Американскиот претседател Доналд Трамп, за време на самитот на Алјаска, лично му предал писмо од сопругата Меланија Трамп на рускиот претседател Владимир Путин, соопштија за агенцијата Ројтерс високи функционери од Белата куќа. Првата дама, која е родена во Словенија, не патуваше со Трамп во Алјаска, но во писмото, според изворите, таа го отвора прашањето за судбината на децата погодени од војната – особено за оние кои биле киднапирани и ...

„СДС молчи за тоа зошто со парите од Еразмус + купуваа судии како Нанев и што всушност бараа за возврат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат: СДС и Заев преку Лидија Димова, доделија грант од Националната агенција Еразмус + во вредност од 120 илјади евра, па ни помалку ни повеќе, судијата Лазар Нанев, кој беше дел од Судскиот совет и е втор човек по Наќе Георгиев, да биде дел од една коруптивна шема. Дали со овој проект и слични на овој, СДС ...

Претседателскиот авион „Ер форс уан“ на Доналд Трамп се врати од Анкоридж и слета во Вашингтон околу 02:00 часот по локално време (07:00 BST), јавуваат новинарите кои патуваа со американскиот претседател. Според портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, за време на летот Трамп остварил долг телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски. По слетувањето, Трамп веднаш стапил во контакт и со лидерите на НАТО, информираат ...

Пет часа по завршувањето на самитот во Алјаска, американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин ја напуштија средбата без да постигнат договор за прекин на војната во Украина. Двајцата лидери слетаа во Анкоридж нешто по 11:00 часот по локално време, каде што беа пречекани со црвен килим и долго ракување. Путин, видливо расположен, заедно со Трамп беше возен во американското претседателско возило „The Beast“ – ...

По завршувањето на самитот во Алјаска, нема реакција од украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој не беше поканет да учествува во разговорите меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин. Американскиот претседател претходно најави дека неговиот прв телефонски повик по средбата ќе биде упатен токму до Зеленски. Британскиот премиер Киер Стармер, инаку еден од најгласните европски поддржувачи на Украина, исто така засега не ја коментира средбата. ...

Русија ноќеска изврши масовен напад врз Украина, користејќи 85 ударни дронови и една балистичка ракета, соопшти украинското воено воздухопловство. Според официјалните податоци, целите биле области долж фронтот во регионите Суми, Донецк, Чернихив и Днипропетровск. Украинската противвоздушна одбрана успеала да собори 61 дрон. Генералштабот на украинската армија додаде дека во последните 24 часа се регистрирани вкупно 139 борбени судири по ...

Германската влада зазеде претпазлив пристап по самитот на Алјаска меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин, пренесе dpa. Според извори во Берлин, канцеларот Фридрих Мерц бил постојано информиран за случувањата во Анкоридж, а неговиот тим одржувал активна комуникација со меѓународните сојузници. Трамп изјави дека ќе ги извести европските партнери за исходот од разговорите, но не прецизира кога. Иако темата ...

Министерството за внатрешни работи соопшти дека лажна била дојавата за поставена бомба на Меѓународниот аеродром Скопје. Денеска (16 август) во 02:41 часот на бројот 112 била добиена пријава дека во авион кој требало да полета за Турција е поставена експлозивна направа. Веднаш биле ангажирани единиците за антитероризам кои извршиле детални проверки, при што било утврдено дека станува збор за лажна дојава. Околу 06:00 часот, аеродромот ја ...

На црвениот тепих во Алјаска, американскиот претседател Доналд Трамп му приреди топол пречек на Владимир Путин – гест што остро контрастира со односот на западните лидери кон рускиот претседател од почетокот на целосната инвазија врз Украина. Слоганот на самитот, „Pursuing Peace“ („Во потрага по мир“), на многумина им звучи познато. За време на првиот мандат на Трамп, во февруари 2020 година, неговата „високоризична“ дипломатија доведе до ...

Во центарот на Белград, на платото кај Славија, полицијата вечерва интервенираше со солзавец за да ги растера демонстрантите. Граѓаните беа потиснати во околните улици, а според информациите, контејнери биле запалени и на улицата Белградска. Дел од демонстрантите се движат кон Правниот факултет. Ова е уште една од серијата тензични сцени кои се одвиваат низ Белград во рамки на протестите што траат веќе неколку дена. View this post on ...

Рускиот претседател Владимир Путин двапати беше директно прашан од новинари дали ќе престане со убивање цивили – и двапати одлучи да молчи. Првото прашање беше поставено кога тој и американскиот претседател Доналд Трамп се фотографираа по излегувањето од авионите и официјалното ракување. Второто – на почетокот на состанокот, додека двајцата лидери позираа за фотографиите пред медиумите. 🥴 Social Media and News Focus on Vladimir Putin's ...

