На 2 август 2025 година, во 09:30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „8 Септември“ со екипа од Итната медицинска помош бил донесен починат Б.С. (55) од Скопје, информира Министерството за внатрешни работи. “На 02.08.2025 во 09:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека со екипа од Итна медицинска помош во ГОБ „8 Септември“ во Скопје бил донесен починат Б.С. (55) од Скопје. Според пријавеното, тој на 31.07.2025 ...

Под отворено небо, со илјадници светла, моќен звук и публика што не престануваше да пее, Лепа Брена приреди вистински спектакл на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид. Брена, со сценска енергија каква што ретко се гледа и по четири децении на сцена, излезе пред публиката облечена во блескаво сребрено сценско издание, придружена од својот бенд. Сцената беше спектакл сам по себе – со огромни LED екрани, танчери, специјални ефекти и динамично ...

Минатата недела цените на акциите на светските берзи забележаа остар пад, откако Вашингтон воведе високи царини за увоз од земјите со кои до 1 август не постигна трговски договор. Ова предизвика голема несигурност кај инвеститорите и ги затресе пазарите ширум светот. На Волстрит, индексот Dow Jones се намали за 2,9% и се затвори на 43.588 поени, S&P 500 загуби 2,4% (6.238 поени), додека Nasdaq падна за 2,2% и заврши на 20.650 поени. Падот ...

Американската независна федерална агенција Office of Special Counsel (OSC) покрена формална истрага против поранешниот специјален обвинител Џек Смит – човекот кој ги водеше двете највисокопрофилни истраги против Доналд Трамп по неговиот прв мандат. Истрагата треба да утврди дали Смит го прекршил федералниот закон што им забранува на вработените во државна служба да го користат својот службен статус за политички цели. Поводот за истрагата доаѓа ...

Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) предупредува на сериозен ризик по нуклеарната безбедност откако нејзин тим утрово забележал дим и слушнал експлозии во близина на украинската нуклеарна централа Запорожје – најголемата ваква централа во Европа. Според соопштението на генералниот директор на агенцијата, Рафаел Маријано Гроси, нападот започнал околу 9 часот со употреба на дронови и артилериско гранатирање, при што мета била ...

Палестинската организација Хамас објави дека нема да го положи оружјето сè додека не се воспостави целосно независна и суверена палестинска држава со Ерусалим како главен град. Со тоа директно го демантираа американскиот изасланик Стив Виткоф, пратеник на претседателот Доналд Трамп, кој неодамна тврдеше дека Хамас е подготвен да се разоружа. Изјавата на Хамас доаѓа во период кога индиректните преговори со Израел за прекин на огнот и ...

По речиси шест века мирување, вулканот Крашениников на рускиот полуостров Камчатка доживеа ноќна ерупција, прва во историјата што е документирана. Рускиот Институт за вулканологија и сеизмологија соопшти дека ерупцијата може да биде поврзана со силниот земјотрес што минатата недела го погоди рускиот Далечен исток и предизвика предупредувања за цунами сè до Француска Полинезија и Чиле. „Ова е прва историски потврдена ерупција на вулканот ...

Во најновите прекуноќни напади со дронови, Украина погодила неколку цели на руска територија, при што е повредена најмалку една жена, а предизвикани се пожари во домови и инфраструктурни објекти во Вороњеш и Сочи, јавуваат руските власти. Гувернерот на Вороњешката област, Александар Гусев, соопшти дека руските сили за противвоздушна одбрана уништиле околу 15 украински беспилотни летала над регионот, но кршотини предизвикале запалување на ...

Министерот за внатрешни работи Панчо Тошковски утрово учествуваше на традиционалната Семакедонска средба во Трново, по повод Илинден – празникот кој, како што нагласи, претставува симбол на стремежот на македонскиот народ да биде свој на своето. „Не сме тука само да се потсетиме на минатото како нешто изгубено, туку да се инспирираме од него. Жртвата на нашите предци треба да ни биде сила што нè води напред“, рече Тошковски, испраќајќи порака ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска од Крушево упати честитка по повод Илинден, подвлекувајќи ја историјата и обврската што произлегува од двата Илиндени – 1903 и 1944 година. „Го честитам празникот Илинден од историското и храбро Крушево, од каде што тргна револуцијата, борбата за слободна, независна држава. Денеска ги славиме двата Илиндени – и Крушевскиот и АСНОМ-скиот“, рече Филипче. Тој се поклони пред жртвите вградени во ...

Спроти зградата на Општина Шуто Оризари, во непосредна близина на детското игралиште, се создава нова дива депонија. Наместо простор за одмор и игра на најмладите, теренот е претворен во жариште на отпад – расфрлани кеси, стари предмети и останато ѓубре доминираат на секој чекор. Жителите на овој дел од Скопје укажуваат на проблемот, но велат дека надлежните остануваат глуви. Молиме за реакција, никој не доаѓа“, коментира локален жител. View ...

