕВНА ПАУЗА И така веќе една година откако сум назначен за Директор немам користено одмор, па штом незнам редовно, еве тогаш присилно. Среќен сум што Славе го ...
Од ноќеска на полноќ, малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и БС-98 се намалуваат за половина денар по литар, додека цената на дизелот и екстра лесното масло останува непроменета. Намалување има и кај мазутот, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Според новата одлука, што стапува на сила од 22 јули 2025 година, малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 0,42% во однос на претходната одлука. ...
На граничниот премин „Капитан Андреево“, на бугарско-турската граница, бугарските власти открија и запленија 206 килограми кокаин, сокриени во пет куфери во комбе со белгиски регистарски таблички. Според бугарските медиуми, ова е најголемата заплена на кокаин досега регистрирана во земјата. Комбето го управувал 43-годишен бугарски државјанин, а со него биле уште двајца осомничени – дипломат од Демократска Република Конго и 54-годишен ...
Долги колони возила и значителни задржувања се бележат денеска на граничниот премин Богородица, како и на грчкиот Евзони, каде што за влез во Грција се чека и по повеќе од три часа. Според информации од возачи кои се наоѓаат на граничниот премин, задржувањата на македонска страна изнесуваат околу 45 минути, додека најголемите гужви се на грчка страна, каде колоните се движат бавно, а чекањето достигнува и по повеќе од два часа. Големиот метеж ...
Тринаесетгодишно девојче од радовишко заврши со телесни повреди откако, според нејзините искази, била нападната од сопствениот татко и брат. Инцидентот се случил на 20 јули, а случајот бил пријавен во 04:25 часот по интервенција на Итната медицинска помош во Радовиш. Лекарите пријавиле дека девојчето побарало лекарска помош со видливи повреди, за кои изјавила дека ѝ биле нанесени од нејзиниот татко И.А. (46) и брат А.А. (21). По пријавата, ...
Најмалку 116 лица загинаа во неделата во нов напад во Појасот Газа, откако израелските сили отвориле оган и извршиле гранатирање врз Палестинци кои се обидувале да дојдат до хуманитарна помош, соопшти Цивилната заштита во Газа. Според нивните податоци, само во неделниот инцидент загинале 93 лица, а бројот на повредени е значително поголем. Очевидци сведочат дека израелски тенкови пукале „неселективно“ врз луѓето. Еден од нив изјавил: ...
Неделава почнува екстремн топлиот бран, со многу високи температури. Најсвежо ова утро е во Берово со измерена најниска минимална температура на воздухот од 12 степени. Од УХМР соопштија дека ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. -Максималната температура ќе биде во интервал од 33 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималната ...
На Француските Алпи се случи трагедија во која британска државјанка го загуби животот на рафтинг. Несреќата се случила во саботата кратко попладне на реката Гисан во близина на Бријансон, во југоисточна Франција. Како што потврди регионалната обвинителка Марион Лозахмер за француската агенција АФП, жената паднала од сплавот за време на спуштањето. Британката била дел од организирана туристичка тура и паднала од чамецот на предизвикувачкиот дел ...
Полициски хеликоптер Бел‑412 од Одделот за воздухопловни единици изведе повеќе прецизни налети над пожарот кај с. Нивичино, општина Василево. Со маневри на само неколку метри од патот и објектите, екипажот обезбеди безбеден коридор за доброволците и жителите, овозможувајќи нивна евакуација и повлекување на сигурен терен. -Полициски хелиокптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици дејствуваше на пожар во Василево, с. Нивичино. ...
Во врска со предлогот на Антонио Милошоски за заедничка резолуција со Бугарија во Европскиот парламент за потврда на македонскиот идентитет и јазик, проф. д-р Катица Ќулафкова реагира со остро несогласување. Таа смета дека таквиот чекор е крајно неодговорен и претставува „еден вид руски рулет за Македонија“, бидејќи македонскиот јазик е веќе признат факт во науката, политиката и културата. Поврзани вести преку ознаки: бугарија, Катица ...
