Голем пожар избувна денеска попладне во близина на познатото туристичко место Сивири, сместено на првиот крак Касандра на полустровот Халкидики. Поради брзото ширење на огнот, грчките власти веднаш реагираа и издадоа итно предупредување преку националниот систем за итни случаи 112. Преку пораката, на сите жители и туристи кои моментално се наоѓаат во Сивири им е наредено веднаш да го напуштат подрачјето. Според насоките од надлежните служби, ...

Предметот против поранешниот вицепремиер Артан Груби и седум други лица за злоупотреби во АД „Државна лотарија“ преку автоматска распределба е распределен кај судија и е насрочен за 24 август, информираат од Основниот кривичен суд Скопје. Основното јавно обвинителство Скопје, претходно поднесе обвинение против Артан Груби и седум други лица, кои како што информираа од Обвинителството, во текот на 2023 и 2024 заеднички презеле дејствија со кои ...

Пожарот во шумата над селото Габер е проширен и се наоѓа во планински и непристапен терен, каде што интервенцијата од земја е отежната, поради што за негово гаснење се ангажирани три авиони „Ер Трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување, како и еден авион на Министерството за внатрешни работи, информираат од Центарот за управување со кризи. Ситуацијата кон населените места во селото Габер е под контрола и во моментов не претставува ...

Технолошкиот гигант Мета избриша повеќе од 750.000 сметки на Инстаграм и Фејсбук во Австралија за кои постои сомнеж дека им припаѓаат на корисници помлади од 16 години, соопштија денеска од компанијата. Акцијата се спроведуваше во периодот меѓу декември и јуни, како дел од почитувањето на австралискиот закон за забрана за користење социјални медиуми за оваа возрасна категорија. Според објавените бројки, деактивирани се 462.000 сомнителни ...

Трудница здобила повреди синоќа во Белград додека шетала, откако во неа удрил електричен тротинет, потврдија од Итната помош за РТС. По повредувањето, таа веднаш била пренесена на Военомедицинската академија (ВМА) за понатамошни медицински прегледи. Главниот дежурен хирург на ВМА, доктор Иван Лековиќ, изјави дека трудницата е задржана во оваа здравствена установа за понатамошна опсервација. Според неговите зборови, трудницата најпрво ја ...

Кој стои зад информациите дека водата во Скопје е небезбедна за пиење? Одговорот допрва треба да го открие полицијата. Секторот за комјутерски криминал веќе презема мерки и активности. И денеска неколку лица се повикуваат на информативен разговор, но властите не откриваат точен број и детали за кое евентуално кривично дело би одговарале оние кои ширеа информација дека има бактерија ешерихија холи во водата за пиење во Скопје. Градоначалникот ...

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), Коце Трајановски, и градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска денеска извршиле увид во градежните работи на мостот на Маркова Река кој ЈПДП го санира со цел подобрување на безбедноста и функционалноста на неговата конструкција. Мостот се наоѓа на регионалниот пат Р1106 во Кисела Вода, на влезот во Драчево. ЈПДП соопшти дека градежните активности течат ...

ДУИ две години молчеше, а денес, кога Обвинителството поднесе обвинение за злоупотреби во Државната лотарија, бара меѓународен надзор. Зошто молчеа досега?, велат од Вреди. Симптоматично е што на ДУИ ѝ е срам да го спомене по име Артан Груби, иако нивната реакција директно се однесува на случајот за кој тој е обвинет. Ова го покажува лицемерието на ДУИ и кон „своите луѓе“, ги користат како топовско месо за своите политики, но им е срам дури и ...

Судењето за случајот „Лотарија“, во кој меѓу обвинетите е и поранешниот вицепремиер Артан Груби, ќе започне на 24 август во 10 часот, соопштија од Основниот кривичен суд Скопје. Предметот преку системот за автоматска распределба му е доделен на постапување на судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски. Основното јавно обвинителство Скопје претходно поднесе обвинителен предлог против Груби и други лица, со кој се товараат за злоупотреба на ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднела кривична пријава против Н.Ш.(47) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 01.07.2026 во Гостивар, по претходна расправија, пријавениот со остар предмет упатувал закани на двајца малолетници. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднела кривична пријава против ...

