Здружението „Василичарите од Боемска“ најави дека утре ќе се одржи хуманитарен настан на улицата „Боемска“ со почеток во 16 часот, одбележувајќи го празникот Василица. На настан ќе се продава македонските традиционални јадења, како и греана ракија и греано вино. Средствата собрани од продажбата ќе бидат донирани на децата со Даунов синдром од НВО дневниот центар Доза среќа. „Дојдете заедно да помогнеме на оние на кои им е најпотребно. Во духот ...

Падна снег и одма подруго. Се чини оти цело Скопје се крена на нозе, гледајќи да му ја „извади маста“ на снегот пред неминовно да се стопи. Снешковци во секакви форми никнаа на секое ќоше додека топки од снег летаа низ воздух. На бројни деца и кучиња, се чинеше, ова им е првиот снег. Снегот му даде една свежа фасада на главниот град, колку-толку го расчисти загадениот воздух и го сплоти градот како што ретко се сплотува. Иако веќе скоро сите ...

Израелските сили продолжуваат да ја напаѓаат Газа – најмалку четворица Палестинци загинаа во нападите на училиштето Салах ал-Дин и уште тројца во населбата Шуџаја во градот Газа, пренесува Ал Џазира Балканс. Израелската опсада на северот на Газа трае повеќе од 100 дена, а палестинските власти соопштија дека речиси 5.000 луѓе се убиени или исчезнати од почетокот на офанзивата. Американскиот претседател Џо Бајден, пак, во разговорите со ...

За оваа зима, државните институции во земјава склучиле договори за јавни набавки за зимско одржување на улиците и патиштата во вредност од 219 милиони денари, односно 3.569.106 евра, се наведува во новото истражување на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) објавено денеска. Тие посочуваат дека се склучени вкупно 49 поединечни договори, кои, покрај изнајмување возила и работници за зимско одржување, вклучуваат и набавки на сол и ризла за ...

Под слоганот „Пријателски писма, наместо пријателски разговори“, студентите кои ги блокираат факултетите на Универзитетот во Нови Сад вчера протестираа пред седиштето на Безбедносно-информативната агенција (БИА) во градот, јавува Радио Слободна Европа. „БИА повеќе не мора да им доаѓа на студентите и родителите на куќниот праг, бидејќи ние доаѓаме на нивниот“, рекоа студентите. Студентите тврдат дека во изминатите недели тие и нивните родители ...

На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, активизам, граѓанско општество, политика, животна средина… 1. За справување со проблемот со текстилниот отпад потребен е систематски пристап и менување на навиките „Текстилниот отпад се создава несразмерно брзо споредено со изнаоѓањето решенија за него, а ние не ги менуваме навиките за да го направиме потребниот притисок кон производителите на текстил. ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека во 09:53 часот преку Единствениот телефонски повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за пет малолетни лица и едно возрасно лице дека поради обилните снежни врнежи се заглавени во село Рајчани во Општина Кочани и не можат да се симнат во Кочани. Тие посочија дека од ЦУК, преку Секторот за операции и координација, веднаш е контактирано со СВР Штип, ПС Кочани и со лицето за ...

Најмалку 16 лица загинаа, а 10.000 објекти се уништени или оштетени во пожарите кои сè уште беснеат во Лос Анџелес. Во сила е наредбата за евакуација на околу 100.000 жители на областа. Речиси 30 лица беа уапсени за кражби, грабежи и поседување дрога, пренесува Н1. Од шесте пожари кои ја зафатија областа Лос Анџелес, три се ставени под контрола и 50 или повеќе проценти од областа која беше зафатена од пожари е изгасната, додека најголемиот пожар ...

Ларингити, синузити, пневмонии и останати горни респираторни проблеми деновиве ги полнат ординациите. Лекарите со кои поразговаравме велат дека симптоматологијата е слична кај многумина пациенти – кашлица која трае со недели, болно грло, температура, често и наод на бели дробови, а дополнително, тегоби создава и загадениот воздух, пишува новинската агенција Мета. Во Институтот за белодробни заболувања Козле во моментов се хоспитализирани 60 ...

Над 8.500 граѓани досега ја потпишале онлајн петицијата насловена „Казна за убиецот на Феликс!“, со која се бара институциите да си ја завршат работата по неодамнешната смрт на бездомното куче Феликс, кое во ноември лани беше претепано во фирма во населбата Момин Поток. „Феликс ја изгуби борбата, но… Ние можеме да ја добиеме војната против заспаните институции“, се посочува во петицијата создадена пред два дена. Преку петицијата се бара ...

Бездржавјанството, или состојба во која не си признаен како државјанин на ниедна држава, влијае на милиони лица низ светот. Лицата без државјанство често не можат да пристапат на најосновните права, вклучувајќи ја и можноста да одат на училиште, легално да работат, да пристапат до здравствени услуги, да стапат во брак или да го запишат раѓањето на своето дете. Сето тоа влијае на општествен и личен план и им онезвоможува на луѓето кои немаат ...

