Персоналните асистенти, луѓето кои секојдневно се грижат за најзагрозените категории граѓани – лицата со телесна инвалидност, слепите и луѓето со други тешки попречености и до средината на август сè уште немаат примено ниту денар за својата работа во последните три месеци. Хонорарите за мај, јуни и јули не се исплатени, оставајќи ги без основни приходи и туркајќи ги во финансиска неизвесност токму оние кои се грижат за најранливите. Но, ...

Денешниот самит меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин во Анкориџ, Алјаска, ќе ги седне двајцата на маса со спротивставени приоритети, но и со заедничка желба за меѓународно внимание. За Путин, самото одржување на средбата е победа – признавање дека обидите на Западот да го изолираат не успеале. Алјаска е внимателно избрана локација: без прелетување над „непријателски“ земји, далеку од Украина и Европа, ...

Вечерва низ Србија продолжуваат протестите против владејачката Српска напредна странка (СНС), со илјадници граѓани на улиците и силно полициско присуство. Во Горњи Милановац, неколку стотици демонстранти се собраа пред просториите на СНС, но полициски кордон им го блокираше пристапот. Пред објектот се наоѓаа партиски и градски функционери и активисти со државни знамиња, додека од звучници одекнуваше химната „Боже правде“. Протестот, ...

Во улицата „Кнез Милош“ во центарот на Белград вечерва избила тепачка, при што, според првичните неофицијални информации на тамошните медиуми, група напаѓачи поврзани со Српската напредна странка (СНС) нападнале демонстранти. Меѓу нападнатите е и Пеѓа Митровиќ, пратеник на опозициската партија Слобода и правда. Партијата на платформата „X“ објави снимка на која се гледа дека Митровиќ е облеан во крв, тврдејќи дека му е скршена главата со ...

На социјалните мрежи вечерва се појавија снимки и објави за, како што се наведува, „почеток на хаосот“ пред Генералштабот во Белград. Според описите, полицијата се повлекла кон Савски венец, по што следел напад од приврзаници на Српската напредна странка (СНС) со пиротехнички средства и палки кон демонстрантите. Информациите засега не се официјално потврдени, а медиумите јавуваат дека ситуацијата околу зградата на Генералштабот е напната, ...

Дрвошанов Роберт, 39-годишен жител на Струмица, се исчезнат од вчера околу 14 часот, објави порталот „Струмица онлајн“. Според објавата, во моментот на исчезнувањето Роберт бил облечен во црвени шорцеви, кафенкаста маица, црна капа и бели патики, а со себе носел и црн ранец. Семејството апелира до сите граѓани кои имаат било каква информација за неговото движење да се јават на телефонскиот број 077/619-822 – Љубинка, мајка на исчезнатиот. ...

Србија и Австрија ќе ја зајакнуваат соработката во сите области, особено во економијата, изјавија српскиот претседател Александар Вучиќ и австрискиот канцелар Кристијан Штокер по денешните разговори во Белград. Штокер, кој претходно престојуваше во Подгорица, во рамки на својата регионална турнеја за првпат го посети Белград. Таму имаше одвоени средби со премиерот Ѓуро Мацута и со претседателот Вучиќ. Вучиќ го пофали гостинoт, нагласувајќи ...

Зелено–левиот фронт вечерва на својот профил на „X“ објави снимка на која се гледа група помлади мажи, најголем дел облечени во црно, како во улицата „Кнез Милош“ држат дрвени палки. Од другата страна на улицата се наоѓа поголема група граѓани што протестираат, а меѓу двете групи поставен е кордон на Жандармеријата. Сцената се одвива во контекст на масовните протести кои вечерва се одржуваат во Белград и други градови низ Србија, со силно ...

Дел од демонстрантите во Нови Сад вечерва ги демолираа просториите на Српската напредна странка (СНС) на Булеварот на ослободувањето. View this post on Instagram A post shared by Radio 021 (@radio_021) Прво беа искршени стаклата, по што група лица влегоа внатре и изнесоа столици, картони со јајца, вода и други предмети. Објектот беше гаѓан со јајца, а потоа прелиен со црвена и бела боја. Сцените се случија во тек на масовните протести што ...

Инфлуенсерите Александра Трпеска ака majestic.at и Стефан Рашковиќ ака Steffonator уживаа во предизвикот „Погоди што јадеш без да гледаш“. Локацијата е Градскиот парк во Скопје, а појадокот го донесе курир-партнер на Wolt. „Зошто да се мачиме дома да правиме појадок, кога можеме да седнеме во парк и да си нарачаме од Wolt. Мојата храна ја нарача Александра и немам претстава што нарачала. Ќе пробувам со превез на очи. И јас за неа исто – ...

