Поради обилните врнежи изминатите неколку дена се излеа Коселска Река. Поплавени се десеттина куќи во селото Орман Охридско, уништена им е покуќнината, а нивите останаа под вода. Мештаните, кои се отсечени од градот, велат дека дополнителен проблем за поплавите се дивоградбите и нередовното чистење на коритото и каналите. „Секоја година апелираме до Центарот за управување со кризи (ЦУК) да се води сметка за ова критично место на Коселска ...

Никогаш нема да ги предадам националните интереси на Украина, кажа Володимир Зеленски, додека САД го притискаат Киев да прифати план за крај на војната со Русија, што ја принудува земјата на бројни отстапки. Во обраќањето до нацијата, Зеленски кажа дека Украина се наоѓа во еден од најтешките моменти во својата историја, кога се соочува со избор да остане без еден од своите клучни партнери или без своето достоинство. Планот бара од Украина да ...

Реки води потекоа низ улиците во преспанското село Љубојно, носејќи со себе кал и земја од околниот рид каде летото со гола сеча беше исечен дел од манастирската шума. Жителите кои непрекинато протестираат веќе 102 ден барајќи да не продолжува сечата, велат: „Ете, зошто простетираме повеќе од три месеци! Ако сечата продолжи ридот ќе ни дојде на сретсело. Водата ќе го однесе Љубојно!“ Летово беа исечени над 1.500 кубици дабови дрвја во шумата ...

Поплавени домови, штали, земјоделски површини предизвикаа обичните дождови во Преспанско-Пелагонискиот Регион, а дел од пограничните села во Битолско се без вода. Најризично е во селата Дрмени и Царев Двор во Преспа, каде се излеаја селските реки и поплавија и куќи. „Имаме проблем, сега е нормализирана состојбата, утрото беше лошо. Се излеаја реките и каналите, од секаде вода протече, од Голема Река, Царедворска и други. Најголем дел од ...

Украина се соочува со засилен притисок од САД да го прифати новиот американски план за крај на војната со Русија, вклучувајќи закани со прекин во обезбедување разузнавачки информации и оружје, изјавија за „Ројтерс“ два добро упатени извора. Еден од нив кажа дека Доналд Трамп сака Украина да го потпише нацртот на договорот до 27 ноември. „Тие сакаат да ја сопрат војната и сакаат Украина да ја плати цената“, рече еден од изворите. Володимир ...

Решетка од вентилација паднала врз жена од публика за време на концерт во Културно информативниот центар (КИЦ) во Скопје, ни изјави директорот Тони Димитров. „На 20.11.2025 во 23:15 часот во СВР Скопје од Ургентен центар при Комплекс клиники ‘Мајка Тереза’ Скопје е пријавено дека кај нив била донесена 46-годишната М. И. од Скопје, која се здобила со телесна повреда околу 22:00 часот за време на концерт во Културно информативен центар во ...

Генералниот секретар на Антикорупциската комисија Адем Чучуљ, кој на интервјуата со уште 10 кандидати ги доби највисоките бодови во Собранието од експерти однадвор, ќе биде кандидатот за нов претседател на Комисијата. Собраниската Комисија за прашањата на изборите и именувањата едногласно денеска го предложи Адем Чучуљ за претседател на Државната изборна комисија за спречување на корупцијата. Предлог-одлуката на собраниската Комисија за ...

Граѓаните нема да плаќаат никакви давачки на курирските служби кои ги доставуваат пратките од „Тему“ и „АлиЕкспрес“, откако Владата воведе данок од 18 отсто за увезените производи до 22 евра. Од фирмата „Еко логистик сервис“ за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека данокот е пресметан во цената на производот објавен на сајтот и дека граѓаните нема да имаат никакви скриени трошоци. „Курирските служби се само доставувачи на пратките. Граѓаните треба да ...

Хрватски истражувачки новинар поднесе жалба до обвинителите во Милано против српскиот претседател Александар Вучиќ за негова наводна вмешаност во „снајперскиот туризам“ во Сараево за време на војната во БиХ во 1990-тите. Ова следува откако обвинителите во Милано отворија истрага за Италијанци кои наводно им плаќале на припадници на војската на босанските Срби за да можат да убиваат граѓани за време на четиригодишната опсада на Сараево. Повеќе ...

Белата куќа го бранеше Доналд Трамп откако тој за една новинарка кажа дека е свиња. Портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит, изјави дека народот го избрал Трамп поради неговите отвореност и искреност и дека новинарите треба да ја ценат неговата подготвеност да одговара на нивни прашања. „Тој ги открива лажните вести кога ќе ги види и се фрустрира од новинарите кои шират лажни информации. Но, тој исто така обезбедува невиден пристап до ...

