
Скопје
32ᴼ /
32ᴼ



Судијата Александар Камбовски со 13 гласа едногласно е избран за претседател на Судскиот совет денеска, 3 јануари, на седница на советот. „Бидете уверени дека оваа институција ќе се води со интегритет, непристрасност, со максимални напори за заштита на судската независност на сите судии во нашата држава. Ова е куќа на судиите, за судиите. Покрај тоа што ја контролираме нивната работа, ние ги охрабруваме да работат согласно законите, согласно ...
Во 2024-та, во сите 365 дена се случија многу работи, а со тоа и Радио МОФ продолжи активно да ги следи младинските, општествените и културните случувања во земјава. Во продолжение погледнете го нашиот избор на фотографии направени од новинарите на Радио МОФ од протести, културни настани, манифестации и општествени случувања. Некои се направени со фото-апарат, некои спонтано со телефон: Протест на граѓани пред Град Скопје за состојбата со ...
Во обид да ги дискредитира студентските протести, српскиот таблоид „Новости“ објави фотографии од пасошите на студентите, браќата Лазар и Лука Стојаковиќ. Насловот инсинуира дека Хрвати го предводат студентскиот протест, што таблоидите во Србија со денови се обидуваат да го припишат на протестите кои ги блокираат факултетите, пишува Н1. Она што „Новости“ го сокриле е дека браќата Стојаковиќ се потпишале на кирилица и дека се од српска ...
Веста дека од страна на Битолското обвинителство е отворен предмет за фотографијата на заменик директорот на Македонија пат, Сашо Дранго, сликан со застрелана мечка, животно со највисок степен на заштита во Македонија е добар чекор кон разрешница, „доколку сакаме да се наречеме правна држава“, сметаат од здружението за заштита на животни „Анима мунди“. Според нив, преку дадените изјави дека тој не ја застрелал мечката, туку дека таа била жртва ...
Бебињата родени од 1 јануари 2025 година се дел од генерацијата Бета, нови генерациски групи кои ги опфаќаат оние родени од 2025 до 2039 година, според истражувачката компанија „Мекриндл“, пренесува Бизнис Инсајдер. Според податоците на компанијата, генерацијата Бета ќе сочинува 16 отсто од светската популација до 2035 година, а многу нејзини припадници ќе го доживеат 22. век. Терминот „генерација Бета“ доаѓа откако основачот на компанијата, ...
Заменик-директорот на ЈП „Македонија пат“, Сашо Дранго, од кого здружението „Анима Мунди“ денеска објави фотографија со пушка и мртва мечка, вели дека тој не ја застрелал мечката, туку дека таа била жртва на сообраќајна несреќа. Дранго и вработените во „Македонија пат“ само ја тргнале од коловозот на патот Битола-Ресен, по што тој се сликал со неа, тврди функционерот во изјава за Телма. Иако на фотографијата се гледа дека Дранго носи пушка со ...
Заменик директорот на „Македонија пат“ и претседател на унијата на ветерани во Демир Хисар, Сашо Дранго, гордо се фотографира со мечка што ја застрелал во декември 2024 година, реагира „Анима Мунди“, објавувајќи и две фотографии. Како што велат од здружението за заштита на животни, мечката е класифицирана како дивеч под заштита, што значи дека нејзиното ловење, прогонување или вознемирување е строго забрането. „Фотографиите до кои дојде ‘Анима ...
Главниот град на Македонија денеска повторно влезе во трката за најзагаден град во светот. Според платформата за мерење на загаденост на воздухот „Ај-кју ер“, во 10 часот и 54 минути утрово имаше индекс од 183, па само градови како Лахор, Делхи, Сараево, Дака, Ханои, Вухан и Чонгкинг беа пред Скопје. Со тоа, Скопје беше влезен во категоријата „нездрав воздух“, односно означен со црвена боја. Протест за чист воздух – 28 декември / Бојан Шашевски ...
Со стартот на новата година, од 1 јануари во Швајцарија стапија на сила новите закони со кои се забранува носењето бурка, а притоа почнуваат да важат и законите за борба против детските бракови, зајакнувањето на обновлиците извори на енергија и спречување на банкротирање на големите банки, пренесува „Свисинфо“. Според државниот закон за покривање на лицата на јавно место, прекршувањата ќе се казнат со парична казна до 1.000 швајцарски франци. ...
