Токсичниот воздух што ги полни болниците и придонесува за еден од девет смртни случаи кај новогоденчињатa, а притоа секоја зима му гарантира место на Скопје во трката за најзагаден светски град, денеска повторно беше причина еко-активисти заедно го стотици граѓани да ги посетат и потсетат институциите што е нивната улога, но и одговорност за решавање на ваквата алармантна состојба. Протестниот марш, исто како и минатиот пат, стартуваше од ...

Во Градскиот музеј од Крива Паланка, синоќа беше отворена изложбата „Времеплов“ на академската скулторка Анета Стојчевска, која вушност претставува инсталација со комбиниран медиум. Инсталацијата е составена од 3 дела, изработени во разновидни техники и медиуми, меѓу кои и видео инсталација со аудио запис „Спомени“ на авторски текст на Мира Ѓеоргиевска. Со ова дело, велат организаторите на изложбата, Стојчевска сигурно и решително чекори во ...

Со измените на Законот за основно образование се обидовме на најдобар начин да ја решиме инклузијата на учениците со попреченост, а родителите не треба да се грижат, зашто промената на моделот ја правиме за доброто на децата, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска во вечерашната „Топ Тема“ на ТВ Телма. „Веќе подолг период стручни лица велат дека тоталната инклузија е пропаднат проект, затоа што голем број деца кои имаат поголеми ...

Околу 50 лица, вклучително и пет од медицинскиот персонал, загинаа во израелски воздушен напад врз зграда во близина на болница во северниот дел на Газа, изјави директорот на болницата Камал Адван. Израел нареди евакуација на болницата, ставајќи ги во опасност останатите пациенти, пренесува Ал Џазира Балканс. Мими Сајед, американска докторка која моментално е на втора медицинска мисија во Газа, изјави дека наредбата на израелската војска за ...

Во Социјалниот центар „Дуња“ утре (сабота, 28 декември) од 15 до 23 часот ќе се одржи целодневна предновогодишна дружба. Најпрво, од 15 до 17 часот ќе има размена на книги и облека – Второ азно. Потоа, од 17 до 18 часот ќе има чајанка, па следи Pub Quiz до 20 часот, кога ќе почне свирка на Full House Band и џем сесија. „Влезот е солидарна препорачана донација за артистите (собираме донации за гаража). Се гледаме на подиум!“, стои во најавата ...

Во Социјалниот центар „Дуња“ вечер (27 декември) од 21 часот ќе настапи бендот „YVGOSLAVIA“. „’YVGOSLAVIA’ е колдвејв/пост-панк дуо со „минималистички“ пристап, а ни доаѓаат од Шпанија. Нивниот звук, инспириран од минатото, ве освојува уште од првите ноти. Користејќи ритам машина, синтисајзер, бас и гитара, тие создаваат ладна и ефемерна аура. Ова е интимен проект поврзан со експериментирање, промени, непознат идентитет и неуспех. Нивниот втор ...

Над 80 факултети и средни училишта во Србија повеќе од еден месец се блокирани и бројката секојдневно расте. Блокадите започнаа по нападот на студенти и новинари кои пред Факултетот за драмски уметности во Белград оддаваа почит на загинатите при падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, каде загинаа 15 луѓе, од кои еден е Македонец. Ова се случи на 22 ноември и оттогаш се интензивираа и секојдневните улични протести. ...

Здружената иницијатива „Зелен хуман град“ повикува на протестен марш во сабота, 28 декември, со почеток во 12 и 30 минути пред Министерството за животна средина и просторно планирање. Оттаму, ќе се маршира кон Собранието на Македонија, потоа кон Владата, а протестот ќе заврши пред бараките на Град Скопје. „Поминаа речиси три недели од претходниот протест, две недели од доставените барања, а одговор од институциите уште нема. На кого му служат? ...

Затворени се пет приватни научни институти, а кај 15-тина се утврдени неправилности кои имаат обврска да ги отстранат во соодветен рок. Ова е исходот од досега спроведените надзори на комисијата во Министерството за образование и наука формирана за оваа намена, посочи министерката за образование и наука Весна Јаневска во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа. „Дел од институтите се затворени заради неактивност, а дел бидејќи не ги исполнуваа ...

Колективот „Кула“, во рамки на промотивните настани за фестивалот „Под земја полесно се дише 10“, утре (27 декември) од 20 часот во КСП Центар Јадро организира презентација на отворениот уметнички колектив The Humanitarian Crisis Illogical Management Bureau – HCIMB (ΓΑΔΑΚ) од Грција. „Замислен како воведна презентација на нивната интервенција во рамки на фестивалот ‘Под земја полесно се дише 10’, оваа презентација поаѓа од бурниот и страсен ...

За првпат после десет години, овој јануари студентите во Скопје ќе останат без бесплатен јавен превоз со автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП Скопје). Владата до крајот на оваа година нема да донесе одлука за продолжување на мерката, што ќе го стави на пауза остварувањето на ова право кое е значаен дел од студентскиот стандард, пишува новинската агенција Мета. Според информациите што ги доби Мета.мк, Владата ќе донесе ...

