Јохан Вадефул треба да стане нов министер за надворешни работи на Германија, според информациите од порталот „Тејбл медиа“ објавени денеска. Порталот објави дека 62-годишниот Вадефул, од конзервативната Христијанско-демократска унија (ЦДУ), ќе биде назначен за министер за надворешна политика во земјата, на местото на Аналена Бербок од Партијата на зелените. Коалициската влада на идниот канцелар Фридрих Мерц – составена од неговата ЦДУ, ...

Илјадници луѓе од рано утрово поминаа покрај гробот на папата Фрањо, преполнувајќи ја римската базилика каде што тој избра да биде погребан наспроти традицијата. Ниту еден папа не бил погребан надвор од Ватикан повеќе од еден век, но Фрањо наместо тоа се одлучи за погреб во црквата „Санта Марија Маџоре“ (Света Марија Велика), која се наоѓа во најмултикултурното маало на Рим. Неговиот ковчег беше однесен таму вчера, по погребната миса на ...

Рано утринава, во близина на трговскиот центар Чаирчанка во Скопје, во судир со 14-годишник на електричен тротинет загина 16-годишно момче кое возело мотор без возачка дозвола и без заштитна кацига, соопшти Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје. „На 27.04.2025 во 02.28 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.Цветан Димов во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл ‘пиаџо беверли’ со скопски регистарски ознаки, управуван од ...

Рано утринава, во близина на трговскиот центар Чаирчанка во Скопје, во судир со 14-годишник на електричен тротинет загина 16-годишно момче кое возело мотор без возачка дозвола и без заштитна кацига, соопшти Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје. „На 27.04.2025 во 02.28 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.Цветан Димов во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл ‘пиаџо беверли’ со скопски регистарски ознаки, управуван од ...

Осомничениот кој вчера беше уапсен за кражба на чантата на американската министерка за внатрешна безбедност (ДХС) Кристи Ноем е илегално во земјата, изјави американскиот обвинител за округот Колумбија. Ед Мартин рече дека по вториот осомничен, кој исто така илегално се наоѓа во земјата, трагаат органите на прогонот. Не се смета дека осомничениот ја ограбил Ноем затоа што е министерка за внатрешна безбедност, рече Мартин. „Нема индикации дека е ...

Деветмина загинаа во Ванкувер откако возач со црн џип влетал во масата народ на филипински уличен фестивал во западниот канадски град, соопшти полицијата. 30-годишнот возач е уапсен и ѝ бил познат на полицијата во одредени околности. „Во моментов, може да потврдиме дека девет лица загинаа откако маж возел низ толпата на синоќешниот фестивал Лапу Лапу. Нашите мисли се со сите погодени од овој трагичен инцидент“, соопшти полицијата на Ванкувер во ...

Две противпожарни возила целосно опремени со капацитет од 5 и 2 тони литра вода, како и теренско возило за брза интервенција, доби Општина Василево како донација, со што и официјално ја почна постапката за формирање доброволно противпожарно друштво. Како што кажа градоначалникот Славе Андонов, потребата од противпожарно друштво е голема, бидејќи Општина Василево територијално е огромна и контуинирано има пожари на отворен и затворен простор. ...

Малиот мермерен блок е сведок на местото каде се погребани 14 мигратни, кои ред десет години загинаа во железничка несреќа помеѓу Велес и железничка станица Рајко. Локацијата на заедничката гробница е на градските гробишта во Велес, во Раштани, на ивицата од парцелата, блиску до оградата и тешко достапно. Спомен-обележјето е на арапски јазик со стих од Куранот. Погребот и локацијата беше финансиски поддржан од Општина Велес, а спомен-обележјето ...

Жордан Бардела планира да биде претседателски кандидат на француската екстремна десница „Национален собир“ во 2027 година, ако на лидерката на партијата Марин Ле Пен ѝ биде забрането да се кандидира, изјави тој за весникот „Паризјен“. На Ле Пен (56), која трипати се кандидираше за претседателка и беше фаворитка за изборите, ѝ беше забрането да врши јавна функција пет години, откако судот во март ги прогласи за виновни неа и некои членови на ...

Над 1,8 милиони денари (околу 30.000 евра) се собрани на хуманитарната аукција на уметнички дела за помош на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, соопшти иницијативата „Support Kocani“. Во организација на оваа иницијатива, акуцијата се одржа во кочанскиот културен центар „Бели мугри“, а сите средства ќе бидат донирани на семејствата на 62-те жртви и околу 200 повредени во пожарот на 16 март. На вчерашната аукција се наддаваше ...

