
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Царините на Доналд Трамп индиректно ќе го погодат Западен Балкан преку намалениот извоз во ЕУ, се вели во анализата на тинк тенкот Советничка група за политики за Балканот во Европа (БиЕПАГ). Постојните модели сугерираат дека последиците ќе бидат релативно благи, со забавување на растот на БДП за 0,4% до 0,9%. Сепак, сегашната ситуација изгледа непредвидливо, што значи дека влијанието може да биде многу поголемо. Што и да се случи, владите на ...
Сослушувањето на претпоследниот обвинет, Александар Ѓорчевски, татко на убиеното девојче Вања Ѓорчевска од Скопје, продолжи со вкрстени прашања од обвинителката Жаклина Крстевска-Јосифовска, која поради непостоење на материјални докази за комуникација со првообвинетиот Љупчо Палевски, во детали ги истражува околностите околу неговата невработеност, која траела по подолги периоди. „До петто одделение учев со Радмила Шеќеринска со која бевме ...
Кина уште еднаш им возврати на САД и ги зголеми царините за увоз на американски стоки на 125%. Ова доаѓа откако Доналд Трамп вчера појасни дека царините за Кина не изнесуваат 125%, туку 145%. Кинеските царини за САД досега беа 84 отсто. Пекинг кажа дека новите царини стапуваат во сила утре и дека нема да има нивно натамошно зголемување ако Трамп повторно одговори. „Ненормално високите царини наметнати од САД сериозно ги нарушуваат меѓународните ...
Кина објави дека моментално ќе го ограничи увозот на холивудски филмови како одмазда за одлуката на Доналд Трамп да ги зголеми царините за кинеските стоки, кои сега изнесуваат 145%. Аналитичарите сметаат дека ова нема да има голем финансиски ефект зашто приходите на Холивуд од кинескиот пазар значително се намалија во изминатите години. Кина во изминатите три децении увезуваше 10 холивудски филмови годишно и Националната филмска управа на Кина ...
Шестмина луѓе, од кои три деца, загинаа во пад на хеликоптер во реката Хадсон во Њујорк. Градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс објави дека хеликоптерот превезувал петчлено шпанско семејство кое било во туристичка обиколка, додека шестиот загинат е пилотот. Иако полицијата не ги кажа имињата на загинатите шпански туристи, американските медиуми објавија дека станува збор за извршниот директор на шпанската подружница на „Сименс“ Агустин Ескобар, ...
Со читање на имињата на жртвите од сите досегашни несреќи во земјава, пред Кривичен суд во Скопје беше побарана правда и одговорност на денешниот протест огранизиран од граѓанската иницијатива „Кој е следен?“. Беа прочитани имињата на 61 жртва од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март, на 14-те жртви во пожарот во модуларната ковид-болница во Тетово на 8 септември 2021, 45-те жртви сообраќајната несреќа на автобусот на „Беса транс“ ...
„Прада“ склучи договор од 1,25 милијарди евра за купување на помалиот конкурент „Версаче“ од „Капри холдингс“, вклучувајќи го и нејзиниот долг, во потег што обединува две од најголемите имиња на италијанската мода. „Прада“ се обидува да се прошири, пркосејќи му на забавувањето на побарувачката за луксуз, додека „Версаче“ работеше со загуба во последните неколку квартали. Спојувањето ја зајакнува раката на Италија во луксузната индустрија ...
Основното јавно обвинителство Скопје разби мрежа за ограбување на пензионери преку брзи кредити, кои ги подигале 43 лица меѓу кои и вработен во Фондот за здравство, крадејќи ги потписите на граѓаните депонирани таму. „ОЈО Скопје денеска поведе постапка против вкупно 43 лица кои со различни дејствија на компјутерски измами, фалсификување исправи и злоупотреба на лични податоци учествувале во повеќекратни измами на граѓани со брзи кредити. За ...
Откако со години се жалеше на тоа, Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се укинува ограничувањето на притисокот на водата во тушеви, велејќи дека „сака да води грижа за својата прекрасна коса“. „Тушевите веќе нема да бидат слаби и бескорисни. Јас сакам убаво туширање и да се грижам за мојата прекрасна коса. Според сегашните прописи, морам да стојам под тушот 15 минути за да ми се намокри косата, што е смешно“, кажа Трамп. Наредбата на ...
Шест режисерки – Жулија Дукурно, Хајакама Чие, Хафсија Херзи, Кели Рајхард, Маша Шлински и Карла Симон – и ветерани како Вес Андерсон, Ричард Линклејтер, браќата Дарден, Џафар Панахи се во трката за престижната Златна палма на 78. издание на Канскиот филмски фестивал од 13 до 24 мај. Фестивалот отвора со „Замини еден ден“, дебито на режисерката Амели Бонин што ќе игра вон конкуренција. Филмската индустрија внимателно го следи фестивалот исполнет ...