Се отвори нова, трета истрага во врска со незаконската дискотека „Пулс“ во Кочани, осум месеци по страшната трагедија кога од молскавичен пожар на 16 март загинаа 63 млади луѓе, а 212 беа повредени. Оваа е за поткуп и злоупотреби поврзани со даночното работење на кочанскиот клуб „Пулс”. Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против вкупно 11 лица за коруптивни кривични дела поврзани со работата на клубот. За тројца од овие 11 ...

Володимир Зеленски изјави дека е спремен за чесна работа со САД откако добил нацрт на новиот план за крај на војната со Русија, што ја принудува Украина на бројни отстапки. Неколкумина американски медиуми ги објавија точките од планот, кој бара од Украина да го предаде регионот Донбас во целост, да ја намали својата војска и да вети дека нема да се придружи на НАТО. „Американската страна презентираше точки од планот за завршување на војната, ...

Агенцијата за филм преземала повеќе обврски од одобрениот буџет, има недостаток на стручен кадар, не вршела попис, не доставувала шестмесечни извештаи за работењето на Агенцијата до Владата, се дел од забелешките во извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР) за извршената ревизија за 2024 година. Од 2021 до 2024 директор беше Бојан Лазаревски. Во 2024 беа назначени тројца директори на Агенцијата, Владимир Ангелов (6 февруари), па Даниела ...

Володимир Зеленски го примил нацртот на новиот американски мировен план за Украина и ќе разговара со Доналд Трамп во следните денови, соопштија од кабинетот на украинскиот претседател. Добро упатени извори претходно изјавија за „Ројтерс“ дека САД му најавиле на Зеленски дека Украина мора да прифати американска нацрт-рамка за крај на војната со Русија, според која Киев мора да предаде територија и некои оружја. Украински функционери го ...

Граѓаните нема да плаќаат данок кога ќе ги примаат пратките од „Тему“, тој е веќе вкалкулиран во цената објавена на сајтот и која се плаќа при купување на производот, објаснуваат од Министерството за финансии. Тоа значи дека и граѓаните кои направиле нарачки пред донесување на измените на законот нема да имаат никакви дополнителни давачки. „Пратките кои граѓаните ги порачуваат од ‘Тему‘ и досега имаа пресметан ДДВ во цената на производот. ...

Денеска во Скопје по кусо боледување почина пејачката на народна музика Небахат Бади Бекир, ни потврди пријателка на семејството. Бекир од дете била членка на играорна група и истовремено ги изучувала македонскиот и турскиот фолклор. Почнала да пее на фестивал на забавна музика во 1985. Бекир снимаше народни песни на македонски, турски и албански јазик и повеќепати била на турнеја низ поранешна Југославија. По распадот на Југославија најмногу ...

Во просториите на СВР Битола денеска беше отворена првата од четирите соби во Македонија за интервјуирање и работа со деца кои се јавуваат како сведоци, жртви или сторители на кривични дела. Собата е соодветно опремена и прикладна за деца, а со примената на информатичко-технички решенија ќе се избегнат потребата од повторен разговор и ревиктимизација. Вакви соби ќе се отворат и во полициски станици во Скопје, Тетово и Струмица, со поддршка на ...

Планираме да се направи комплетно посебен влез за Ургентен центар во Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје за да не се создаваат гужви меѓу пациентите, рече денеска директорот д-р Небојша Настов, при промоцијата на нова опрема. Влезот на поранешната Градска болница е полн со пациенти, едни чекаат за прегледи преку „Мој термин“, други чекаат за итни интервенции. „Планот е во соработка со Владата, да се отвори Ургентен ...

Нов апарат за магнетна резонанца од 1,5 Тесла, два лапораскопски столбови, инструментариум, односно апаратура за користење во салите за трауматологија доби Kлиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје од Владата. Директорот на клиниката, д-р Небојша Настов, кажа дека изминатата година во болницата е обезбедена најсовремена медицинска опрема во вкупна вредност од 90 милиони денари (1,5 милиони евра). „Со овие нови генерации ...

За четири години, за 10 отсто е зголемена употребата на електронски цигари кај младите и мора под итно да се реагира на употребата, апелираа доктори од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на денешниот форум организиран од Сојузот за превентива од алкохолизам, борба против пушењето и злоупотребите на дрогите, како и борба против други зависности на Македонија во Домот на хуманитарните организации „Даре Џамбаз“. Д-р Давид Здравески од ИЈЗ кажа ...

По сопствена иницијатива, уставните судии одлучија да поведат постапка за еднаквото (линеарното) покачување на пензиите во Македонија, за кое последната измена на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, беше објавена на 29.07.2025 година. Власта и парламентарното мнозинство со овие ад хок измени покажуваат дека не им е гајле ни за должината на работниот стаж, ни за остварената висина на пензијата, ниту за различната висина на ...

