Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Неуспешниот градоначалник и несудениот амбасадор, без ниту еден ден работен стаж во реалниот сектор, а сега, како што и самиот кажа пред извесно време, невработениот Андреј Жерновски, се јави од говорница на СДС; реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. „Веројатно да си го заработи партискиот паушал, инаку како би живеел фамилијарен човек, ако е невработен и нема извор на егзистенција. И за да си го заработи лебот од со пари украдени од народот од ...
Состојбата со пожарот на Халкидики синоќа беше делумно подобрена, а 481 лице беа евакуирани по морски пат, информираше директорот за стратешко планирање и комуникации во Противпожарната служба на Грција, Василис Ватракојанис. Огнената стихија зад себе остави изгорена шумска површина, а зафати домови и возила, при што полесно беа повредени двајца пожарникари. На терен интервенираа 227 пожарникари со 13 пешадиски тима и 57 возила, вклучувајќи и ...
Во просториите на Младинскиот културен центар (МКЦ) денеска беше отворен Центар за дневен престој за лица со попреченост над 14 години. На отворањето присуствуваа градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски. Новиот центар е наменет за обезбедување стручна и социјална поддршка на корисниците, како и олеснување на секојдневието на нивните семејства и старатели. По ...
Општина Илинден за првпат воведува финансиска субвенција во висина од 3.000 денари за секое запишано прваче, како помош за семејствата пред почетокот на новата учебна година. Градоначалникот Александар Георгиевски соопшти дека покрај паричната поддршка, за најмалите ученици се обезбедени и бесплатни ранци со училишен прибор. „Имајќи ги во предвид зголемените трошоци кои ги имаат семејствата во овој период од годината, како општина за првпат ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде предупредување дека попладнево во поголем дел од земјата постојат услови за локално невреме следено со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и појава на град. Според објавената карта на УХМР, нестабилните воздушни маси ќе зафатат поголем дел од територијата, со исклучок на регионите на Скопје, Куманово, Крива Паланка, Тетово и Гостивар. Максималните дневни температури низ државата ќе се движат ...
Македонија стави два противпожарни авиона на располагање на Европската Унија за справување со шумските пожари, со што земјата активно се вклучува во заедничкиот европски систем за цивилна заштита. Двата македонски авиона се дел од заедничката воздушна флота која во текот на летната сезона ќе биде ставена во функција според потребите на европските држави. Леталата ќе можат да бидат ангажирани во земји каде што пожарите ќе ги надминат ...
Центарот за јавно здравје, во соработка со Општина Кисела Вода, вечерва спроведува трета вонредна акција за дезинсекција. „Третманот ќе го опфати подрачјето на населбата и селото Драчево, со цел заштита на граѓаните и спречување на масовно размножување на комарците. Прскањето ќе се реализира во периодот од 22:00 до 24:00 часот, при што со специјализирано возило ќе се дејствува против возрасните комарци. Оваа трета вонредна интервенција се ...
Лицето кое вчера беше пренесено на лекар со изгореници на рацете при пожарот кај селото Лознани е во добра здравствена состојба и по прегледот е пуштено дома. Информацијата за состојбата на повредениот ја соопшти Стојанче Ангелов од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). По извршениот медицински преглед кај лицето не биле констатирани изгореници за кои е потребен дополнителен медицински третман, по што тоа веднаш било отпуштено од болница. ...
Просечната нето-плата во државата се зголеми од 40.496 на 48.779 денари во период од две години, информираше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски, на денешната прес-конференција. Според него, овој тренд е резултат на спроведените економски политики и стабилното управување со јавните финансии. „Платите во Македонија продолжуваат да растат како резултат на одговорните економски политики и стабилното управување со јавните ...
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција упати обвинувања до опозициската СДСМ и нејзиниот претседател Венко Филипче за ширење дезинформации и создавање паника меѓу граѓаните во врска со безбедноста на водата за пиење во Скопје. Петрушевски истакна дека надлежните институции веќе ја демантирале веста и дека Министерството за внатрешни работи отворило истрага за утврдување на одговорноста. „СДС и ...