Второто издание на националната Конференција за активно граѓанство „КритикУМ“ ќе се одржи на 24 и 25 јануари во Скопје. Организаторите на конференцијата, Здружението за едукативен развој „Еквалис“ посочија дека конференцијата претставува простор за поврзување, градење на заеднички стратегии, но и оснажување за пракси, примери и платформи преку коишто граѓаните се обидуваат да ги променат заедниците. „Преку оваа едиција на конференцијата ќе ...

Вечерва со почеток во 21:30 часот во македонскиот паб „Ѕе“ ќе се одржи концерт на бендот „The Local Blue“. Музиката на „The Local Blue“ се движи некаде помеѓу психоделичниот рок и слободната импровизација, а тој „помеѓу“ простор, освен што е прилично простран, често знае да е и мошне забавен, се посочува во најавата за настанот. „Другари, 2024-та за ‘The Local Blue’ беше успешна година, триото стана квартет, стариот жар, кој претходните две-три ...

Пратениците во Грција почнаа да расправаат за нацрт-законот со кој се предвидува заострување на правилата за краткорочно изнајмување, во услови на пораст на туризмот, вклучително и забрана за користење на преуредени магацини и подруми без прозорци, пренесува хрватски Индекс. Според предложените измени, реновираните магацини, подземните простори и поранешните индустриски објекти ќе бидат отстранети од платформите за изнајмување, вклучително и ...

„Текстилниот отпад се создава несразмерно брзо споредено со изнаоѓањето решенија за него, а ние не ги менуваме навиките за да го направиме потребниот притисок кон производителите на текстил. Разбирам дека требаше многу време да се соочиме со нашата одговорност кон отпадот од пакување и електронскиот и електричен отпад, но имам чувство дека овојпат не ја разбираме големината и тежината на проблемот со текстилниот отпад“. Вака размислува Билјана ...

Една четвртина од граѓаните во Македонија распространети на повеќе од половина од територијата живеат во таканаречени медиумски пустини, покажа анализата на информативната покриеност во земјава изработена од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). Медиумската пустина се дефинира како населено место без ниту еден локален дневен весник, а според оваа дефиниција, освен Скопје и Битола, сите останати населени местао во ...

Минатата година беше најтоплата досега и прва што го помина клучниот праг на глобалното затоплување од 1.5 целзиусови степени над прединдустриските температури, сметаат научниците, пренесува Ал Џазира Балканс. Агенцијата на ЕУ за климатски промени Коперник ги потврди претходните проекции дека 2024 година е најтоплата досега забележана на глобално ниво и првата календарска година во која просечната температура надмина 1.5 степени над ...

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека Секторот за компјутерски криминал активно презема мерки за истрага и справување со телефонските измами кои се вршат преку техники на пренасочување на телефонски броеви и лажирање на „Caller ID“. Оттаму посочија дека овие измами, кои во последно време се сѐ почести, имаат за цел манипулирање на граѓаните и стекнување на доверливи податоци или финансиски средства. „Измамниците најчесто се ...

Читалницата во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ од денеска повторно ќе работи нонстоп, односно 24 часа, откако 1.700 луѓе потпишаа онлајн петиција. Новината ја соопштија од Универзитетското студентско собрание на УКИМ (УСС-УКИМ) на нивниот Инстаграм профил, каде што наведоа дека испратиле и барање до градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска и директорката на библиотеката Снежана Стојчевска за библиотеката да продолжи да работи ...

1.700 луѓе се потпишани на онлајн петиција со која се бара продолжување на работните часови на читалницата во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“, односно таа да работи нонстоп, во пресрет на испитната сесија. „Колоквиумската и испитната сесија многу наскоро ни се ближи. Студентите се претежно вратени во Скопје, и често условите во нивниот дом не им го дозволуваат потребниот мир и амбиент за учење. Дополнително, по 8 јануари 2025 година, ...

Традиционалниот Вевчански карневал кој претставува едно од главните обележја на Македонија за празникот Св. Василиј, односно Василица ќе се одржи од 12 до 14 јануари. На настанот, како и претходните години е предвидена музичка програма која ќе започне попладне во петок (12 јануари). Најавен е настап на Пајак, бендот Ареа, како и на бендот „Забрањено пушење“. Парадата на маските пак, ќе се одржи напладне во понеделник (13 јануари), а за вечерта ...

Американскиот претседател Џо Бајден ги прошири категориите на лица кои подлежат на американски казнени мерки за оспорување на суверенитетот и територијалниот интегритет на земјите од Западен Балкан, поткопување на повоените договори и институции, како и учество во значителна корупција што го поткопува владеењето на правото и довербата во демократското владеење и избегнувањето на санкциите на американската влада, пренесува Радио Слободна Европа. ...