Националниот парк „Пелистер“ започнува со ново брендирање и изработка на модерна веб-страница која ќе ги содржи сите потребни и опсежни податоци за промација на планината. Воедно, во соработка со Факултетот за туризам и угостителство во Охрид се изработува Студија за развој на летниот и зимскиот туризам на Пелистер. „Примарна нашата цел е мониторинг, конзервација и заштита на видовите т. е. заштита на природата на Пелистер. Треба да се водиме ...
Трудовата инспекција ја затвори спортската сала „Нико Нестор“ во Струга, која со години прокиснува, а водата од кровната конструкција навлегува на самиот терен. Салата која е во распаѓање ја користат учениците од средното стручно училиште „Нико Нестор“ и спортските клубови од Струга за тренинзи и натпревари. Објектот е стар повеќе од 30 години и досега нема никакви зафати за санација. Акцијата на Трудовата инспекција следи по текстот на ...
Европската Унија објави дека привремено ги одложува контрамерките за новите американски царини, за да се даде шанса на преговори со владата на Доналд Трамп. Одложувањето ќе важи најмалку 90 дена. Контрамерките беа усвоени вчера од 26 од 27-те членки на ЕУ, откако само Унгарија гласаше против и требаше да се однесуваат на низа производи во вкупна вредност од 21 милијарда долари, како соја, бакар, железо, мотоцикли и сок од портокал. Првата од ...
Основното јавно обвинителство Скопје разби мрежа за ограбување на пензионери преку брзи кредити, кои ги подигале 43 лица меѓу кои и вработен во Фондот за здравство, крадејќи ги потписите на граѓаните депонирани таму. „ОЈО Скопје денеска поведе постапка против вкупно 43 лица кои со различни дејствија на компјутерски измами, фалсификување исправи и злоупотреба на лични податоци учествувале во повеќекратни измами на граѓани со брзи кредити. За ...
Шефот на украинската војска Олександр Сирски изјави дека Русија почнала нова офанзива на североистокот на Украина, додавајќи дека веќе се бележи зголемен број напади. Володимир Зеленски неодамна предупреди дека Русија планира офанзива во регионите Суми и Харкив. „Можам да кажам дека претседателот е апсолутно во право и дека оваа офанзива е веќе почната. Неколку дена, можеби цела недела, бележиме удвојување на бројот на непријателски напади во ...
Руско-американска балерина Ксенија Карелина е ослободена во размена на затвореници помеѓу САД и Русија. Карелина, која живееше во Лос Анџелес, беше уапсена во Екатеринбург во почетокот на 2024 и оттогаш беше во затвор. Таа доби 12 години затвор откако беше осудена за предавство зашто донирала пари за американска хуманитарна организација која обезбедувала помош за Украина. Во замена за неа, САД го ослободија Виктор Петров, германско-руски ...
Во Основниот суд во Струга и денеска се одржаа судски предмети против градоначалникот Рамиз Мерко, овојпат за незаконско поставување директори на училишта во Лабуништа, Радолишта, Подгорци и „Браќа Миладиновци“ во Струга, како и за училиштето во Велешта, за кое се води одвоен предмет. Основното јавно обвинителство Струга го товари струшкиот градоначалник за несовесно работење. Во судската постапка за училиштето во Велешта има и други обвинети ...
Во Штипско и годинава се повторува ланската слика, па јагнињата повторно се откупуваат каде било. Се откупуваат и од самите трла, но и покрај главните патишта. На Велешкото Брдо, покрај обиколницата за Штип, Гевгелија и Скопје, се мереа јагниња и од еден камион се префрлуваа во друг. „И годинава имаме многу ниска откупна цена, речиси на исто ниво од лани. Имаше периоди кога јагнето се откупуваше за 210-220 денари за килограм жива мера, а сега се ...
Володимир Зеленски тврди дека најмалку 155 кинески граѓани се борат во редовите на руската војска против Украина. Ова се првите директни обвинувања од Киев дека Кина ја помага Русија со војници и доаѓаат откако двајца Кинези биле заробени во Доњецк оваа недела. „Многу повеќе кинески граѓани се вклучени во војната, што е засновано врз информации собрани од владата“, рече Зеленски. Кина претходно негираше дека многу нејзини граѓани војуваат за ...
Спасувачите ја завршија потрагата по преживеани по уривањето на покривот на дискотека во Доминиканска Република, додека бројот на загинати надмина 180. Итните служби пронашле уште 60 тела, со што трагичниот биланс порасна на 184 мртви. „Исцрпени се сите разумни можности за пронаоѓање уште преживеани. Фокусот сега е на извлекување тела“, изјави Хосе Луис Фромета Херасме, шефот на пожарникарите во главниот град Санто Доминго, каде што се случи ...
