Фото: Илустрација Попладнево на регионалниот пат Битола–Ресен, кај месноста Макази, се случи тешка сообраќајна несреќа во која загина 52-годишен битолчанец. Според првичните информации, има и други лица со повреди. Судирот се случил меѓу две патнички возила – едното со странски, а другото со охридски регистерски ознаки. Ударот бил толку силен што едно од возилата целосно изгорело. Полицијата и истражните органи вршат увид на местото на ...

Делови од Скопје попладнево ги зафати силно невреме проследено со грмежи, дожд и засилен ветер. На одредени локации веќе врне интензивно, а жителите сведочат на краткотрајни, но силни удари на ветер и силни електрични празнења. Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) велат дека до крајот на денот времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен ...

Граѓанската иницијатива Support Kocani ја реализира и третата пратка компресивна облека, наменета за преживеаните лица од пожарот во Кочани. Облеката е веќе предадена на Општата болница во Кочани, со цел да се овозможи правилна рехабилитација и побрзо заздравување. Вредноста на оваа набавка изнесува 2.193.047 денари (35.555 евра), а средствата се целосно обезбедени исклучиво преку донации од граѓани, компании и поддржувачи од земјата и ...

Основниот кривичен суд – Скопје информира дека обвинителниот акт поврзан со несреќата во Кочани е во постапка на оцена пред Советот за оцена на обвинителен акт. Досега се доставени 40 приговори од обвинетите и нивните бранители, кои веќе се испратени до надлежното обвинителство. Судот посочува дека станува збор за обемен предмет со 37 обвинети физички и правни лица и голем број оштетени и докази, нагласувајќи дека сите законски рокови и ...

Армијата на Македонија денеска прослави 33 години од своето постоење со пораки за иднината и најави за модернизација Централна свеченост што се одржа во касарната „Јане Сандански“ во Штип, беше проследена од државниот и воениот врв, а во фокусот беа пораките за безбедност, стабилност и нови планови за модернизација. Претседателката и врховен командант на вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, истакна дека Армијата повеќе од три ...

Билјана Ивановска, кандидатка за градоначалник на општина Центар од движењето „Независни заедно“, утре ќе се појави во Јавното обвинителство поради кривична пријава поднесена против неа. Таа изјавува дека не знае кој ја поднел пријавата и за што конкретно станува збор. Обвинителството минатата недела соопшти дека станува збор за приватна кривична пријава, поднесена на 18 февруари годинава. Во изјава за „Независен“, Ивановска нагласи дека ...

Борче Стаменов од иницијативата „Донирај компјутери“ и доц. д-р Ирфан Ахмети од Универзитетската клиника за ендокринологија се добитници на државната награда „Мајка Тереза“ за 2025 година, која ќе им биде врачена на 26 август во Собранието. -Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ одлучи наградата за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, ...

Од вечерва на полноќ, бензините поевтинуваат за половина денар, а цената на дизелот и екстра лесното масло за домаќинство се намалува за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Новата цена на бензинот од типот „еуросупер-95“ ќе изнесува 74 денари за литар, додека цената на „еуросуперот-98“ ќе изнесува 76 денари за литар. Цената на дизелот се намалува на 67,50 денари за литар, додека на екстра лесното ...

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, преку објава на социјалните мрежи најави дека партијата во текот на оваа недела ќе го соопшти кандидатот за градоначалник на Град Скопје: „Скопјани, а бе не ви е доста од истите хоштаплерски и нехаризматични сурати од двете најголеми партии, кои сакаат да се докопаат до градската власт, за да после им шибаат бизнисите и тендерите!? Не мислите дека е дојдено времето за свежа крв во главниот град на ...

Според информации на „Скај њуз“, европските дипломати добиле насоки од своите американски колеги да бидат подготвени за можноста од трилатерална средба меѓу Доналд Трамп, Володимир Зеленски и Владимир Путин. Состанокот би можел да се одржи подоцна оваа недела, зависно од резултатот на денешните разговори. Според договорот меѓу Соединетите Држави и европските партнери, средбата треба да се случи на европско тло, освен ако не се појават ...

Во наредните недели, помеѓу 30 и 50 тешко болни и повредени палестински деца ќе бидат евакуирани од Газа и префрлени во Велика Британија на медицински третман, јави Би-Би-Си. Ова ќе биде првата група која ќе пристигне во рамки на владината програма за евакуација. Операцијата се реализира во координација на британските министерства за надворешни работи, за внатрешни работи и за здравство. Светската здравствена организација (СЗО) ќе биде ...

