Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за продолжено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. -Осомничениот од октомври 2024 се до почетокот на овој месец, неовластено продавал наркотична дрога на повеќе лица-сведоци. На 4 август полицијата ...
ВМРО-ДПМНЕ повторно го повика државниот јавен обвинител Љубомир Коцевски да поднесе оставка, оценувајќи дека е целосно делегитимиран и дискредитиран како личност што треба да ја брани правдата. Во партиското соопштение се наведува дека Коцевски ја изгубил довербата од јавноста, бидејќи, како што се посочува, не отвора предмети, не гони криминал и држи истраги „во фиока“. Оттаму додаваат дека довербата на граѓаните во правосудството е падната ...
Во организација на Дирекцијата за заштита и спасување, започна обуката за кандидатите кои се пријавија на јавниот повик на Владата за ангажирање пожарникари, со цел јакнење на капацитетите за превенција и справување со пожари. Како што информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, сите кандидати кои го поминале процесот на селекција ги исполнувале бараните услови, а по завршување на обуката ќе бидат распределени таму каде што има најголема ...
Тело на 42-годишен маж било пронајдено во помошни простории од куќа во Кавадарци, при што првичните наоди упатуваат на можноста за насилна смрт. Телото било прекриено со земја и разни предмети, што ја зголемува сомнителноста околу причините за смртта. На терен излегол дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци, кој заедно со полициски екипи извршил увид и издал наредба за обдукција на починатиот. Според информациите, ...
Министерот за јавни инвестиции на Србија, Дарко Глишиќ, се разбуди по сложената операција што ја претрпе по мозочниот удар, но и натаму се наоѓа во критична состојба, соопштија српските здравствени власти. Тој е свесен, но има сериозни проблеми со говорот. Глишиќ доживеа мозочен удар во текот на вчерашното утринско гостување во живо на ТВ Пинк. По итна интервенција во Клиничкиот центар на Србија, министерот за здравство Златибор Лончар изјави ...
Убиецот Димитар Спасов, кој пред 13 години ја уби мајка му, сега усмрти осуденик со кој престојувал во психијатриската болница „Скопје“ во Бардовци. За морбидниот чин искористил стаклено шише, а до инцидентот, според информации на „Скопје1“ дошло по кавга за легло. Во кругот на болницата, убиецот е познат како проблематичен пациент, со кој тешко се справувале и вработените. Но и покрај ова, подолго време, Спасов бил гледан и низ Ѓорче Петров, ...
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал денеска (05.08.2025) до Oсновното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Ш.М. (34) и Ф.М. (37), двајцата од Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „изнуда“ по чл.258 ст.3 од Кривичен законик. Во временски период од осум години, Ш.М. и Ф.М. од оштетено лице од Куманово, изнудувале пари, при што ...
Министерството за внатрешни работи апелира до сите граѓани и членови на навивачки групи да ги бодрат своите спортски миленици, но да навиваат спортски, исклучиво во спортски дух, без говор на омраза, без било какви навреди по лична, етничка, верска или било која друга припадност што не соодветствува на спортски натпревари и е спротивно на законот. Во врска со кошаркарскиот натпревар што се одржа на 02.08.2025 во Спортската сала во Куманово, во ...
Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против 25-годишен скопјанец, кој преку веб страница продавал билети за концерт што никогаш не бил планиран ниту договорен. Според МВР, осомничениот не им ги вратил парите на оштетените граѓани, а се товари за кривично дело „компјутерска измама“. -Денеска (05.08.2025) Секторот за компјутерски криминал при МВР до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава ...
Ако не се обезбедат средства и нова опрема, државата од почетокот на 2026 година ризикува да остане без телеметриската мрежа од 13 сеизмолошки станици што ја покриваат територијата на цела Македонија и пограничниот регион. Причината – истекувањето на меѓународниот проект AdriaArray, по чие завршување германската влада ќе ги повлече инструментите со кои во моментов се врши мониторингот на сеизмичката активност. Со ова, Сеизмолошката ...
Ноќеска се случила тепачка меѓу две лица во Психијатриската болница Бардовци, по што едно од нив починало во болница заради повреди здобиени од убоди од стаклено шише, соопшти Министерството за внатрешни. „На 05.08.2025 во 01:38 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 00.50 часот во Јавната здравствена установа „Психијатриска болница Скопје “ во Бардовци, во соба на судскиот оддел, настанала физичка пресметка помеѓу осудениците Д.С.(35) ...