Над 3,5 милиони денари (над 57.000 евра) изнесува договорот за набавка на храна за кучиња што јавното претпријатие „Комуналец“ од Битола го склучило врз основа на рамковна спогодба со скопска фирма. Договорот, објавен на страницата за јавни набавки на Министерството за финанси, е склучен во септември 2024 и има важност од една година. Во него пишува дека реализацијата ќе биде сукцесивна, во зависност од потребата и дека договорниот орган нема ...
Трговската војна на Доналд Трамп со Кина денеска влезе во нова фаза откако во сила стапија одмаздничките кинески царини за САД од 84%, неколку часа откако американскиот претседател ненадејно ги паузираше повисоките царини на 90 дена. Оваа одлука се однесува на сите држави освен Кина, на која Трамп дури ѝ ги зголеми царините од 104% на 125%. Финансиските пазари живнаа по вчерашната објава на Трамп, по најнестабилната епизода од пандемијата на ...
На државно земјиште во скопската населба Драчево е изграден објект дивоградба, но иако има решение Општина Кисела Вода две години не го урива. Граѓанин преку алатката на САКАМДАКАЖАМ.МК Пријави корупција достави документи за бесправната градба, за која институциите не постапуваат. Објектот се наоѓа во населбата Драчево на улицата Бранко Заревски бб во близина на пазарот. Изграден е на државно земјиште, на кое според важечкиот Детален ...
Директорот на Управата за извршување на санкциите Александар Пандов денеска на прес-конференција во Владата кажа за настан кој се случувал вечерта на 20 февруари во затворот „Штип“и завршил со кривични пријави, а чии главни актери се надворешни дилери на дрога, два затвореника, затворски полицајци и кучка по име Цеца. Пандов кажа дека до затворот било пуштено возило без да биде евидентирано. Едно од лицата кои биле во возилото, стигнало до ...
Финансиските пазари забележаа пораст откако Доналд Трамп објави 90-дневна пауза на царините за земјите кои не ѝ се одмаздија на Америка. Во исто време, тој ги зголеми царините за Кина на 125%, откако таа денеска им возврати на САД со царини од 84%. „Бидејќи Кина не покажа почит кон светските пазари, ги зголемувам царините за Кина на 125%, што веднаш стапува во сила. Се надеваме дека во одреден момент во блиска иднина Кина ќе сфати дека деновите ...
Германските конзервативци ЦДУ-ЦСУ на чело со Фридрих Мерц постигнаа договор за коалиција со Социјалдемократите за водење на најголемата европска економија, пет месеци откако се распадна претходната влада. Мерц (69) кажа дека договорот испраќа силен и јасен сигнал до Германците и Европската Унија дека ќе добијат силна влада способна за акција. Германија веќе беше во рецесија пред да ја зафатат економските турбуленции предизвикани од царините на ...
Со психијатриско вештачење и сведок на одбраната, во Основниот суд Куманово денеска продолжи судењето на Вангелица Илиевска (36) од Кратово, обвинета за двојно убиство. Според обвинението, Илиевска на 13 јуни лани, во семејната куќа во Кратово при вршење семејно насилство со умисла ги убила нејзиниот сопруг Јован и свекорот Стојан. Според вештото лице, обвинетата го извршила убиството во состојба на силна и интензивна раздразливост која била ...
1 Една банална видеоснимка за погрешно паркирано „порше“ во срцето на Дебар Маало во Скопје, ми дава надеж дека граѓаните, особено младите, се будат од летаргијата. Секојдневно сме сведоци на такви ситуации, не само во центарот на Скопје. И не само во одреден период на денот. Само што, овојпат некој се одважил и во немоќта пред државата што ги штити насилниците, решил да го искористи единственото оружје што го има – да го објави видеото на ...
Кинеските производители на пластични новогодишни елки и други празнични украси велат дека досега требало да пристигаат нарачките од американските клиенти, кои се клучни за нивниот бизнис. Но, поради зголемените увозни царини, нема нарачки од САД. Американскиот претседател Доналд Трамп досега оваа година ги зголеми царините на кинескиот увоз за 104%, во ескалирачката трговска војна што се заканува со голем проблем за најголемиот светски извозник ...
Врховниот суд утврдил дека и двете судења против Менсур Пајазити, кој во 2022 на пешачки премин смртно ја прегази 22-годишната Теодора Ристовска во Тетово, и во Основниот суд во Тетово и во Апелациониот суд во Гостивар имале суштински недостатоци во постапката и затоа го вратил случајот на повторно судење. На повторното судење на 7 април годинава Пајазити доби две години казна затвор, што предизвика лавини во јавноста. Уште на почетокот, ...