Туристите кои летуваат на Халкидики се соочуваат со засилени контроли, откако општинските служби започнаа со отстранување на секоја опрема оставена на плажите преку ноќ, без можност да им биде вратена на сопствениците. Општина Касандра соопшти дека оставањето крпи, чадори и лежалки на јавните плажи повеќе не важи како начин за однапред резервирање место. За акцијата предупредија и од Фејсбук групата „Grčka info“, посочувајќи дека правилото ...

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) упати сочувство по повод смртта на Наум Бурески, кој ги вршеше функциите потпретседател на Главниот одбор на Сојузот на борците и претседател на Градскиот одбор – Скопје. Од партијата посочуваат дека Бурески како долгогодишен активист даде значаен придонес во општеството. Како долгогодишен активист и член на Сојузот на борците, Бурески беше посветен на зачувувањето и афирмирањето на ...

Охридскиот рамковен договор е темел на мирот, соживотот и демократската иднина на државата, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, по повод 25 години од неговото потпишување. Тој нагласи дека Македонија е заеднички дом на сите граѓани, но упати критики до власта дека наместо да ги негува вредностите на мирот и дијалогот, повторно создава атмосфера на страв и поделби. „Денеска одбележуваме 25 години од потпишувањето на Охридскиот ...

Вчера во 07:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Н.(37), В.Д.(46) и А.Д.(21), сите од с.Зелениково, скопско, постапувајќи по претходна пријава од А.Н. дека на 11.08.2026 околу 21:00 во с.Зелениково, В.Д. и А.Д. му се заканувале со остар предмет, а потоа му го оштетиле неговото возило, при што се здобил со повреди. Исто така, В.Д. пријавил дека на 11.08.2026 околу 23:00 часот во с.Зелениково, А.Н. му се ...

Денеска во 12:02 часот во СВР Скопје, А.А.(71) од Скопје пријави дека околу 09:00 часот во семејниот дом го пронашол починат неговиот син В.А.(41). Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. Увид извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот ќе биде дадено на обдукција. Денеска во 12:02 часот во СВР Скопје, А.А.(71) од Скопје пријави дека околу 09:00 часот во ...

Два одделни инциденти со заталкани зрна од огнено оружје беа пријавени во текот на вчерашниот ден во СВР Скопје. На 12.08.2026 во 10:55 часот во СВР Скопје, С.Р.(53) од скопско пријави дека на подрачјето на Чаир, од заталкано зрно од огнено оружје била оштетено ветробранско стакло од товарно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 12.08.2026 во 22:45 часот во СВР Скопје, Г.Т.(44) од ...

Вчера во 10:47 часот во СВР Струмица, од Шумско стопанство Гевгелија е пријавено дека на планината Кожуф, додека вработениот Д.Т.(62) од Кавадарци сечел дрва, едно од дрвата паднало врз него, по што од здобиените повреди починал. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција. Вчера во 10:47 часот во СВР Струмица, од Шумско стопанство Гевгелија е пријавено дека ...

Утрово во 03:00 часот на место викано „Голема грива“ во Национален парк „Пелистер“, полициски службеници од Полициското одделение Велушина и од криминалистичката полиција при СВР Битола ги лишија од слобода Н.С.(33) од Битола, Р.Ј.(53) од с.Кишава, битолско и Б.Г.(48) од Битола. Тие биле затекнати со огнено оружје во строго заштитена зона, при што се лишени од слобода, одземено им е оружјето и по документирање на настанот ќе следува соодветен ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска упати порака по повод одбележувањето на денот на Струмичката петорка — Мирко Пецев, Ѓорги Јармов, Ