Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Бројот на загинати во катастрофалниот земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала што ја погоди Колумбија се искачи на најмалку 224 лица, соопштија локалните власти. Колумбиската организација „Асокапиталес“ потврди дека билансот на жртви драстично порасна од претходно пријавените 169 лица. Спасувачките екипи стравуваат дека бројката ќе продолжи да расте додека трае потрагата по преживеани под рушевините. Според последните ...
Министерството за внатрешни работи и Фондот за здравствено осигурување информираат дека проблемот со здравственото осигурување на вработените во МВР е надминат и дека тие повторно можат непречено да ги користат здравствените услуги. Во текот на денот, двете институции беа во континуирана координација и, во соработка со Управата за јавни приходи, ги презедоа потребните активности за утврдување и отстранување на причините што доведоа до ...
Министерството за транспорт ја презеде обврската да го реши проблемот со свлечиштето на патот за Тефериџ во Кисела Вода бидејќи проблемот е комплициран и бара поголема експертиза. Тендерот за изведувач се уште трае, по изборот на изведувач ќе започнеме да работиме и очекувам за година дена да го санираме лизгањето на земјиштето, истакна заменик претседателот на владата и министер за транспорт, Александар Николоски во гостувањето на ТВ Телма. ...
СДС и актуелното раководство продолжуваат со лагите и хистеријата во јавноста. Денеска ова на прес-конференција го правеше нивниот Андреј Жерновски кој на јавноста и е познат по менување партии, неуспешна политичка кариера, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Жерновски. -Во суштина тоа се тие ликови на актуелното раководство на СДС кои реално се талогот на Македонија. Тоа се тие на кои им пречи се, им пречи Македонија, им пречат ...
На 10.08.2026 во 04:30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода А.П.(39) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 32-годишна невенчана сопруга. По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека А.П. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,26 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по ...
На 10.08.2026 во 16:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Адем Демачи“ во Скопје, патничко возило удрило во 16-годишен малолетник од Скопје, кој туркал електричен тротинет, по што возилото го напуштило местото. -Притоа, малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“, информира МВР. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за ...
На 11.08.2026 во 01:51 часот во СВР Струмица е пријавено дека на ул.„Младинска“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат 500“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Ј.М.В. од с.Просениково, струмичко и мотоцикл управуван од 17-годишен малолетник од Струмица. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 17-годишникот, додека со телесни повреди се здобил малолетен сопатник на мотоциклот, констатирани ...
Грчката полиција приведе двајца родители по пријава за семејно насилство на плажа во областа Ајалија, во близина на Патра, каде што шестгодишно момче било физички нападнато од сопствената мајка. Инцидентот се случил во понеделникот, на 10 август, пред присутните посетители на плажата. Според информациите од грчките медиуми, една од присутните жени забележала дека мајката му задава силни шлаканици на детето во пределот на лицето, по што веднаш ...
Бројот на смртни случаи од ебола во Демократска Република Конго официјално достигна 2.011, соопштија здравствените власти во вторник. Здравствените власти ја опишуваат актуелната епидемија како најбрзо ширечка досега. Според најновите податоци од конгоанскиот институт за јавно здравје, заразата досега е потврдена кај вкупно 4.381 лице во пет различни провинции, објави Агенцијата Ројтерс. Напорите на надлежните за ограничување на вирусот се ...
Во јавноста во изминатиот период се појавија информации и шпекулации во врска со површинска депонија, која се поврзува со изворот „Рашче“, при што се создава загриженост кај граѓаните за безбедноста на водата за пиење. Ги информираме граѓаните дека водата во Скопје е микробиолошки и хемиски исправна и безбедна за пиење, што го потврдуваат резултатите од редовните анализи, информира градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Депонијата ...