Зад затворени врати во Алјаска, преговорите меѓу американската и руската делегација се одвиваат во формат „тројца на тројца“ – секој од претседателите има уште двајца клучни советници на масата. Од руската страна присутни се: Сергеј Лавров, министер за надворешни работи веќе повеќе од две децении, санкциониран заедно со Путин по почетокот на инвазијата врз Украина во 2022 година. Јури Ушаков, надворешнополитички советник на Путин повеќе од ...

Во Ниш вечерва дојде до судир меѓу граѓаните и полицијата, иако претходно имаше информации дека протестите таму поминуваат мирно. Како што јавуваат „Јужни вести“, полицијата во интервенцијата употребила солзавец за растерување на демонстрантите. Настанот е дел од бранот протести што деновиве се одржуваат низ Србија, при што во повеќе градови се регистрирани тензии и физички пресметки меѓу учесниците и полициските сили. View this post on ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски порача дека состанокот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин во Алјаска е „потребен“, но повтори дека Украина мора да биде вклучена во мировните преговори за да се донесат „ефективни одлуки“. „Русија треба да ја заврши војната што самата ја започна,“ изјави Зеленски, потсетувајќи дека Киев не е поканет на денешниот состанок во Анкоридж. „Потребни се безбедносни ...

Вечерва во Ваљево група маскирани напаѓачи го демолирала кафе-барот „Сквер“, јавува Nova.rs. Според информации споделени од граѓани на социјалните мрежи, во нападот била повредена една вработена во локалот. Жената, според истите извори, добила повреди на главата и скршеница на раката. Засега нема официјални информации за идентитетот на напаѓачите ниту за мотивите зад инцидентот. Полицијата сè уште не се огласила за случајот. Večeras u ...

Пред полициската станица во Чачак вечерва се одржа протест на кој демонстрантите симболично им подале раце на полицајците, барајќи да бидат уапсени. Собраните, кои извикувале погрдни зборови кон полицијата и српскиот претседател Александар Вучиќ, присутните полициски службеници ги нарекле „Кучињата на Вучиќ“. Инцидентот се случува во контекст на пошироките антивладини протести низ Србија, кои последните денови се одвиваат со засилено ...

Пожарот кај граничниот премин Јажинце повторно се реактивираше, а на терен се распоредени противпожарните екипи, државните служби и локалното население кое помага во гаснењето на огнената стихија. На локацијата пристигна и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој изјави дека се преземаат сите мерки за пожарот да биде ставен под контрола. Според последните информации, се работи интензивно за локализирање на пожарот и спречување на ...

Рускиот претседател Владимир Путин доби сосема поинаква добредојде од американскиот претседател Доналд Трамп во споредба со украинскиот лидер Володимир Зеленски, кој годинава во февруари беше гостин во Белата куќа. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk) Додека Зеленски беше изложен на остра и непријатна вербална офанзива од Трамп, Путин денеска се насмевнуваше додека седеше со него во ...

Концертот на српската пејачка Јелена Карлеуша беше прекинат откако дел од присутните граѓани упаднаа на настапот и почнаа да ѝ дофрлуваат погрдни зборови. Според снимки и сведоштва од настанот, полицијата интервенирала и ја придружила пејачката до нејзиното возило, додека дел од публиката продолжила со навредите. Pevačicu je iz Loznice evakuisala žandarmerija. pic.twitter.com/o9pNcZa1Cm — Ćutanje nije zlato (@nije_zlato) August 15, 2025 ...

Руски државни медиуми со воодушевување известуваат за потегот на американскиот претседател Доналд Трамп на Алјаска, каде рускиот лидер Владимир Путин, наместо да се вози со својата претседателска лимузина „Aurus“, се приклучил во оклопното возило на Трамп. Според агенцијата РИА Новости, поканата дошла директно од Трамп, а Путин без двоумење прифатил. Државната телевизија Russia 24 го протолкува потегот како јасен знак на пријателство и како ...

Во Нов Белград, полицијата побара од присутните граѓани да се повлечат, тврдејќи дека дел од демонстрантите се вооружени. Според N1 Србија, активистот и советник во општинското собрание на Нов Белград, Здравко Јанковиќ од Зелено-левиот фронт, разговарал со командантот на полициската бригада Драгослав Репац, кој му порачал дека собирот е незаконски бидејќи не е пријавен, а дека во толпата има наоружани лица. „Ви издавам јасна наредба да ја ...