Во скопски „Котур“ вечерва (26 декември, четврток) од 21:30 часот ќе се одржи концерт на „Карла Левински“. „’Карла Левински’ е бенд од Скопје кој својата инспириција ја наоѓа во авангардата на 20-иот век како летеризмот, ситуационозмот, анархизмот и панк движењето со сите негово облици“, стои во соопштението за свирката. Но, „Карла Левински“ е повеќе од само уметничка прошетка низ современата историјата на социјалниот отпор, КС е глас на ...

На 24 декември во 23:07 часот на службената електронска пошта ми стигна мејл од Владимир Поп Христов – Мио од составот „Д.Н.О“. Мејлот содржеше кратко инфо за нивното ново музичко парче именувано „Вистински“. Имаше и фотки од ланскиот настап на „Д.Н.О“ во „Маракана“. Но, имаше и нешто што ретко го добиваме од музичари – сите песни од албумот во WAV квалитет. Решив да го пуштам албумот пред спиење. Два пати, на „рипит“. Да слушнам што направиле ...

Ненад Мицов Неуспехот да се направи разлика помеѓу доброволната сексуална работа и сексуалната експлоатација ги криминализира и стигматизира сексуалните работници кои доброволно одлучиле да се занимаваат со сексуална работа и во исто време, ги пренасочува вниманието и ресурсите потребни за помош на вистинските жртви на сексуална експлоатација и трговија со луѓе. Во нашиот јавен дискурс темите за доброволната сексуална работа остануваат обвиткани ...

Во последните 12 месеци, 63.5% од македонските интернет корисници нарачале или купиле стоки или услуги преку интернет, што е зголемување во споредба со истиот период минатата година за 10%, соопшти денеска Асоцијацијата за е-трговија (АЕТСМ) по анализа на податоци од Државниот завод за статистика. Македонците како и во минатите години, најмногу купувале облека, вклучително и спортска облека, чевли или додатоци, на пример чанти и накит, посочија ...

Годината 2024 ја затвораме со фотографиите на Христијан Стоимилов, фотограф и основач на „The Click & Clips“. „Пасијата за фотографија и видео се разви уште од најрана возраст, кога од големи режисерски имиња бев инспириран да го гледам светот преку објективот на уметноста. Како студент на Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, ги спојувам технологијата и креативноста преку мојата ...

„Зборуе Радио Скопје, зборуе Радио Скопје“ се зборовите со кои Владо Малески, писател и борец во НОВ, го означи почетокот на работата на Македонското радио. Првите македонски зборови прозвучија во етерот на 28 декември, 1944 година, за време на одржувањето на Второто заседание на АСНОМ. На 27 декември, во предвечерјето на овој исклучително значаен јубилеј за македонската државност и култура, Канал 103 во соработка со Партизанска Штампа, 5060 и ...

Ангела Мијаковска и Невена Трајковска од тимот „Коцките“ се победнички на овогодишниот Националниот студентски дебатен турнир кој се одржа викендов во организација на Младинскиот образовен форум (МОФ). Истовремено, Емир Хасанаговски, Димитар Анакиев и Ева Ѓорѓевиќ се прогласени за најдобри говорници на турнирот. На турнирот кој се одржа на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје учествуваа 20 тима кои аргументирано се изразуваа, критички ...

Парламентот во Словенија ги изгласа измените на Законот за зачувување на јавниот ред и мир, со кои се забранува величење или истакнување симболи поврзани со нацизмот и фашизмот, јавува Евроњуз. „Забраната се однесува на држави, организации и групи, односно знамиња, обележја, песни, униформи, дури и однесување што би сугерирало глорификација на нацизмот и фашизмот“, пишуваат медиумите во Словенија. Следствено, заедно со словенските соработници на ...

Учеството на младите во социјалниот, економскиот и политичкиот живот во Македонија во 2023 година е горе-долу исто како и во претходните шест години, откако „Младинскиот сојуз – Крушево“ на национално ниво го спроведува регионалното истражување „Индекс за младинско учество“. Недостаток од податоци за млади во ризик на сиромаштија, нула млади министри во влада, 1% самовработени млади и недоволно ефективни закони и политики за млади, само дел се ...

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денес во рамки на традиционалното доделување годишни признанија свечено додели награди за најдобриот полицаец, пожарникар и крводарител на Град Скопје за 2024 година, базирано на остварените резултати и избрани од нивните работни колективи. Признанија за нивните заслуги и за хуманата, храбра и пожртвувана работа добија: * Васко Тодевски од СВР Скопје Одделение за увид, за исклучителни резултати во ...

Авион на „Азербејџан ерлајнс“ се урна утрово во градот Актау во Казахстан. Министерството за вонредни состојби соопшти дека најмалку 32 лица од 67-те патници преживеале, што значи дека над 30 најверојатно се мртви, јавува Евроњуз. Министерството првично соопшти дека 25 лица ја преживеале несреќата, а подоцна таа бројка е ревидирана, додека трае операцијата за пребарување и спасување на местото на несреќата. Бројката не е конечна. Авионот кој ...

