Стариот легендарен „Шпански воз“ од поранешна Југославија, кој лани беше репариран, летово ќе вози на линија Битола-Прилеп и обратно за да го олесни сообраќајот меѓу двата града додека не се доизгради автопатот, потврди за САКАМДАКАЖАМ.МК директорот на Железници-Транспорт, Дејан Кошутиќ. Возот ќе биде со капацитет околу 150 патници. „Возот е спуштен уште пред два дена. Неделава ќе се развозува во период кога не минува редовниот воз ...
Во пробна фаза се подготовките за стартување на планираниот меѓуградски воз меѓу Битола и Прилеп. Во моментов се прават проверки кои треба да го осигураат безбедното движење на оваа релација и осигурувањето на стандардите во железничкиот сообраќај. На релација Битола Прилеп ќе возат два возови, едниот познат како Шпанскиот воз, а другиот е кинески. Според претходните најави со кои беше посочено дека најдоцна од јуни оваа возна линија ќе ...

