
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Идентификуван е возачот кој вчера со автомобил влечеше врзан коњ низ улиците во Скопје. Со него е извршен службен разговор во полиција и за настанот е изваестен јавен обвинител за натамошно постапување. Лицето ќе се гони за стореното кривично дело мачење на животни. „Во врска со видеото кое вчера (17.04.2025) беше споделено на дел од социјалните медиуми, на кое се гледа како лице кое управува патничко возило ‘голф‘ со скопски регистарски ознаки ...
САД ќе се откажат од обидите да склучат мировен договор помеѓу Русија и Украина ако наскоро нема јасни сигнали дека може да се постигне примирје, предупреди американскиот државен секретар Марко Рубио. Тој кажа дека Вашингтон сака да помогне да се заврши војната, но е спремен да се повлече ако во скоро време нема знаци на напредок. „Нема да продолжиме со нашите напори со недели и месеци. САД имаат и други приоритети на кои треба да се ...
Љирим З. од тетовско село, кој подолг период ја продавал и сексуално ја експлоатирал, ја претепувал, и нанесувал тешки телесни повреди, ја горел со цигара и ја терал да задоволува мажи кои тој ги наоѓал на социјалните мрежи, седна на обвинителна клупа во Основниот кривичен суд Скопје. Обвинетиот често преку видеоповик, на Вибер, во живо гледал како клиентите сексуално ја експлоатираат неговата сопруга. Ако бил незадоволен од тоа што го гледа, ...
Со денови ЈП „Комунална хигиена“ не го собира ѓубрето од кантите во индивидуалните куќи во Скопје. Граѓаните од населбите низ Скопје се жалат дека воопшто не се почитува динамиката на работа која предвидува сметот од кантите да се собира двапати во неделата. Камионите на „Комунална хигиена“ доаѓаат еднаш неделно, а се случува да ги нема и по десет дена, па преполни канти стојат на улиците, а околу се оставаат и кеси со ѓубре оти во кантите нема ...
Четири лица загинаа кога се откачи кабина од жичница близу Неапол и падна на земја. Италијанските медиуми објавија дека во несреќата на планината Фаито загинале двајца британски и двајца израелски туристи, а уште едно лице е тешко повредено. Властите кажаа дека кабината била блиску до врвот на планината кога се скинал еден од каблите. Претседателот на регионот Винченцо Де Лука кажа дека сите жртви се туристи. Во исто време возела уште една ...
Украинската влада објави дека потпишала нацрт-договор за минерали со САД. Министерката за економија Јулија Свириденко изјави дека ова ќе отвори врати за економски партнерски договор, додавајќи дека конечниот договор ќе вклучи инвестициски фонд за обнова на Украина. На вчерашната средба со италијанската премиерка Џорџа Мелони, Доналд Трамп најави дека договорот за минерали и официјално ќе биде потпишан следната недела. Свириденко не објави детали ...
Доналд Трамп изјави дека САД сигурно ќе постигнат трговски договор со Европска Унија откако денеска ја нагости италијанската премиерка Џорџа Мелони во Белата куќа. „САД и Италија имаат многу добри односи. Ќе постигнеме трговски договор 100 посто, но тоа ќе биде фер договор“, кажа Трамп. Мелони е првиот европски лидер кој го посети Трамп откако тој воведе нови царини за речиси целиот свет, кои за ЕУ во прв момент изнесуваа 20%, пред да бидат ...
Доналд Трамп жестоко го нападна шефот на централната банка во САД, Џером Пауел, зашто не ги намалува каматните стапки, додавајќи дека „неговата смена не може да дојде доволно брзо“. Тој ги обнови критиките кон Пауел откако Европската централна банка (ЕЦБ) третпат ги намали каматните стапки оваа година, образложувајќи го тоа со растечките трговски тензии. Трамп, кој го номинираше Пауел за шеф на Федерални резерви на САД во 2017, кажа дека тој ...
Актерите номинирани за Оскар, Сандра Хилер („Анатомија на еден пад“, „Зона на интерес“) и Колман Доминго („Пеј запеј“) ќе играат во „Скоро вистина“ (Тrue-ish) на Горан Столевски, сатирична драма што следи по неговиот трет филм „Домаќинство за почетници“, објави холивудскиот магазин „Вараети“. „Домаќинство за почетници“ беше првиот македонски филм на македонско-австралискиот режисер Столевски, кој во 2023 беше и македонски кандидат за Оскар. ...