Поставувањето на новиот АТМ систем во М-НАВ е од исклучително значење за повисоко ниво на безбедност, сигурност и ефикасност во управувањето со воздушниот сообраќај, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски при посетата на М-НАВ и контролната кула Скопје. Значењето е уште поголемо ако се земат бројките дека има преку 12 % зголемување во првите шест месеци од 2026 година во однос на 2025 година на ...
Борбени авиони на НАТО утрово соборија беспилотно летало кое влезе во воздушниот простор на Латвија, во источниот регион Балви. Информацијата ја потврдија Латвиските национални вооружени сили (НБС). Според првичните сознанија од НБС, кои ги пренесе порталот Делфи, дронот влегол во летонска територија како последица на руско електронско војување. По детекцијата, веднаш беа активирани борбени авиони од мисијата на НАТО за патролирање на ...
Делови од авионски мотор, кои најверојатно се одвоиле по удар во птици, го скршиле прозорецот на авионот на „Рајанер“ за време на минатомесечниот инцидент во кој беше повреден српски државјанин. Ова се наведува во извештајот на Националниот одбор на САД за безбедност во сообраќајот (NTSB), кој заедно со грчките власти го истражува случајот. Според истрагата, лопатка од турбината на моторот се распаднала, го скршила прозорецот и го оштетила ...
УХМР ги измери температурите во Македонија во 11 часот. Најниска температура е измерена на Попова Шапка и тоа 15 степени. Од друга страна, во Гевгелија, Скопје, Кавадарци и Демир Капија беа измерени 29 степени. УХМР издаде метео предупредување за денешниот ден. Според информациите, денеска, 14.08.2026 година, наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и ...
СДСМ поднесе кривична пријава по нападот врз млади активисти во Ново Село, обвинувајќи дека девет дена по инцидентот нема распити и истрага. Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на прес-конференција изјави дека институциите молчат и ја обвини власта дека ги штити, како што тврди, сторителите. „Поминаа девет дена од нападот на младите активисти во Ново Село, а досега никој не е повикан на распит, нема истрага, нема ...
На Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија во Скопје се одржаа повеќедневни стручни консултации за понатамошното лекување на пациентите повредени во трагичниот пожар во Кочани. По иницијатива на директорката на Клиниката, прим. д-р Јасмина Ѓорѓиевска Павловска, во посета бил субспецијалистот д-р Игор Маљковиќ, пластичен и реконструктивен хирург со долгогодишно искуство во третманот на тешки изгореници. За време на ...
До овој момент, пет македонски семејства побарале помош или асистенција при евакуација од подрачјата во Грција зафатени со пожари, информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Од Министерството велат дека, во координација со грчките власти, семејствата биле упатени кон најблиските безбедни точки предвидени за евакуација, каде што биле згрижени заедно со останатите туристи. МНРиНТ повторно апелира до македонските ...
Австриските безбедносни служби го уапсија 28-годишниот македонски државјанин кој се бараше под сомнение за напад со нож за време на нарко-зделка во градот Велс. Полицијата во Горна Австрија соопшти дека осомничениот бил лоциран и лишен од слобода во средата претпладне на железничката станица „Вестбахнхоф“ во Виена. Веднаш по апсењето, тој бил спроведен во затворот во Велс. Инцидентот за кој се товари се случил на 29 април годинава во еден ...
Обвнинението за Артан Груби ги зовре страстите во ДУИ. Стравот од неговата меморија си го прави своето. Ахмети најавува повлекување од активната политика. Демек, тој сакал да се повлече, ама сопартијците не му давале – се вели во соопштението на ВРЕДИ. -„Приказни за мали деца“, вели народот. Одамна тврдиме дека Артан Груби е „црната кутија“ и дека од неговото присуство или отсуство зависат многу разврски. Не случајно Бујар Османи, кој чека во ...
Грчките власти воведуваат привремена забрана за движење на пешаци и возила во одредени шумски подрачја на Халкидики поради зголемениот ризик од пожари. Оваа одлука следува по големиот пожар што избувна во Сивири, а мерките стапуваат на сила од петок, 14 август. Ограничувањата ќе важат во делови од Касандра и Ситонија секојдневно во периодот од 8:00 до 20:00 часот. Во општината Аристотелис, каде што ризикот е оценет како многу висок, мерката ...