Хуан Карлос Флориан, поранешен порно актер и борец за правата на ЛГБТ заедницата, ќе биде именуван за нов министер за еднаквост во Колумбија, потврди владини извори за агенцијата AFP. Флориан, кој во минатото бил сексуален работник и продуцент на хомосексуална порнографија, ќе ја предводи институцијата задолжена за заштита на ранливите категории граѓани и нивниот пристап до социјални програми. Неговото именување сигурно ќе предизвика силна ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не добил никакво барање за помилување на Гилејн Максвел, поранешната соработничка на Џефри Епштајн, која моментално издржува 20-годишна затворска казна поради учество во сексуално злоставување на малолетнички. „Имам овластување да ја помилувам, но никој не ми побарал да го направам тоа“, рече Трамп во интервју за Newsmax. „Не знам ништо за случајот.“ Изјавата доаѓа откако Максвел неодамна беше ...

Вицепремиерот и актуелен министер за животна средина, Изет Меџити, е официјален кандидат на ВЛЕН за градоначалник на Општина Чаир на претстојните локални избори. Меџити, ќе се соочи со противкандидатот од „Европскиот фронт“ на ДУИ – поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи. Од Централното претседателство на ВЛЕН информираат дека се избрани кандидати за градоначалници во повеќе општини ширум државата. Во Тетово ќе се кандидира ...

„Илинден е темелот врз кој се изгради современата македонска државност, жива вистина за Македонија која живее“, порача премиерот Христијан Мицкоски по повод 2 Август – Илинден. Тој подвлече дека овој ден не е само историски спомен, туку постојан потсетник на стремежот за слобода, правда и државна самостојност. „На овој ден се сеќаваме на храброста и жртвата на оние кои ја започнаа нашата борба за достоинство. Тој стремеж денес е остварен, но ...

Во раните утрински часови на 2 август 2025 година, околу 01:30 часот, во Секторот за внатрешни работи Скопје бил пријавен пожар во куќа на улицата „Ѓорѓе Андреевиќ-Кун“ во скопската населба Лисиче. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, од пожарот целосно изгореле две куќи, сопственост на С.С. (61) и Д.Ѓ. (30), додека била зафатена и третата куќа на С.Г. (57), каде што бил опожарен дел од кровната конструкција. View this ...

Една од темите на седницата на Советот за безбедност била и безбедносната состојба. „Безбедносната состојба е стабилна и под контрола”, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Како што посочи, на седницата се зборувало за безбедносните дилеми во светот кои ги засегаат сите држави, па и нашата. „Од воведните излагања и од средбата заклучокот беше дека, сепак, регионалната безбедност е стабилна и под контрола и во земјава не се ...

Денеска се одржа втората седница на Советот за безбедност, а главна тема биле пожарите кои беснееја во Македонија. Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, по дво и пол часовна бурна дикусија рече дека пожари има секаде во регионот.Таа изрази загриженост што голем дел од пожарите се подметнати, но дека голем дел од постапките се во предистрага. Претседателката најави измени на законската регулатива и следење со камери и дронови за да се ...

Кандидатката за градоначалничка на Скопје и потпретседателка на СДСМ, Каја Шукова, одржа средба со претставниците на независната културна сцена од Културно-социјалниот простор „Јадро“, на која се разговараше за потребите и предизвиците со кои се соочуваат претставниците на независната културна сцена. Шукова на средбата посочи дека тие се едни од клучните двигатели на креативниот развој, иновацијата и демократските вредности во нашето општество. ...

Во два одделни инциденти, пријавени во Прилеп и Скопје, провалници со употреба на физичка сила и подесен алат влегле во канцелариски простории и однеле вредни предмети, електромотори и пари. Првиот случај се случил во управна зграда од поранешната фабрика „11 Октомври – Еурокомпозит“ во Прилеп, а вториот во деловни простории на фирма во Кисела Вода. Полицијата работи на расветлување на двата случаја. На 31.07.2025 во 11:30 часот во Полициската ...

Во два одделни случаи, еден куршум оштетил кров на куќа во Чаир, а друг пробил предно стакло на автомобил паркиран во Гази Баба. Полицијата работи на расветлување на случаите и утврдување на потеклото на куршумите. На 31.07.2025 во 21:45 часот во СВР Скопје, П.Т.(46) од Скопје пријавил дека околу 21 часот во неговиот двор на подрачјето на Чаир пронашол заталкано зрно од огнено оружје, кое му го оштетило кровот од куќата. Исто така, на ...