Здруженијата на превозници од Западен Балкан ќе го почекаат состанокот со претставници на Европската комисија закажан за 1 септември во Брисел, од чиј исход ќе зависи дали ќе отпочнат со протести. На денешниот состанок одржан во Скопје, превозниците истакнаа дека не сакаат да излезат на протести, но доколку бидат принудени, овојпат нема да ги прекинат активностите сè до конечно исполнување на барањата за престојот на професионалните возачи во ...
Денеска во Скопје, на различни локации, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишија од слобода М.Ч. (23), Ф.М.(68) и С.Г. (76), сите од Скопје, барани со потерници по наредби од Основен кривичен суд Скопје, за издржување на затворски казни. Лицата ќе бидат спроведени во надлежните казнено-поправни установи. Денеска во Скопје, на различни локации, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција ...
Сè поголем број западни држави користат јавни средства за да го поттикнат развојот на рударски проекти за критични минерали. Причината е стратешка – зависноста од Кина за суровини потребни за технологијата, енергетиката и одбранбената индустрија претставува сè поголем ризик. Американскиот Центар за стратегии за критични минерали во својот последен извештај предупредува дека недоволното финансирање е една од главните пречки за реализација на ...
Хартиените сметки за вода, комунални и други јавни услуги постепено ќе се префрлаат во електронскиот систем за фактурирање. Управата за јавни приходи (УЈП) веќе ги вклучува општините и јавните претпријатија во пилот-фазата на проектот „е-Фактура“. Еден од главните тестови во оваа фаза е да се провери како системот ќе се справи со стотици илјади сметки што секој месец се испраќаат до граѓаните. На обуката организирана од УЈП и ЗЕЛС учествувале ...
Премиерот на Албанија, Еди Рама, реагираше на изјавите на српскиот претседател Александар Вучиќ за можното пренасочување на текот на реката Ибар, оценувајќи ги ставовите на Белград како политички фолклор кој му одолева на времето. Рама се осврна на реториката што доаѓа од српските власти, истакнувајќи дека Албанија нема претензии кон српски територии, но дека безрезервно ја поддржува независноста на Косово. „Многу интересна летна размена на ...
Хумана одлука за органодарителство донесена од едно семејство минатиот месец овозможи нов почеток за двајца пациенти кои добија органи преку трансплантација, соопштија денеска од Министерството за здравство. Оваа информација се споделува во пресрет на 13 Август – Светскиот ден на органодарителството, со цел подигнување на свесноста за значењето на дарувањето органи. Во соопштението се потенцира дека зад секоја трансплантација стои одлука ...
Во скопската населба Автокоманда во тек се градежни активности за уредување на јавните површини со поставување на нови павер елементи, информираше градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски. За време на денешниот увид на терен, Стефковски посочи дека просторот добива нов лик со цел да се создадат уредени и функционални катчиња за одмор, дружење и рекреација на жителите. Во рамки на проектот изградени се и нови пристапни патеки со ...
Водата во Скопје е микробиолошки и хемиски исправна, а депонијата за која се пишува во јавноста не се наоѓа на територијата на Град Скопје и е оддалечена околу 30 километри од изворот „Рашче“. Ова денеска преку социјалните мрежи го истакна Орце Ѓорѓиевски, посочувајќи дека изминатиот период се пласираат информации кои создаваат непотребен страв и паника кај граѓаните. „Депонијата за која се зборува не се наоѓа на територијата на Град Скопје и ...
Ноќеска во 00:50 часот во СВР Скопје, И.Р.(33) од скопско, пријави дека околу 00:30 часот на локалниот пат с.Рашче- с.Сарај, скопско, додека управувал патничко возило, бил сопрен од две лица кои со закана со огнено оружје од него и неговиот син одзеле мобилни телефони, пари, и други лични работи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Ноќеска во 00:50 часот во СВР Скопје, И.Р.(33) од скопско, пријави дека околу 00:30 часот на ...