Грчките царински службеници на меѓународниот аеродром во Атина запленија 500 килограми од психоактивната супстанца кат, соопштија властите, пренесе весникот „Катимерини“. Кат, познат и како „природен кокаин“, е психоактивна супстанца што брзо создава зависност. Таа се добива од растението Catha edulis, кое се одгледува на Африканскиот Рог, на јужниот дел од Арапскиот Полуостров и по должината на источноафриканскиот брег. Недозволената ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа го очекува тежок состанок со американскиот лидер Доналд Трамп. Според проценки на експерти, условите за можен мировен договор веројатно нема да одат во корист на Киев. Роберт Инглиш, директор на Центарот за средноевропски студии на Универзитетот во Јужна Калифорнија, изјави за Си-Ен-Ен дека Трамп бил мошне јасен во своите пораки кон Зеленски. „Трамп му порача дека ќе мора да прифати ...

Клучниот помошник на Владимир Путин и главен руски преговарач, Кирил Дмитриев, повторно сподели објава на американскиот претседател Доналд Трамп во која тој ги изнесува своите услови кон Украина за ставање крај на војната. Во објавата стои дека Украина би можела да стави крај на конфликтот доколку прифати неколку клучни руски барања: одрекување од Крим, кој Москва го анектираше во 2014 година, и обврска дека никогаш нема да стане членка на ...

Кандидатот за градоначалник на Чаир од ДУИ, Бујар Османи, најави дека по промената на власта на 19 октомври ќе стави крај на корупцијата и непотизмот во општината. Тој го претстави пакетот антикорупциски мерки „Граѓанско око“, со кои ветува целосна транспарентност, јавен увид во тендери и буџетот, независен мониторинг и контрола со вештачка интелигенција. -Чаир денес е една од најнетранспарентните општини во Македонија. Корупцијата и ...

Претседателката на Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска од граѓанската иницијатива „Поинаку“, утрово официјално објави дека ќе се кандидира за градоначалничка на Битола како независна кандидатка. Во своето обраќање, таа ги повика сите битолчани – без оглед на партиска припадност или изборни навики – да ѝ дадат поддршка. „После сите шпекулации и приказни, време е да расчистиме. Ве повикувам сите кои сакате поубава, почиста, ...

Иако прагот за учество на изборите е намален, иницијативата „Шанса за Центар“ порача дека ќе продолжи со собирање потписи за основање на политичката платформа „Независни заедно“. „Граѓаните кои сакаат да ни дадат поддршка тоа можат да го сторат оваа недела. Ги повикуваме и другите организирани групи низ Македонија да се приклучат“, соопштуваат од иницијативата. Од „Шанса за Центар“ предупредуваат дека новите правила важат само за овие ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ќе се сретне со Доналд Трамп во Вашингтон, заедно со повеќемина европски лидери, во обид да се постигне мировен договор. Причина за вниманието е стравувањето дека американскиот претседател би можел да изврши притисок врз Киев да прифати решение што би било во корист на Москва, јавува „Ројтерс“. На средбата ќе присуствуваат лидерите на Велика Британија, Германија, Франција, Италија, Финска, ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против осум лица заради учество во масовна тепачка на улицата “Славеј Планина”, од кои едно се товари за обид да изврши кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19, едно за нанесување тешка телесна повреда што е казниво според член 131 став 1, додека шест се осомничени за кривично дело – Учество во тепачка од член 132 став 1 од Кривичниот законик. До ...

Русија денеска го нападна селото Новојаколивка во Запорожката област, при што животот го загуби тинејџер, а најмалку шест лица беа повредени, соопштија украинските власти. Меѓу повредените се и сестрата и братот на загинатиот, како и нивните родители. Во експлозијата беа уништени и оштетени повеќе семејни куќи. „Русија од првиот ден на војната не ги промени своите цели. Нејзините вистински постапки – убивање и ранување цивили, разурнување ...

На социјалните мрежи се појави видео од протестите во Србија, на кое се гледа како полициски службеници влечат млад човек, по што еден од нив со палка го удира по грбот, иако тој лежи на земја и не пружа никаков отпор. Според порталот Нова.рс, снимката е направена во петокот, на раскрсницата меѓу улиците Ресавска и Немањина во Белград. На крајот од видеото, видно повредениот маж е врзан со пластични лисици додека сè уште лежи на асфалтот. ...

