Дождот кој утрово заврна на подрачјето на ловиштето „Јасен“ и траеше нешто повеќе од два часа помогна да се изгасне пожарот што повеќе од десетина дена пустошеше во регионот. И покрај обилните врнежи, на одредени делови од пожарната линија и понатаму има чадење. „По кревањето на маглата и чадот ќе продолжиме со пешадиско дејствување врз жешките точки кои покажуваат знаци на горење. Овој терен ќе биде пребаран и со дронови со термални ...

Луѓето кои не пијат доволно вода имаат посилна биолошка реакција на стрес, покажува ново истражување на Универзитетот „Џон Мурс“ во Ливерпул (LJMU). Студијата опфатила 32 испитаници – половина кои пиеле помалку од 1,5 литри вода дневно и половина кои ги исполнувале препораките за дневен внес на течности. Според Европската агенција за безбедност на храна (EFSA), мажите треба да внесуваат околу 2,5 литри вода, а жените најмалку 2 литри. Во ...

Обединетите нации преку Integrated Food Security Phase Classification (IPC) денеска ќе објават дека во градот Газа настапил глад – првпат во историјата на Блискиот исток. Станува збор за административната единица „Gaza Governorate“, во која живеат околу половина милион луѓе, опфатени со градот Газа, три околни населби и неколку бегалски кампови. IPC, кој постои од 2004 година и досега прогласил глад само четири пати во светот (последен пат ...

И покрај бројните реакции на жителите и јавноста, состојбата со дивата депонија спроти Општина Шуто Оризари останува непроменета. Наместо простор за одмор и забава на најмладите, детското игралиште и понатаму е опкружено со купишта отпад – кеси, стари предмети и разнолик ѓубретарник кој секојдневно се зголемува. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk) Дел од граѓаните реагираат дека местото станува ...

Секторот за компјутерски криминал при МВР поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против 27-годишниот Ф.М. од Скопје, поради основано сомнение за сторено кривично дело „Производство и дистрибуција на детска порнографија“ предвидено по член 193-а став 3 од Кривичниот законик. Акцијата била спроведена по добиена информација од германската полиција за меѓународна истрага во врска со сексуална злоупотреба на деца, ...

Против 27-годишен скопјанец се води истрага за производство и дистрибуција на детска порнографија, откако на негови уреди биле пронајдени фотографии и видеа со таква содржина. -Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило продолжено кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија согласно член 193-а став 3 во врска со ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата администрација ќе знае во рок од две недели дали ќе се постигне мир во Украина, предупредувајќи дека ако не, тој ќе „заземе поинаков пристап“. Оваа изјава е последна во низата рокови што Трамп ги постави за завршување на војната, кои досега поминаа без конкретни акции, пишува The Kyiv Independent. „Во рок од две недели ќе знаеме дали ќе има мир во Украина. После тоа, можеби ќе мора ...

Во северниот дел на Албанија, во регионот Никај-Мертур кај планинскиот град Тропоја, е откриена првата статуа на Исус Христос во земјата. Споменикот, кој го прикажува Христос со раширени раце, потсетува на светски познатата статуа „Христос Спасителот“ во Рио де Жанеиро. Автор на делото е локалниот жител Сокол Ндуе Прогни, кој успеал да ја долови сличноста со оригиналниот бразилски монумент. На свеченото откривање присуствуваа претставници ...

Македонскиот бокс е завиен во црно по трагичната вест за смртта на младиот боксер Еди Насуфи, кој загина во сообраќајна несреќа во изминатите денови. Тој имаше само 19 години. Насуфи беше редовен репрезентативец на Македонија во повеќе возрасни категории и важеше за еден од најголемите таленти на македонскиот младински бокс. Своите спортски вештини ги развиваше во струшкиот клуб „Синди“, каде остави силен впечаток со својот талент и ...

Вработените во Шумската полиција добиваат бенефициран стаж, соопшти заменик генералниот директор на ЈП „Национални шуми“ Кире Михаилов, оценувајќи дека прашањето „со години стоело на маса“. Веста ја сподели и претседателот на НСП, Мартин Ефремов, со честитка за „израмнување на правата со колегите од МВР“. „Преубава вест е што бработените во Шумската полиција конечно добија бенефициран стаж. Шумската Полиција од самото нејзино формирање го ...

Уште една жртва на сообраќајна несреќа во земјава. 19-годишен возач од Велешта загина синоќа откако неговиот „мерцедес“ излетал од патот на регионалниот пат Струга – Дебар. На 20.08.2025 околу 23:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар, во с.Велешта, струшко, патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Е.Н.(19) од с.Велешта, излетало од коловозот. Од здобиените повреди на ...

