Триесет и осумгодишен маж е уапсен и обвинет за подметнување пожар во официјалната резиденција на гувернерот на Пенсилванија, Џош Шапиро. Коди Белмер се соочува со обвиненија за обид за убиство, тероризам, подметнување пожар и за тежок напад. Тој бил уапсен неколку часа откако Шапиро бил разбуден среде ноќ од властите кои дошле во неговиот дом додека пожарот се ширел. Демократскиот гувернер и неговото семејство биле евакуирани без повреди, но ...

Перуанскиот писател Марио Варгас Љоса, џинот на јужноамериканската култура, почина на 89 години, објави неговиот син Алваро. Варгас Љоса беше водечката личност на јужноамериканската книжевна сцена во 1960-тите и продолжи и во следните децении да објавува романи и есеи, кои се преведени на бројни јазици. Во 2010 ја прими Нобеловата награда за литература. Роден на 28 март 1936, Варгас Љоса како тинејџер посетувал воена академија во Лима и работел ...

Западните сојузници на Украина силно го осудија вчерашниот руски ракетен напад врз Суми, во кој загинаа 34 луѓе, од кои две деца, при што Доналд Трамп го опиша како ужасен и додаде дека бил голема грешка. Володимир Зеленски го покани Трамп да дојде во Украина и самиот да се увери во уништувањата што ги донесе руската агресија. „Ве молам, пред да донесете каква било одлука, пред какви било преговори, дојдете да ги видите луѓето, цивилите, ...

Основниот суд Кочани ги прифати барањата на Обвинителството и одреди мерки за 18 новоосомничени лица во проширената истрага за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“. Како што потврдија од Судот за државната агенција МИА, за четворица е одреден 30-дневен притвор, шестмина добија куќен притвор и мерки за претпазливост, додека на осуммина им се изречени само мерки за претпазливост согласно Кривичниот законик. Осомничените имаат право на жалба ...

Лани имало големо намалување на заразните заболување во Општина Велес. Лани имало 271 болни, а 600 во 2023, според извештајот на Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) доставен до Советот на Општина Велес. Најголемиот број на случаи лани се капкови или респираторни заразни заболувања. „Имаме големо намалување на бројот на варичели, од 452 на 102. Лани имаше 32 случаи на шуга, пет на бруцелоза, четири на пертусис. Од цревните заболувања има ...

Во Велес, во Младинскиот парк, денес бесплатно беа поделни две илјади табли со јајца, или 60.000 јајца, наменски за Велигден. Оваа донација беше од страна на двајца велешани кои живеат и работат во САД и имаат компанија за камионски превоз на стока. „Целта ни беше граѓаните да можат да ги почувстуваат радостите на Велигден. Би сакале ова дарување да го пораснеме во традиција, со повеќе компании за поголем број граѓани во наредните години“, велат ...

Најмалку 20 лица загинаа, а десетици се повредени во руски напад со балистички ракети врз украинскиот град Суми, додека граѓаните оделе во црква за празникот Цветници. Две ракети паднале во прометниот центар на градот. Една од нив погодила автобус полн со патници. Снимките од местото на настанот покажуваат тела на улиците, запалени автомобили и спасувачи кои носат повредени цивили. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека има ...

НАТО е загрижен дека Русија разгледува можност за распоредување нуклеарно оружје во вселената, што би можело да ги загрози илјадниците сателити кои орбитираат околу Земјата и се клучни како за одбраната, така и за секојдневниот живот на луѓето, изјави генералниот секретар на алијансата, Марк Руте. „Свесни сме за извештаите дека Русија ја испитува можноста за поставување нуклеарно оружје во вселената“, рече Руте во интервју за германскиот весник ...

Велешка „Маслодајна“ започна со потпишување на договори со земјоделците за одгледување на сончоглед. Со овој договор се врши загарантиран откуп, како и набавка на квалитетен семенски материјал. Неколку години единствениот производител на масло на јадење во земјава, кои го врши со преработка на сончогледово семе, се обидува да ја врати оваа култура по македонските полиња. Но тоа тешко оди, лани фабриката откупи само 3,5 илјaди тони сончоглед, ...

1 Ако до минатата недела имав некаква надеж дека 61 жртва од пожарот во дискотеката во Кочани ќе биде некакво освестување и поттик за промена во однесувањето на државните и локалните институции како и на јавните служби, настаниве од минатава недела некако ми ја спласнаа надежта. Почнувајќи од пресудата за прегазената 22-годишна тетовка Теодора Ристовска и извртениот круг на правдата од Обвинителството, до Основниот суд, до Апелациониот суд, па ...

