Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, синоќа го посети Скопскиот регион за одблиску да види дел од штетите предизвикани од невремето кое зафати повеќе подрачја. За време на посетата на терен, тој се запозна со актуелната состојба и првичните последици врз земјоделските површини, при што истакна дека институциите ќе продолжат внимателно да ја следат состојбата и да бидат во постојана комуникација со ...
Во водата за пиење од градскиот водовод во Валандово е утврдено зголемено ниво на арсен, соопшти денеска ЈП „Комунален сервис“ од Валандово. Присуството на арсен е потврдено во лабораториските резултати од анализите што ги изврши Институтот за јавно здравје – Скопје. Поради новонастанатата ситуација, од јавното претпријатие упатија итно известување и упатства до жителите на градот. Во соопштението објавено од ЈП „Комунален сервис“ – Валандово ...
Министерството за локална самоуправа (МЛС) обезбеди итна донација од 50.000 литри вода за пиење за жителите на Општина Гостивар, како дел од координираниот одговор на кризата со водоснабдувањето. Денеска во Гостивар веќе пристигна првиот од двата предвидени камиони со почетните количини бесплатна вода за населението. Поводот за брзата институционална реакција го објасни министерот за локална самоуправа, Иван Стоилковиќ: „Во моменти кога ...
Македонски државјанин е уапсен во Србија по тешка сообраќајна несреќа во која со камион удрил во возач на итна медицинска помош од Врање. Полициската управа во Лесковац го потврди случајот и соопшти дека на македонскиот возач му е одреден притвор во траење од 48 часа. Несреќата се случила за време на транспорт на болно дете од Врање кон Универзитетскиот клинички центар во Ниш. Возилото на Итната помош морало да запре поради дефект на ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на прогласената кризна состојба во Гостивар и какви механизми и институционална помош ќе преземе Владата, изјави: „Денеска во 12:30 часот ќе имаме состанок со Управувачкиот комитет за кризни состојби, ќе се донесат одлуки. Важно е сега откако полека, но сигурно работата се презема, после летаргијата којашто ја имаше ...
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против А.М.(51) од дебарското село Селокуќи и Ф.А.(22) од Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 22.06.2026 во 15:48 часот на Градска депонија во Дебар, каде А.М. бил вработен, започнале расправија со две лица од Дебар и притоа второпријавениот, кој не бил вработен во депонијата, со алат нападнал еден од работниците и ...
Вчера околу 17:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Ф.Ш. (30) од Трубарево, постапувајќи по претходна пријава. Според пријавеното, тој агресивно се однесувал и упатувал закани со остар предмет кон двајца негови поранешни работодавци, а со истиот предмет оштетил гума на патничко возило. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. Вчера околу 17:00 часот, полициски службеници од СВР ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, свика состанок на Штабот за заштита и спасување, на кој присуствуваа сите раководители на сектори, претставници на МВР, ЈП ПОЦ и други надлежни служби. На состанокот беа донесени повеќе насоки за справување со последиците од силното невреме што ја зафати општината. Меѓу мерките што беа договорени се формирање комисија за проценка на штети, задолжение до сите куќни совети да ги проверат ...
ОВР Струга поднесе кривична пријава против В.Р.(56), З.П.(61), А.А.(61) и Т.Д.(49), сите од Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување” и „несовесно работење на службата“. Првопријавениот В.Р., во својство на раководител на Подрачно шумско стопанство Јабланица – Струга, спротивно на своите законски овластувања и без овластување на директорот на ЈП „Национални Шуми“, ...
Вчера во 18:55 часот во ОВР Кичево, од Територијалната противпожарна единица Кичево, пријавено е дека настанал пожар во стан на улицата „4 Јули“. во Кичево. Од екипа на ТППЕ Кичево пожарот бил изгаснат, а во станот било пронајдено опожарено телото на С.С.(37) од Кичево. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа на ОВР Кичево. Вчера во 18:55 часот во ОВР Кичево, од Територијалната ...