Водачот на еквадорската банда Адолфо Масијас Виљамар, познат по прекарот Фито, е екстрадиран во САД, каде што ќе се соочи со обвиненија за трговија со дрога и оружје. Масијас беше повторно уапсен во јуни, речиси една година откако избега од затвор со максимална безбедност, каде што отслужуваше 34-годишна казна за низа кривични дела. Kако што изјави неговиот адвокат за Ројтерс, Фито денес ќе се појави пред федералниот суд во САД, каде што ќе се ...
Доцна попладнево, на пешачката патека меѓу хотелот „Инекс“ и излезот кон плажата во Охрид, е пронајдено безживотно тело на маж. Според првичните и неофицијални информации, лицето е идентификувано и се работи за маж кој, наводно, имал здравствени проблеми. Се претпоставува дека причината за смртта е срцев удар. Локацијата на која е пронајдено телото се наоѓа во непосредна близина на претседателската вила. Местото е обезбедено, а полициски екипи ...
Денеска (20.07.2025) околу 8 часот во Тетово полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишија од слобода А.С.(45) од с.Горно Палчиште, о.Боговиње. При контрола на патничко возило “ауди” со тетовски регистерски таблички, кое А.С. го управувал, пронајдени се 49 кутии со филтри за цигари, 70 штеки со по 10 кутии цигари, 19 машинки за полнење на цигари и 98 килограми дробен тутун. ...
„До нас стигнаа информации кои укажуваат на јасна поврзаност на бугарската антимакедонска пропаганда и политички структури поврзани до и од СДС“ , вели Миле Лефков и додава: „Според тие сознанија, постои целосна поврзаност и соработка кон негирање на македонскиот идентитет и јазик, и напад на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски, кои се единствена брана за македонските интереси. Информациите говорат дека одредени кругови во СДС и блиски ...
Денеска, на исклучително тежок и непристапен терен во близина на Пелистер, беше спроведена сложена спасувачка акција за извлекување на повреден планинар со скршеница на нога. Во акцијата учествуваа тројца припадници на Одделот за воздухопловни единици и четворица припадници на специјалната антитерористичка единица „Тигар“. Благодарение на нивната координираност, стручност и пожртвуваност, повредениот успешно е извлечен и префрлен на ...
Ова лето, Охрид ќе блесне како музички центар на Балканот, со спектакуларна концертна програма која обединува регионални ѕвезди, светски имиња и домашни легенди. Од 1 до 9 август, „Билјанини Извори“ и Античкиот театар ќе бидат сцена на некои од најочекуваните настапи за 2025 година. 🎤 1 август – Лепа Брена и Саша Ковачевиќ Балканската дива Лепа Брена и поп идолот Саша Ковачевиќ ќе го отворат августовскиот музички маратон со голем заеднички ...
Грција од утре влегува во екстремен топлотен бран што ќе трае најмалку до петок, предупреди денес Националната метеоролошка служба во Атина. Температурите во некои делови на земјата се очекува да надминат 44 степени Целзиусови во наредните 24 часа. Причина за екстремната жештина се исклучително топлите воздушни маси кои пристигнуваат од Африка и се движат кон Грција и поширокиот балкански регион, јавува весникот „Катимерини“. Според ...
Д-р Сашко Кедев постигна историски подвиг за Македонија – стана првиот Македонец кој се искачил на сите 14 светски врвови повисоки од 8000 метри. Најновиот и последен во серијата успеси се случи утрово, кога како дел од експедицијата G1, предводена од „Имеџин Непал“, го освои врвот Гашербрум I (8.080 м) во Пакистан. Заедно со него на експедицијата учествуваа и Ванг Жонг од Кина, како и непалските алпинисти Дава Гјалје Шерпа и Нгима Нуру Шерпа. ...