Две возила беа зафатени од пожар што ноќеска околу 2:40 часот избувна на паркинг пред зграда на булевар „Кочо Рацин“ во Скопје. Повредени лица нема, а огнот бил изгаснат од екипите на Бригадата за противпожарна заштита. Денеска (21.08.2025) во 02:42 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг пред зграда на бул.„Кочо Рацин“ во Скопје било опожарено патничко возило „опел инсигниа“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Л.(32) ...

Јавното обвинителство Скопје поведе истрага против едно лице поради сомнение за продолжено кривично дело „Изнуда“. Осомничениот, во периодот од 15 до 28 јули 2025 година, успеал да извлече околу 1,5 милион денари од едно лице, претставувајќи се како министер за внатрешни работи и тројца јавни обвинители. Според истрагата, осомничениот со сериозна закана уверувал дека против оштетениот ќе биде поведена судска постапка доколку не ја исплати ...

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али, соопшти дека пожарот што избувна во Скопје е настанал во поранешниот објект на „Макотекст“ на улица Никола Парапунов во Карпош 4. Вели дека го гаснат десетина пожарникари со пет противпожарни возила, а во акцијата учествува и воздухоплов на ДЗС кој исфрли вода врз објектот. Гори поранешен објект на Макотекст фирмата на улица Никола Парапунов покрај Кеј на Вардар кај мостот ...

Пожарот што претпладнево ги зафати бараките, познати како „лепенки“, во скопската населба Карпош 4 е ставен под контрола, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. „Во гаснењето учествуваат повеќе возила и екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, под водство на командантот на единицата Звонко Томовски. Нема информации за повредени или настрадани лица“, изјави Ангелов. Од местото на ...

Голем пожар претпладнево зафати објект во населбата Карпош 4 во Скопје. Од местото на пожарот се издигаат густи облаци црн чад што се гледаат од повеќе делови на градот. Очевидци велат дека пламенот за кратко време зафатил објект, односно магацин на фабрика, а низ населбата се шири силна миризба на горење. Вознемирени граѓани јавуваат дека над Скопје кружат и хеликоптери. На фотографиите се гледа како пламените јазици излегуваат од покривот ...

Од 5 до 8 септември, во паркот „Авионче“, општина Аеродром ќе се одржи првиот AERO Street Food Festival, настан кој ќе ги обедини најдобрите улични гастрономски брендови со урбана музичка програма и забавни активности за сите генерации, а влезот ќе биде бесплатен. Гастрономската понуда ќе опфати храна од 4 кујни, А-американска, Е-европска, Р-регионална и О-ориентална. Посетителите ќе можат да дегустираат богат избор на специјалитети – од ...

Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) се огласи во однос на тврдењата дека во приватните болници се вршат непотребни медицински интервенции заради профит. Оттаму нагласуваат дека во изминатите четири години не се евидентирани претставки за такви случаи, а по сопствени наоди биле извршени девет контроли за приватно наплатени средства. „Фондот ја истакнува важноста на придржувањето кон професионалните стандарди, медицинската етика и ...

Рускиот борбен дрон „Шахед“ летал над Полска околу два и пол часа пред да се сруши, објави украинскиот портал „Милитари“, специјализиран за воени теми. Според анализата на надзорот на украинскиот воздушен простор, дронот летал над регионите Житомир, Хмелницки, Тернопол и Лавов во Украина ноќта од вторник кон среда, а потоа влегол во Полска. Растојанието од границата до местото на падот во селото Осини е околу 200 километри. Со оглед на ...

Од денеска македонската онлајн платформа за нарачка и достава на храна „КликниЈади“ го прекинува своето работење на неопределено време. Вчеравечер на официјалната веб-страница на компанијата беше објавена кратка порака: „Почитувани корисници, нашата услуга за достава ќе биде привремено прекината од денес, за неопределен временски период. Ви благодариме на разбирањето.“ „КликниЈади“ започна со работа во 2015 година како семеен бизнис и во ...

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи од ДУИ, денеска го претстави системот „Градежна стража“ како дел од својата програма против урбаниот хаос и нелегалното градење. Иако зборува за „бетонска џунгла“ и политичка заштита на дивоградби, критичарите потсетуваат дека токму ДУИ повеќе од една деценија ја контролира општината, па одговорноста за хаосот кој денес Османи го осудува е во голема мера нивна. „Во Чаир одамна е изгубено ...