Вкупно 33 лица побарале медицинска помош во скопските клиники по силното невреме што го зафати главниот град, при што дел од нив се задржани на болничко лекување. Во Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ биле прегледани 22 пациенти, додека на ТОАРИЛУЦ помош побарале 11 лица, од кои тројца се со посериозни скршеници. За здравствената состојба на примените пациенти во градската болница информираше директорот Небојша ...
Професионалната јавна администрација не се гради само со закони. Таа се гради со јасни правила, објективни критериуми и алатки што секојдневно ќе се применуваат во институциите. Токму во таа насока, Министерството за јавна администрација, во партнерство со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, денес ја промовираше новата рамка за вработување заснована на заслуги, интегритет и компетенции, значаен чекор кон воспоставување модерен и професионален систем ...
Вчерашното силно невреме предизвика сериозни оштетувања на средниот и нискиот напон на електродистрибутивната мрежа низ повеќе градови во државата. Поради оштетувања и неколку стотици паднати столбови, без напон останаа вкупно 2.308 трафостаници на Електродистрибуција. Според соопштението на компанијата, најпогодени беа делови од Скопје, Куманово, Кочани, Штип, Струмица и повеќе други населени места. Засилени екипи работеа без престан во ...
Времето утре ончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти УХМР. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Во петок под влијание на влажен бран ќе има повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 15 l/m²). Наместа врнежите ќе бидат проследени со појава на грмежи и засилен ветер, а температурата значително ќе опадне. Во деновите од викендот ...
Силното невреме кое вчера зафати повеќе делови од државата остави зад себе значителни материјални штети на подрачјето на главниот град. Покрај оштетувањата регистрирани кај повеќе државни објекти од витално значење, на социјалните мрежи се појавија информации и фотографии за штети на значајни градски обележја. Меѓу оштетените објекти се најде и препознатливиот часовник на Музејот на град Скопје. На фотографиите кои од утрово се споделуваат на ...
Силното невреме што го зафати Скопје предизвика сериозни материјални штети и хаос во повеќе делови од градот. Меѓу погодените локации е и познатиот угостителски објект „Централ Парк“, од каде што преку социјалните мрежи споделија информации за претрпените штети. Од објектот ја опишаа драматичната ситуација на теренот по налетот на невремето: „Катаклизмата што го погоди Скопје – Централ Парк…“ Силното невреме што го зафати Скопје предизвика ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ги објави официјалните податоци за максималната брзина на ветерот измерена за време на силното невреме на 21 јули 2026 година. Според автоматските метеоролошки станици, во повеќе региони низ државата биле регистрирани екстремни оркански удари на ветерот. Најсилна брзина е измерена на станицата во Штип во 17:00 часот, каде што бил регистриран оркан со максимален удар од 134 km/h со правец ...
Кризниот штаб на Општина Куманово одржа седница по силното невреме што вчера го зафати градот и околината, при што беа сумирани првичните информации од сите надлежни институции. Службите работеа во текот на вчерашниот ден, ноќта и утринава, а приоритет беа расчистувањето на сообраќајниците, отстранувањето на опасните дрвја и санацијата на штетите. Секретарката на Општина Куманово, Емилија Сладарис Јаневска, истакна дека општинските тимови ...
Огромен дел од покривната конструкција на зграда лоцирана на улицата „Радика“ број 5 во Карпош 3 се урна за време на невремето. За случајот информираше Јована Стефановска преку социјалните мрежи, посочувајќи дека станарите со години воделе судски спор со фирмата изведувач поради сомнежи за соодветноста на изведените работи. Според нејзините Run-наводи, станарите плаќале адвокати и вештаци, а пред само неколку дена ја добиле конечната судска ...
Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека целосно е реконструирано и пуштено во употреба одделението за Трауматологија во старата Градска болница. Тој упати честитки до раководството и медицинскиот кадар за подобрувањето на условите за третман на пациентите. Мицкоски се осврна на децениското запуштање на објектот и чекорите за негова санација: „Од 65-та наваму шајка не е закована, така што еве полека но, сигурно почнуваме да ги реализираме ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски денеска, одговарајќи на новинарско прашање која е материјалната штета направена од вчерашното невреме во Скопје и дали Владата ќе помогне, истакна: „Никогаш оваа Влада не ги оставила граѓаните сами да се снаоѓаат. Јас им благодарам на институциите и на градоначалниците што во текот на вечерта и веднаш после епското невреме кое што вчера го зафати Скопје излегоа на ...