Серија случаи на семејно насилство се евидентирани во изминатите 24 часа низ повеќе градови во државата, информираат од Министерството за внатрешни работи. На 10.08.2026 во 16:45 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода С.М.(46) од гостиварско село, постапувајќи по претходна пријава дека околу 11:30 часот во деловен објект во Гостивар физички ја нападнал неговата 47-годишна сопруга и ѝ упатувал закани. Тој ...
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Т.М.(28) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“ во врска со кривично дело „кражба“. На 03.03.2026 во СВР Тетово, пријавениот лажно пријавил дека на 01.03.2026 во неговиот дом, неговите дедо и баба одзеле парични средства во износ од околу 3.500.000 денари. СВР Тетово поднесе кривична пријава против Т.М.(28) од Тетово поради постоење ...
Во организација на Асоцијацијата „Макам-транс“, денеска се одржа регионална средба на претставници на здруженијата на превозници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Главна тема на состанокот беа актуелните проблеми со кои се соочуваат професионалните возачи во однос на ограничувањето и броењето на деновите за престој во Шенген зоната, како и дефинирање чекори за надминување на оваа состојба. Претставниците на сите ...
Вчера во 23:20 часот на подрачјето на Драчево во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа Р.С.(63), Б.С.(37), Б.А.(20), О.С.(41), Н.С.(21) и Ѓ.С.(33), сите од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 22:30 часот го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка во која биле употребени и тврди предмети, при што била нанесена расекотина на 16-годишник, кој учествувал во пресметката. Откако пристигнале полициски ...
Вчера во 16:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Адем Демачи“ во Скопје, патничко возило удрило во 16-годишен малолетник од Скопје, кој туркал електричен тротинет, по што возилото го напуштило местото. Притоа, малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот и ...
Власта на Мицкоски ги извиси и ги изманипулира земјоделците производители на црвена пиперка, велат од СДСМ. „Наместо откупна цена која ќе им обезбеди исплатливо производство, министерот за земјоделство Борче Серафимовски, на земјоделците им нуди милостина. Договорената цена што Серафимовски, сака да ја прикаже како некаков успех е далеку од исплатлива и далеку од откупната цена на пиперката ајварката во 2022 и 2023. Во време на Владата на ...
Во последните три учебни години во училиштата просечно се пријавуваат по околу 50 случаи на врсничко насилство годишно, што покажува дека обемот не расте, но загрижува фактот што расте бруталноста во дел од пријавените случаи, истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска. Таа учествуваше на панел-дискусијата на тема „Меѓуврсничко насилство и вандализам“, што по повод Меѓународниот ден на младите се одржа во Охрид, во ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје оствари средба со вршителката на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави, Никол Варнес. На средбата беа потврдени одличните билатерални односи меѓу двете земји, за што сведочат политичкиот дијалог и редовните средби на високо ниво. Соговорниците разговараа за реформските процеси, како и за идните активности насочени кон натамошно ...
Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дијана Илиевска, на денешната прес-конференција го истакна исполнувањето на ветувањето за линеарно зголемување на пензиите за сите највозрасни граѓани во државата. Таа посочи дека пензионерите се заслужна категорија граѓани за кои државата мора да покаже вистинска грижа. „Почитувани, пензионерите не се највозрасните граѓани кои го заокружиле својот работен век, туку тие се најзаслужната категорија на ...
Вкупно осум пожари на отворен простор се регистрирани денеска на територијата на државата до 13 часот, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според податоците на ЦУК, од нив еден е сè уште активен, еден е ставен под контрола, додека останатите шест се целосно изгаснати. Единствениот активен пожар е во општина Македонски Брод, во месноста „Видуш“, во близина на селото Драгов Дол. Таму гори ниска вегетација, ...
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, на денешната прес-конференција ги презентираше последните податоци од Државниот завод за статистика во врска со инфлацијата и цените на мало, истакнувајќи дека тие целосно ги демантираат тврдењата на опозициската СДСМ. Стојаноски нагласи дека бројките за јули покажуваат стабилност на економијата и значително намалување на ценовниот притисок. „Почитувани, додека СДС го градеше својот ...