По 12 дена возење, група од 80 српски студенти синоќа пристигна со велосипеди во Стразбур, со цел да го свртат вниманието на Европската Унија кон она што се случува во Србија. На крајот од својот пат долг повеќе од 1.400 километри, тие беа пречекани од стотици сонародници на главниот плоштад Кеблер, а последните метри ги поминаа по црвен тепих, што беше поставен специјално за нив. Студентите се клучна сила зад блокадите и речиси секојдневните ...

Доналд Трамп изјави дека сака да им даде пари и авионски билет на сите илегални имигранти во САД кои сакаат доброволно да заминат, по што некои од нив можеби ќе можат да се вратат во земјата. Во интервју за „Фокс њуз“, тој ја опиша својата нова програма како самодепортација. „Ќе им дадеме стипендија на овие мигранти. Ќе добијат нешто пари и авионски билет, а потоа ќе работиме со нив и ако бидат добри и ако ги сакаме назад, ќе можат да се вратат ...

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) го анализираше Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и утврди дека треба да се прецизира поимот „целокупна документација“ во врска со јавните набавки, бидејќи како што сметаат оттаму, можно е да бидат објавени и доверливи информации. Според ДКСК, станува збор за регулаторен ризик во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, кои се однесуваат на ...

Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ) потрврди дека на Клиниката за кардиохирургија еден месец не работи ангиографската сала, а нема ни стент-графтови. Како што објави „Слободен печат“, ДЗСИ ова го утврдил откако вчера помина часови во надзор во здравствената установа од стратешки интерес за државата, а каде на 9 април почина 57-годишниот Тони Ангелковски на кого му требала итна реконструкција на аортата која му била разлистена, но ...

Луѓето во Холандија треба да престанат да јадат домашно произведени јајца поради контаминација со „вечни“ хемикалии, објави холандскиот Национален институт за јавно здравје и животна средина (РИВМ). Јајца добиени од кокошки во приватна сопственост можат да содржат високи нивоа на „вечни“ хемикалии, покажа ново истражување спроведено на 60 локации. Овие хемикалии се поврзуваат со низа здравствени проблеми, вклучително и рак. Тие се познати како ...

Претставата „Црно семе“, по романот на Ташко Георгиевски од 1966, а во режија на Андреј Цветановски, на 16 април ќе има премиера на Народниот театар од Битола. Ова е прва театарска драматизација на славното дело на Георгиевски, а ја направи Јелена Цветановска. По сценарио на Георгиевски засновано на романот, во 1971 Кирил Ценевски го сними еден од култните македонски филмови, кој тогаш беше и југословенски кандидат за Оскар. Романот е приказна ...

Покрај постројки за третман на ѓубрето, регионалната депонија во Новаци ќе има и место за перење на гумите на камионите кои ќе го транспортираат сметот од 18 општини во стариот коп на РЕК. Тие ќе мора со чисти гуми да излегуваат од депонијата за да нема дополнително загадување, беше кажано на денешната јавна расправа за изградба на центар за управување со отпад од Пелагонискиот и Југозападниот Регион што се одржа во Новаци. Пред присутните, ...

Полицијата поднесе кривични пријави против Р. С.(38) и К. В.(44), директор на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи во Македонски Брод и социјален работник во установата, поради постоење основи на сомнение дека не пријавиле дека 64-годишник силувал дете иако за тоа добиле пријава. Тие се осомничеи дека не пријавиле кривично дело или сторител во случај за кој претходно добиле пријава дека е извршен полов напад врз дете помало од 15 години. ...

Албин Курти денеска поднесе оставка од функцијата премиер на Косово, непосредно пред да положи заклетва како пратеник во парламентот. Тој поднесе оставка заедно со сите министри во неговата влада, што ја водеше од 2021 година. „Од 23 март, кога истече полниот четиригодишен мандат на нашата влада, таа функционираше како техничка или во оставка. Заради полагање заклетва за пратеник во деветтиот состав на парламентот на Косово, со ова и официјално ...

Комерцијална банка ќе обезбеди финансиска поддршка од 30 милиони денари (485.000 евра) за новата фондација „Заедно за едно“, основана во рамките на Македонската банкарска асоцијација за да помогне на повредените и семејствата на настраданите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Овој износ банката ќе го донира на Фондацијата за 2025 година, а за наредните години, согласно потребите на настраданите и можностите на банката, ќе се ...

Основното јавно обвинителство Прилеп и Финансиската полиција од утрово вршат претреси на повеќе локации во градот поради сомнежи за финансиски злоупотреби на Прилепската болница. „ОЈО Прилеп постапува во предистражна постапка поради сомненија за кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување, а поврзано со финансиското работење на болницата. Обезбедени се наредби за претрес на осум локации, а дејствијата ги презема Управата за ...