Европската Унија останува целосно посветена на европската перспектива на Северна Македонија и нема никакво сомневање дека на државата се гледа како на идна членка, порача денеска евроамбасадорот Михалис Рокас. За време на обраќањето на седницата на Националниот совет за евроинтеграции, тој ја потврди позицијата на Брисел: „Не треба да имате никакво сомневање дека Европската комисија е целосно посветена да ја види вашата земја како полноправна ...
Група деца од општина Гази Баба покажаа вистински пример за грижа кон сопствената средина откако самоиницијативно се организираа да го расчистат спортскиот терен по силното невреме. Поројниот дожд и силниот ветер зад себе оставија паднати гранки и отпад на игралиштето, оневозможувајќи ги вообичаените активности. Ваквиот хуман и одговорен гест беше споделен во социјалните мрежи од страна на локална жителка, која упати јавна пофалба за нивниот ...
Метеоролог-прогнозерот Славчо Попоски излезе со стручно објаснување за причините кои доведоа до силното невреме што попладнево го зафати Скопје и повеќе региони низ државата. Според неговата анализа, главна причина за невремето било наглото спуштање на ладен атмосферски фронт од север на повисоките слоеви од атмосферата. Овој ладен фронт директно се судрил со многу потоплиот воздух од југ кој претходно беше позициониран над Македонија. ...
Силното невреме проследено со катастрофални последици што вчера го зафати скопскиот регион, остави зад себе огромни материјални штети. Под силниот налет на ветерот целосно се урнала фасадата на основното училиште „Браќа Миладиновци“. Низ улиците во повеќе скопски населби има паднати дрвја, оштетени возила и одлетани покриви. Застрашувачката ситуација од теренот преку социјалните мрежи ја опиша Александра Џаџовска Пандиловска: „Страшно ...
УХМР ги измери температурите во 11 часот низ Македонија. Со 14 степени најсвежо е на Попова Шапка, додека Гевгелија е најтопло место со 30 степени. Во Скопје во 11 часот се измерени 24 степени. УХМР објави метео аларм за ново силно невреме во Македонија, по вчерашното кое остави хаос зад себе. -Денеска ќе има повремени врнежи од дожд и локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со појава на ...
За разлика од кадарот на СДС, ДУИ и Таравари, во името на Валбон Лимани, кои освен што задоцнија со мерките и помошта на граѓаните, не се ни извинија и оградија од нивниот кандидат, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажа и докажа како треба да се справуваме во време на криза, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ. -Над 60 тони вода секојдневно гостиварчани добиваат за пиење и технички потреби од страна на СОЗР. ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, порача дека природата е „најголемиот контролор“ на сѐ што е изградено од човекот, по силното невреме што го зафати Скопје и предизвика сериозни материјални штети и соборени дрвја. Ангелов нагласи дека природните непогоди на најсуров начин покажуваат дали при изградбата на објектите се почитувани сите закони, прописи и стандарди. Тој посочи дека квалитетот на градбите доаѓа на ...
Вкупно 11 пациенти биле примени во Ургентниот хируршки центар по невремето што вчера го зафати Скопје. Од нив, тројца се здобиле со тешки телесни повреди, а осум со полесни повреди. Како што информира директорот на ТОАРИЛУЦ, Игор Мерџановски, за МИА, една пациентка со повреда на главата и скршеница на десната потколеница е задржана на понатамошно лекување на Клиниката за неврохирургија. На Клиниката за трауматологија е хоспитализиран и ...
Во Музејот на град Скопје денеска беше откриена спомен-биста на Махатма Ганди. Чинот претставува траен симбол на вредностите што ги поврзуваат народите и поттик за понатамошно зајакнување на пријателството меѓу Северна Македонија и Индија. Спомен-бистата беше откриена во периодот на официјалната посета на индиската претседателка Драупади Мурму на земјава. На церемонијата присуствуваа и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и ...