Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Откако доби интерпелација изгласана од пратениците што го избраа, државниот обвинител Љупчо Коцевски – наместо оставка или барем став – си продолжи по агенда. Нема одговор до јавноста, без прикажано чувство на морална обврска, тој испрати покана до медиумите. За фотографирање. „Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски и Основниот јавен обвинител на ОЈО Битола Оливера Нечаковска на 31.07.2025 година (четврток) во 12:00 ...
По катастрофалниот земјотрес од 8,8 степени што ја погоди руската Камчатка, во јавноста се појавија првите снимки од оштетувања во пристаништето Петропавловск-Камчатски. Но токму она што ги вознемирува светските аналитичари е – молкот на Москва. 🌋 After the earthquake in Kamchatka, the eruption of Klyuchevskaya Sopka volcano, the highest active volcano in Eurasia, has begun. pic.twitter.com/Mmj9Qv9erD — MAKS 25 🇺🇦👀 (@Maks_NAFO_FELLA) July ...
Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) повторно е предмет на сериозни забелешки од страна на Државниот завод за ревизија. Во последниот извештај за 2023 година, ревизорите изразија „мислење со резерва“ и нотираа бројни системски недостатоци – од нерешен имотен статус на објекти, преку слабости во информациските системи, до ризици при лекувањето на осигуреници во странство. Голем дел од недвижностите со кои располага ФЗО не се ...
Пет нови директни авиолинии ќе бидат воспоставени од скопскиот аеродром до европски дестинации – најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на денешната прес-конференција. Според него, веќе е потпишан договорот за новите линии, кои ќе донесат повеќе туристи, бизнис можности и поврзаност за македонските граѓани. „Потпишавме договор за пет нови дестинации кои што ќе се оперираат од скопскиот аеродром. Пет нови авиолетови ...
Левица поднесе пакет закони за младите и младите брачни парови Пратеничката група на Левица во Собранието поднесе пакет на предлог-закони за млади, како одговор на тоа како државата да ги стимулира младите да останат и формираат семејство во државата. Пратеникот Амар Мециновиќ на прес-конференциja истакна дека овој иницијален пакет од шест предлог-закони произлегува директно од предлози на младите, a целта е да се овозможат подобри услови за ...
Српскиот режисер, сценарист и писател Горан Марковиќ, кој јавно застана зад повеќемесечните студентски протести, соопшти дека е отпуштен од Академијата за уметности во Нови Сад. Тој вели дека за тоа дознал од приватна комуникација со студенти, а како можно образложение за отказот ја наведува неговата поддршка за движењата против апсењата на студенти и професори, пренесува телевизијата Н1. „Да не ми ја пренесоа оваа вест приватно – немаше ни да ...
Канада и Малта најавија дека во септември ќе ја признаат државата Палестина, приклучувајќи се на напорите за обновување на решението со две држави (Two-state solution), предлог за решавање на израелско-палестинскиот конфликт, кој предвидува создавање две независни и суверени држави – Израел и Палестина, кои би коегзистирале една до друга во мир. Со ова се предвидува завршување на деценискиот израелско-палестински конфликт. Со тоа, двете земји, ...
Случаите „Онкологија“, „Пулс“ и „Крмзов“ се меѓу приоритетите на обвинителството и, според државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, за нив веќе има силни и конкретни докази. Иако Собранието вчера му изгласа недоверба преку интерпелација, Коцевски останува на ставот дека нема да се занимава со политика и дека неговиот фокус е насочен исклучиво кон правдата. „Политиката ја оставам на политичарите и ќе употребам еден тежок збор, а тоа е пркос, ...
На денешната трибина која се одржа во Штип на тема „Реформи во здравството-Ги градиме темелите на промените“, се обрати Синиша Стојаноски, член на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ и директор на ГОБ „8 Септември“, кој истакна дека е наследена лоша состојба во здравствениот сектор, многу финансиски долгови и затворени одделенија долгови, притоа истакна дека за една година е направено многу во тој дел, со овозможување секој граѓанин да има ...
„Не почнавме од нула, туку од минус. 10 години во Македонија не беше обновена позитивната листа на лекови. 10 години од 2014-та година ниедна промена на позитивната листа, за една година ние успеавме да направиме две промени. Во првата промена 9 генерички лекови, во последната 2 онколошки лекови кои од следниот понеделник ќе бидат достапни во аптеките“, истакна членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и директор на ФЗОМ, Сашо Клековски на денешната трибина ...
Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Советот на амбасадори, предводени од претседателката, амбасадорката Александра Наќева Ружин. На средбата присуствуваа и амбасадорите: Мухамед Халили, Љупчо Арсовски, Иљаз Сабриу, Тихомир Илиевски и Ивица Боцевски. Тие изразија подготвеност за соработка и поддршка на институцијата Претседател, преку утврдувањето на надворешно-политичките приоритети, независни и стручни анализи, јавни дебати, ...
Никола Станишиќ, победникот во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, зад сценската слава носи приказна која ја објаснува тишината помеѓу аплаузите – приказна за скромност, одговорност и семејна љубов. Роден во скопското населено место Волково, Никола во „Вечер во Охрид со Ландов“, раскажува дека животот не му го подготвил лесниот пат. Растел без присуство на татко, а улогата на столб на семејството ја презел уште тој. „Мене ме гледаа како машкото ...
Почина едноиполмесечно бебе на Клиниката за детски болести во Скопје. Според информациите, бебето било донесено без знаци на живот во раните утрински часови на 29 јули, а дежурен лекар ја констатирал смртта. Настанот бил пријавен во полиција, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатото бебе е предадено на обдукција за да се утврдат причините за смртта. -На 29.07.2025 во 07.30 часот во СВР Скопје, од Детска клиника Скопје било ...
Таблетарната терапија анастрозол и летрозол, наменета за онколошки пациенти, од понеделник (4 август) ќе биде достапна во аптеките. Пациентите ќе можат да ги подигнат овие лекови со редовен рецепт, откако претходно ќе добијат извештај од онколог и ќе се обратат кај матичниот лекар за издавање на рецепт. Како што информираат од Фондот за здравствено осигурување, денеска ќе биде објавен новиот шифрарник што ќе стапи на сила од 4 август. ...
И покрај разорниот земјотрес со јачина од 8,8 степени според Рихтер кој ја погоди руската Камчатка, засега не се пријавени човечки жртви, а само неколку лица се здобиле со полесни повреди. Според Руската академија на науки, станува збор за најсилен земјотрес во регијата од 1952 година наваму, и еден од десетте најсилни воопшто регистрирани во светот. Настанот предизвика и цунами со бранови високи до четири метри, кои делумно го потопија градот ...
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против едно лице за тешки кривични дела во сообраќајот, по сообраќајна несреќа со смртни последици што се случила на 1 јули 2025 година во вечерните часови во центарот на Скопје. Според обвинението, лицето управувало мотор „Кавасаки“ по пешачката патека на улицата „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“, и тоа без да поседува возачка дозвола. Иако моторот се движел со брзина од 35 километри на ...
На 31.07/01.08.2025 година во периодот од 20:00 до 04:00 часот, поради снимање на филм затворен ќе биде во двете насоки на движење бул.„11-ти Октомври“ на потегот од крстосница со ул.„Даме Груев“ до крстосница со бул.„Кочо Рацин“ во Скопје. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги ...
Патници од авион на Turkish Airlines беа итно евакуирани преку тобогани откако во авионот се појавил чад по слетувањето на аеродромот во Анталија, Турција. Инцидентот се случил кога „Боинг 777“, кој полетал од Истанбул, се движел по пистата во туристичкото летувалиште Анталија. Тимовите за итни интервенции препорачале итна евакуација како мерка на претпазливост, со цел заштита на безбедноста на патниците, потврди портпаролот на ...
Моќен земјотрес со магнитуда од 8,8 степени според Рихтеровата скала во средата утрината во 11:24 часот по локално време ја погоди Камчатка, полуостров на рускиот Далечен Исток. Земјотресот предизвика серија од четири цунами бранови кои удрија во градот Северо-Курилск, во областа Сахалин. Брановите продолжија кон источниот дел на Пацификот, достигнувајќи ги и западните брегови на САД. Националната метеоролошка служба на САД соопшти дека првите ...
Откако Собранието со мнозинство гласови изгласа интерпелација за државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, тишината што следеше од неговиот кабинет одекнува погласно од било каква одбрана. Без јавен став, без најави дали ќе си замине или ќе се држи за функцијата како последен бастион на самобендисаност, Коцевски продолжува да молчи. Интерпелацијата е јасен политички и институционален сигнал – на човекот што го избраа преку ноќ, сега не му ...
