Доналд Трамп изјави дека Крим ќе остане руски, според предложениот мировен план за крај на војната во Украина. Во интервјуто за магазинот „Тајм“ по повод неговите 100 дена во Белата куќа, Трамп кажа дека Русија немаше да го анектира Крим во 2014 доколку тој беше претседател на САД во тоа време. „Крим им беше предаден на нив од Барак Хусеин Обама, не од мене. Доколку јас бев претседател, тоа немаше да се случи“, кажа Трамп. Запрашан дали би ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова е единствена функционерка од Македонија која ќе присуствува на погребот на поглаварот на Римокатоличката црква папата Фрањо, кој ќе се одржи утре во Ватикан. Од Кабинетот на Сиљановска-Давкова ни изјавија дека претседателката ќе присуствува на погребната миса посветена на папапата Фрањо, којашто на 26 април ќе се одржи пред базиликата „Свети Петар“ во Ватикан. Премиерот Христијан Мицкоски нема да оди на ...

Обединети Арапски Емирати (ОАЕ) ја укина визата за македонските граѓани која е потребна за патување во оваа земја. Како што соопштија од Владата, при посетата на премиерот Христијан Мицкоски и владината делегација на Обединетите Арапски Емирати било побарано укинување на визите и тоа барање е прифатено. OAE на Арапскиот Полуостров, е федерација од седум емирати, главен град е Абу Даби, а најнаселен е емиратот Дубаи. „Наскоро, со конкретната ...

Рускиот генерал Јарослав Москалик е убиен во експлозија на автомобил-бомба во градот Балашиха во московскиот регион, потврдија руските власти. „Според првичните информации, во експлозијата загина генерал-полковникот Јарослав Москалик. Експлозијата веројатно била предизвикана од импровизирана направа наполнета со шрапнели“, изјави портпаролката на Рускиот истражен комитет. Полицијата кажа дека отворила истрага за убиство и за шверц на експлозиви. ...

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Татјана Димитровска, која како осомничена во случајот „Адитив“ попладнево е изнесена пред судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје, при изборот на оваа функција во ноември 2023 добила максимален број бодови од пратениците од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и од Демократско движење кои беа во собраниската Комисија за селекција на кандидатите, и таа беше ...

Еколошкиот систем за гасење пожар, изум на компанијата за истражување и развој „Веда“ и изумителите Борис Јанковски и Искра Јанковска-Михајловска, ја доби наградата Патент на годината. Ова е највисоката државна награда за изуми и традиционално годишно ја доделува Државниот завод за индустриска сопственост. „Веда“ е мала семејна компанија основана во 1991 од Јанковски кој е инженер и истражувач, а ја раководи ќерката Јанковска-Михајловска. ...

Лик од Македонија ќе се појави во новата епизода на легендарната анимирана серија „Симпсонови“, што премиерно ќе се прикаже во САД на 27 април на телевизијата „Фокс“. Во новата епизода насловена „Abe League of Their Moe”, дедото Симпсон и Мо Сизлак се здружуваат во необичен потфат: ангажираат талентиран играч од Македонија за локалниот бејзбол тим од Спрингфилд. Во епизодата бил вклучен и тим од Македонија, сестрите Невена и Калина Нешкоска и ...

Повеќе од 100 делегации од целиот свет пристигнуваат во Рим за да му оддадат почит на папата Фрањо, кој почина во понеделникот на 88 години. Погребот ќе се одржи утре претпладне. Меѓу оние кои го потврдија присуството се претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, британскиот премиер Кир Стармер и францускиот претседател Емануел Макрон, но најголемото внимание го предизвикува доаѓањето на претседателите на САД и Украина, Доналд ...

Калифорнија ја надмина Јапонија и стана четвртата најсилна економија во светот. Гувернерот Гевин Њусом го потврди ова со нови податоци од Меѓународниот монетарен фонд и Бирото за економски анализи на САД. Тие покажуваат дека бруто домашниот производ на Калифорнија достигнал 4,10 трилиони долари во 2024, поминувајќи ја Јапонија, чиј БДП изнесувал 4,01 трилион долари. Пред Калифорнија сега се само Германија, Кина и САД во целост. „Калифорнија не ...

Доналд Трамп изјави дека ќе почека една недела за да види дали има договор со Русија и Украина за крај на војната. На средбата со норвешкиот премиер Јонас Гар Стере во Белата куќа, Трамп нагласи дека не е наклонет никому, само на спасувањето животи. Тој вчера изрази фрустрираност од Владимир Путин откако во руски воздушен напад врз Киев загинаа 12 луѓе, па директно го повика да запре со бомбардирањата. Во исто време, Володимир Зеленски ги повика ...

