Најмногу за два месеца ќе биде распишан нов тендер за избор на фирма која ќе го гради 400-киловолтниот далекувод од Трансформаторската станица Битола 2 до македонско-албанската граница, рече министерката за енергетика Сања Божиновска. Поради неисполнување на обврските, во декември 2024 државната компанија за пренос на електрична енергија АД МЕПСО го раскина договорот со сараевската фирма „Енергоинвест“ која го имаше добиено тендерот за градба ...

Неделата на независна сцена во Драмскиот театар од Скопје ќе почне на 14 јануари со претставата „Еволуција на распадот“, работена по „Отело“ од Шекспир, во продукција на „Артема – театарска лабораторија“. Режијата е на Дамјан Димовски, а играат Илин Јовановски како Јаго, Бранко Михајлоски како Отело, Дездемона е Леонида Гулевска, Емилија е Илина Чонкова, Касио е Тодор Стојковски, Родриго е Ѓорѓе Нешковиќ. Музички соработник е Дарко Спировски. Од ...

Едногласно со 22 гласа „за“, Советот на Општина Велес на вонредна седница го усвои времениот режим со кој се регулира сообраќајот на тешките возила, камиони со носивост над 7 тони, кои треба да минуваат низ центарот на градот. Оваа одлука следи откако Државниот инспекторат за сообраќај го затвори мостот на Вардар кај Башино Село, поради небезбедност. Поради тоа имаше итна потреба од пренасочување на сообраќајот за тешките камиони низ центарот на ...

„Ова е само моментален договор кој во иднина нема да биде пракса“, рече министерката за енергетика Сања Божиновска за договорот што Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) без јавен оглас, односно преку постапка на преговарање, го потпишаа со фирмата „Топлина“ од Подмоље, Охридско, за ископ на јаглен и меѓуслојна јаловина во РЕК „Битола“. Оваа фирма до пред еден месец беше подизведувач на „Марковски компани“, со која новото раководство на ЕСМ го ...

Џо Бајден смета дека би го победил Доналд Трамп на претседателските избори во ноември. Во интервју за „Ју-Ес-Еј тудеј“, тој сепак призна дека не е сигурен дали би имал физичка сила за уште еден четиригодишен мандат. „Засега сум добар. Но, кој знае каков ќе бидам на 86 години“, изјави 82-годишниот Бајден. Тој одлучи да се повлече од претседателската трка по лошиот настап на дебатата со Трамп, по која се најде под голем притисок во својата партија ...

Агенцијата за патна инфраструктура на Бугарија има делумна вина за трагичната несреќа на автобусот на „Беса транс“ на автопатот Струма во 2021 година, во која загинаа 45 македонски државјани, одлучи Окружниот суд во градот Перник. Главната вина е лоцирана кај возачот, кој исто така загина. Се наведува и дека возачот го возел автобусот со 106 километри на час, што е максималната брзина на делницата. Делумно виновниот експресен пат е долг 120 ...

„Некст тајм“ е најплатениот музички бенд на празничната манифестацијата „Зимска приказна“ што се одржа за време на Новогодишните празници во Битола. Општината која е организатор на манифестацијата, јавно го објави списокот на хонорари на уметниците што беа ангажирани за забава на битолчани и на гостите. Етно поп-дуото од Скопје за двочасовен настап на 28 декември 2024 година од општинската каса ќе добие хонорар од 341.663 денари или нешто над ...

Матичните лекари и терциерното здравство работат доста со пациентите, а во секундарното здравство забележуваме дека имаме доволно доктори, а недоволен број на третирани пациенти, рече денеска министерот за здравство Арбен Таравари. Поликлиниките и клинките се институции во секундарното здравство, а болниците во терцијарно. На новинарско прашање каква е состојбата со рентген апарати во јавното здравство, откако вчера на социјалните мрежи се ...

Костадин Костадинов, лидерот на бугарската крајнодесничарска проруска партија Преродба, предложи обединување на Македонија и Бугарија во една држава, надоврзувајќи се на повикот на Доналд Трамп дека Канада би требала да стане американска сојузна држава. Во објава на социјални мрежи, Костадинов се согласи со ставот на Трамп за Канада, велејќи дека е комплетно логично САД и Канада да се обединат бидејќи делат историја, јазик и народ. Тој го ...

Гренланд би можел да стане независен ако тоа го сакаат неговите жители, но тешко дека ќе биде американска сојузна држава, изјави данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен по заканите од Доналд Трамп дека со сила би можел да го заземе арктичкиот остров. Лидерот на Гренланд Муте Егеде вчера се сретна со данскиот крал Фредерик откако Трамп предизвика голема бура со своите изјави, тврдејќи дека островот е од витално значење за ...

Американскиот претседател Џо Бајден издаде извршна наредба за воведување санкции против поединците и субјектите кои придонесуваат за дестабилизација на Западен Балкан, што се однесува и на кршењето на Охридскиот и Преспанскиот договор. Мерката ќе се однесува и на возрасните членови на семејствата на поединците против кои се изречени санкции. Бајден кажа дека го изменил указот од јуни 2021 со оглед на настаните на Западен Балкан и поради ...