Долго најавуваната реконструкција на студентските домови „Кузман Јосифовски – Питу“ и „Стив Наумов“ почнува по празниците, беше меѓу првите вести во образованието во 2024 година. Реконструкцијата навистина почна да се случува. Студентите минатата година добија и попусти во културните установи. Во 2024 година Министерството за спорт во соработка со УКИМ најави дека ќе ја реконструира демолиранта сала на општествениот кампус на Универзитетот. Беше ...
Загаден воздух, диви депонии и ѓубришта, реки заробени во мали хидроцентрали, многу вредни природни богатства сѐ уште незаштитени, опасности за биодиверзитетот, континуирана девастација на Охридскиот Регион и историски жаришта. Приликите во 2024 година во животната средина не може да се рече дека се многу поразлични од годините предходно, а и понатаму ова не се врвните приоритети на политичарите и на институциите. Буџетите се ситни, капацитетите ...
Наместо бујна прослава, на дочекот на новата година во Белград, Нови Сад и Ниш владееше една гласна тишина. Од 23:52 до 00:07 се одржа 15-минутен молк, во чест на петнаесетте луѓе кои загинаа откако се сруши настрешницата на Железничката станица во Нови Сад. Молкот беше дел од најновиот протест на бранот универзитетски блокади и протести кои се одржуваат ширум Србија, како реакција на несреќата во Нови Сад. „Нема нова, должни ни сте за старата“ ...
„Што се однесува за изминатава вечер, на територија на целата држава новогодишната ноќ помина главно мирно. Безбедносната состојба на територија на целата држава за време на новогодишната ноќ беше стабилна. Уште еднаш сакам да изразам благодарност до полициските службеници кои беа на должност изминатава ноќ“, рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој денеска присуствуваше на отворање на новиот ски центар „Михајлово“ близу ...
Новата година ја почнуваме со надежи, очекувања и верба дека ќе биде година за паметење по добро, исполнета со радост и убави случувања. По половина година заедничко работење за да го направиме образованието подобро и поквалитетно, во 2025 заедно со учениците и студентите, наставниците и родителите, со сите граѓани кои веруваат дека можеме да имаме напреден воспитно-образовен систем – продолжуваме, вели министерката за образование и наука, Весна ...
Повторно правиме листа на македонски албумски изданија, за да ја одбележиме изминатата 2024 година и да дадеме внимание на домашното музичко творештво. Во листата се вклучени подолги LP-a и кратки EP-a, од целиот музички спектар и без жанровски ограничувања, а има и албуми во живо и реизданија. Мариналеда – EP Puca Cerep – Дисторзирана реалност Ширшаја – Венту Етерну Строг пост – Строг пост Pikolomini – From Subway to My Way (reissue) Toni ...
Во 2025 година ќе продолжи изградбата на зградите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ – ДИФ), изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, пренесува агенцијата Мета.мк. Зборувајќи на заедничка прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски, Јаневска рече дека изградбата ќе продолжи кон крајот на следната година. Упати критика ...
Побаравме од фото-репортери од Македонија да ги изберат најдобрите нивни фотографии за годината што изминува. Меѓу фотографиите што ни ги испратија доминираат традиционални, политички, спортски и верски настани, но и најразлични фотографии од други настани кои ги регистрирале преку нивните објективи. Во прилог погледнете ги фотографиите на седум македонски фото-репортери: Водици во село Битуше – 19 јануари / фото: Томислав Георгиев Снег на ...
Транспаренси Интернешнл-Македонија продолжува да ја спроведува редовната месечна активност за следење на случаи и дејствија поврзани со коруптивни однесувања и борбата против корупцијата, што ја нарекоа „Бистро-Матно“. Во овој барометар, во делот на „матни“ настани за декември 2024 е тоа што Артан Груби и Енвер Беџети со корупција го спасувале Сашо Мијалков од затвор. „Американскиот Стејт Департмент ги стави на ‘црната листа’ поранешниот ...
Можеби во празнична атмосфера, забавите, патувањата исполнети со вкусни и примамливи намирници и пијалаци не е лесно да се придржуваме до принципите на здрава и врамнотежена исхрана. Но, со внимателен избор на храна и умереност, можеме да уживаме во празниците, а и по празници без дополнителни здравствени ризици, велат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), кои даваат свои препораки за здрава исхрана, правилна хидратација, но и за опасностите од ...
Универзитетското студентско собрание (УСС) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) поднесува иницијатива за воведување задолжителна педагошка доквалификација за сите сегашни и идни асистенти, доценти, вонредни и редовни професори на високообразовните установи во Македонија. Ваквата иницијатива се поднесува до Министерството за образование и наука (МОН), Бирото за развој на образованието (БРО) и сите високообразовни установи во Македонија. ...
Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје информираа дека во утре, вторник 31 декември, ќе работи по редовен зимен возен ред. „Во среда (1.01.2025 год) јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, при што на 1 јануари, првите вклучувања на возилата на ЈСП Скопје и приватните превозници ќе бидат подоцна од воообичаеното, а останатите согласно неделниот возен ред“, соопштува ЈСП. Од четврток, 2 јануари 2025 година, јавниот превоз ќе ...
„Обидувајќи се да бидам мал дел од промената на овој систем на подобро, сфатив дека сум потонал во живата кал на неговите најлизгави слоеви. Навистина, често во последно време велев дека за да изградиш нешто во општество од кал, мораш да ги извалкаш рацете. Можеби повисоките сили решија да ги тестираат моите зборови преку ова искушение. Ми потврдија дека сè, сепак, зависи од честа“. Со делови од говорот на студентот Бошко Ристиќ од Нови Сад, ...
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) информира дека за првпат утврди родово заснована дискриминација врз работничка поради подложување на ин витро оплодување. „Работничката, која две години работела кај правно лице од приватниот сектор, го информирала работодавачот дека планира да забремени со помош на ин витро процедура. По барање за боледување поради закажан ембриотрансфер, работодавачот, без почитување на законските ...
Викендов се одржа 10-то јубилејно издание на мултимедијалниот фестивал „Под земја полесно се дише“, организиран од колективот „Кула“ во DIY манир. Радио МОФ го посети, а притоа направи видео колаж од настанот кој понуди изложби, перформанси, видео инсталации, звучни интервенции, концерти. Во него учествуваа млади уметници, но и луѓе што се дел од обликувањето на независната сцена во Македонија. Исто така, имаше и гости од Грција – колективот ...
На 24 февруари 2022 година никој не мислеше дека животот на милиони луѓе ќе се смени од корен, засекогаш. Почна воената инвазија на Русија врз Украина. Луѓето, кои дотогаш го живееја своето нормално секојдневие, наеднаш мораа да ги пакуваат најнеопходните работи и да бегаат од своите домови, не знаејќи дали некогаш ќе можат да се вратат. Заминуваа каде стигнат, каде можат. Дарија од Херсон, Украина, доаѓа во Македонија. Жената со топла и ведра ...
На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, активизам, граѓанско општество, политика, животна средина… „Од смогот не се гледа иднината“: Граѓаните предновогодишно ги по(т)сетија институциите за алармантното аерозагадување Токсичниот воздух што ги полни болниците и придонесува за еден од девет смртни случаи кај новогоденчињатa, а притоа секоја зима му гарантира место на Скопје во трката за најзагаден ...
Здружението за едукативен развој „Еквалис“ за утре, понеделник 30 декември, од 12 часот иницира протест за солидарност со граѓан(к)ите на Србија, кој ќе се одржи пред Амбасадата на Србија во Скопје. „’Еквалис’ го организира овој протест за да испрати силна порака на поддршка и поттик за истрајност кон храбриот српски народ кој со длабока посветеност сака одлучно да го симне авторитарниот режим и да побара политичка одговорност за случајот со ...
Најмалку 167 лица загинаа во авионска несреќа утрово кога авионот „Боинг“ 737-800 слетуваше во јужнокорејскиот Меѓународен аеродром Муан, соопшти Националната пожарникарска агенција, а пренесуваат Гардијан и Би-би-си. Засега се пронајдени само двајца преживеани од вкупно 181 патник кои патувале од Бангкок, Тајланд во авионот управуван од јужнокорејската авиокомпанија „Џеџу ер“. Сè уште не е позната причината за несреќата, но противпожарните ...
Во населба Железара, во скопската општина Гази Баба се отвори просторот „Комбо“ – здружение за креативна одржливост. Местото е збиралиште на креативност, дружење и одржливост. Сите предмети внатре добиле „шанса“ за втор живот, откако веќе служеле некому, сега служат за разубавување на просторот и за промовирање поеколошки начин на употреба. Сестрите Ивана и Анастасија просторот го средувале три месеци, а уште се во фаза на реновирање. Велат, кој ...
Основното јавно обвинителство Струга поднело уште едно обвинение против градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, поради што до струшкиот суд е доставен предлог да му се определат мерки за претпазливост – одземање на патна и друга исправа за преминување на државната граница и обврска повремено да се јавува во Судот, пренесува агенцијата Мета.мк. Од Јавното обвинителство соопштија дека, по спроведена претходна постапка, поднеле обвинение против ...