Голем број демонстранти денеска се собраа во улицата „Кнез Милош“ во Белград, каде што полициски кордон им го попречи движењето кон блиските простории на владејачката Српска напредна странка (СНС). Паралелно, протести се одржуваат и во други градови. Во Нови Сад, дел од граѓаните се собраа пред просториите на СНС, каде нема претставници на партијата. Настанот поминува мирно и без инциденти, со присуство на полицајци во цивил, но без ...

Протестите низ Србија вечерва ескалираа во Нови Сад, каде што се искршени сите стакла на просториите на Српската напредна странка (СНС) на Булеварот на ослободувањето. Група мажи, користејќи скали, столчиња и други предмети, провалија во просториите на партијата. Атмосферата пред седиштето е хаотична – новинарка на Н1 јави дека е фрлен и солзавец, иако засега не е познато кој го употребил. Демонстрантите фрлаат јајца кон објектот, а од ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот лидер Володимир Зеленски можат да постигнат договор за мир, додавајќи дека утрешниот негов состанок со Путин во Алјаска е „голем и важен“ и би можел да спаси многу животи. Одговарајќи на новинарско прашање дали е подготвен да му понуди на Путин пристап до ретки минерали во замена за прекин на војната, Трамп рече дека утрешната ...

Кремљ денеска соопшти дека од утрешниот состанок меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, што ќе се одржи во Алјаска, не се очекува усвојување на конечен документ. Портпаролот Дмитриј Песков, за државната агенција ТАСС и други руски медиуми, изјави дека „ништо не е подготвено“ и дека е малку веројатно да биде потпишан било каков договор. Сепак, најави заедничка прес-конференција по завршувањето на ...

Претстојниот состанок меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин, закажан за 15 август на Алјаска, предизвикува силни реакции и загриженост во Украина. Претседателот Володимир Зеленски во видео-обраќање порача дека „секоја одлука донесена без Украина е одлука против мирот“ и нагласи дека таквите договори нема да донесат трајно решение. Анкета на Киевскиот меѓународен институт за социологија покажува дека 76% ...

Студентите во блокада објавија список на локации каде вечерва ќе се одржат протести под слоганот „Вечерас пуцате по шавовима“. Во Белград протестите ќе се одржат пред Генералштабот, на кружниот тек кај Општина Нови Белград и на Автокоманда. Во Нови Сад почетокот е закажан за 19:45 часот пред зградата на БИА. Оваа вечер се најавени собири на повеќе од 30 места низ Србија. Потсетуваме, вчера низ целата земја, вклучително и во Белград, се ...

До 18 часот денеска, на територијата на Македонија се регистрирани вкупно 27 пожари на отворен простор, информираат од Центарот за управување со кризи. Од нив, шест се сè уште активни, еден е ставен под контрола, а 20 се изгаснати. Активни пожари се бележат во општините Македонски Брод (подрачјето „Јасен“ и меѓу селата Девич и Грешница), Јегуновце (помеѓу Рогачево и Јажинце), Брвеница (меѓу Челопек и Милетино), како и два во Кичевско – кај ...

Министерството за внатрешни работи информира дека е поднесена пријава против 59-годишниот З.М. од Крива Паланка, кој на магистралниот пат меѓу селото Жидилово и Крива Паланка, со својот автомобил „Фиат Панда“ врзал куче и го влечел по коловозот. Инцидентот се случил на 13 август 2025 година, а истиот ден во 14:45 часот во ОВР Крива Паланка со него бил извршен службен разговор. Од МВР додаваат дека по целосно документирање на случајот, ...

Телата на еден македонски и двајца српски државјани, брутално убиени и спакувани во црни кеси, се пронајдени во Боливија во средата наутро. Според боливиските истражни органи, убиствата се поврзуваат со дејствување на јужноамерикански нарко-картели и меѓународни криминални пресметки. Неофицијалните информации од истрагата, која ја води јавниот обвинител Алберто Зебалос, укажуваат дека сите тројца биле подложени на тешки мачења во зграда ...

Малолетник бил нападнат од тројца врсници во парк во Кисела Вода, кои се обиделе да му го одземат мобилниот телефон, соопшти МВР. Денеска (14.08.2025) во 02:30 часот во СВР Скопје М.С.(43) од Скопје пријавила дека на 13.08.2025 околу 23:10 часот во парк на подрачјето на Кисела Вода нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од тројца други малолетници, кои се обиделе да му го одземат и мобилниот телефон. Се преземаат мерки за расчистување ...