„Нема храброст во ризикување животи за неколку секунди внимание“ – со оваа порака министерот за внатрешни работи Панче Тошковски реагираше по објавувањето на видео на кое се гледаат млади лица како се возат на хауба од автомобил што се движи со голема брзина низ скопските улици. Случајот предизвика силна реакција во јавноста, а МВР веднаш презеде мерки и ги идентификуваше лицата вклучени во опасното возење. -Нема храброст во ризикување животи ...
Светската кошаркарска федерација (ФИБА) поведе истрага против Македонската кошаркарска федерација поради националистичките скандирања што се случија за време на натпреварот меѓу Македонија и Романија, кој се одигра во саботата во Куманово. Како што соопштија од ФИБА, во моментот се прибираат сите релевантни извештаи поврзани со инцидентот, а федерацијата е во постојана комуникација со националните кошаркарски тела, локалните институции и ...
Гостувањето на српскиот министер за јавни инвестиции, Дарко Глишиќ, во утринската програма на телевизијата Пинк заврши со нагло прекинување на емисијата, откако му се слоши додека беше во живо вклучување. Во еден момент, Глишиќ започнал нејасно да зборува, не успевајќи да состави реченица, што предизвикало загриженост кај водителите, кои неколку пати го прашале дали се чувствува добро. Откако не добиле јасен одговор, програмата веднаш била ...
Едно лице го загуби животот, а друго е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила во раните утрински часови во близина на влезот на Националниот парк и резерват Денали во Алјаска. Несреќата се случила во петокот, на 1 август, околу 1 часот по локално време, на патот Денали Парк, во близина на 235-та милја од автопатот Џорџ Паркс (познат и како автопат Паркс), јужно од влезот на паркот. Според информациите на Националната служба за ...
Ексдиректорот на Службата за општи и заеднички работи Васе Доневски и сопственикот на „Секјуритиком“, Волфганг Гампер, против кои се водеа постапки за злоупотреби, за 26 дена, односно од септември, ќе бидат слободни граѓани. На судовите, не им беа доволни седум години за да донесат правосилна судска одлука, па додека предметот се шеташе на релација Кривичен-Апелација, делата им застаруваат. Доневски и Гампер беа гонети за местење на тендер, ...
Во рамките на коалицијата Вреди постигнат е договор – доколку Изет Меџити победи на локалните избори и ја преземе функцијата градоначалник на Општина Чаир, неговото место како прв вицепремиер ќе го заземе Беким Сали. Како што изјави Меџити за медиумите, партнерите во коалицијата се усогласиле дека Сали, кој претходно беше министер за здравство, е најсоодветен кадар за таа позиција – со искуство, подготвеност и стручност потребна за функцијата. ...
Струшката полиција синоќа интервенирала по дојава за нарушен јавен ред и мир предизвикан од голема бучава на паркинг во градот. Според информациите објавени од Министерството за внатрешни работи, на терен биле затекнати повеќе од 500 лица и околу 120 спортски и луксузни возила. Присутните не постапиле по наредбите на полицијата, па биле повикани засилувања, а ситуацијата била ставена под контрола. Одземени пет возила во Струга поради преголема ...
По појавувањето на видео запис на социјалните мрежи на кој се гледа како лице стои на хауба од движечко возило без регистарски таблици, Министерството за внатрешни работи веднаш презело мерки за идентификација и санкционирање на вклучените. Како што информираат од МВР, по преземените активности, лицата се идентификувани и со нив е извршен службен разговор. Против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци согласно Законот за безбедност на ...
По синоќешниот пожар во фабриката BioCosmos, компанијата се огласи со објава на својата официјална Фејсбук страница. Според соопштението, пожарот избувнал како резултат на удар од гром, а иако дел од просториите се оштетени, среќна околност, како што велат, е што нема повредени. Производствениот процес во соседната фабрика Mirana продолжува непречено, а компанијата најавува редовно информирање и апелира против ширење на шпекулации. Во ...