Маж на возраст од 59 години од скопското село Арнакија утрово бил затекнат како пали оган во близина на автопатот Скопје – Тетово, веднаш по наплатната станица Глумово. Благодарение на брзата реакција на полицијата и противпожарната служба, пожарот бил локализиран, а лицето е приведено. Денеска (30.07.2025) околу 08.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат Скопје – Тетово, после наплатната станица Глумово, едно лице подметнува ...
Цунами брановите погодија делови од пристанишниот град Северо-Курилск, каде живеат околу 2.000 жители. Според руското Министерство за вонредни состојби, најсилниот од трите бранови предизвикал значителна штета на пристанишната инфраструктура и одвлекол неколку закотвени бродови во теснецот. Властите прогласија вонредна состојба, а населението беше успешно евакуирано на повисоки и безбедни локации. Tsunami waves are hitting the Russian coast of ...
Шумскиот пожар што избувна во близина на Дескати предизвика итна евакуација на летен камп со 55 деца, откако огнената стихија почна брзо да се шири кон планинскиот предел Вунаса. Како што пренесе грчката државна телевизија ЕРТ, ситуацијата на теренот е крајно сериозна, а пожарот се движи во насока на Гревена. Превентивната евакуација на децата била спроведена вчера, заради опасноста што ја претставуваше приближувањето на огнот. Градоначалникот ...
Односот на Владата на Мицкоски кон трагедијата во Кочани го отсликува отсуството на минимум човечност и одговорност кај вмровските функционери, додека по секоја цена се обидуваат да ја заташкаат темата за дискотеката на смртта. Кулминација на селективна правда и неодговорност кон 62 трагично загинати млади животи е фактот дека еден од обвинетите за трагедијата – Шабан Салиу (коалиционен партнер на Христијан Мицкоски) продолжува да биде дел од ...
По неколкудневни напори на службите за спасување, денеска напладне е пронајдено телото на тинејџерката која исчезна во реката Вардар на 24 јули годинава. Од Министерството за внатрешни работи информираа дека вчера околу 12:10 часот, во близина на месноста Старо Градско, во водите на реката било забележано и извлечено телото на малолетната девојка. „Станува збор за 16-годишната девојка која на 24 јули 2025 година потона во реката Вардар на ...
Генералниот секретар на ДУИ, Фатон Ахмети на неговиот профил на Фејсбук објави фотографија од лидерот на партијата, Али Ахмети и напиша: -Го имаме како аманет од самиот Скендербег, да биде Бог на татковината! Под фотографијата се редаат бројни коментари, меѓу кои и -Респект команданте! -Патриотизмот не се докажува со зборови, туку со жртва. Лидерот Али Ахмети го посведочи тоа со сопствениот живот. Поврзани вести преку ознаки: али ахмети, ...
Крајбрежјето на далечниот исток на Русија беше погодено од силен земјотрес со магнитуда од 8,8 степени, со епицентар на полуостровот Камчатка. Поради потресот, беа активирани предупредувања за појава на цунами во неколку земји што се наоѓаат околу Пацифичкиот Океан, меѓу кои Русија, Јапонија, Хаваи, Чиле и други држави, објави Ројтерс. Сеизмичкиот настан е оценет како најинтензивен во регионот во изминатите седум децении. Регионалните власти ...
Во „Вести Плус“ на Канал 5 телевизија гостуваше Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Кисела Вода и кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, за Град Скопје. Тој истакна дека како што се вложувал изминатите четири години како градоначалник на Кисела Вода така ќе продолжи и понатаму, со визија за решавање на сите проблеми кои ги има градот Скопје како нефункционалноста на комуналната хигиена, депониите и се она со кое се соочуваат ...
„Владата на денешната 97 седница донесе одлука сите државни институции да ги променат регистарските таблици на службените возила со новите таблици со боја најдоцна до 15 септември 2025 година. Оваа одлука е во насока на уште едно реализирано ветување пред граѓаните со цел поголема отчетност, транспарентност и ставање крај на злоупотребите кои со биле пракса во минатото. Дополнително, Владата на предлог на Министерството за надворешни работи и ...
Адвокатот и поранешен кривичен судија Владимир Туфегџиќ остро го коментираше заминувањето на републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, нарекувајќи го „анемично, бледо и без енергија – токму како и неговото доаѓање на функцијата“. „Избран преку ноќ, на најнетранспарентен начин, без јавна расправа, без јасна биографија, без капитални предмети зад себе. Предложен како врвен професионалец од политичарите, а без да слушнеме еден збор од него за ...