МВР до Обвинителството на Кочани поднесе кривична пријава за дополнителни 19 лица за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик, откако истрагата за катастрофалниот пожар во неисправната дискотека „Пулс“ кој одзеде 61 млад живот, денеска беше проширена. Се апси секое одговорно лице во Министерството за економија и во други институции од 2012 година, откога датира објектот како ...

Германија планира да воведе нов модел на доброволен воен рок подоцна оваа година, а првичните чекори вклучуваат повторно воспоставување на воена регистрација и процедури за следење, изјави министерот за одбрана Борис Писториус. „Штом законодавниот процес биде завршен, можеме да почнеме со прием и обука на првите регрути“, изјави Писториус за ДПА, додавајќи дека се очекува околу 5.000 нови војници да се приклучат во првата година. ...

Паметните телефони и компјутерите нема да бидат опфатени со новите американски царини за кинески производи, според последните насоки од Царинската и гранична заштита на САД. Одлуката следува откако претседателот Доналд Трамп претходно овој месец воведе царини од 145% за низа производи од Кина, потег што се очекуваше да има значително влијание врз технолошките компании како „Епл“, која ги произведува своите „Ајфон“ телефони и повеќето други уреди ...

По наредба на Обвинителството, полицијата денеска апси поранешни високи функционери и прибира докази, зашто ја проширува истрагата за катастрофалниот пожар во дискотеката во „Пулс“ во Кочани на 16 март, во кој загинаа 61 лице. Над 200 се повредени, од кои има и такви кои се во критична состојба сè уште. По претходните 30, истрагата сега се проширува за над 23 нови осомничени, а меѓу нив се поранешниот министер за економија Беким Незири, кој пред ...

Иран и Соединетите Американски Држави започнаа разговори во Оман во врска со нуклеарната програма на Техеран, што претставува средба на највисоко ниво меѓу двете земји од 2018 година. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, за иранската државна телевизија изјави дека неговата земја се стреми кон „праведен договор“, додека неговиот портпарол изрази очекување дека разговорите нема да траат долго. Овие разговори доаѓаат откако ...

Силни ветрови со брзина до 150 километри на час го погодија Пекинг и северна Кина во саботата, предизвикувајќи откажување на стотици летови и прекин на железничкиот сообраќај. Ова се најсилните ветрови регистрирани во кинескиот главен град во повеќе од половина век. Според новинската агенција „Ројтерс“, до 11:30 часот по локално време во саботата, откажани биле 838 летови на двата главни аеродроми во Пекинг. Властите издадоа портокалово ...

Семејствата на настраданите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ денеска го одржаа вториот протестен марш под мотото „Задоцнета реакција“, изразувајќи незадоволство од бавноста на институциите во расветлување на трагедијата. Маршот симболично започна во 12 часот и 5 минути од Паркот на Револуцијата, алудирајќи на, како што велат, задоцнетата реакција која придонела за несреќата. Стотици граѓани во тишина се движеа низ градот, поминувајќи ...

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски и неговиот косовски колега Албин Курти денеска го пуштија во употреба заедничкиот граничен премин Долно Блаце-Елез Хан, со што профункционира заедничката гранична контрола (One Stop Shop). Изградена е нова физичка и дигитална инфраструктура со која е воспоставен систем кој овозможува само едно застанување и една пасошка контрола. Мицкоски, на свеченоста по повод пуштањето во употреба на системот рече дека ...

Недостасуваат 7 милиони евра во државниот буџет, кои од страна на Агенцијата за одземен имот не биле уплатени, а се од продаден имот стекнат на криминален начин. Овој имот е запленет со правосилни судски пресуди, зашто е стекнат со криминал и со него управува Агенцијата, која не смее да ги злоупотребува парите од неговото отуѓување. Во извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР) има утврдено многу неправилности во работењето на Агенцијата. ...

Државниот пазарен инспекторат во периодот од 17 март до 10 април извршил вкупно 297 надзори кај угостителските објекти во однос на исполнувањето на минимално техничките услови и други законски одредби и издадени се вкупно 360 прекршочни платни налози во вкупна вредност од 3.436.000 денари, соопшти денеска портпаролката на Владата Марија Митева на прес-конференција. Просечно, износот на казните изнесува околу 150 евра. Портпаролката рече дека ...

Специјалниот пратеник на Доналд Трамп, Стив Виткоф, се сретна со рускиот претседател Владимир Путин во Санкт Петербург во петокот, во време кога Доналд Трамп го повика рускиот лидер „да се придвижи“ кон прекин на огнот во Украина. Од Кремљ соопштија дека средбата траела повеќе од четири часа и била фокусирана на „аспектите на договор за Украина“. Разговорите, кои се трети за Виткоф со Путин оваа година, беа опишани како „продуктивни“ од страна ...