Голем број луѓе загинаа, а повеќемина се повредени во Ванкувер откако возач со црн џип влетал во масата народ на филипински уличен фестивал во западниот канадски град, соопшти полицијата. Возачот, 30-годишник, е приведен, соопшти полицијата во објава на социјалната мрежа Х, без да даде повеќе детали. На прашањето дали полицијата бара некој друг, шефот на полицијата рече дека има еден осомничен, едно возило. Тој не одгвоори дали 30-годишниот ...

Дождот не беше пречка и оваа сабота да протестираат семејствата, блиските, пријателите, роднините на 62 загинати и 200 повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март. Денешниот беше четврти протест под мотото „Задоцнета реакција“ и се одвиваше по улиците на градот, пред општинската зграда, пред СВР Кочани и заврши пред Основниот суд. Со фотографии од починатите деца, тие ја прозваа совеста кај надлежните и го вперија прстот во ...

Државниот инспекторат за транспорт не кажува колку неправилности се констатирани за пречекорена дозволена носивост на тешките возила во Велешко. Во прашањата испратени неколкупати по електронска пошта, баравме одговори поради дилемите во јавноста, колку ваквиот товарен соображај влијаше на нарушување на безбедноста на мостот на Вардар кај Башино Село. Нема одговор и колку контроли се извршени во стопански субјекти – каменоломи во општините Велес ...

Неколку лица поврзани со градската администрација на Истанбул се приведени во Турција во врска со истрага за корупција. Државната новинска агенција Анадолу денеска објави дека 50 лица биле приведени за време на операциите во провинциите Истанбул, Анкара и Текирдаг. Наредба за апсење е на вкупно 53 осомничени. Државната телевизија ТРТ објави дека меѓу уапсените е и главниот секретар на затворениот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој ...

Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен за директни преговори со Украина без предуслови, соопшти денеска Кремљ. „За време на вчерашните разговори со пратеникот на Трамп, Виткоф, Владимир Путин потврди дека руската страна е подготвена да го продолжи преговарачкиот процес со Украина без предуслови“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесе руската новинска агенција Интерфакс. Американскиот претседател Доналд Трамп го испрати ...

Дваесет и првото издание на Танц фест Скопје ќе се одржи од 29 април до 13 мај, а отворањето ќе биде во Македонскиот народен театар (МНТ) во 20 часот, на Светскиот ден на танцот. На отворањето традиционално ќе биде доделена наградата „Менада“ што годинава ја доби балерината од Франција Роксан Стојанов, која лани беше прогласена за Ѕвезда на Париската опера. Потоа ќе има краток перформанс на Универзитетска компанија за танц од Санта Барбара, ...

Претседатели, членови на кралски семејства и мноштво ожалостени верници се простија од папата Фрањо на неговиот погреб денеска, на кој кардинал рече дека наследството на понтифот да се грижи за мигрантите, угнетените и животната средина не смее да умре со него. На едната страна од ковчегот на Фрањо на огромниот плоштад Свети Петар седеше американскиот претседател Доналд Трамп, кој се судри со папата за тие прашања. На другата страна седеа ...

Американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот лидер Володимир Зеленски имаа „многу продуктивна“ средба денеска во Рим, изјави претставник на Белата куќа, додека двајцата лидери присуствуваа на погребот на папата Фрањо. Портпаролот на канцеларијата на Зеленски рече дека двајцата лидери, на средбата во базиликата „Свети Петар“ која траела околу 15 минути, се договориле да имаат втор состанок подоцна во денот и дека нивните тимови работат на ...

Потврдите за неосудуваност од основните судови, односно Уверението од кривична евиденција за физички лица и Уверението од кривична евиденција за правни лица, отсега може да се вадат онлајн, преку Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk. „Ова е значаен чекор кон дигитализирањето на најважните услуги за граѓаните. На Националниот портал за електронски услуги од денес се достапни две нови, долго очекувани услуги од Основните ...

За првпат во Македонија е изведена трансплантација на менискус кај 30-годишен пациент, кај кого претходно е извршена тотална менисцектомија на медијалниот менискус, соопшти Министерството за здравство. Операцијата на Клиниката за ортопедија ја изведе доц. д-р Алан Андоновски, а во тимот се вклучени ас. д-р Милена Богоевска-Доксевска, д-р Исмаил Велиу, д-р Теодора Божиновска, д-р Мики Ѓорески, медицинските сестри Билјана Тројановиќ, Сања ...

Машинската инженерка Весна Неделковска проектирала климатизациски системи за операциони сали, соби за интензивна нега, болници, училишта, градинки и голем број други објекти. Неделковска, која е магистер на технички науки и претседателка на Здружението на лиценцирани енергетски контролори на Македонија (ЗЛЕК), беше дел од инженерките учеснички на панел дискусијата „Жените во енергетиката: од визија до акција“ одржана во Битола. Целта беше преку ...