Еден месец по катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ со 61 жртва на 16 март, Кочани и натаму е во агонија и шок. Меѓу загинатите, главно млади, имаше и 6 деца, а меѓу скоро 200-те повредени 25 се деца. Денеска по кочанските улици имаше малку луѓе, градот како и изминатиов месец е речиси замрен. На плоштадот молк, а порано вриеше од млади. Денеска имаше само неколку пензионери на клупите. Во паркот, исто така тишина, се слуша само црцорот на ...
Во новоизградена зграда на улица Козле во Општина Карпош изграден е уште еден спрат и четири станови без дозвола. Станарите побарале од Општината дозвола за да изградат кос покрив оти наводно им течело вода при врнежи, но почнале да си градат станови. „Просторот е поделен на четири дела со подготовки за кујни и тоалети, што јасно укажува на обид да се направат уште четири нови станови, и незаконски да се добие уште еден кат во објектот. ...
Во Белград почина 24-годишниот Стојанче Стефанов од Кочани, кој беше еден од повредените во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ на 16 март , соопшти Министерствoто за здравство. Стефанов е 62 жртва во пожарот, од кои 6 деца, а беа повредени 193, од кои 25 деца. „Согласно формации од Воено медицинската академија (ВМА) во Белград, денеска претпладне, за жал, подлегна на повредите Стојанче Стефанов од Кочани, роден 2001 година. Станува збор за ...
Американската влада му се закани на Универзитетот Харвард со забрана на прием на странски студенти откако оттаму кажаа дека нема да потклекнат пред барањата на Доналд Трамп и беа замрзнати федерални средства за институцијата од 2,2 милијарди долари. Белата куќа испрати листа на барања до Харвард минатата недела, чија цел е борба против антисемитизмот во кампусот. Тие вклучуваат промени во управувањето, праксите на вработување и во процедурите на ...
Од 22 до 25 април во Националната опера и балет (НОБ) за првпат ќе се одржи манифестацијата Денови на македонски кореографи. Според уметничката раководителка на Балетот, Марија Кичевска-Шокаровска, со овој настан се одбележуваат 20 години од отворањето на Малата сцена во МОБ. Менаџерот на Операта и Балетот, Киро Павлов рече дека после повеќегодишно нефункционирање на Малата сцена, ја отвораат за соработка не само за балетските уметници од НОБ, ...
Владимир Путин призна дека е голем фан на Илон Маск, технолошкиот милијардер кој има големо влијание во владата на Доналд Трамп, но и е критичен кон Украина и Володимир Зеленски. Зборувајќи пред студентите на Државниот технички универзитет „Бауман“ во Москва, рускиот лидер го опиша Маск како редок визионер и пионер. „Знаете, има еден човек кој живее во САД, Маск, за кого може да се каже дека се стреми кон Марс. Во историјата на човештвото ретко ...
Основното јавно обвинителство Тетово поднесе жалба на пресудата на Основниот суд во Тетово од 7 април 2025 година, со која обвинетиот М.П. доби затворска казна од две години за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, откако ја прегази пешачката Теодора Ристовска, која подоцна им подлегна на повредите. Обвинителството смета дека изречената санкција е преблага во однос на тежината на делото и степенот на кривична ...
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека израелските трупи ќе останат во таканаречените безбедносни зони во Газа, Либан и Сирија на неодредено време, што би можело да ги отежни преговорите со Хамас за примирје и ослободување на заложниците. Израелската војска зазеде повеќе од половина Газа откако беше прекинато примирјето минатиот месец. Израел исто така одбива да повлече свои трупи од делови на Либан и Сирија, каде што ја зазеде ...
Силни емоции до солзи предизвика кај публиката вчерашната премиера на претставата „Црно семе“ на Народниот театар од Битола, работена по романот на писателот Ташко Георгиевски, а во режија на Андреј Цветановски. Ова беше прва театарска драматизација на славното дело на Георгиевски објавено во 1966, за кое семејството ги отстапи авторските права на Битолскиот театар, а драматизацијата е на Јелена Цветановска. Пожртвуваната игра со целосно ...
Научниците кои работат со вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ велат дека го откриле досега најсилниот доказ за постоење на живот надвор од нашиот Сончев систем. Тим на Универзитетот Кембриџ кој ја проучува атмосферата на далечна планета наречена К2-18б открил знаци на молекули кои на Земјата ги произведуваат само едноставни организми. Ова е вторпат хемикалии поврзани со живот да се пронајдени во атмосферата на оваа планета, која е два и пол пати ...
Србија денеска доби нова влада, на чие чело ќе биде лекарот Ѓуро Мацут. Тој на премиерската функција го наследи Милош Вучевиќ, кој поднесе оставка кон крајот на јануари, преземајќи одговорност за нападот врз студенти во Нови Сад. На денешното гласање во парламентот, Мацут и владата добија поддршка од 153 пратеници, 46 беа против, а 51 пратеник беа отсутни. Мацут важи за еден од водечките ендокринолози во Србија и е редовен професор по интерна ...
