
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Младинскиот образовен форум (МОФ) информира дека ќе биде домаќин на Европското дебатно првенство за средношколци, кое ќе се одржи во Скопје, во февруари 2026 година. „Овој настан претставува признание за долгогодишните напори и посветеност на дебатерите, тренерите и координаторите кои се дел од дебатната програма на МОФ“, соопштува МОФ. Од таму потсетуваат дека пред 20 години, во 2005 година, Македонија беше домаќин и на Светското дебатно ...
Хрватскиот вицепремиер и министер за земјоделство, шумарство и рибарство Јосип Дабро поднесе оставка, за што ја информираше јавноста преку социјалните мрежи вчеравечер, откако Јутарњи лист објави видео на кое тој пука со пиштол од автомобил во движење низ прозорецот, пренесува Ал Џазира Балканс. „Ја поднесувам мојата неотповиклива оставка од функцијата министер за земјоделство, шумарство и рибарство од морални причини. За време на мојот мандат ...
ТикТок објави дека речиси сигурно ќе престане со работа во САД почнувајќи од утре по одлуката на американскиот Врховен суд во врска со законот што го донесе Конгресот во врска со функционирањето на оваа популарна апликација, пишува новинската агенција Мета. ТикТок со месеци се бори против овој закон, кој Конгресот го донесе во март во име на заштита националната безбедност, но Врховниот суд на САД вчера одби да го запре, со што ја предодреди ...
Во рамките на одбележувањето на 80-годишнината на Македонскиот народен театар (МНТ), на 25 јануари со почеток во 20 часот ќе се одигра премиерната изведба на претставата „Народен пратеник“ од авторот Бранислав Нушиќ, а во адаптација и режија на Егон Савин. „Култното режисерско име Егон Савин се враќа во МНТ по подолг период. Ова е негова трета претстава во театарот, претходно ги има поставено ‘Злосторство и казна’ (1994) и ‘Лаж и паралаж’ ...
Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје информира дека во недела, 19 јануари, по повод верскиот празник Водици, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров, Кисела Вода и Аеродром. Така, во центарот на град Скопје за сообраќај ќе биде затворена улицата „Филип Втори Македонски“ на потег ...
Од 22 ноември 2024 година, регистрирани се 17 напади врз луѓе собрани за време на блокади и протести поради падот на настрешницата во Нови Сад. Падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад ги поттикна студентите и граѓаните да излезат на 15-минутни блокади во знак на сеќавање на жртвите, што ги поттикна арогантните возачи и симпатизерите на Српската напредна странка (СНС) да ги нападнат, пишува Данас. Поради ова, започнаа блокадите ...
Безмалку два месеци поминаа откако во депото на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје, пред десетици новинарски екипи и многубројни политичари, беа промовирани шест еко-автобуси кои се донација од Европската Унија. И покрај тоа што помина толку време, скопјани сè уште не се возат во нив, иако директорот Драги Кушовски на настанот на 26 ноември, кажа дека тие ќе почна да сообраќаат за две недели, пишува новинската агенција Мета. Одговорот на ...
Тројца адвокати кои го застапуваа рускиот опозициски лидер Алексеј Навални денеска во Русија се осудени на казни од 3.5 до 5.5 години затвор. Вадим Кобзев, Игор Сергунин и Алексеј Липсер беа уапсени во октомври 2023 година, а еден месец подоцна беа додадени на официјалната листа на „терористи и екстремисти“, јавува Дојче веле. Кобзев е осуден на пет и пол години затворска колонија. Липсер доби пет години, додека Сергунин е осуден на три и пол ...
Трибјут бендот „Мариголд Бокс“ (Marigold Box) е целосно посветен на легендарните песни на бендот „Нирвана“. Бендот од Бергамо, Италија доаѓа во Скопје доаѓа на 22 февруари, со концерт од 20:30 часот во клубот „Минус Еден“. „Без костими, без перики, само вистинската суштина на Курт Кобејн!“, стои во најавата. Од „Андерфест“ велат дека составот се смета меѓу најдобрите „Нирвана“ трибут бендови во цела Европа, а во 2025 година ќе свират на ...
Министерството за образование и наука (МОН) и Бирото за развој на образованието (БРО) информираат дека е изработена нацрт Концепција за реформи во гимназиското образование и ги повикуваат сите наставници, ученици, родители, експерти и заинтересирани страни со свои мислења, предлози и забелешки да се вклучат во јавната дискусија за усвојување на најдобрата верзија. „Концепцијата за реформи во гимназиското образование е изготвена со цел да ...
При оддавање на почит на жртвите од падот на настрешницата во Нови Сад, на улицата „Рузвелтова“ во Белград, повредена е девојка откако возач на автомобил ја удрил на тротоар и ја носел на покривот од возилото, по што паднала на уличниот коловоз. Возачот побегнал од местото на настанот, пронајден е и се терети за кривично дело тешко убиство во обид, јавува Н1. На видеото на Н1 се гледа како студентка стои на тротоарот пред семафорите на ...
Американската агенција за храна и лекови (ФДА) предложи нивото на никотин во цигарите да се ограничи на нивоа што не предизвикуваат зависност. Доколку се донесе ваква одлука, таа би била прва во светот, што може драстично да го намали бројот на пушачи и да влијае на приходите на тутунската индустрија, пренесува Ал Џазира Балканс. Според ФДА, ова ќе спаси животи со спречување на болести и смртни случаи поврзани со пушењето предизвикани од ...
Скопје и оваа зима висока котира на листата на најзагадени градови не само во Европа, туку и во светски рамки, а во одредени денови е и на првото место. Справувањето со аерозагадувањето досега беше дел од ветувањата, но не и од реализираните проекти на низа владеачки гарнитури чии политики не се покажаа како доволни за поквалитетен живот на граѓаните, пишува Платформата за истражувачко новинарство и анализи (ПИНА). Проблемот е комплексен и ...
Министерството за дигитална трансформација денеска организираше јавна расправа за Нацрт-законот за пристапност на веб-страниците и мобилните апликации на институциите од јавниот сектор. Министерот Стефан Андоновски ја истакна целта на Владата за создавање на целосно инклузивно дигитално општество. „Создаваме правна рамка што ќе им овозможи на лицата со попреченост, на лицата со оштетен вид, како и на повозрасните граѓани целосно и рамноправно ...
Повеќе од 70 луѓе се убиени во израелските напади врз Газа од објавувањето на договорот за прекин на огнот, соопшти Цивилната одбрана на Хамас, јавува Радио Слободна Европа. Според најавите, договорот за прекин на огнот меѓу Хамас и Израел треба да стапи во сила во недела, на 19 јануари. Сепак, сè уште треба да биде одобрен од израелската влада. Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху наведе дека владата ќе го одложи планираниот ...
„Metal Discharge“ во соработка со „Ponder“ сезоната ја отвора со „Overpain“, кои на 31 јануари ќе настапуваат во „Радост“ во Битола. За „Overpain“ објаснуваат дека е хардкор бенд од Солун – Грција. „Формирани се во август 2007 година. Досега имаат издадено три студиски албуми. Повеќе од 15 години на сцената, бендот го сочинуваат DIY ентузијасти кои се дел од SHC (Salonika Hardcore Crew). После многу турнеи на балканот, конечно патиштата се ...
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) се соочува со сериозни предизвици во своето функционирање, поради недостаток на Национална стратегија за заштита и спасување, недостаток на квалификуван персонал и неадекватно управување со имотот и опремата. Ова создава значителни ризици за безбедноста на земјата, особено во услови на природни непогоди и други несреќи, каде брзата и ефективна реакција е од клучно значење, покажуваат наоодите од ...
Модната дизајнерка Ирина Тошева преку социјалните мрежи објави дека започнува соработка со женското одделение во Казнено-поправната установа „Идризово“, при што заеднички ќе работат на реинтеграција, обуки и готови производи. „Оваа иницијатива ќе им овозможи на осудените лица во женското одделение да стекнат и усовршат нови вештини, со што ќе станат поконкурентни на пазарот на трудот по нивното ослободување. Преку креативен ангажман и учење, ќе ...
Пишува Стефан Митиќ Прашањето не е дали треба да се регулира ТикТок, туку како да се балансира технолошкиот напредок со заштитата на корисниците. Moментално се развива дигитална револуција, која со себе носи комплексна мрежа на можности и предизвици. Во центарот на овој вртлог стои TикТок, платформата за кратки видеа што го обзеде светот. Додека Албанија ги презема своите први пробни чекори кон регулација, а Македонија (како и многу други ...
Официјални лица од клучните посредници во договорот за прекин на огнот меѓу Хамас и Израел велат дека е постигнат договор за прекин на војната во Појасот Газа и ослободување на десетици заложници, јавува Евроњуз. Договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, според кој некои заложници ќе бидат ослободени е постигнат, потврдија тројца американски официјални лица и катарски посредници. Засега ниту Хамас ниту Израел не го коментираа ...
