Клучните американски агенции, меѓу кои и ФБИ, Стејт департментот и Пентагон, им наложија на своите вработени да не го почитуваат последното барање на шефот за намалување на трошоците, Илон Маск, федералните работници да објаснат што сработиле минатата недела – или ризикуваат да ја загубат работата. Отпорот од именуваните лица на претседателот Доналд Трамп означи ново ниво на хаос и конфузија во федералната работна сила, само еден месец откако ...

„Нема да влеземе во коалициски преговори со АфД. Го кажавме тоа пред изборите и луѓето кои гласаа за АфД го знаеја тоа“, рече лидерo на победничката ЦДУ Фридрих Мерц на ТВ дебата со партиските лидери по завршувањето на денешните избори во Германија, откако крајно десничарската АфД заврши на второ место со најмногу освоени гласови досега. „Ние победивме на овие избори многу јасно… Ќе се стремам да изградам влада која ќе ја претставува целата ...

Германските опозициски конзервативци победија на избори, со што лидерот на ЦДУ Фридрих Мерц е на пат да биде следниот канцелар, а крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) е второто место, нејзиниот најдобар резултат досега, покажаа излезните анкети. По кампањата зафатена со серија насилни напади и интервенции на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, конзервативниот блок ЦДУ/ЦСУ освои 28,5 отсто од гласовите, по ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да поднесе оставка во замена за прием на Украина во НАТО. „Ако тоа значи мир за Украина, тогаш јас сум подготвен“, рече Зеленски, нудејќи услови за негова оставка како шеф на државата на денешната прес-конференција во Киев. Неговиот приоритет е да ја обезбеди безбедноста на Украина, а влезот во НАТО ќе биде најдобрата опција, рече тој, додавајќи дека не сака да владее со децении. ...

Иако развојот на науката и медицината од 19 век досега доведе до тоа луѓето да живеат подолго отколку во претходните епохи, сепак, се чини дека растот на животниот век запре од 2011, барем во Европа. „Веќе не живееме подолго“, според десетици истражувачи од Универзитетот во Источна Англија (УЕА), Универзитетот во Вашингтон, Универзитетот во Ексетер, Институтот за здравствена метрика и евалуација (ИХМЕ) и Одделот за здравствена и социјална грижа ...

Општина Штип со свои пари набави нови автобуси и воведе јавен автобуски превоз, а со пари од програмата на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) започна да поставува современи постојки. Поставувањето на постојките прекина откако по одлуката на претседателот на САД Доналд Трамп, американскиот Стејт Департмент на 24 јануари одлучи да ја замрзне распределбата на средствата за речиси целата американска помош во странство, меѓу кои и ...

Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ во Скопје ќе се реконструира за 12 милиони евра, со пари од ТАВ проект, кажа денеска премиерот Христијан Мицкоски. Премиерот рече дека со реконструкцијата, болницата ќе добие европски услови, седум операциони сали со светска апаратура, а истовремено ќе се реновира и реконструира и кровот бидејќи протекува. „Знаете сега некој оперира, а одозгора му тече ако врне дожд. Малце е непристојно. За жал, никој ...

Додека сум јас премиер, нема да има таква работа, рече Христијан Мицкоски за најавата на првиот вицепремиер Изет Меџити дека за една година на власт ќе се вработат до 2-3 илјади Албанци во државната и јавната администрација. „Нема таква работа, ниту пак ќе има додека сум јас претседател на македонската Влада. Ќе се вработуваат и добро е да се вработуваат луѓе кои ќе бидат компетентни и кои ќе одговорат соодветно на тие работни места. Тоа сега ...

Февруари е месец на орално здравје кај децата, а улогата на млечните заби е незаменлива. Ова e мотото на овој месец, со кој кај родителите се подига свеста за потребата од рано одење на стоматолог заради забоздравствена заштита. Стоматологот д-р Анита Солева од Здравствен дом Велес, вели дека децата треба да почнат да одат на стоматолог уште со излегувањето на првите млечни заби. „Улогата на млечните заби е голема, имаат иста улога како и ...

Русија изврши голем напад со беспилотни летала низ Украина, ден пред тригодишнината од војната. Јуриј Игнат, портпарол на командата на воздухопловните сили на Украина, вели дека рекордни 267 руски беспилотни летала биле лансирани во еден, координиран напад. „Во пресрет на третата годишнина од целосната војна, Русија лансираше 267 нападни беспилотни летала против Украина – најголемиот напад откако иранските беспилотни летала почнаа да ги напаѓаат ...

Многу украински бригади имаат барем еден, а често и неколку војници со ампутирани раце или нозе кои сè уште се на активна должност – мажи кои се вратиле во борба поради чувство на должност додека нивната земја се мачи да се одбрани од агресијата на Русија. „Борбата со раце и нозе е нешто што секој може да го направи. Да се бориш без нив – тоа е предизвик“, вели еден војник со апмутирани шаки. „Но, само оние кои се соочуваат со предизвици и се ...

