
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



Македонското научно друштво (МНД) од Битола, кое е центар на интелектуалниот капацитет на градот и ги вмрежува поединците и институциите кои работат за афирмација на културните вредности во земјава и од странство, прославува 65 години постоење. Основано е на 25 април 1960, во просториите на Државниот архив во Битола, по иницијатива на група битолски интелектуалци. Првиот претседател бил професорот по македонски јазик Живко Василевски, а секретар ...
Серија земјотреси го погодија Истанбул денеска, од кои најсилниот имал јачина од 6,2 степени според Рихтерова скала, објави турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни ситуации. Германскиот истражувачки центар за геонауки, пак, соопшти дека земјотресот бил со јачина од шест степени и се случил на длабочина од десет километри. Турските власти кажаа дека во периодот од 12:13 часот до 12:51 часот по локално време биле регистрирани три ...
Судењето за грабнувањата и убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски денеска продолжи со сведочење на првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо, кој тврдеше дека доказите презентирани од обвинителството се нецелосни, манипулативни и фалсификувани. Тој тврдеше дека не го познавал убиениот Панче Жежовски. Палевски рече дека според доказите што тој ги поседува, меѓу Жежовски и сообвинетиот Велибор Манев постоела десетгодишна ...
Министерството за внатрешни работи (МВР), во соработка со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), спроведува опсежна акција на повеќе локации низ Македонија. Од МВР велат дека акцијата е поради основано сомнение за сторени кривични дела со кои е предизвикана штета на Фондот за здравствено осигурување. „Со оглед на обемот на акцијата, повеќе информации ќе бидат споделени по нејзиното завршување“, ...
Реформската агенда не е само усогласување со критериумите на ЕУ, туку во суштина е подобрување на секојдневниот живот на граѓаните, кажа шведската амбасадорка Ами Ларсон Џаин на денешната тркалезна маса за реформската агенда за членство во Европската унија на земјава. „Шведска останува посветен партнер за членството на Северна Македонија во ЕУ. Заедно со Швајцарија се стремиме да ги зајакнеме демократските институции, да поттикнеме владеење на ...
Володимир Зеленски го отфрли признавањето на окупираниот Крим како руска територија по извештаите дека за ова би можело да се разговара на денешната средба во Лондон. Разговорите ќе имаат помала тежина откако доаѓањето го откажаа американскиот државен секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник Стив Виткоф, па место нив, САД ќе ги претставуваат специјалниот пратеник за Украина, Кит Келог. Средбата се одржува среде шпекулациите дека Русија е ...
Изложбата „Ткаење светови: Колекции во разговор“ со дела од 87 автори од колекцијата на Музејот на современата уметност во Скопје (МСУ Скопје) ќе се отвори утре (24 април) во 20 часот, во Модерна галерија + Музеј на современа уметност Метелкова во Љубљана, Словенија. Во „Ткаење светови: Две колекции во разговор“ се вклучени дела од 87 автори, од кои најмногу дела од Македонија и од речиси сите поранешни југословенски републики, дополнети со дела ...
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) утврдила вознемирување и директна дискриминација од нотарка кон слепо лице, но и дискриминација од Министерството за правда кон целата популација слепи, односно лица со оштетен вид во Македонија. Дискриминацијата е врз основа на попреченост во областа на пристап до нотарските услуги на лицата со попреченост. Комисијата споила во еден предмет две пријави, како од здружение на слепи лица, ...
Битолчани 67 дена годинава дишеле воздух со дневни концентрации на ПМ10 честички над дозволеното, кои можат да продрат длабоко во респираторниот систем на луѓето. Податокот е објавен на официјалната страница на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) каде се вели дека на годишно ниво се дозволени 35 дена со надминувања на среднодневната гранична вредност на суспендирана прашина, а мерната станица Битола 2 веќе измерила ...
Руски дрон погоди автобус кој превезувал работници во украинскиот град Марганец, при што загинаа најмалку девет луѓе. Властите кажаа дека Русија лансирала дронови кон цивилната инфраструктура во јужна, источна и централна Украина. Нападите уследија откако Владимир Путин и Володимир Зеленски најавија дека се спремни директно да разговараат за целосен прекин на нападите врз цивилни цели. „Русите нападнаа автобус полн со работници на една фирма кои ...
Матурантите од гимназиите „Јосип Броз Тито“ и „Георги Димитров“ вчера, во резиденцијата на германската амбасадорка Петра Дрекслер, ги добија дипломите за положен испит по германски јазик. Тие четири години учеа во специјалните германски паралелки кои ги има во овие две училишта и на завршување на средното образование полагаа испит ДСД 2 за познавање на германски јазик. Со оваа диплома тие ќе можат да се запишат на студии во Германија како доказ ...