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт против шест лица, осомничени дека како дел од злосторничка група фалсификувале евра и ги дистрибуирале на територијата на Македонија и Србија. Според обвинителството, групата била организирана од првообвинетиот, кој во периодот од крајот на 2023 до февруари 2025 година набавил и користел опрема и материјали за изработка на лажни банкноти во ...

Родителите на децата кои трагично ги загубија животите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани соопштија дека оваа сабота, на 2 август, нема да се одржи редовниот „Марш за ангелите“. Одлуката е донесена поради државниот празник Илинден, ден посветен на борбата за слобода и достоинство. Во обраќањето до јавноста, семејствата наведуваат дека Илинден е ден кој заслужува тишина, почит и потсетување дека вистинската слобода постои само кога ...

Поради одржување на настан за одбележување на празникот 2 Август, утре (сабота) со почеток во 09 часот па се до завршување на настанот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното подрачје на Скопје односно за сообраќај ќе биде затворен делот пред зградата на Собранието на РСМ и тоа од бул. „Кочо Рацин“ до ул.„11-ти Октомври“ (кај зграда на Црвен Крст) и ...

Два дена откако објави дека имала „укажувања да ја повлече кандидатурата“ за судија во Стразбур, обвинителката Ленче Ристоска сè уште не одговара на клучните прашања што произлегоа од нејзината изјава. Јавноста остана без одговор – кој ѝ укажал да се повлече и кој стои зад тие пораки. Молк има и за наводите дека таа во изминатите месеци лобирала преку странски амбасади, чекајќи одлука од Владата. Нејзиното одбивање да одговори не е ново. И по ...

Премиерот Христијан Мицкоски, смета дека републичкиот обвинител Љупчо Коцевски е лојален на партиите СДСМ и ДУИ кои го донеле на функцијата, па пред новинарите призна дека сега не можат да го продолжат процесот за разрешување бидејќи ќе се распишат избори веќе идната недела. Со ова, Коцевски е сигурен до ноември. „Сега и ние да сакаме да преземеме, влегуваме во процес на избори. Изборите ќе се распишат следната недела. Поради ограничувањата со ...

Иако долго време се шпекулираше дека професорот Мишко Ралев ќе биде кандидатот на СДСМ за градоначалник на Скопје, партијата пред десетина дена ја избра Каја Шукова како свој официјален кандидат. Ралев, кој важеше за еден од најпосакуваните избори внатре во СДСМ, сега ѝ се приклучи на кампањата на Орце Ѓорѓиевски, кандидатот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ за престолнината. Со тоа, Ралев направи остар политички пресврт и се позиционира како ...

Транспаренси Интернешнл – Македонија го објави месечниот извештај за најматни и најбистри настани во земјата за месец јули, во кој највисоко на листата на сомнителни случувања се најде обвинението против претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска. Според организацијата, Димитровска се соочува со сериозни обвинувања за злоупотреба на службена положба и оддавање службени тајни. Таа, според Обвинителството, незаконски изнесувала и фотографирала ...

Во филмска полициска акција, двајца косовски државјани се лишени од слобода откако не застанале на полициски знак и се обиделе да избегаат со возило во кое биле пронајдени осум мигранти од Кина. Како што соопшти МВР, акцијата се случила вечерта на 31 јули околу 21:40 часот, кога возило „Фолксваген Кеди“ со косовски регистарски таблички било забележано на автопатот Градско – Скопје, но наместо да застане на знак од полицијата, возачот дал гас и ...

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинение против лице кое, и покрај тоа што имало 99% попреченост на видот, управувало товарно возило и усмртило жена во сообраќајна несреќа. Обвинетиот, кој бил корисник на инвалидска пензија и додаток за попреченост поради слепило, сепак управувал „Ситроен Џампер“ со велешки таблички без важечка возачка дозвола. Несреќата се случила на 3 декември 2024 година, на регионалниот пат ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1017
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
8.75
86%
1017
weather icon

Загреб

3ᴼ / 0ᴼ
4.63
88%
1018
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
7.2
72%
1019
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
3.6
82%
1020
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 0ᴼ
2.06
94%
1017
weather icon

Атина

16ᴼ / 13ᴼ
1.79
91%
1015
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
3.6
42%
1014
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.0
87%
1014
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
10.8
94%
1024
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 4ᴼ
5.14
69%
1021
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
82%
1020
Currency

61.545

Currency

52.1668

Currency

70.5371

Currency

34.9501

Currency

38.1508

Currency

66.2099

Currency

7.42459

Currency

0.66866

Currency

0.33423

Currency

0.52446

Currency

1.22009

Currency

0.58382

Бакар

11.33

Кобалт

58.42

Алуминиум

2.95

Калај

43.79

Родиум

263636.12

Рутениум

29192.88

Сребро

2314.89

Платина

73500.79

Злато

144308.60

Иридиум

145787.60

Паладиум

59028.77

Цинк

3.09