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Татјана Димитровска, која е осомничена заедно со уште две лица за незаконски дејства поврзани со обвинетите во големиот корупциски предмет „Адитив“, оддавала службена тајна по вибер и вотсап, од мај до декември 2024 година, соопшти Обвинителството. За Димитровска има мерки за претпазливост, за да се осигура Обвинителството дека нема да да бега откако е откриена што правела ...

Претседателот на Собранието Африм Гаши на новинарските критики и забелешки дека по пожарот со 62 загинати во Кочани на 16 март Собранието се сокри, пратениците си зедоа две недели одмор и немаше закажано комеморативна седница, рече дека за ова прашање донесена била колективна одлука од сите пратенички групи. „Сакам да истакнам дека на ова прашање дали да има комеморативна седница или не, му пријдовме со големо внимание. На состанок со ...

Оружјето што уби најмалку осум луѓе во денешниот руски воздушен напад врз Киев бил севернокорејски проектил „КН-23“, кажаа извори од украинската војска. Проектилот погодил станбена зграда во населбата Свјатошински западно од центарот на Киев и десетина луѓе и натаму се воделе како исчезнати до утрово, при што некои можеби биле затрупани од урнатините. Вкупниот број загинати во денешниот напад врз Киев во меѓувреме порасна на 12. Украина тврди ...

Претседателката на Антикорупциската комисија Татјана Димитровска попладнево е изнесена пред судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје како осомничена во случајот „Адитив“ и за неа обвинител од ОЈО за организиран криминал и корупција вечерва ќе бара мерки за претпазливост. Тоа значи дека обвинителот ќе бара да ѝ се одземе не само македонскиот пасош, туку и дипломатскиот пасош кој неа ексклузивно ѝ беше даден од Министерството ...

Доналд Трамп го осуди денешниот руски воздушен напад врз Киев, во кој загинаа најмалку осуммина луѓе. „Не сум среќен со рускиот напад врз Киев. Тоа не беше неопходно и дојде во лошо време. Владимир, мора да запреш! 5.000 војници умираат неделно. Ајде да склучиме мировен договор“, напиша Трамп на својата социјална мрежа. Само ден претходно, Трамп го обвини Володимир Зеленски дека им штети на мировните преговори со своите изјави дека Крим никогаш ...

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) отвори обемна истражна постапка против 49 лица, откако вчера во координирана акција со Министерството за внатрешни работи беа уапсени 23 осомничени. Акцијата, која вклучуваше претреси на повеќе локации во Скопје, Велес, Тетово и Гостивар, е резултат на повеќемесечна предистрага за постоење на две организирани криминални групи кои дејствувале со цел незаконски ...

Босанската полициска агенција (СИПА) вчера се обиде да го уапси лидерот на Република Српска, Милорад Додик, но беше спречена од неговите вооружени полициски сили. Додик е баран откако Судот на БиХ во февруари го осуди на една година затвор за непочитување на одлуките на високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит и за напад врз уставниот поредок на БиХ. Додик притоа доби седумгодишна забрана за вршење јавна функција, но и покрај тоа, продолжи со ...

Фирмата „Балкан груп“ од Куманово донираше амбулантно возило на Кумановската болница, кое вреди 1 милион денари (16 илјади евра). „Општата болница Куманово има 4 вакви возила, ова ќе биде петто. Само од почетокот на годината има транспорт на 300 пациенти од Куманово за Скопје, често се користат овие возила и да се пренесат пациентите до нивните домови. Се надевам дека ќе има повеќе општествено одговорни компании кои се подготвени да помагаат во ...

Базенот во рамките на Спортскиот центар (СЦ) „Борис Трајковски“ во Скопје е затвпрен по велигденските празници откако на плочките паднала лајсна од таванот. Раководството на базенот го затвори објектот за посетители и за пливачките клубови и во наредниот месец и пол ќе се врши санација. Како што вели за САКАМДАКАЖАМ.МК директорот на СЦ „Борис Трајковски“ Даниел Апостоловски, немало опасност во моментот кога паднала лајсната оти немало посетители ...

Речиси една третина (28%) од фирмите на кои Министерството за транспорт и врски ќе им одземе лиценци за градежништво и урбанистичко планирање се со блокирана сметка или се правно и деловно неактивни, покажува анализата на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), невладина организација која ги мониторира јавните набавки. Дополнително, 31 отсто од фирмите опфатени со одлуката имаат годишен приход помал од 15 илјади евра. Иако првичниот список ...

Концесиите не го заштитуваат Охридското Езеро туку напротив, сѐ повеќе има рибокрадци кои ловат риба пред очите на сите, реагираат граѓаните кои секојдневно на социјалните мрежи објавуваат видеа и фотографии од кајчиња во дел каде е забрањето да се лови риба. „Рибокрадци кои како концесионери се претставуваат и денес нема да ти го остават езерово да подишит на раат, од рани зори пустошат риба која се спрема де влезе во мрест. Ова утринава е од ...