Светло-мајсторот Петар Богоевски, кој со својот децениски ангажман работејќи со своите колеги директори на фотографија и камермани придонел во визуелизацијата на режисерските замисли, е годинашен добитник на наградата Златен објектив, соопшти Кинотеката. Ова признание Кинотеката го доделува на филмски автори и културни работници кои преку својот професионален ангажман придонеле во создавањето, развојот, промовирањето и популаризацијата на ...

Папата Фрањо ќе биде погребан денеска по погребната миса на плоштадот Свети Петар во Ватикан на која присуствуваат претседатели, принцови и уште 200.000 луѓе. Водачот на католичката црква почина на 21 април на 88-годишна возраст, откако претрпе мозочен удар. Погребната миса на плоштадот Свети Петар е закажана за 10 часот. Околу 40 бездомници, мигранти, затвореници и трансродови лица ќе го пречекаат Фрањо на плоштадот пред базиликата „Санта ...

Почина Вирџинија Гуфри, која го обвини британскиот принц Ендру и други влијателни мажи за сексуална експлоатација како тинејџерка тргувана од финансиерот Џефри Епстајн. Имаше 41 година. Гуфри се самоуби вчера на нејзината фарма во Западна Австралија, потврди нејзиниот публицист. „Вирџинија беше жесток воин во борбата против сексуалната злоупотреба и сексуалната трговија. Таа беше светлината што подигна толку многу преживеани“, се вели во ...

На падините на Шар Планина, во појасот со зимзелени дрвја, забележано е сушење на поединечни и групи на стебла од видот смрча (Picea excelsa) и зголемена појава на поткорници, инсекти кои живеат под кората на дрвјата, се хранат со дрвната маса поради што дрвото се суши и угинува. Оваа група инсекти не се јавува од сега, била забележана и порано на овие планински простори, но од 2024 Националниот парк (НП) „Шар Планина“ спроведува истражување и ...

1 Дали ни останува само да се смееме? Веројатно така може полесно да се свари веста дека претседателката на Антикорупциската комисија е под истрага за – корупција. Претседателката на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) Татјана Димитровска е осомничена дека му давала податоци за истрагата на лице што е обвинето баш за корупција. Му праќала пораки на вибер и вотсап. Претседателката што беше избрана за членка на ДКСК со највисоки ...

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Татјана Димитровска, која е под судски мерки на претпазливост, добила и мерка од Обвинителството за организиран криминал и корупција, за времено оддалечување од работното место, додека трае истрагата. Односно, осомничената не смее да има контакт со предмети, пошта и друга документација поврзана со работењето на ДКСК, воедно не може да гласа и да распределува предмети. ...

Директорот на ФБИ Каш Пател изјави дека федералните агенти уапсиле судијка од Висконсин зашто попречувала операција поврзана со мигранти. Во објава на Икс, Пател напиша дека има докази дека таа попречувала агенти во апсењето на мигрант минатата недела. Судијката Хана Дуган била уапсена утрово додека била во својата судница, кажаа властите. „Хана Дуган намерно погрешно ги насочила федералните агенти подалеку од маж кого се обидувале да го ...

Едно лице е потешко повредено при вооружена престрелка меѓу две групи на Бит Пазар во Скопје, соопшти МВР. Престрелката се случила во 14 часот на улицата Војдан Чернодрински. „Полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар излегле на местото и било констатирано дека се работи за престрелка помеѓу две групи од по пет до шест лица, при што едно лице е повредено и е пренесено во Ургентен центар при Комплексот клиники ‘Мајка Тереза’. На ...

Поранешниот командир и двајца инспектори во Полициската станица Кочани добија кривични пријави во врска со кочанската дискотека „Пулс“ каде во пожарот на 16 март загинаа 62 лица, а околу 200 се повредени, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Иако знаеле дека фирмата ДПТУ „Класик ДМ“ ДОО Кочани е неактивна, а дискотеката ја управува друга фирма, ѝ поднеле прекршочна пријава за прекршување на јавниот ред и мир. Одделот за внатрешна ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
51%
1017
weather icon

Белград

20ᴼ / 18ᴼ
2.68
48%
1015
weather icon

Загреб

22ᴼ / 19ᴼ
1.03
73%
1012
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
5.14
63%
1019
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
0.94
29%
1017
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
1.03
93%
1014
weather icon

Атина

25ᴼ / 24ᴼ
4.02
42%
1013
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
68%
1015
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
60%
1015
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
2.06
65%
1018
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 20ᴼ
2.55
50%
1014
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
5.14
64%
1015
Currency

61.535

Currency

52.8734

Currency

71.3664

Currency

34.4288

Currency

38.3702

Currency

65.7438

Currency

7.39336

Currency

0.65695

Currency

0.35855

Currency

0.52523

Currency

1.28847

Currency

0.60303