„По бурната издавачка есен, традиционално во овој период, кога сите сме поопуштени и понасмеани, Ви ги нудиме нашите изданија со супер попусти, вклучувајќи ги и актуелните книги“, велат од издавачката куќа „Или-Или“ за новогодишните книжевни радости кои ќе се траат од 25 декември до 12 јануари. На листата со попусти може да се најдат бројни наслови од македонски и странски автори, а попустот го има и онлајн преку веб-страницата ...

Петардите, огнометот и фенер балоните, кои традиционално се користат за време на новогодишните празници, претставуваат сериозна закана за животните, а особено за птиците, велат од Македонското еколошко друштво (МЕД). „Научните студии покажуваат дека овие активности предизвикуваат стрес, дезориентација и често ги загрозуваат нивните животи. Веруваме дека ние, како луѓе, можеме да направиме повеќе и подобро за да ја заштитиме природата и нејзините ...

Почетокот на декември го означи почетокот на животното патување за 13 млади луѓе од регионот на Западен Балкан, кои беа во официјална посета на Јапонија во рамките на „Јапонската програма за пријателски врски“ – МИРАИ. Ова е 5-ти циклус од програмата што Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО) ја спроведува во соработка со Владата на Јапонија со цел да се промовира меѓусебното разбирање, да се зајакне интелектуалната дискусија и ...

Списанието Национална Географија вчера објави дека Сараево, главниот град на Босна и Херцеговина, е најдобрата дестинација во светот според изборот на читателите, пренесува Ал Џазира Балканс. „Со вековна историја вткаена во неговата природна убавина, не е ни чудо што овој космополитски главен град е толку сакан. Планирајте посета за да пробате што нудат локалните пазари, прошетајте по реката Миљачка и уживајте во прекрасните сцени што овој град ...

Високите сметки за електрична енергија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје претставуваат значителен финансиски товар. Ова го истакнала ректорката на УКИМ Биљана Ангелова на денешната средба со министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, соопштија од Министерството. Ангелова ја истакнала важноста на енергетската стабилност за редовното функционирање на универзитетот. Истовремено, таа посочила дека ...

Шефот на Инстаграм, Адам Мосери најави нови генеративни функции за вештачка интелигенција што ќе им овозможат на креаторите да го „променат речиси секој аспект“ од нивните видеа користејќи инструкции, односно текстуални пораки, јавува „ТекКранч“. Алатките за уредување ќе бидат напојувани од моделот на Мета „Movie Gen AI“ и се очекува да бидат лансирани некаде следната година, рече Мосери во видео споделено минатииот четврток. „Работиме на некои ...

Во гаражите под „Плочник“, позади Соборна, на 28 декември од 19 часот ќе се одржува 10-ото издание на мултимедијалниот настан „Под земја полесно се дише“. „Како: и секоја година, дојдете во огромен број, оти полесно се дише во тазе јаглерод диоксид него во ладен скопски смог. Со кого: со сите градски и приградски луѓе што не се плашат ич од скопскиот студ. Зошто: уметноста ги зближува луѓето!“, велат од колективот „Кула“. Оваа година ...

Инспектори од Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), минатата недела спровеле вонредни надзори во магацини за пакување, маркети и продавници кои вршат промет со новогодишни пакетчиња. Во рамки на спроведените 62 контроли, утврдено е несоодветно означување на пакетчиња кај четири оператори. „Кај три вида пакетчиња, констатирано е дека на збирното пакување нема наведено рок на траење, односно датум на минимална трајност на производите кои ги ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
2.06
31%
1015
weather icon

Белград

29ᴼ / 27ᴼ
2.68
48%
1019
weather icon

Загреб

29ᴼ / 26ᴼ
2.06
30%
1020
weather icon

Софија

31ᴼ / 28ᴼ
5.66
34%
1018
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
4.58
28%
1017
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
3.09
50%
1020
weather icon

Атина

33ᴼ / 31ᴼ
10.29
36%
1012
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
6.69
37%
1016
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
4.12
26%
1015
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 30ᴼ
7.2
33%
1018
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 27ᴼ
1.54
29%
1020
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 29ᴼ
11.32
100%
1013
Currency

61.53

Currency

52.9932

Currency

70.6389

Currency

34.452

Currency

38.5662

Currency

65.7253

Currency

7.37939

Currency

0.66071

Currency

0.35961

Currency

0.52665

Currency

1.3036

Currency

0.6042

Кобалт

42.99

Алуминиум

2.62

Иридиум

153726.40

Никел

14935.00

Рутениум

26299.31

Калај

33.66

Сребро

1222.90

Злато

108621.42

Бакар

8.87

Паладиум

36876.91

Платина

43097.98

Родиум

225858.99

Цинк

2.78