Илон Маск кажа дека ќе ја намали својата улога во владата на Доналд Трамп откако профитот и приходите на неговата компанија „Тесла“ значително паднале во првите три месеци од оваа година. Тој исто така се соочи со големи критики откако стана важна политичка личност во Белата куќа. „Тесла“ вчера објави пад на приходите од 20% во првиот квартал од годината во споредба со истиот период лани, како и намален профит од дури 70%. Компанијата ги ...
Огромна експлозија го затресе централниот руски регион Владимир, за која воените власти кажаа дека се случила во воено складиште за муниција. Вонредна состојба е прогласена во округот Киржач, а неколку села се евакуирани. Руската војска објави дека муницијата била детонирана откако избувнал пожар во складиштето „поради човечка грешка и кршење на безбедносни правила“. И руски и украински канали на Телеграм објавија снимки од местото на несреќата, ...
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) денеска ги намали своите предвидувања за економски раст на САД, Кина и бројни други држави поради новите американски царини, кои се најголеми во последните 100 години и предупреди на зголемени трговски тензии. ММФ ги измени своите економски предвидувања само десет дена откако Доналд Трамп воведе универзални царини од 10% за речиси сите трговски партнери на САД и уште поголеми за Кина. Притоа ја намали својата ...
За десет дена две мали деца, од кои едното на неполни две години, а другото на осум години беа искасани од улични кучиња на плоштадот Магнолија, во строгиот центар на Битола. И двете се здобија со тешки телесни повреди на лицето, поради што повредите мораа да им бидат санирани во Клиничката болница. Осумгодишното дете беше нападнато од кучето на 13 април и имаше повреди на челото, а помалото на 20 април, односно на Велигден со повреди на устата, ...
Во штипската касарна „Јане Сандански“ денеска беше одбележана 110-годишнината од смртта на револуционерот. Во својот говор командантот на Вториот пешадиски батаљон, Зоран Сумрачки пред бистата на револиционерот која се наоѓа на самиот влез на штипската касарна рече дека веднаш по осомостојувањето на Македонија и формирањето на Армијата во 1992 година касарната во Штип го доби името на Јане Сандански. Неговиот идеал беше создавање на самостојна , ...
Комерцијална банка пушти во употреба нов портал за електронско банкарство кој овозможува брз, едноставен и безбеден пристап до личните и деловните финансии. Со целосно нов и интуитивен изглед и со напредни функционалности, интернет банката дозволува лесно управување со платежни сметки, депозити, картички и кредити, вршење трансакции за неколку секунди и 24/7 следење на финансиските промени за максимално безбедни финансии. Новата интернет банка ...
Претседателот на Собранието Африм Гаши објави оглас за ново тројазично лого на Собранието, кое, како што се вели во огласот, треба да ги одразува националните вредности и вредностите, мисијата и визијата на институцијата. Од Собранието велат дека новото лого треба да го модернизира визуелниот идентитет на институцијата. Во членот 2 став 3 од огласот се вели: „Логото треба да содржи графички елемент и целосен текст на називот на собранието на ...
Пратеникот и поранешен вицепремиер и потпретседател на СДСМ Фатмир Битиќи, пријавил во МВР грабеж во неговиот дом за време на велигденските празници. Кражбата, според она што го пријавил Битиќи, се случила во периодот од 18 до 21 април, во период додека Битиќи и семејството не биле дома за празниците. Непознати сторители насилно влегле во објектот, со употреба на алат и сила ја скршиле вратата. Биле украдени сеф и други вредни предмети. Од МВР ...
Со стихови од песната на групата „Санаториум“, „Без разум и свест“ и транспарант со измената реплика од филмот „Среќна Нова ’49“, „Извини Зоки морално (ли беше)“, членовите на Синдикатот на културата на Македонија (СКРМ) денеска протестираа пред Министерството за култура бидејќи им доцни мартовската плата. „ Денес стоиме овде не затоа што сакаме, туку затоа што мораме! Мораме, затоа што веќе предолго трае ова лудило што секоја година, во март и ...
Со приложување на писмените искази на сведоците на Обвинителството и на одбраната, кои беа дадени при првото судење за модуларната болница во Тетово, заврши доказната постапка против обвинетите Флорин Бесими и Артан Етеми и ЈЗУ Клиничка болница Тетово, како правно лице. Тие се обвинети за кривичното дело „тешки дека против општата сигурност“, а во врска со пожарот кој изби во модуларната болница во Тетово на 8 септември 2021 при што животот га ...