Пожарите кои веќе три дена беснеат во округот Лос Анџелес стигнаа до Холивуд Хилс, откако досега загинаа најмалку петмина луѓе, беа уништени стотици домови, а капацитетите на пожарникарите и залихите на вода се растегнаа до крајните граници. Повеќе од 100.000 луѓе добија наредба за евакуација, додека суви ветрови со силина на ураган ги отежнуваат напорите на пожарникарите и брзо ги шират огновите. „Оваа огнена бура е навистина голема“, изјави ...

Били Кристал и Парис Хилтон се меѓу познатите личности кои ги загубија своите домови во смртоносните шумски пожари кои беснеат во областа на Лос Анџелес. Повеќе од 1.000 објекти се уништени додека шест одделни пожари горат во и околу градот, кој е преполн со куќи на филмски ѕвезди. Еден од најлошите пожари имаше во живописната енклава Пацифик Палисејдс. Актерот Џејмс Вудс се расплака на „Си-Ен-Ен“ додека кажуваше како го загубил својот имот во ...

Од Државниот Универзитет во Тетово (ДУТ) по е-пошта му пратиле известување дека му е прекинат работниот однос на поранешниот прв вицепремиер и универзитетски професор Артан Груби, кој е во бегство и МВР го бара со меѓународна потерница. Тој во текот на неколку дена во декември 2024 не се јавил на работа, поради што биле покрената постапка за отказ која била завршена кон крајот на годината. Груби на Универзитетот во Тетово бил предавач на отсекот ...

Две лица загинаа, а повеќе се повредени во пожарите кои од вчера беснеат во округот Лос Анџелес. Пожарникарите досега успеаја да изгаснат само еден од петте пожари, од кои најголемиот, во областа Палисадс, има зафатено површина од над 2.000 хектари. На терен се распоредени 1.400 пожарникари и досега е наредена евакуација на околу 70.000 луѓе. „Во пожарот во Палисадс се изгорени околу 1.000 структури. Пожарот и натаму расте, очекуваме влошување ...

Европската Унија ѝ понуди гас на отцепената молдавска област Транснистрија и ја повика да престане да одбива алтернативни извори на енергија откако Русија го прекина протокот на гас низ Украина на 1 јануари. Стотици илјади жители на овој проруски регион се без парно греење и топла вода откако рускиот енергетски гигант „Газпром“ престана да испорачува гас кон Европа по истекот на петгодишниот договор помеѓу Русија и Украина. „Разбравме дека ...

Сестрата на креаторот на ЧетГПТ Сем Алтман поднесе тужба во која тврди дека тој сексуално ја злоставувал меѓу 1997 и 2006. Ен Алтман во тужбата наведува дека злоставувањето почнало кога таа имала три, а тој 12 години. Алтман, кој е извршен шеф на компанијата „ОпенАИ“, ги негираше обвинувањата во заедничка изјава со мајка му и двајцата браќа. „Сите овие тврдења се целосно неточни. Грижата за член на семејството кој има ментални проблеми е ...

За „Зимската приказна“, која траеше 18 дена со над 150 настани, 3.000 изведувачи и 400 часа активна програма, Општина Битола и Културно-информативниот цеНтар (КИЦ), чиј основач е исто така Општината, потрошија 6.185.467,00 денари (100.905 евра). Бројките од празничната манифестација ги презентираше градоначалникот Тони Коњановски на прес-конференција посочувајќи дека ова е транспарентна Општина. Тој рече дека 3.997.982 денари (над 65.000 евра) ...

До крајот на септември, во Штип треба да биде изграден новиот резервоар за вода кој ќе биде наменет за потребите на идната станбена и индустриска населба Пребег, Низ населбата ќе минува нов пат со обиколница која ќе води до бањата Кежовица каде е планирана изградба и на нов мост на реката Брегалница. „Веднаш ги започнавме работите за темелна плоча на двете комори на резервоарот кои ќе бидат со вкупен капацитет од 1.500 кубни метри вода. За три ...

Франција кажа дека Европската Унија нема да дозволи напади врз нејзините суверени граници откако Доналд Трамп кажа дека не ја исклучува можноста за преземање на Гренланд со воена сила. Трамп вчера кажа дека оваа автономна данска територија е од витално значење за националната и економска безбедност на САД. „Не доаѓа предвид дека Европска Унија би дозволила други нации да ги нападнат нејзините суверени граници, без разлика кои се. Не верувам дека ...

Реномираниот сликар Сергеј Андреевски ќе биде автор на дизајните на плакатите за концертите на Националниот џез-оркестар (НЏО). „Неговото творештво се движи во границите на постекспресионизмот, а импровизацијата и слободата на изразувањето се едни од главните одлики на џез музиката, па вксрстувањето на нашите сродни сензибилитети веруваме дека неминовно ќе вроди со плод“, соопштија од Оркестарот. Андреевски, уметник со меѓународна кариера, вели ...