„ChatGPT“ сега може да извршува задачи во некое идно време зададени од корисниците, соопштија од „OpenAI“, јавува Индипендент. Новата функција за задачи ќе им овозможи на корисниците да бараат од чет-ботот да закаже било што, од еднократни потсетници до повторливи дејства, како што се неделни брифинзи за вести или дневно известувања за временската состојба. Од „OpenAI“ велат дека ваквиот потег е важен чекор во правењето на чет-ботот повеќе од ...
Актерката Тамара Ристоска ќе учествува на престижната програма „Берлинале таленти“ коja ќе се одржи во рамките на овогодишното издание на Берлинскиот филмски фестивал кој претставува еден од најзначајните филмски фестивали во светот. На 23-тото издание на оваа програма Тамара Ристоска е избрана помеѓу 3,836 апликанти од 123 држави и оваа година е единствената учесничка од Македонија. Програмата „Берлинале таленти“ е платформа за развој на ...
Најголемиот предизвик за е-трговците во Македонија и Западен Балкан претставува доставата и тоа во однос на проблеми со брзината на доставата, високите цени, доверливоста на курирските служби, ограничените опции за достава, како и ниското ниво на професионалност на кадарот на доставувачите. Ова се наведува во извештајот на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ) која спроведе анкета на е-трговците од Западен Балкан. Резултатите од ...
Статиите за македонските претседателски и парламентарни избори, за Македонија, молитвата Оче наш и Свети Кирил и Методиј се првите пет најчитани за 2024 година на Википедија на македонски јазик. Истовремено, на интернет енциклопедијата на македонски јазик лани се пребарувало и за главниот град Скопје, каталонскиот политичар Карлес Пуџдемон и претседателката Гордана Силјановска-Давкова. Се читало и за Гоце Делчев, за државните празници во ...
Јужнокорејските власти денеска го уапсија отповиканиот претседател Јун Сук Јеол под обвинение за бунт, а Јун рече дека се согласил да соработува со истрагата за да избегне „крвопролевање“, ставајќи крај на неколкунеделниот политички конфликт, пренесува Радио Слободна Европа. Откако парламентот минатиот месец гласаше за отповикување на Јун поради краткотрајното прогласување на вонредна состојба на 3 декември, Јун се криеше во неговата ...
Шпанија најави дека ќе воведе 100% данок за домови кои се купени од лица од земји кои не се во Европската Унија, пренесува Гардијан. Данокот е една од 12 мерки кои премиерот Педро Санчез ги најави, со цел справување со високите цени на објектите за вдомување. Санчез посочи дека цените на домовите низ Европа се имаат покачено за 48% во изминатата деценија. „Западот се соочува со значаен предизвик: да не стане општество поделено на две класи, ...
Повеќе од 150 добитници на Нобеловата награда и Светската награда за храна објавија отворено писмо во кое нагласуваат дека се потребни многу поголеми инвестиции во истражувањa, производството и дистрибуцијата на храната за да се спречи глобалната криза со глад во наредните децении, пренесува Н1. Во писмото се наведува дека околу 700 милиони луѓе денес се соочуваат со „несигурност со храна и очајна сиромаштија“, но дека доколку не се направат ...
Посредникот Катар вели дека договорот за прекин на огнот во Газа е поблизок отколку што беше со месеци, додавајќи дека многу од пречките во разговорите се испеглани, пренесува Ал Џазира Балканс. Како што напредуваат разговорите за прекин на огнот, жителите на Газа изразуваат „мешавина од оптимизам и длабоко вкоренет скептицизам“, според тимот на Ал Џазира на терен. Како што велат оттаму, она што би се очекувало е забавување или затишје на ...
Шест студенти кои во текот на ноќта го блокираа Правниот факултет во Белград се повредени во три инциденти предизвикани од непознати лица, објавено е на Инстаграм профилот Студенти во блокада, а пренесува Ал Џазира Балканс. Според соопштението, напаѓачите фрлале стаклени и пластични шишиња кон учениците. Една студентка била турната по скалите и паднала на глава, а потоа заедно со уште пет студенти на Правниот факултет со возило на Итна ...
Со претставата „Еволуција на распадот“ вечерва (14 јануари) од 20 часот ќе започне Неделата на независна сцена во Драмскиот театар во Скопје. Со поддршката на независната сцена, од Драмски рекоа дека иницираат создавање на силна мрежа на театарската заедница од различни генерации актери, режисери, драматичари, сценографи, костимографи и мултимедијални уметници. „’Неделата на претстави од независнта продукција’ е замислена како платформа за ...