Српската јавност е вознемирена откако властите изрекоа казни за двајца претставници на Движењето на слободни граѓани (ПСГ). Пратеникот Радивој Јововиќ доби 30 дена затвор во Клиса, додека неговата сопартијка и активистка Исидора Челекетиќ е испратена во домашен притвор со можност да остане таму и до три месеци. Јововиќ беше приведен на 19 август за време на блокадата на Основниот суд во Нови Сад, кога се обидел да влезе од страничниот влез. ...

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против шест полициски службеници и уште две лица. Од доказите произлегло дека првообвинетиот заедно со две лица, за кои постапката е во прекин, сториле кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“. Со искористување на ...

Фото: принтскрин - ТВКанал8 Родителите на дел од загинатите деца во дискотеката „Пулс“, се сретнаа со премиерот Христијан Мицкоски, кој при посетата на Кочани, беше да запали свеќи на градските гробишта. Тие му ги кажале проблемите со кои се соочуваат, се пожалиле на притисоци. Имале забелешки и на постапувањето на институциите. „Само што ќе се објави нешто од наша страна, од родителите, веднаш од сите страни почнуваат со клевети, навреди и ...

Израелските одбранбени сили потврдија дека започнале со првични операции кои се дел од долгорочно планираната копнена офанзива за преземање на градот Газа. Според официјалните информации, израелските војници веќе воспоставиле контрола врз делови од периферијата на градот, вклучувајќи ги областите Зејтун и Џабалија. Портпаролот на армијата изјави дека акциите претставуваат подготвителна фаза за целосно освојување на градот, план кој вчера го ...

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР поднесе кривична пријава против С.А. (26) од Скопје, кој се сомничи за кривично дело „тероризам“. Како што соопштија од Министерството, на 16 август годинава, во 02:41 часот, тој преку телефонската линија 192 лажно пријавил дека е поставена бомба во авион кој од Меѓународниот аеродром Скопје требало да полета кон Турција. Веднаш биле активирани антитерористички протоколи и ...

Пејачката Јелена Карлеуша со обемен статус на социјалните мрежи изјави дека никој друг на Балканот не направил толку за ЛГБТ заедницата колку што направила таа. „Цели генерации беа под мојот чадор и од мене црпеа сила да ја кренат главата и да се борат за своите права. Моја децениска борба им даде видливост и храброст. Јас сум мајката на човековите права за ЛГБТ заедницата“, напиша Карлеуша. Таа додаде дека нејзиниот придонес заслужува ...

Основното јавно обвинителство ГОКК отвори истрага против лице осомничено за кривично дело тероризам, откако на 16 август преку бројот за итни повици 192 упатило лажна закана за поставена бомба во авион на релација Скопје–Анталија. По добиената дојава, веднаш биле активирани антитерористичките протоколи и извршена повеќечасовна проверка, со која било утврдено дека станува збор за лажна пријава. Инцидентот предизвикал чувство на страв кај ...

Остри реакции ја потресоа здравствената сфера откако Клиничката болница „Аџибадем Систина“ најави тужба против кардиологот Сашко Кедев. Повод се неговите тврдења дека во приватни болници се изведуваат непотребни интервенции заради профит. „Најголем дел од мојата консултативна работа е да ги одвратам луѓето од непотребни интервенции. Се соочуваме со непотребни постапки во приватни установи, кои се профитно ориентирани. Имаме докази дека ...

Мајката на загинатата Ивона Антова, една од младите жртви во трагичниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“, јавно реагираше на социјалните мрежи по коментарите и шпекулациите што кружат во јавноста. Стојка Иванова Антова упати потресна порака во која зборува за семејната болка и за односот на дел од јавноста кон нивната трагедија. „Да, вистина е – ја изгубивме нашата единствена ќерка, нашата Ивонче. Тоа е најтешкото нешто што може да му ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
0.51
93%
1010
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
90%
1010
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
89%
1010
weather icon

Софија

6ᴼ / 3ᴼ
3.6
82%
1010
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
2.43
81%
1009
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
96%
1009
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
2.06
67%
1009
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
81%
1009
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
93%
1010
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
5.66
84%
1010
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
89%
1010
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 9ᴼ
2.57
82%
1009
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Родиум

336779.07

Злато

159436.20

Калај

46.06

Сребро

2497.79

Кобалт

64.04

Бакар

11.83

Рутениум

45750.51

Платина

67484.42

Алуминиум

3.07

Цинк

3.29

Паладиум

54077.56

Иридиум

215504.98