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека целта на средбата во понеделник во Вашингтон, меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот лидер Володимир Зеленски, е претставување на заеднички фронт на Украина и европските сојузници. „Ако денеска покажеме слабост пред Русија, всушност поставуваме основа за идни конфликти“, рече Макрон по видеоконференцијата на Коалицијата на волни, каде што западните сојузници на Киев ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја поздрави иницијативата што денес ја изнесе специјалниот пратеник на Доналд Трамп, Стив Виткоф, дека Русија се согласила Украина да добие безбедносни гаранции од своите сојузници, вклучително и од САД. „Ова е историска одлука – дека САД се подготвени да учествуваат во безбедносните гаранции за Украина. Како резултат на нашата заедничка работа, тие мора да бидат многу практични, да обезбедат ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Брисел им се обрати на европските лидери со серија клучни пораки за единството на континентот, мировните напори, прашањето за територијалниот интегритет и безбедносните гаранции за Украина. „Европа мора да остане обединета како во 2022 година. Тоа единство е предуслов за вистински мир“, порача Зеленски, додавајќи дека убивањата мора веднаш да престанат. Тој повика на прекин на огнот и ...

На денешната 129-та седница, Државната изборна комисија (ДИК) со шест гласа „за“ и еден „против“ го усвои правилникот со кој независните кандидати ќе може да поднесуваат листи за советници со само два потписи. Со оваа одлука значително се поедноставува постапката за учество на независните во локалните избори. Новите правила ќе стапат во сила по нивното објавување во „Службен весник“. За прашањето на потписите, во саботата беше закажана и ...

Силно невреме попладнево го зафати преспанското село Љубојно. Поплавени се делови од куќи, дворови и улици, а земјениот пат кон шумата е дополнително оштетен. Жителите сведочат дека дождот паѓал околу 40 минути, од кои половина час бил проследен со интензивни врнежи, а околу 20 минути со големи зрна град. Водата го раскопала патот кој, како што велат, веќе бил нарушен од камионите што превезуваат дрва од шумата. View this post on Instagram ...

„Жалиме што власта ја пропушти шансата да се обезбеди изборна рамка која е фер, праведна и прифатлива за сите. Пред вчерашната седница на ЗКП имавме координација на која сите партии, освен ДУИ, ја поддржаа иницијативата за праг од 0,5% за независните кандидати. Со неприфаќањето на ова решение, се ризикува изборниот процес да се претвори во хаос. Наш став е дека прашањата за изборниот законик мора да се разгледуваат внимателно и со ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се обрати нацијата по неколку дена масовни протести во земјата, кои кулминираа со судири со полицијата и напад врз институции во Валево. Мир во Украина – мир за Србија Вучиќ ја поздрави средбата меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп на Алјаска, велејќи дека „тензиите во Србија ќе бидат помали ако има мир во Украина“. Напад врз студентите и универзитетите Со жесток тон, Вучиќ изјави дека образованието ...

Политичката сцена повторно се тресе околу скандалот со злоупотребите на европската програма Еразмус+. ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ меѓусебно си упатуваат обвинувања за милионски проневери и за финансирање на партиски кадри преку европски средства. ВМРО-ДПМНЕ: „Фрчкоски добил 200.000 евра преку Еразмус+“ Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека дел од средствата наменети за млади и образовни проекти завршиле кај поединци блиски до СДСМ. Како пример го посочуваат ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска од Палата Србија најави дека во следните три до четири дена граѓаните ќе видат „изненадувачки одлуки на државата“ поврзани со протестите кои деновиве ја зафатија земјата. Вучиќ своето обраќање го започна со коментар за средбата меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин, а потоа се осврна на протестите во Србија. Рече дека сакал да зборува за економијата, но дека бил принуден да реагира поради ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
0.51
93%
1010
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
90%
1010
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
89%
1010
weather icon

Софија

6ᴼ / 3ᴼ
3.6
82%
1010
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
2.43
81%
1009
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
96%
1009
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
2.06
67%
1009
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
81%
1009
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
93%
1010
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
5.66
84%
1010
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
89%
1010
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 9ᴼ
2.57
82%
1009
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Кобалт

64.04

Злато

159436.20

Калај

46.06

Иридиум

215504.98

Цинк

3.29

Сребро

2497.79

Алуминиум

3.07

Рутениум

45750.51

Паладиум

54077.56

Платина

67484.42

Родиум

336779.07

Бакар

11.83