Демократскиот сојуз смета дека е од исклучителна важност за надминување на состојбите со загадениот водовод во Гостивар со прогласување на кризна состојба во Гостивар. Очекуваме координирани и ефектни мерки за заштита на здравјето на граѓаните и нормализирање на водоснабдувањето, како и дополнителни мерки за спречување на ширење на инфекцијата преку консумирање на храна во рестораните и други објекти кои произведуваат леб, пијалаци и друго. ...

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) посочува дека лоцирањето на конкретните сторители за загадувањето на водата во Гостивар е неопходен, но недоволен чекор. Овој скандал не смее да се затвори само со индивидуална одговорност, бидејќи вистинскиот виновник е целосно нефункционалниот систем. Партизацијата, клиентелизмот и нестручноста во институциите создадоа околина во која јавното здравје е континуирано загрозено. Индивидуалната вина не ...

Град Скопје е подготвен за најавеното силно невреме Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје денес, како и секојдневно во континуитет, вршат интензивно расчистување на канализациската линија, шахтите и сливниците, со цел да се обезбеди непречено прифаќање и одведување на атмосферските води и да се намали ризикот од поплавување на критичните точки во градот. Согласно најавите на УХМР, во попладневните часови се очекува силно невреме. ...

Собранието беше домаќин на официјалната посета на претседателката на Република Индија, Друпади Мурму. Ова е прва посета на еден претседател на Индија на Северна Македонија, што претставува значаен момент во зајакнувањето на односите меѓу двете земји. Во рамките на посетата, претседателката Мурму беше пречекана од претседателот на Собранието, Африм Гаши, со кого одржа тет-а-тет средба. По средбата, таа се потпиша во Книгата на впечатоци, ...

Основниот суд во Гостивар им определи мерка притвор во траење од 30 дена на тројцата осомничени во истрагата за загадувањето на водата за пиење во Гостивар. Постапувајќи по предлогот на Основното јавно обвинителство, судот одлучи осомничените мерката да ја издржуваат во КПУ „Затвор Скопје“. Судијката Драгослава Веселинова информираше дека судија на претходна постапка во целост го прифатил предлогот на ОЈО Гостивар за Артана Асани, Леон ...

Четиригодишно момче го загуби животот откако се удави во аквапаркот „Југово“ во Смедерево, Србија. Според информациите од очевидци кои се наоѓале на лице место, екипата на Итната медицинска помош пристигнала со голема брзина по добиениот повик. Луѓето кои се затекнале на местото на настанот сведочат за драматичните моменти за време на спасувањето: „Лекарот од Итната помош го носеше детето во раце, сцената беше страшна за гледање“, изјави еден ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Б.Ј.(58) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Пријавениот, во периодот од 24.03.2026 до пријавувањето на 18.06.2026 во повеќе наврати упатувал закани на неговата снаа за син. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Б.Ј.(58) од Штип поради ...

Владата на денешната седница, на предлог на министерот за здравство, го именува Златко Перински за вршител на должноста директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија. Перински е магистер по менаџмент на човечки ресурси. Во својата професионална кариера ја извршуваше функцијата министер за локална самоуправа, генерален директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, како и управител на СЦ „Борис Трајковски“. ...

По случувањата со затруената вода во Гостивар, на граѓаните не им требаат нови политички препукувања, туку сигурност дека водата што ја користат е безбедна, порача Славјанка Петровска. Таа преку соопштение изнесе две конкретни одлуки кои, според неа, Владата мора веднаш да ги донесе за решавање на кризата. Првиот чекор, според Петровска, е одземање на надлежностите за водоснабдувањето од локалните власти: „Прво, Владата веднаш и привремено да ...

СВР Струмица – ОВР Гевгелија до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривични пријави против М.Ј.М.(19), мигрант од Авганистан и 17-годишен мигрант, исто така од Авганистан, поради постоење на основано сомневање дека сториле кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик. На 20.07.2026 во Полициската станица Гевгелија П.М.(62) од село Негорци, гевгелиско пријавил дека околу 15:00 часот на место викано „Авлаќ“ во ...

Највисока температура во 14:00 часот е измерена во Гевгелија, каде што живата на термометарот достигна 36.7 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Веднаш по Гевгелија, меѓу најтоплите градови во земјава се Демир Капија со 35.3 степени и Кавадарци со 34.2 степени. Во Струмица се измерени 33.9 степени, додека во Скопје (на мерната станица Зајчев Рид) температурата достигна 33.2 степени, а во Скопје-Петровец 33 степени. ...