Архитектонска изложба за творештвото на Живко Поповски, истражувачки проекти за 40-годишно творештво на Благоја Маневски и на Јордан и Искра Грабулоски, се дел од проектите за кои Музејот на современа уметност (МСУ) Скопје годинава доби пари од Министерството за култура и туризам. Министерството годинава за првпат додели делегиран буџет на 18 национални установи, а МСУ доби 5.842.370 денари (околу 94.500 евра), рече денеска директорот Тихомир ...

Основното јавно обвинителство Прилеп и Финансиската полиција од утрово вршат претреси на повеќе локации во градот поради сомнежи за финансиски злоупотреби на Прилепската болница. „ОЈО Прилеп постапува во предистражна постапка поради сомненија за кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување, а поврзано со финансиското работење на болницата. Обезбедени се наредби за претрес на осум локации, а дејствијата ги презема Управата за ...

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека реализацијата на капиталните расходи се одвива според планираното, иако во првите три месеци се остварени нешто под 10 отсто. Од предвидени 47,2 милијарди денари во годинашниот буџет за капитални расходи, заклучно со 8 април се реализирани 4,49 милијарди денари. Министерката вели дека слабата реализација во првите три месеци е очекувана поради временските услови. „Во јануари и ...

Основното јавно обвинителство Велес поднесе обвинение за физичко лице и правен субјект за рушењето на зградата на Работничкиот универзитет во Велес. По извршеното градежно, економско и електротехничко вештачење, извршениот распит на лицата и обезбедената документација за работните машини, ОЈО Велес го поднел обвинението до Основниот суд во Велес. „Поднесен е обвинителен акт за едно физичко лице и обвинителен предлог за правното лице кое вршело ...

Владата на Доналд Трамп објави дека замрзнува федерални средства од над две милијарди долари за Универзитетот Харвард откако оттаму ги одбиле барањата на Белата куќа. „Денешната објава на Харвард само го зајакнува вкоренетото чувство на привилегираност што е својствено за најпрестижните универзитети и колеџи во земјата“, објави министерството за образование. Белата куќа испрати листа на барања до Харвард минатата недела, чија цел е борба против ...

Доналд Трамп го обвини Володимир Зеленски за почетокот на војната со Русија, ден по рускиот ракетен напад врз Суми, во кој загинаа 35 луѓе. Тој кажа дека Зеленски ја дели вината со Владимир Путин и Џо Бајден за милиони мртви во војната во Украина. „Не почнуваш војна со некој кој е 20 пати поголем од тебе и потоа се надеваш дека други ќе ти дадат проектили“, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа. Американскиот претседател ги даде овие ...

Европската комисија ќе предложи седум „безбедни трети земји“ во кои членките на ЕУ ќе можат да ги враќаат барателите на азил, стои во документ што го видел сајтот „Еурактив“. На листата се Бангладеш, Колумбија, Египет, Индија, Косово, Мароко и Тунис. Концептот за безбедна трета земја дозволува баратели на азил да бидат испратени во земја каде што можат да најдат заштита, наместо да останат во државата во која што аплицирале. Во март, Комисијата ...

Унгарскиот парламент денеска го усвои амандманот на уставот насочен против ЛГБТ заедницата и, како што владата ги нарече, политички мрежи за притисок финансирани од странство кои ја поткопуваат демократијата. Уставната измена беше изгласана со 140 гласа „за“ и 21 „против“, и покрај неколкунеделните протести. Аналитичарите сметаат дека премиерот Виктор Орбан сака со оваа уставна измена да ја зајакне својата база на гласачи и да привлече гласови ...

Американскиот министер за здравство Роберт Кенеди Џуниор вети масовни тестирања и истражувања со цел да се открие причината за аутизмот во рок од пет месеци. Експертите предупредија дека откривањето на причините за аутизмот нема да биде лесно, а напорите ги нарекоа нереалистични. Кенеди, кој промовираше оспорени теории дека вакцините предизвикуваат аутизам, кажа дека американското истражување ќе вклучи стотици научници од целиот свет. „До ...

Со барањето да се претстави, да каже нешто за себе и со прашањето: дали се чувствуваш монструм и убиец, како што те претставија во медиумите, адвокатот го почна директното испрашување на Љупчо Палевски, обвинет за организирање на киднапирањата и на убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. „Ниту едното, ниту другото. Ни монструм ни убиец не сум. А мотивите за таквите квалификации се зашто шефот ...