Стотици илјади федерални работници во САД добија нешто повеќе од 48 часа да објаснат што сработиле во текот на минатата недела, што предизвика конфузија кај клучните агенции додека милијардерот Илон Маск ја проширува својата крстоносна војна за да ја намали големината на федералната влада. Маск, кој ја извршува функцијата началник за намалување на трошоците на претседателот Доналд Трамп, вчера го објави вонредното барање на неговата социјална ...

Маж со пиштол влегол во Одделението за интензивна нега во болницата во Пенсилванија и ги зел вработените за заложници пред да биде убиен од полицијата во престрелка во која загинал и еден полицаец, соопштија властите. Тројца работници во Меморијалната болница УПМЦ, меѓу кои и лекар, медицинска сестра и чувар, и уште двајца полицајци беа застрелани и ранети во нападот, рече окружниот обвинител на округот Јорк. Четвртиот вработен е повреден при ...

Поминаа 8 месеци откако се урна дел од потпорниот ѕид зад Клиниката за детски болести во Скопје, а тој сѐ уште не е саниран. Ѕидот се урна на 10 јуни лани, и по неколкумесечни преговори која институција е надлежна за интервенцијата, на 31 октомври Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека Министерството за здравство треба да почне со изградба на ограден/потпорен ѕид зад Клиниката. Во преговорите кој е надлежен за ѕидот и кој треба да го ...

Германските власти истражуваат можен случај на саботажа на воен брод на германската морнарица. „Можен безбедносен инцидент“ е идентификуван во поморскиот арсенал во северозападниот пристанишен град Вилхелмсхавен, изјави вчера портпаролот на Оперативниот команден центар во Берлин. „Фрегатата Хесен моментално се наоѓа таму, каде што е подложена на планирано одржување“, рече портпаролот, без да даде дополнителни детали. Медиумите вчера објавија ...

Критична е состојбатa на папата Фрањо, соопшти доцна попладнево Ватикан. Осумдесет и осумгодишниот поглавар на Римокатоличката црква страда од сериозна инфекција на белите дробови повеќе од една недела и на 14 февруари беше примен во римската болница „Џемели“. Во денешното соопштение се наведува дека добил и трансфузија на крв откако тестовите покажале состојба поврзана со анемија. „Папата Фрањо денеска беше во критична состојба откако претрпе ...

„Соништа (секс љубов)“ на норвешкиот режисер Даг Јохан Хаугеруд, портрет на тинејџерка со страсна имагинација која ги преточува своите интензивни чувства кон учителот во трансформативен личен есеј, ја освои Златната мечка на јубилејно 75. издание на Берлинскиот филмски фестивал што заврши вечерва. Наградата го затвора кругот на Хаугеруд, откако премиерно го прикажа „Секс“ – првиот филм од трилогијата – една година претходно во програмата ...

Лешот што утринава го најдоа работниците кои го градат мега паркот во Штип е штипјанецот С. Д. ( 86 ), кој бил пријавен за исчезнат на 15 август 2024 . По наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција, а идентификувано е по увидот на СВР Штип и извршеното препознавање. Мртвото тело во распаѓање било забележано од работниците кои со работните машини утринава го расчистувале теренот каде почна да се гради мега паркот во близина на ...

Едно лице е убиено, а најмалку двајца полицајци се тешко повредени во напад со нож во источниот француски град Милуз. 37-годишен Алжирец е уапсен на местото на настанот, а обвинителот отвори терористичка истрага бидејќи осомничениот наводно извикал „Алаху акбар“ (Господ е голем), израз кој муслиманите ги извикуваат како симбол за нивната вера. Мажот тешко повредил двајца полицајци, еден во вратот и еден во градниот кош. Цивил кој се обидел да ...

„Коки, чао“, краткиот еспериментален документарец за 67-годишниот какаду папагал што зборува чиј поранешен сопственик бил лидерот на Југославија Јосип Броз-Тито, ја освои наградата за филмска режија КУПРА на Берлинале, што завршува вечерва. Холандскиот 11-минутен филм на режисерот и сценарист Квентон Милер во косценарио со папагалот Коки и Мишо Антаџе, за главен лик го има папагалот како негова централна креативна фигура. Коки беше дел од ...

Голем број луѓе излегоа денеска на улиците на Берлин за да се спротивстават на демонстрациите што ги организираа околу 100 неонацисти. Над 1.000 контрадемонстранти се собраа на неколку локации околу планираната десничарска поворка во централниот кварт Мите, изјави портпаролот на полицијата. Според властите, неонацистичкиот марш тргнал околу пладне на рутата што води од станицата Фридрихштрасе на запад до главната железничка станица во градот. ...

Во тек се подготовките за средба лице в лице меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, изјави денеска рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков, што означува јасно отстапување од напорите на Западот да ја изолира Москва поради нејзината војна во Украина. Во изјава за руските државни медиуми, Рјабков рече дека евентуалниот самит Путин-Трамп може да вклучи широки разговори за глобалните ...