Германија депортирала 1.396 лица во Македонија во текот на 2024 година, што ја прави земјата втора најчеста дестинација за депортации од Германија во тој период, покажуваат официјалните податоци од германската Сојузна влада. Податоците се од одговорот на Сојузната влада на прашањето на пратениците Клара Бунгер, д-р Андре Хан, Гокај Акбулут, други пратеници и групата Левица. Според националноста, 1.399 граѓани на Македонија биле депортирани од ...

Доналд Трамп објави дека ќе постави два 30-метарски јарбола на тревниците на Белата куќа на кои ќе се вее американското знаме. „Ќе поставиме два прекрасни јарбола за американско знаме високи речиси 30 метри. Овдека фалат јарболи веќе 200 години и тоа е нешто што често го велам. Ќе поставиме два на тревниците и ќе бидат прекрасни“, изјави Трамп за време на прошетка по тревникот на Белата куќа. Тој кажа дека јарболите ќе бидат платени од него и ќе ...

Градските власти на Вилнус претставија план за евакуација кој би бил активиран во случај на инвазија врз главниот град на Литванија. Според него, 540.000 жители би добиле наредба за заминување ако постои опасност градот да биде заземен од непријателски сили. Властите сметаат дека целиот град би можел да биде евакуиран за 48 часа. Планот беше објавен среде зголемените стравувања од руските воени амбиции во регионот. Литванија, како и нејзините ...

Најмалку девет луѓе загинаа, а повеќе од 60 се ранети во ноќешниот голем руски напад врз Киев, во кој биле користени балистички проектили и дронови. Градоначалникот Витали Кличко изјави дека паднати остатоци од дронови предизвикале пожари и дека се стравува дека има затрупани луѓе под урнатините на погодени станбени згради. „Меѓу повредените се и шест деца и една трудница. Пожари избувнаа на шест локации“, кажа Кличко. Министерот за внатрешни ...

Триесет и петгодишен Германец е осуден на две години и осум месеци затвор за создавање и продажба на екстремно десничарска рок музика која велича насилство. „Кога ја слушате, навистина ве остава без зборови“, кажа за содржината на снимките претседателот на судот во градот Линебург, Михаел Херман. Тој е осуден за поттикнување омраза, употреба на симболи на неуставни организации и за прикажување насилство. Судот заклучи дека тој правел и продавал ...

Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс изјави дека САД ќе се повлечат ако Русија и Украина не постигнат договор, повторувајќи ги заканите претходно изнесени од Доналд Трамп и Марко Рубио. Неговите предупредувања уследија откако денешните разговори за Украина во Лондон добија намалена тежина по повлекувањето на Рубио и специјалниот пратеник Стив Виткоф, по што беше откажан и планираниот состанок на министрите за надворешни работи на Велика ...

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски е осуден на три и пол години единствена казна затвор, по обвинение за две кривични дела: бесправна градба на новата општинска зграда и злоупотреба на службената положба и овластувањата. Според обвинението од август 2018, градоначалникот Јакимовски дозволил објектот на Општина Карпош каде што е сместена општинската администрација да се изгради без одобрение за градба и без соодветно ...

Повеќе од 150 луѓе се повредени во денешната серија земјотреси во Истанбул, од кои најсилниот имал јачина од 6,2 степени според Рихтерова скала. Од канцеларијата на гувернерот на Истанбул кажаа дека сите повреди настанале при скокање од височина во паника. „Нема извештаи за жртви и ниедна зграда не се урнала, иако има штети. Повредени се најмалку 151 лице“, кажаа локалните власти, додавајќи дека не се погодени ни системите за струја, гас, вода ...

Американската пијанистка Клер Хуангчи ќе го отвори јубилејното 65 издание на фестивалот Охридско лето, најави денеска директорот Ѓорги Цуцковски. На свеченото отворање на 12 август, насловено „Трансформација на сетилата“, ќе диригира Едвин Оутвотер, а ќе настапи и македонската Филхармонија. Визуелен дизајнер ќе биде Рафаел Карико. „На Античкиот театар ќе приредиме исклучително музичко-визуелно доживување со импресивни видеопроекции и употреба на ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
51%
1017
weather icon

Белград

20ᴼ / 18ᴼ
2.68
48%
1015
weather icon

Загреб

22ᴼ / 19ᴼ
1.03
73%
1012
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
5.14
63%
1019
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
0.94
29%
1017
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
1.03
93%
1014
weather icon

Атина

25ᴼ / 24ᴼ
4.02
42%
1013
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
68%
1015
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
60%
1015
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
2.06
65%
1018
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 20ᴼ
2.55
50%
1014
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
5.14
64%
1015
Currency

61.535

Currency

52.8734

Currency

71.3664

Currency

34.4288

Currency

38.3702

Currency

65.7438

Currency

7.39336

Currency

0.65695

Currency

0.35855

Currency

0.52523

Currency

1.28847

Currency

0.60303