Екипи на Град Скопје ги отстранија барокните канделабри кои осум години стоеја расфрлани на Плоштадот ВМРО во Скопје, пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Покрај тргањето на канделабрите, се чисти и ѓубрето кое беше насобрано околу нив и се поставува зеленило. Барокните канделабри беа поставени во 2016 во рамките на изградбата на Плоштадот ВМРО, во време на ексградоначалникот Коце Трајановски. Откако инвеститорот на хотелот ТЦЦ „Плаза“ (поранешно ...

Европската Унија се противи на планот од 28 точки за завршување на војната во Украина, кој наводно бил изработен зад затворени врати од САД и Русија и бара Киев и европските лидери да бидат вклучени во преговорите. Планот, за кој прв извести американскиот сајт „Аксиос“, вклучува услови што би биле многу неповолни за Украина, како целосно предавање на Донбас (Доњецк и Луганск) и ограничувања на вооружените сили. „Она што ние како Европејци ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека одредени судии и обвинителите не можат ниту со кран да се поместат од позициите на кои се наоѓаат и повторно ги нападна дека бараат платите да им бидат 5.000 евра, а тврди дека сега земаат по 3.000 евра. „Не знам дали некогаш во демократска Македонија и пошироко се случило здружно обвинители и судии да нападнат претседател на Влада за кажан збор во демократска држава. Јас тоа го доживеав. Така ...

Дваесетгодишниот В. М. од Пешталево, Прилепско е осуден на затворска казна од две години и девет месеци, за сообраќајка во која загина една девојка, а една беше тешко повредена. Тој е прогласен за виновен во Основен суд Прилеп за кривичното дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, со кое за ваква сообраќајка предвидената казна затвор е до пет години. Предметот бил по жалба до Битолска Апелација, соопштија од ...

Десетина лица се приведени денеска, а во тек се претреси на повеќе локации во рамки на акција поврзана со вработени во Управата за јавни приходи (УЈП) во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, потврди државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Коцевски изјави дека станува збор за предистражна постапка која се води во врска со предмет во Основното јавно обвинителство Кочани. „Јавноста беше запознаена дека се водеше предистражна ...

Во воведниот збор на почетокот на судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, обвинителот Борче Јанев го опиша настанот како „катастрофа што е пропуст на човечка рака“ и „институционално зло“. Обвинителот рече дека „изгоре иднината на прекрасни млади луѓе“ кои дошле само за забава. Обвинителот вели дека има потреба од соочување со вистината за да може општеството да продолжи натаму. Тој праша кој дозволил објектот да работи без ...

Високи функционери на Пентагон пристигнаа во Украина за да разговараат за напорите за крај на војната со Русија, соопшти американската војска. Тимот предводен од секретарот на американската војска Ден Дрискол треба да се сретне со Володимир Зеленски по неговото враќање од Турција денеска. Ова се случува откако се појавија извештаи дека САД и Русија спремаат нов мировен план, што досега не е потврдено од двете земји. Два добро упатени извора ...

Доналд Трамп го потпиша законот со кој се наредува објавување на сите документи поврзани со сексуалниот престапник и педофил Џефри Епстајн. Законот бара од министерството за правда на САД да ги објави сите документи од истрагите за Епстајн во лесно достапен формат во рок од 30 дена. Трамп долго време се противеше на ова, но го промени ставот оваа недела, соочувајќи се со голем притисок од сопствените сопартијци и жртвите на Епстајн. Законот ...

Во Основниот суд во Струга денеска продолжи судскиот процес за случајот со родилката Јилдиз Веапоска од Дебар која при породување во Струшката болница остана без три органи. Сослушани беа супервештаците, кои кажаа дека првообвинетиот Мухамед Асани како хирург бил одговорен за царскиот рез и за постоперативната состојба на оштетената, но и покрај влошената здравствена состојба не направил дијагностика и ехо за настанатото крварење што довело ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
53%
1009
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
10.29
51%
1008
weather icon

Загреб

12ᴼ / 7ᴼ
1.03
68%
1005
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
5.14
60%
1012
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
4.2
75%
1013
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
92%
1005
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
3.09
51%
1010
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
2.57
71%
1009
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
71%
1009
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
80%
1014
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 11ᴼ
3.13
54%
1007
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
6.17
70%
1010
Currency

61.64

Currency

53.7353

Currency

71.0203

Currency

37.563

Currency

38.9111

Currency

67.5934

Currency

7.79198

Currency

0.67251

Currency

0.3364

Currency

0.5223

Currency

1.21616

Currency

0.58046

Цинк

0.00

Платина

65169.56

Алуминиум

3.42

Паладиум

49383.55

Кобалт

3.86

Иридиум

259874.72

Родиум

369733.59

Злато

161442.17

Бакар

11.40

Рутениум

54591.97

Калај

48.18

Сребро

2590.59