Два автомобили изгореа рано утрово во Гевгелија во пожар кој избувнал пред куќа на жител од градот, соопшти МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. -Денеска (14.08.2025) во 03:03 часот во ОВР Гевгелија e пријавено дека на ул.„Апостол Петков“ во Гевгелија, настанал пожар на патничко моторно возило „пасат“ со гевгелиски регистарски ознаки и патничко моторно возило „џип“ со велешки регистарски ознаки, паркирани пред куќата на ...

Млад работник од Гевгелија се здобил со тешки телесни повреди при извршување работни задачи на живинарска фарма, информира МВР. На 12.08.2025 во 12.15 часот во ОВР Гевгелија од Општата болница Гевгелија е пријавено дека кај нив бил донесен со тешки телесни повреди Д.С.(22) од Гевгелија. Според пријавеното, со повредите се здобил додека извршувал работни задачи на објект во живинарска фарма во Гевгелија. Извршен бил увид од увидна екипа од ...

Драган Спасов – Дац, кој имал само 19 години кога ја снимил првата епизода од култната македонска серија „Бушавата азбука, повторно ја отпеа легендарната песна и ја објави на инстаграм. „Еј, само што завршив прва година на факултет кога ја снимивме ‘Бушава азбука, времиња убави’“, напиша Дац на видеото. View this post on Instagram A post shared by Dragan Spasov | Aleksandar Mitevski (@dac.aleksandar) Поврзани вести преку ознаки: бушава ...

Поради отсуство на бранител, Кривичниот суд ја одложи расправата за предметот „Беланоца – Барон“, закажана за 15 август, и најави дека постапката ќе продолжи во септември и ноември според претходно утврдената динамика. Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат главната расправа за предметот со КОК бр. 90/25, поврзан со групата Беланоца – Барон, ја информираме јавноста дека расправата насрочена за 15.08.2025 година ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп презема „енергични и искрени напори“ за прекин на конфликтот во Украина и постигнување договори во интерес на сите страни, изјави рускиот претседател Владимир Путин на состанок со високи претставници на државното и владиното раководство во Москва. „Како што сите знаат, тие, според мене, вложуваат доста енергични и искрени напори за прекин на конфликтите и кризата и за постигнување ...

Тригодишно девојче, двајца возачи и уште тројца сопатници се повредени во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случи во Арачиново, информира МВР. -На 13.08.2025 во 14:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„1“ во с.Арачиново, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.А.(23) и патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од ...

Албанскиот премиер Еди Рама ја изненади јавноста со идеја за формирање министерство што целосно би го управувала вештачка интелигенција, оценувајќи ја како „најефикасен иден член на владата“, пренесува бриселски „Политико“. „Еден ден, можеби ќе имаме министерство кое е целосно управувано од вештачка интелигенција. На тој начин, нема да има непотизам или судир на интереси,“ изјави Рама на прес-конференција. Албанија веќе користи вештачка ...

Царинските инспектори при Секторот за контрола и истраги, при контрола на 21 увоз на месо од увозник, открија царинска измама во висина од седум милиони денари. Дополнителната контрола на приложените царински документи, како и лабораториските анализи, покажаа дека месото било пријавувано во погрешна тарифна ознака со пониска царинска стапка, наместо во соодветната тарифна ознака со повисока стапка. Против сторителите е поднесена кривична ...

Кумановската болница синоќа пријавила случај на затруено дете во Куманово. Според информации од кумановската полиција станува збор за четиригодишно дете. – Вчера, во 22.42 часот во СВР Куманово од општа болница Куманово било пријавено дека кај нив било донесено затруено четиригодишно дете од Куманово, соопшти СВР Куманово. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. Од болницата соопштуваат дека детето е примено на педијатрија, по ...

Уставниот суд во текот на месец јули 2025 година оформи 26 нови предмети. Оформени се десет предмети во кои се бара оценување на уставност на закони и подзаконски акти, дванаесет предмети се формирани по поднесување на иницијативи за оценување на уставност и законитост на прописи, формирани се четири предмети за заштита на слободите и правата на граѓани. 10 предмети се однесуваат на оценување на уставноста на закони и подзаконски акти, 12 ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
93%
1010
weather icon

Белград

4ᴼ / 4ᴼ
1.54
100%
1010
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
1.03
91%
1010
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
0.51
80%
1011
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
1.68
83%
1010
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
97%
1009
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
2.57
73%
1009
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
87%
1010
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
100%
1010
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
6.26
82%
1011
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
2.57
89%
1011
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 9ᴼ
2.57
80%
1010
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Сребро

2497.79

Кобалт

64.04

Злато

159436.20

Платина

67484.42

Паладиум

54077.56

Цинк

3.29

Иридиум

215504.98

Бакар

11.83

Алуминиум

3.07

Рутениум

45750.51

Родиум

336779.07

Калај

46.06