Античкиот театар во Охрид синоќа беше преполн со емоции, смеа, солзи и аплаузи – сето тоа на концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе Бенд“. Во магичната атмосфера под отворено небо, џамбазовскиот дух и харизмата како да ја прегрнаа целата публика. Од шеги за охриѓани, до збор-два за битолчани, многу досетки. Концертот започна нежно, со песни што ги носат сеќавањата, а кулминацијата стигна со изведбата на „Време за плачење“, која ја располави ...
Основното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка против 23-годишен скопјанец, осомничен за неовластено поседување и тргување со оружје, соопштија од Обвинителството. По наредба на јавен обвинител и со судска одлука, вчера е извршен претрес во неговиот дом во Скопје. Полициските службеници при акцијата пронашле еден полуавтоматски пиштол, 51 куршум со калибар 9мм Para, рамки и други додатоци за оружјето, кое осомничениот го ...
По бурните реакции од родителите и граѓаните кои изгубија свои блиски во „Пулс“,, в.д. градоначалникот на Кочани Венко Крстевски упати јавно извинување за делот од програмата за Петровден кој содржел музички дел, оценет како непримерен од страна на семејствата. „Се извинувам доколку со мојот потег за музичкиот дел од програмата несвесно сум повредил некого“, напиша Крстевски на своите социјални мрежи, додавајќи дека разбира колку е длабока ...
Украински дронови ја нападнаа областа на Москва во текот на ноќта, при што во неколку делови од градот избиле пожари, објавија руски телеграм-канали, а ја пренесе и независната украинска платформа Kyiv Independent. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека најмалку 21 дрон биле лансирани кон главниот град на Русија во периодот по 18 часот на 19 јули по локално време. Според него, екипи за итни интервенции се испратени на местата ...
Во текот на изминатите 24 часа, заклучно со 08:00 часот на 20 јули, на територијата на државата се евидентирани вкупно 29 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив, пет се активни, два се ставени под контрола, а 22 се целосно изгаснати. Најсериозни се пожарите во: Желино, каде огнот се шири кон селото Еребино, зафаќајќи делови од планината Жеден; Василево, село Нивичино – гори нискостеблеста шума и ...
Актерот Тони Михајловски во емисијата „Претрес со Ландов“ откри анегдота од 1994 година, кога заедно со Игор Џамбазов и покојниот Мирче Доневски побарале поддршка за културата од тогашниот премиер Бранко Црвенковски. „Џамбазов ми вика: ‘копиљ, ти збори пошо си најмал’, а Бранко ми се обраќа: ‘кажи бе мали, што е проблемот?’“, раскажа Михајловски. Тој му објаснил на премиерот дека културата е една од ретките сфери во кои младата држава ...
Родителите, семејствата и пријателите на младите кои ги загубија животите во пожарот во клубот „Пулс“ повторно излегоа на улиците на Кочани, во нов марш на болката и борбата за правда. Од пред зградата на Општина Кочани, Драги Стојанов – татко кој го загуби својот единец, 21-годишниот Томче Стојанов – се обрати во името на останатите. Во емотивен говор, Стојанов упати остри критики до општинските власти и советниците, обвинувајќи ги за целосна ...
Голем пожар избувна денеска во општина Желино, со тенденција на ширење кон селото Еребино, зафаќајќи сува вегетација и нискостеблеста шума. Според Центарот за управување со кризи (ЦУК), пожарот поради ветерот и непристапниот терен има висок ризик од проширување, но на терен се ангажирани сите расположливи сили и средства за спречување на огнената стихија. „Заедно со градоначалникот на Желино, Блерим Сејдиу, сме на лице место и ги координираме ...
Пожарот што денеска избувна во општина Желино и се ширеше кон селото Еребино е ставен под контрола, а постои реална можност до крајот на денот целосно да биде локализиран, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. „Пожарот е смирен, а ер тракторите на ДЗС продолжуваат со дејствување“, изјави Ангелов. Акцијата на гаснење вклучуваше армија, противпожарни екипи, воздухопловна поддршка и теренски сили, откако ...