Министерството за финансии на САД воведе санкции за Антал Роган, шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, поради вмешаност во корупција. Вашингтон го обвини Роган дека ја користел својата функција за да поттикне системска корупција од што полза имале тој и други лојалисти на Орбан. Санкциите значат дека се блокираат сите средства на Роган во САД, а на американските граѓани им е забрането да водат бизнис со него. „Антал Роган е ...

Нема да се дислоцира aвтобуската станица во Штип, која е во непосредна близина на Градскиот стадион, туку само ќе се намали бројот на перони заради изградбата на маркет на германската компанија „Лидл“. Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов вели дека е најдено соодветно комбинирано решение да има маркет на тоа место, a aвтобуската станица да не ја менува својата локација. „Според плановите и досегашните разговори, договорено е на местото на ...

„Вашингтон пост“ отпушти околу 100 вработени во бизнис одделот, што е најнов показател за финансиските проблеми на весникот, откако претплатниците и вработените се револтираа поради одлуката на сопственикот Џеф Безос да ја блокира поддршката за кандидатурата на потпретседателката Камала Харис на изборите. Отпуштањата се приближно 4% од персоналот на весникот и не влијаат на редакцијата, рече портпаролот на „Пост“. Веста е во време кога весник го ...

Брзо растечки пожар пустоши низ луксузниот дел на Лос Анџелес, уништувајќи бројни згради и создавајќи сообраќаен метеж откако повеќе од 30.000 луѓе добија наредба да се евакуираат, додека вториот пожар стана двојно поголем околу 50 километри во внатрешноста. Најмалку 1.180 хектари изгореа во областа Пасифик Палисадс меѓу крајбрежните градови Санта Моника и Малибу откако официјални лица предупредија на екстремна опасност од пожари поради силните ...

Доналд Трамп ги повика членките на НАТО да ги зголемат трошоците за одбраната на 5% од својот бруто домашен производ, повторувајќи ги своите долгогодишни тврдења дека тие не плаќаат доволно за заштита на САД. „Сите можат да си го дозволат тоа, но треба да бидат пет проценти, а не два проценти. Европа дава само мал дел од парите во споредба со нас. Меѓу нас има една работа што се вика океан. Зошто ние би давале милијарди и милијарди долари повеќе ...

Градежната инженерка Ангела Шишкин е родена во Битола, но живее во Скопје и во последните четири години секојдневно патува за Штип за работните задачи за изградба на браната на реката Отиња. Браната е во втората фаза од изградбата и се очекува да биде во функција во текот на 2027. Според преоктот, предвидено е да се изгради камено-земјена брана со централно глинено јадро со висина од околу 33 метри. Ќе има опфат од 120 хектари и ќе се полни од ...

Митко Штерјов, доктор по археологија и конзерватор и советник во Заводот и Музеј во Штип и неговиот колега Ване Секулов, археолог, кустос и советник во Заводот и Музеј во Струмица, меѓу штипските села Таринци, Карбинци, Радање и Аргулица на земјоделски површини во близина на месноста Беш Тепе открија две могили од вкупно 5 до 10 гробници, колку што се смета дека има во овој регион. Кај една од откриените гробници пронајдени се остатоци од ...

Доналд Трамп не ја исклучува можноста за воена или економска акција во рамките на неговите желби САД да ја преземат контролата врз Панамскиот канал и данската автономна територија Гренланд. Запрашан на прес-конферецнија дали може да го увери светот дека нема да користи воена или економска принуда додека се обидува да ја добие контролата врз Панамскиот канал и Гренланд, Трамп рече: „Не, не можам да ве уверам за ниту едно од тие две. Но, можам да ...

Поранешна затворска службеничка во Англија е осудена на 15 месеци затвор откако била снимена како има секс со затвореник. Линда де Соуса Абреу била препозната од еден вработен во затворот во Вондсворт во јужен Лондон откако снимката се проширила на интернет. „Постапките на Абреу за помалку од еден ден ги поништија сите години работа на женскиот персонал во машките затвори“, изјави гувернерот на Вондсворт. Триесетгодишната Абреу била уапсена на ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.54
37%
1015
weather icon

Белград

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
63%
1017
weather icon

Загреб

15ᴼ / 14ᴼ
3.09
47%
1018
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
4.63
42%
1016
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
7.3
48%
1015
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
1.34
65%
1018
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
4.92
41%
1010
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
3.09
37%
1013
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
46%
1014
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
3.6
66%
1013
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 13ᴼ
2.24
41%
1018
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
5.14
53%
1014
Currency

61.525

Currency

54.7197

Currency

72.5882

Currency

35.0525

Currency

39.3474

Currency

65.9858

Currency

7.58851

Currency

0.66459

Currency

0.37613

Currency

0.52851

Currency

1.41594

Currency

0.63798

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.39

Кобалт

42.99

Никел

15352.50

Рутениум

19869.16

Калај

31.47

Сребро

1050.65

Злато

107959.96

Бакар

9.23

Паладиум

31121.92

Платина

31329.90

Родиум

172810.26

Цинк

2.58