По неодамнешните случаи на навивачка омраза – најпрво за време на фудбалскиот натпревар меѓу Шкендија и ТНС, а потоа и на кошаркарскиот меч во Куманово – претседателката на државата, Гордана Силјановска-Давкова, се огласи со став на својот Фејсбук профил. Во подолг пост насловен „(Не)научена лекција“, таа упатува апел за искоренување на говорот на омраза на спортските терени и повикува на воспоставување култура на почит, фер-плеј и воспитано ...
Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе истрага против едно лице под сомнение дека извршило кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, како и за оштетување на службен спис. При претрес извршен на 1 август во неговиот дом во Гевгелија, полицијата пронашла 26,42 грама кокаин, за кој постои сомневање дека бил наменет за продажба. Дрогата била откриена во јакна ...
Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер е условно пуштен на слобода, откако Окружниот суд во Сисак го прифати неговото барање. Одлуката била донесена во четвртокот, а утрово е доставена до затворот во Липовица, каде што Санадер ја издржуваше казната. Со оваа мерка, Санадер добива можност да биде надвор од затвор, но под строго утврдени услови. Доколку ги прекрши, следува повторно враќање зад решетки. Тој беше осуден на вкупна казна од 18 ...
Голем пожар избувна синоќа околу 22 часот во велешката фабрика за прехранбени производи „Мирана“, при што беа зафатени магацинскиот дел и канцелариски простории. Пожарникарите интервенираа веднаш по дојавата, а целосното локализирање на огнената стихија беше постигнато дури шест часа подоцна – околу 4 часот утрово. Според податоците од Центарот за управување со кризи, магацинот во кој имало пластична амбалажа, фрижидери и друга опрема, како и ...
Министерството за надворешни работи соопшти дека презема активности за пренесување на посмртните останки на Душко Чифлиганец, кој вечерта на 3 август им подлегна на повредите здобиени во тешка мотоциклистичка несреќа во Чешка. Несреќата се случи на 2 август, кога Чифлиганец, управувајќи мотор, паднал, по што бил пренесен во болница во критична и тешка здравствена состојба. „Дипломатско-конзуларното претставништво во Прага е во постојана ...
Игор Џамбазов, актер, шоумен и долгогодишен естраден уметник, познат по тоа што ретко премолчува навреди на своја сметка, повторно возврати јавно на злобен коментар – овојпат сериозен, со отворена закана за тужба. На својот Инстаграм профил, Џамбазов се обрати до личност која му посакала смрт во коментар, предупредувајќи го дека делото што го сторил не е наивно и дека може да има правни последици. – Што човек си ти штом им посакуваш смрт на ...
Целосно опожарено патничко возило е пронајдено на 3 август во прилепската населба Тризла, откако претходно истиот ден било пријавено како украдено. Станува збор за автомобил марка „Рено Меган“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на 57-годишниот С.П. од Прилеп. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен во ОВР Прилеп во 19:20 часот. Возилото било целосно изгорено при пронаоѓањето, а засега не е познато ...
После Охрид и Велес, радоста и спортскиот дух продолжуваат да го освојуваат и Свети Николе. Караванот „Фудбалот е повеќе од игра“ утре ќе го донесе третиот мини пич терен, ново место каде младите соништа ќе се будат, топките ќе тропаат со надеж, а срцата ќе чукаат во ритамот на спортот. Оваа акција, започната во Србија, годинава со љубов и посветеност се реализира и во Македонија. Секој терен е доказ дека фудбалот поврзува генерации, зајакнува ...
Физички напад врз жена е пријавен во полициското одделение Шуто Оризари, по расправија во сообраќајот. Настанот се случил на 3 август околу пладне, а според пријавата, напаѓачот бил маж со кого жената претходно имала недоразбирање на патот. -На 03.08.2025 во 20.15 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, С.В.(55) од с.Мирковци, скопско, пријавила дека околу 12:00 часот на подрачјето на Шуто Оризари, по претходно недоразбирање во ...
Во петокот вечерта, околу 21:20 часот, на регионалниот пат Кичево – Македонски Брод, во близина на влезот за селото Лисичани, општина Пласница, се случила тешка сообраќајна несреќа во која 30-годишна жена била сериозно повредена. Според информациите од СВР Охрид, патничко возило марка „Мерцедес“ со кичевски регистарски таблички, управувано од 23-годишниот Н.Н. од селото Челопеци, удрило во пешакот А.В. од Лисичани. Жената со тешки телесни ...