Неколку илјади приврзаници на бугарската ултранационалистичка партија Преродба денеска се пресметаа со полицијата додека се обидуваа да упаднат во зградата на мисијата на Европската унија, за време на протестот против плановите на земјата да го воведе еврото следната година. Антивладините демонстранти, скандирајќи „Оставка“ и „Не за еврото“, фрлаа црвена боја, петарди и молотови коктели врз зградата на ЕУ во главниот град Софија, при што ја ...

Поголемиот дел од Тетово вчера изутрината остана без струја. Според информациите од Електродистрибуција при ЕВН околу 9 часот настанал дефект на 110КВ трафостаница „Тетово1“. Ова беше причина поголемиот дел од централното градско подрачје со околу 5.000 корисници да остане без струја сè до 14 часот. Струјата дојде, но, за кратко бидејќи веќе во 16 часот се случи нова хаварија. Овојпат на 20 КВ кабел на изводот од трафостаницата „Тетово 1“. Тогаш ...

Мртво човечко тело во распаѓање открија утринава градежните работници кои пред неколку дена започнаа со расчитување на теренот предвиден за изградба на мега паркот покрај реката Брегалница. По пријавата, на лице место излeгле увидни екипи и според Основното јавно обвинителство, веќе се работи на утврдување на идентитетот на починатото лице. Трупот бил најден во близина на местото Бунари и пешачката патека која се протега покрај Брегалница. ...

Претседателот на САД Доналд Трамп го смени курсот и призна дека Русија всушност ја нападна Украина. Во интервју за радиото „Фокс њуз“ вчера, тој призна дека Русија ја нападнала Украина по наредба на Владимир Путин, но рече дека украинскиот претседател Володимир Зеленски и тогашниот американски претседател Џо Бајден требало да го спречат тоа. „Не требаше да му дозволат да нападне“, рече Трамп. Американскиот претседател на 18 февруари рече дека ...

Додека денеска битолчани се собираа за бесплатната пешачка тура низ Битола што традиционално по четврти пат беше организирана по повод Светскиот ден на туристички водичи, пред Завод и музеј во Битола допатува голема група туристи од Турција. На нив за историјата на градот и Музејот им зборуваше турски водич кој беше дел од групата. Горан Пинза, лиценциран турстиички водич од Битола кој ја предводеше пешачката тура за домашните туристи, а во ...

Планинари од Југоистокот денеска од пред споменикот Македонија во градскиот парк во Струмица го почнаа маршот кон Скопје во чест на загинатиот македонски претседател Борис Трајковски. Тие во наредните денови во неколку етапи ќе го пешачат патот долг околу 200 километри, за да на 26 февруари положат цвеќе на гробот на Трајковски. Ова е 20. по ред планинарски марш, а учествуваат 15 планинари од Струмица, Валандово, Гевгелија, Радовиш и Штип и ...

Претседателот на САД Доналд Трамп вчера ненадејно го разреши генералот на воздухопловните сили Си-Кју Браун Џуниор од функцијата претседателот на Здружениот Генералштаб, отфрлајќи борбен пилот и почитуван офицер како дел од кампањата предводена од неговиот секретар за одбрана Пит Хегсет за ослободување на војската од водачи кои ја поддржуваат различноста и правичната застапеност во своите редови. Смената на Браун, кој е вториот црнец генерал кој ...

Миграцијата и економијата доминираа како теми во предизборната кампања пред предвремените избори за Бундестагот кои се одржуваат на 23 февруари. Унијата ЦДУ/ЦСУ води во анкетите и ветува промена на политиката. „Три години се обидувате да водите левичарска политика во Германија. Не може да продолжите со тоа“, рече пред две недели Фридрих Мерц, кој се кандидира за канцелар во име на конзервативните сестрински партии ЦДУ/ЦСУ. Во Бундестагот со тоа ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
10.29
35%
1015
weather icon

Белград

27ᴼ / 26ᴼ
4.63
45%
1018
weather icon

Загреб

30ᴼ / 29ᴼ
2.06
45%
1021
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
7.72
42%
1015
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
6.65
27%
1011
weather icon

Љубљана

31ᴼ / 30ᴼ
4.12
51%
1021
weather icon

Атина

33ᴼ / 31ᴼ
6.17
38%
1010
weather icon

Тирана

34ᴼ / 34ᴼ
6.69
29%
1011
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
10.8
25%
1014
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
3.6
80%
1014
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 27ᴼ
8.23
38%
1019
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 25ᴼ
7.72
100%
1011
Currency

61.525

Currency

52.5197

Currency

72.0328

Currency

34.2833

Currency

38.3069

Currency

65.7588

Currency

7.32673

Currency

0.6714

Currency

0.36257

Currency

0.52345

Currency

1.31598

Currency

0.61434

Алуминиум

2.58

Иридиум

142132.66

Кобалт

42.99

Никел

15030.00

Рутениум

21637.45

Калај

34.19

Сребро

1157.12

Злато

105266.98

Бакар

10.18

Паладиум

36394.65

Платина

43046.71

Родиум

175221.57

Цинк

2.75