Изборот на Хорхе Марио Бергољо за Папа Фрањо во 2013 година означи неколку значајни преседани во историјата на Католичката црква. Тој стана првиот папа од американскиот континент и од јужната хемисфера, како и прв поглавар кој не е Европеец по Сириецот Григориј 3 во 8. век. Исто така, Фрањо е првиот језуит на чело на Ватикан, ред кој историски бил гледан со одредена доза сомнеж од Рим. Неговиот избор следуваше откако претходникот Бенедикт 16 ...
Ватикан објави дека погребот на папата Фрањо ќе се одржи в сабота (26 април) од 10 часот. Последното почивалиште на Фрањо, според неговата желба, ќе биде базиликата „Голема Богородица“ во Рим, со што тој ќе биде првиот папа од 1669 година кој не бил погребан во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан. Телото на покојниот папа ќе биде изложено во базиликата „Свети Петар“ од утре од девет часот, за да може јавноста да му оддаде почит. Се очекува ...
Чанта на американската министерка за внатрешна безбедност (ДХС) Кристи Ноем, во која имало 3.000 долари во готовина, била украдена додека таа била на вечера во ресторан во Вашингтон. Ноем потврди дека била цел на грабеж, додавајќи дека случајот и натаму не е решен. Покрај парите, во чантата имало и лични предмети на Ноем, вклучувајќи возачка дозвола, пасош и значка на ДХС. Некогашната гувернерка на Јужна Дакота вечерала во популарниот ресторан ...
Владимир Путин навести дека е спремен за директни билатерални разговори со Володимир Зеленски за првпат од раната фаза на војната во Украина. „Русија секогаш гледала позитивно на какви било мировни иницијативи. Се надеваме дека и претставниците на киевскиот режим размислуваат на ист начин“, кажа Путин. Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, појасни дека коментарите на Путин укажуваат на подготвеност за директни разговори со Киев за ненапаѓање ...
Кардиналите ќе се сретнат денеска за да го планираат погребот на папата Фрањо, на кој се очекува да присуствуваат лидери од целиот свет. Доналд Трамп веќе потврди дека ќе дојде на погребот заедно со сопругата Меланија. Конклавата за избор на новиот папа ќе се одржи следниот месец. Ватикан синоќа објави дека папата Фрањо (88) починал од мозочен удар и срцева слабост. Во својот последен тестамент, Фрањо изразил желба да биде погребан надвор од ...
Патнички авион на „Делта ерлајнс“ се запали во понеделникот на пистата на меѓународниот аеродром во Орландо, Флорида, принудувајќи ги патниците да се евакуираат преку тобоганите за итни случаи, соопшти американската Федерална управа за авијација (ФАА). Инцидентот се случил околу 11:15 часот по локално време кога летот 1213 на „Делта“, кој требало да полета за Атланта, се подготвувал за поаѓање од гејтот. Според ФАА, во тој момент се запалил еден ...
Авион Боинг 737 Макс, кој бил наменет за кинеската авиокомпанија „Шјиамен ерлајнс“, во неделата се вратил во производниот центар на американскиот производител, како последица на трговските тензии и меѓусебните царини воведени меѓу САД и Кина за време на администрацијата на претседателотДоналд Трамп. Авионот, веќе обоен во боите на „Шјиамен ерлајнс“, слетал на аеродромот Боинг Филд во Сиетл во 18:11 часот по локално време, како што пренесува ...
Папата Фрањо почина на Велигденски понеделник, 21 април 2025 година, на 88-годишна возраст во својата резиденција во Каза Санта Марта во Ватикан, соопшти Ватикан утрово. Веста за смртта на поглаварот на Римокатоличката црква ја соопшти кардиналот Фарел. „Драги браќа и сестри, со длабока тага морам да ја објавам смртта на нашиот Свет Отец Фрањо. Утрово во 7:35 часот по локално време, бискупот на Рим, Фрањо, се врати во домот на Отецот. Целиот ...
Илјада оброци, празнично и хуманитарно, беа поделени во Велес, денес понеделник.. Поводот е Велигден, а празничниот ручек го обезбедија гостилницата „Боем“, заедно со здружението „Нула гладни во Велес“ и донации од граѓани и фирми. Годинава е шеста по ред како се одржува оваа акција.. „Ова е најголема годинашна акција од сите кои се организираат во текот на годината. Илјада оброци се за социјално загрозени лица од било која вера и категорија на ...