Проектите кои им ги ветивме на граѓаните на изборите не беа погодни за раководството на мојот општински комитет, кои понесени од функцијата тргнаа по патот на своите амбиции, рече Кристина Атанасова-Арсова советничка во Советот на Општина Кочани од ВМРО-ДПМНЕ. Синот на Атанасова-Арсова е меѓу повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“ на 16 март и е на болничко лекување. Во пожарот загинаа 61 лице, меѓу кои 6 деца, а 193 беа повредени од кои ...

Во Основниот суд во Струга денеска продолжи судскиот процес за осакатувањето на родилката од Дебар, Јилдиз Веапоска, која по породувањето остана без матка, јајник и бубрег. На денешното рочиште од одбраната на обвинетите беше побарано да се изготви ново супервештачење, но судијата Јордан Јованов го одби ваквиот предлог оти, како што рече, биле почитувани процедурите за изготвување на супервештачењето кое ќе биде образложено на следното рочиште. ...

Со два концерта во Филхармонијата, на 9 и на 10 мај, легендарниот македонски готарист Влатко Стефановски ќе слави 50 години кариера. Уметникот со богата кариера денеска на на прес-конференција во Скопје рече дека не сака да се враќа назад и да прави ретроспектива на она што го направил, но го радуваат наградите и ситните гестови. Новиот албум во издание на „Кроација рекодрс“, „Лондонска сесија“ (London Session) Стефановски го сними во славното ...

Осумгодишно дете вчера било нападнато од улично куче во угостителски објект на плоштадот Магнолија во Битола, при што е повредено на челото. Детето било згрижено во Одделението за максилофацијална хирургија при Клиничката болница во Битола, каде што му била пружена неопходната медицинска помош. Повредата му била санирана, а тоа пуштено на домашно лекување со препишана терапија и лекарски препораки. Од Општина Битола изразија далбоко жалење, а во ...

Над 190 километри на час возеле синоќа возачи на автопатот Скопје-Тетово-Гостивар. Во вчерашната акција на тетовската полиција биле констатирани дури 128 пречекорување на брзината на возење при што 7 лица биле уапсени поради многу брзо возење. „На 13.04.2025 полициски службеници од полициските станици за безбедност на патниот сообраќај Тетово и Гостивар извршиле контрола за пречекорување на максималната дозволена брзина на движење во која биле ...

Дваесетгодишна девојка, која била меѓу потешко повредените во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ на 16 март и била два пати реанимирана, е веќе на нозе и во стабилна состојба на Клиниката за пластична хирургија во Скопје, рече денеска министерот за здравство Арбен Таравари. Во пожарот загинаа 61 лице, меѓу кои 6 деца, а 193 беа повредени од кои 25 деца. Таравари кажа дека девојката била еднаш реанимирана на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ ...

За четворица од новите 19 осомничени за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март, Обвинителството бара притвор. За седуммина куќен притвор и забрана за комуникација, а за уште седум од новоприведените, се бараат мерки за претпазливост, кажа денеска државниот обвинител Љупчо Коцевски за вчерашната акција. Заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска одржаа заедничка прес-конференција во Обвинителството. Меѓу новите ...

Досега непозната герилска група ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад близу канцеларијата на Грчки железници во Атина во петокот, како и за уште една експлозија од минатата година. Во соопштение објавено на еден сајт, групата Револуционерна класна самоодбрана кажа дека нападот врз железничката компанија бил одговор на железничката несреќа во Грција во 2023, во која загинаа 57 луѓе. Во експлозијата немаше повредени и значајна штета. ...

Денеска во Велес започна акцијата „Чист град 2025“, за отстранување оставени хаварисани, искористени и напуштени моторни возила, приклучни возила како и земјоделски машини, кои нивните сопственици ги оставиле на јавните површини во градот. Акцијата ќе биде спроведена од Општина Велес и СВР Велес, во две фази. „Првата фаза ќе биде од превентивен карактер и започнува денес со лепење налепници со рок на отстранување на моторните возила од јавните ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
48%
1019
weather icon

Белград

24ᴼ / 22ᴼ
5.14
37%
1015
weather icon

Загреб

23ᴼ / 21ᴼ
0.51
65%
1012
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
3.6
43%
1020
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
2.69
36%
1018
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
0.51
93%
1012
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
6.17
35%
1014
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.06
60%
1015
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
46%
1015
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 18ᴼ
2.57
53%
1020
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
4.63
41%
1014
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
6.69
53%
1016
Currency

61.535

Currency

52.8734

Currency

71.3664

Currency

34.4288

Currency

38.3702

Currency

65.9997

Currency

7.39114

Currency

0.65805

Currency

0.35911

Currency

0.52581

Currency

1.28795

Currency

0.60346