Утре, 16 август, ќе се одржи 18-тиот „Марш на ангелите“, во чест на 62-та млади животи изгубени во пожарот во клубот „Пулс“ пред точно пет месеци. Настанот ќе започне во 18:05 часот – симболично време што, според здружението на родителите, ја претставува доцната и фатална институционална реакција во ноќта на трагедијата. Мајката на загинатиот Андреј, Марија Панова, преку силна и емотивна објава на социјалните мрежи, се потсети на своето ...

На самитот во Алјаска, каде што треба да се разговара за можен крај на војната во Украина, Доналд Трамп и Владимир Путин беа фотографирани како седат еден до друг, со јасно истакната порака „Pursuing Peace“ (Обид за мир) и „Alaska 2025“ во позадината. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk) Двајцата лидери беа придружувани од своите најблиски соработници и членови на делегациите, додека новинарите ...

Фото: Полициска управа на Црна Гора, Фејсбук Црногорската полиција распиша меѓународна потерница по 18-годишниот Андреј Танасковски од Македонија, осомничен за вооружен напад врз висок член на криминалната група од Будва, поврзана со Шкаљарскиот клан. Станува збор за обид за ликвидација на 56 годишниот Марко Љубиша со прекар Кан. Според истрагата, минатата недела во хотелскиот комплекс „Маестрал“ во Пржно, Танасковски испукал два куршуми кон ...

Додека Доналд Трамп и Владимир Путин накратко позираа за фотографија на подиум, новинарите ја искористија приликата да им упатат прашања. „Претседателе Путин, ќе се согласите ли на прекин на огнот?“, се слушна од толпата репортери. Друг новинар праша кој е ставот на Трамп за Путин. Последното прашање – „Ќе престанете ли да убивате цивили?“ – предизвика реакција, со тоа што рускиот претседател покажа со раката кон увото, гестикулирајќи дека ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за РТС изјави дека полицијата во Ваљево цела вечер била гаѓана со најразлични предмети и ја нарече групата демонстранти „банда“. „Погледнете ја оваа банда која ги гаѓала цела вечер. Полицијата стои, не се движи, никого не допира, а тие ги напаѓаат“, рече Вучиќ, тврдејќи дека полицијата била „неверојатно толерантна и трпелива“. Но, снимките од протестот „Вечерас пуцате по шавовима“ прикажуваат ...

Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин ќе се сретнат вечерва во Алјаска. Трамп веќе слета во Алјаска, придружуван од своите најблиски соработници. Во меѓувреме, на пистата се спушти и руски владин авион. Состанокот, кој се смета за еден од најважните во обидите за завршување на војната во Украина, ќе може да се следи во живо. Поврзани вести преку ознаки: аласка, путин, русија, сад, трамп, украина ...

Во Нов Белград, на кружниот тек кај Општината, граѓаните се собраа на коловозот, но сообраќајот сè уште не е запрен. Некои од присутните изјавиле дека бил присутен голем број оклопни возила, што предизвикало вознемиреност, но нагласуваат дека се решени да го одржат вечерниот протест. Дел од нив споменале и можност да се упатат кон простории на Српската напредна странка во Нов Белград. Атмосферата е бучна, се слушаат свирежи, а возачи им ...

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, денеска им изјави на новинарите дека претходно планираниот тет-а-тет состанок меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин е променет. „Раните планови за средба помеѓу Доналд Трамп и Владимир Путин сега ќе вклучуваат и државниот секретар Марко Рубио, како и специјалниот пратеник Стив Виткоф“, изјави Левит. Оваа промена доаѓа неколку часа пред закажаната средба на ...

На маргините на денешниот самит во Анкориџ, Алјаска, каде што американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин треба да разговараат за можностите за ставање крај на војната во Украина, се одржуваат протести во знак на поддршка на Киев. Демонстрантите, носејќи украински знамиња и транспаренти, порачаа дека иднината на Украина не смее да се решава без директно учество на украинските претставници. Како потсетување, ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
93%
1010
weather icon

Белград

4ᴼ / 4ᴼ
1.54
100%
1010
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
1.03
91%
1010
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
0.51
80%
1011
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
1.68
83%
1010
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
97%
1009
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
2.57
73%
1009
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
87%
1010
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
100%
1010
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
6.26
82%
1011
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
2.57
89%
1011
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 9ᴼ
2.57
80%
1010
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Родиум

336779.07

Рутениум

45750.51

Сребро

2497.79

Бакар

11.83

Иридиум

215504.98

Кобалт

64.04

Злато

159436.20

Алуминиум

3.07

Цинк

3.29

Паладиум

54077.56

Калај

46.06

Платина

67484.42