Радио МОФ и минатата година продолжи интензивно да работи на создавање видео приказни кои обработуваа различни теми. Со цел да потсетиме на какви видео содржини работевме лани, подготивме листа од 10 видеа кои сметаме дека е добро да се погледнат одново. 1. „Комбо“ – Локална приказна за дружба, креативност и одржливост Во населба Железара, во скопската општина Гази Баба се отвори просторот „Комбо“ – здружение за креативна одржливост. Местото е ...

Бранко Прља Развојот на напредни јазични модели како ChatGPT, Claude и Gemini отвора нова димензија во личниот развој и самопомош. Иако не се замена за професионална психолошка помош, тие можат да бидат корисна алатка за иницијална самоанализа и емоционална поддршка. Интеграцијата на вештачката интелигенција (ВИ) во психијатриската пракса означува фундаментална трансформација во пристапот кон менталното здравје. Оваа технолошка еволуција не ...

Индексот на трошоците на животот во 2024 година, во однос на 2023 година, бележи пораст од 3.5%, а индексот на цените на мало за 3.8%, соопшти Државниот ззвод за статистика (ДЗС). „Движењето на индексот на трошоците на животот во 2024 година беше различно кај одделни групи на потрошувачката. Пораст на индексите е забележан во сите групи: ресторани и хотели за 9.9%, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 7.6%, здравје за 5.3%, разновидни стоки ...

Македонскиот пасош се најде на 40. место во светот според новото рангирање кое го спроведува консултантската компанија „Henley & Partners“. Истото место, Македонија го дели со Црна Гора и Маршалските Острови. Со македонскиот пасош без визи може да се патува во 129 земји. Од соседните држави, најдобро позиционирани се Грција – на шестото место. Бугарија е на 15. место, Србија на 34. место, додека пасошот на Албанија е на 43. место и Косово на ...

Најмалку пет луѓе загинаа во шумските пожари кои беснеат низ округот на Лос Анџелес, изјави гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, пренесува Н1. Пожар го зафати и Холивуд Хилс, каде е издадена наредба за евакуација. Пожарот има и на крајбрежното подрачје помеѓу Малибу и Санта Моника, област во која живеат многу филмски, музички и други ѕвезди. Зафатени беа речиси 6.500 хектари. Уништени се најмалку 1.000 објекти, што го прави овој пожар ...

Пцовиса бездомното куче Феликс, кое во ноември лани беше претепано во фирма во населбата Момин Поток. Информацијата ја соопшти Јавното претпријатие „Лајка“ кое го згрижи, а оттаму додадоа дека борбата за негово спасување била долга, уморна, тешка и посветена. „Иако дојде со тешки повреди како сенка од куче, поразено од животот и од човечката бруталност и суровост, тој се бореше со сите можни сили, јуначки до самиот свој крај, давајќи ни верба ...

Компанијата Мета во чија сопственост се Фејсбук и Инстаграм соопшти дека ја укинува својата програма за проверка на факти од независна, трета страна и ја заменува со модел сличен на оној што го користи социјалната мрежа X, каде корисниците на платформата додаваат контекст и ги проверуваат тврдењата на други корисници, јавува Радио Слободна Европа. Мета прво ќе ја укине независната програма за проверка на факти во Соединетите Американски Држави. ...

Кинотека на Македонија ја започнува новата година со богата и разновидна програма за љубителите на филмската уметност, а овој месец ќе понуди содржини за сите генерации, од најмладите до најстраствените филмофили, преку тематски и ексклузивни проекции, велат оттаму. Играниот анимиран филм „Јон Вардар против галексијата“ ќе се прикаже на 9 јануари во 11 часот, 13 и 14 јануари во 18 часот и на 15 јануари во 14 часот. „Јон е потпросечно ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
1.54
31%
1016
weather icon

Белград

28ᴼ / 27ᴼ
2.57
47%
1019
weather icon

Загреб

28ᴼ / 26ᴼ
1.54
33%
1020
weather icon

Софија

30ᴼ / 27ᴼ
9.77
37%
1019
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
4.58
30%
1017
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
2.57
52%
1020
weather icon

Атина

33ᴼ / 31ᴼ
10.29
37%
1011
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
6.69
45%
1016
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
3.6
24%
1016
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 30ᴼ
6.17
34%
1019
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 27ᴼ
1.54
28%
1020
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 28ᴼ
11.83
100%
1013
Currency

61.495

Currency

52.889

Currency

70.6389

Currency

34.452

Currency

38.5662

Currency

65.7253

Currency

7.37939

Currency

0.66071

Currency

0.35961

Currency

0.52665

Currency

1.3036

Currency

0.6042

Кобалт

42.99

Алуминиум

2.62

Иридиум

153726.40

Никел

14935.00

Рутениум

26299.31

Калај

33.66

Сребро

1222.90

Злато

108621.42

Бакар

8.87

Паладиум

36876.91

Платина

43097.98

Родиум

225858.99

Цинк

2.78