Под истрага се сите полициски инспектори, началници и командири кои од 2012 година наваму давале одобрение кочанската дискотека „Пулс“ да добие лиценца за работа од Министерството за економија, соопштија МВР и Јавното обвинителство. Сите се осомничени за кривичните дела Тешки дела против општата сигурност и Предизвикување општа опасност. Шестмина од осомничените се лишени од слобода, по едно лице се трага, а тројца веќе се наоѓаат во притвор за ...
Aгенцијата за заштита на личните податоци, без чие осамостојување нема преговори, а ни влез во Европската Унија, е доведена до ниво да работи долго време без директор и само со 16 вработени. Деновиве уште двајца вработени заминуваат во пензија, а Министерството за финансии не само што одбива да им даде согласност макар и за едно вработување годишно, туку едвај одговара на дописите и предупредувањата што ги пуштаат вработените и ...
Велигденско јајце високо 2,3 метри е поставено во дворот на црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово во пресрет на христијанскиот празник Велигден. Јајцето е изработено во дворот на една куќа во Тетово, а поради неговата големина во дворот на црквата е поставено со помош на дигалка. „За изработката на ова големо јајце користени се материјали како стиропор и гипс и други материјали што ги имавме дома. Направивме јајце високо 230 сантиметри, а ...
Кафулињата кои се наоѓаат на градските улици и кои зафаќаат јавна површина сè уште плаќаат комунална такса од 5 денари за метар квадратен. Одлуката за намалување на комуналната такса од 15 на 5 денари беше донесена во 2020 година, во мандатот на ексградоначалникот Петре Шилегов, како една од мерките за помош на угостителството поради корона вирусот и забраните за работа. Но, мерки за заштита од ковид-19 нема веќе четири години, а одлуката не е ...
Врховниот суд на Велика Британија едногласно ја поддржа биолошката дефиниција на жената според Законот за рамноправност од 2010 година. Судиите застанаа на страната на активистичката група „For Women Scotland“, која покрена случај против шкотската влада, тврдејќи дека заштитата заснована на пол треба да се однесува само на оние кои се родени како жени. Судијата лорд Хоџ кажа дека пресудата не треба да се смета за триумф на една страна над ...
Маж кој имал 130 килограми и индекс на телесна маса 40 е првиот пациент кому му беше извршена првата операција на државен трошок за намалување на дебелината, рекоа денеска директорот на Клиниката за дигестивна хириругија д-р Огнен Костовски и министерот за здравство Арбен Таравари. Директорот Костовски кажа дека операцијата била извршена на 27 март, но информацијата ја објавуваат денес поради почит кон жртвите и настраданите во пожарот во ...
Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и Министерството за внатрешни работи (МВР) приведоа уште 7 полициски службени лица во врска со катастрофалниот пожар во неисправната кочанска дискотека „Пулс“ на 16 март со 61 жртва, а сите од Службата за внатрешни работи (СВР) Штип и од Полициската станица во Кочани. Во притвор веќе еден месец се 7 нивни колеги, односно началници и инспектори од овие два града, а денеска Обвинителството ...
Украден е релјефот од споменикот на децата бегалци од Егејска Македонија во паркот „Жена борец“ во Скопје. Рељефот претставува мајка страдалник со своите три деца, тргнати во непознат правец и разделени од своето огниште и најмилите. Архитектката и авторка на споменикот Даница Павловска-Циги вели дека релјефот го нема веќе извесно време, но на никој од надлежните не им е гајле, а случајот е пријавен во полиција. „Многу страшно е денес, вандалски ...
Од 15 април стапи на сила целосна забрана за риболов во ревирот на Здружението на спортски риболовци „Бабуна“ од Велес. Ќе контролират рибочуварите на друштвото, засилени со велешките полицајци. Забраната ќе важи до 15 мај и се однесува за рибите костреж, скобуст, попадика, црвеноперка, писа, клен, бела и црна мрена. Забраната за сом и крап ќе важи до 31 мај. „Забраната е поради мрестот на рибата во овој период. Се договоривме во овој период ...
САД ги укинаа санкциите за Антал Роган, близок соработник на унгарскиот премиер Виктор Орбан и долгогодишен шеф на неговиот кабинет. Државниот секретар на САД Марко Рубио вчера разговарал со унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, при што го известил за одлуката. Портпаролката на Стејт департментот Тами Брус кажа дека ваквата казнена мерка не беше во согласност со интересите на американската надворешна политика. Министерството за ...