Основното јавно обвинителство Гостивар отвори истражна постапка и поднесе предлог за одредување мерка притвор во траење од 30 дена за директорката на ЈП „Комуналец“ – Гостивар и двајца раководители во претпријатието. Тројцата се сомничат дека со нелегално поставување пумпи во преливната комора во селото Вруток предизвикале загадување на водата за пиење со која се снабдува градот Гостивар и околните населени места. Деталите за случајот беа ...

Владата на денешната 195 седница, на предлог на Управувачки комитет во состав на министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за здравство Сашо Клековски, министерот за транспорт Александар Николоски и директорот на Дирекција за заштита и спасување Стојанче Ангелов, како и надворешните членови министерот за животна ...

Вчера во 20:25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Карпош паднало дрво и со тешка телесна повреда се здобила К.М.(86) од Скопје, по што била пренесена во Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Исто така, граѓанин пријавил дека, додека ја барал чантата на повредената, пронашол експлозивна направа, која подоцна била подигната од местото за понатамошна постапка. Известен бил јавен ...

Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје спроведуваат засилено расчистување на канализациските линии, шахтите и сливниците пред најавениот силен локален бран. Целта на овие превентивни активности е овозможување непречено одведување на дождовницата и спречување поплавувања на критичните точки низ главниот град. Поради предупредувањата од УХМР за попладневни врнежи и невреме, одржан е и состанок на Кризниот штаб на Град Скопје. Сите ...

Вчера околу 15:30 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на локалниот пат Кочани – Брана Гратче се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со кочански регистарски ознаки, управувано од И.Б.(51) од Кочани и велосипед управуван од Д.Ѓ.(65) од Кочани. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал велосипедистот, а лекар од Итната медицинска помош Кочани констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде предупредување за попладневните и вечерните часови, кога се очекува локална нестабилност на повеќе места низ земјава. Според синоптичарите, атмосферските процеси ќе бидат проследени со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа постојат услови и за појава на изолирано невреме проследено со град. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде предупредување за попладневните и вечерните ...

Царинската управа од почетокот на годината откри 12 случаи на илегален шверц со медикаменти, соопшти денеска директорот на институцијата, Бобан Николовски. Според изнесените податоци, во овие акција се заплетени повеќе од 27.000 парчиња лекови и различна медицинска опрема. Првиот човек на Царината преку социјалните мрежи посочи дека со овие заплени директно се заштитува здравјето на граѓаните. Николовски во својата изјава ја нагласи ...

Владата воведе ново софтверско решение за интегрирано администрирање на паричните права, социјалните услуги и јавните овластувања, соопшти денеска пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Арсова. На денешната прес-конференција таа истакна дека новиот систем им овозможува на стручните лица во центрите за социјална работа целосно следење на состојбата и ризиците на секое домаќинство. Според Арсова, во тек е и ревизија на условите за остварување на ...

Првата официјална посета на претседател на Република Индија на земјава е почеток на ново и поамбициозно поглавје во билатералните односи, порача денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по средбата со нејзината индиска колешка Друпади Мурму. На заедничката прес-конференција, Сиљановска-Давкова истакна дека политичкиот дијалог меѓу Скопје и Њу Делхи добива нов интензитет, а фокусот во следниот период треба да биде ставен врз ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) регистрираше соопштение за вкупно шест пожари на отворен простор на територијата на државата до 13:00 часот попладнево. Според официјалните податоци, во моментов активен е еден пожар, четири се ставени под контрола, додека еден е целосно изгаснат. Единствениот активен пожар е забележан на подрачјето на Општина Делчево, во близина на градските гробишта, каде што е зафатена ниска вегетација. Под контрола на ...

Опозициските партии СДСМ, Левица и ДУИ се обединија против спроведувањето на реформите во државата, обвини денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски. На денешната прес-конференција тој истакна дека Владата досега самостојно исполнила девет од вкупно десет предвидени реформски закони. Според Манасиевски, опозициските партии сносaт директна одговорност за неисполнувањето на десеттиот закон од пакетот. Портпаролот на владеачката ...