Во центарот на Атина, во близина на канцелариите на грчката железничка компанија „Хеленик Трејн“, доцна во петокот одекна експлозија. Снимките од безбедносните камери го фатија моментот кога експлодираше ранец, оставен пред деловниот блок. Полицијата соопшти дека пред нападот имало анонимни повици до грчките медиуми со предупредување. Експлозијата се случила во близина на една од најпрометните сообраќајници во главниот град, Леофорос Андреа ...

На барање на Општина Штип во Владата, покрената е постапка за враќање на недовршениот дом за стари лица во сопственост на Општината, која пред 11 години му го даде на Здружението на пензионерите за да се гради дом за стари лица. Но, по две години изградба, четирикатната зграда престана да се гради и девет години е мртов објект и пропаѓа, а досега за него се потрошени 400.000 евра. Штипскиот дом за стари лица е првиот и засега единствен ваков ...

Шефицата на американската воена база на Гренланд е сменета откако испратила е-пошта во која се оградила од критиките на потпретседателот Џеј-Ди Венс на Данска. Американската војска потврди дека Сузана Маерс е тргната од својата позиција во базата Питуфик поради „изгубената доверба во нејзините раководни способности“. При посетата на островот на 31 март, Венс кажа дека Данска не завршила добра работа за Гренланд и не го заштитила доволно. Маерс ...

Политичарите треба да работат на деполитизација, а комплексните прашања важни за општеството да ги решаваат преку дијалог, наместо преку популизам, напади на лична основа и поткопување на довербата во институциит, беше кажано на денешната панел-дискусија огранизирана од Институтот за комуникациски студии (ИКС). На дискусијата беше промовирана публикацијата „Гордиевиот јазол на штетните наративи во политиката и во медиумите“. „Штетните наративи ...

Државата може повеќе да направи да се намалат респираторните болести, докторите лекуваат кога често е доцна за пациентите, рече проф. д-р Деска Димитриевска од Клиниката за пулмологија и алергологија во Скопје и претседателка на Македонското респираторно здружение, на денешниот 6. Конгрес на Македонското респираторно здружение и 5. Конгрес на Здружението на пневмофтизиолози. Д-р Димитриевска кажа дека расте бројот на заболени со респираторни ...

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ги осуди обидите за притисок и дискредитација на дописничката на САКАМДАКАЖАМ.МК од Битола Жанета Здравковска, кои доаѓаат од локални функционери поврзани со јавни претпријатија во Пелагонискиот Регион, а во врска со текстот „Битолски ‘Комуналец’ со загуба од милион евра, склучи договор за набавка на кучешка храна од 57.000 евра за една година“ објавен на 10 април. „Јавните функционери преку објави на ...

Судскиот совет го разгледа предметот со повторното судење и изрекувањето на двегодишната затворска казна за возачот Менсур Пајазити кој во 2022 смртно ја прегази 22-годишната Теодора Ристовска од Тетово и заклучи дека бадијала би било поднесување жалба за висината на казната до Апелациониот суд Гостивар, зашто законот вели дека исходот не смее да биде на штета на обвинетиот. „Согласно член 428 од Законот за кривична постапка (ЗКП), ако е ...

Сојузниците ветија воена помош за Украина од 21 милијарда евра, објави британскиот министер за одбрана Џон Хили, кој беше еден од домаќините на денешната средба на 50 држави во седиштето на НАТО во Брисел. Главна тема на оваа средба беше натамошна воена помош за Украина, во услови кога Русија сѐ уште не е заинтересирана за мир, кажа германскиот министер за одбрана Борис Писториус. „Имајќи предвид дека Русија продолжува со агресијата врз Украина, ...

Со новиот Детален урбанистички план (ДУП) за УЗ 2, УБ 2.3 – опфат 7 на местото на објектот на градинката „Јасна Ристеска“ во Охрид е предвиден објект со многу поголем обем. Објект кој ќе го узурпира целиот зелен простор, дворот, игралиштето и ќе има уште еден кат, реагираат од од граѓанската организација Охрид СОС. Дополнително, прашуваат кој дозволува или воведува и комерцијални простории во објект кој е јавен и каде секојдневно престојуваат ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
48%
1019
weather icon

Белград

24ᴼ / 22ᴼ
5.14
37%
1015
weather icon

Загреб

23ᴼ / 21ᴼ
0.51
65%
1012
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
3.6
43%
1020
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
2.69
36%
1018
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
0.51
93%
1012
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
6.17
35%
1014
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.06
60%
1015
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
46%
1015
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 18ᴼ
2.57
53%
1020
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
4.63
41%
1014
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
6.69
53%
1016
Currency

61.535

Currency

52.8734

Currency

71.3664

Currency

34.4288

Currency

38.3702

Currency

65.9997

Currency

7.39114

Currency

0.65805

Currency

0.35911

Currency

0.52581

Currency

1.28795

Currency

0.60346