УХМР издаде метео предупредување за денешниот ден. Според информациите, денеска, 14.08.2026 година, наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Во деновите од викендот и во почетокот на новата седмица времето ќе биде претежно стабилно, а дневната температурата ќе биде во пораст. УХМР ...
Еден тракторист со храбар потег помогнал да се запре ширењето на пожарот кој ги загрозувал пелагониските села Ивањевци, Лознани и Новоселани. Станува збор за Александар Чепиговски од Ивањевци, кој со својот трактор влегол директно во огнената линија и орал низ пожарот, со што помогнал да се прекине дел од огнената линија која се движела кон селото. За неговиот потег информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче ...
Во приемниот центар во спортската сала „Рибњак“ во Омиш во моментов има околу 1.500 евакуирани лица, изјави за Хрватското радио директорката на локалниот Црвен крст, Ана Стејскал, а пренесе Индекс.хр. Според нејзините информации, до полноќ биле регистрирани над 2.000 луѓе, но дел од нив веќе го напуштиле подрачјето или се сместиле кај свои роднини. Стејскал истакна дека надлежните служби се подготвени за евентуални нови евакуации, но во ...
Полскиот премиер Доналд Туск денеска соопшти дека полските власти уапсиле руски државјанин, регрутиран од руските разузнавачки служби, со задача да ликвидира лице со двојно, американско и украинско државјанство во Варшава. „Оваа мета се сметала за особено незгодна за режимот на Владимир Путин“, изјави Туск, нагласувајќи дека ова е прв случај во кој „некој по налог на Русија“ се обидел да нападне американски граѓанин на територија на ...
Турција, Саудиска Арабија и Пакистан ќе создадат посебни политички и воени механизми во рамките на договорот за заедничка одбрана што трите земји го потпишаа минатата недела, соопшти турското Министерство за одбрана. Од Министерството информираат дека новоформираните механизми ги опфаќаат министрите за одбрана, министрите за надворешни работи и воените раководства на трите држави. Договорот исто така предвидува спроведување заеднички воени ...
Единицата за насилен криминал-Одделение за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против С.Ј.(34), И.Ј. и С.Ј., сите од с.Буковиќ, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 став 3 од Кривичниот законик. На 12.08.2026 во с.Копаница, скопско, првопријавениот со тврд предмет го нападнал 25-годишниот Х.Р. од с.Арнакија, скопско, а останатите двајца пријавени со ...
Пожарот што избувна во туристичкото место Сивири на првиот крак на Халкидики предизвика голема евакуација на жители и туристи, при што крајбрежната стража и други пловни објекти спасуваа луѓе директно од плажите. Пожарот во меѓувреме е ставен под контрола, но силниот ветер значително го отежнуваше неговото гаснење. Во огнената стихија евидентирана е материјална штета на куќи, како и на објекти од биолошкиот третман во подрачјето. Масовна ...
Северна Македонија повторно се најде на второто место на европската „црна листа“, овојпат по количество отпад, обвинува СДСМ во соопштение. „Покрај тоа што сме ‘трета економија во Европа’, покрај тоа што сме ‘први по туризам’, покрај тоа што сме ‘лидери во авиосообраќајот’ и покрај тоа што аеродромот е ‘најбрзорастечки’, и покрај тоа што платите најбрзо ни ‘растеле’…, повторно сме втори на европската црна листа. Овојпат по ѓубре“, наведува ...
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ реализира конкретни мерки за модернизација и унапредување на здравствениот систем, со цел поквалитетна и подостапна здравствена заштита за сите граѓани, се наведува во партиското соопштение. Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека здравството добива рекордна финансиска поддршка од над една милијарда евра, средства кои, како што велат, се насочени кон медицински кадар, здравствени услуги, инфраструктура и медицинска ...
Левица бара одговорност за институциите кои, како што велат од партијата, дале уверувања дека водата во Гостивар е безбедна, иако подоцна се утврдило дека водоснабдителниот систем бил контаминиран. Од Левица посочуваат дека на 29 јуни Центарот за јавно здравје Тетово издал стручно мислење според кое водата ги исполнува законските и стручните услови. Според партијата, во тој период веќе биле поставени спорните пумпи и загадена вода влегувала ...