При денешната посета на Гостивар, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, упати серија прашања на кои Владата и Министерството за здравство треба да одговорат во врска со епидемјата во Гостивар, и за кои граѓаните имаат право да ја знаат вистината. Едно од прашањата се однесува на начинот на кој се менаџира епидемијата, за што Филипче посочи дека институциите потфрлија во навременото откривање и спречување на кризата. „Што се случувало во ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, соопшти дека како дел од државната делегација учествувал на средбата со претседателката на Индија, Друпади Мурму. Високата гостинка од Индија престојува во дводневна официјална посета на земјава. На средбата биле разгледани повеќе клучни области за идна билатерална соработка и унапредување на односите. Муцунски преку својот официјален профил ги истакна главните теми кои ...

Царинската управа, преку Одделението за оперативни работи при Секторот за контрола и истраги, во наредниот период ќе спроведува зајакнати теренски контроли на пловните објекти кои се користат на Охридското Езеро. Контролните активности ќе бидат насочени кон проверка на тековниот царински статус на пловните објекти и исполнетоста на законските обврски согласно царинските прописи. Царинската управа ги повикува сите сопственици и корисници на ...

Современите методи за експлоатација на бакар овозможуваат високо ниво на заштита на животната средина и значително се разликуваат од рударските практики што се применувале во минатото. Ова го оценува професорот Благој Голомеов, коментирајќи ја технологијата предвидена за проектот „Иловица – Штука“. Според него, процесот на преработка на рудата е добро познат во светската рударска практика и се спроведува преку контролирани технолошки ...

Поради планирани технички интервенции во дистрибутивната мрежа, утре (22 јули) без електрична енергија ќе останат корисници од општините Зелениково и Кисела Вода, соопшти ЕВН. Во општина Зелениково, прекин во снабдувањето ќе има за корисниците на улица „4“ и улица „2“. Прекинот на оваа локација е предвиден во временскиот период од 09:00 до 11:00 часот. Во истиот ден, без струја ќе останат и жителите од населеното место Драчево. Станува збор ...

На 19.07.2026 во 21:15 часот во ОВР Кичево било пријавено дека во двор од куќа на улица „Прилепска“ во Кичево, коњ -сопственост на Б.Д.(58) од Кичево, удрил малолетно девојче. Таа е пренесена во Општата болница во Кичево а поради сериозноста на повредите била префрлена во Клиничка болница Скопје. По целосно расчистување на настанот, ќе следува соодветна пријава. На 19.07.2026 во 21:15 часот во ОВР Кичево било пријавено дека во двор од куќа ...

Авиокомпанијата „Визер“ го поставува својот седми авион во базата на скопскиот аеродром, со што таа станува трета најголема база на компанијата во Европа. За ова остварување информираше министерот за транспорт, Александар Николоски, кој посочи дека ова претставува клучен чекор во развојот на домашниот авиосообраќај. Според податоците што ги изнесе тој, во првите шест месеци од годинава преку аеродромите во Скопје и Охрид се регистрирани над ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на свечена церемонија со највисоки државни и воени почести ја пречека Друпади Мурму, прв претседател на Република Индија во официјална посета на државава. По тет-а-тет средбата следеше пленарен состанок на македонската и на индиската делегација. Предмет на разговорот беа актуелните македонско-индиски односи, со акцент на можностите за соработка во економијата, образованието, науката, културата, ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
2.32
35%
1017
weather icon

Белград

28ᴼ / 27ᴼ
3.05
47%
1019
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
1.29
35%
1019
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
1.59
46%
1017
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
5.15
46%
1018
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
1.02
58%
1018
weather icon

Атина

33ᴼ / 31ᴼ
7.15
50%
1012
weather icon

Тирана

34ᴼ / 34ᴼ
1.64
29%
1014
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
1.55
37%
1015
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 24ᴼ
4.02
44%
1017
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 25ᴼ
1.34
39%
1020
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
6.72
100%
1014
Currency

61.5217

Currency

53.2154

Currency

71.7145

Currency

37.6073

Currency

38.1322

Currency

65.8479

Currency

7.88657

Currency

0.65224

Currency

0.33722

Currency

0.52479

Currency

1.11569

Currency

0.55892

Алуминиум

3.28

Цинк

0.00

Паладиум

43628.56

Рутениум

53852.50

Родиум

278103.96

Бакар

13.23

Иридиум

252383.36

Платина

56038.75

Кобалт

56.29

Сребро

2044.16

Злато

139576.04

Калај

56.36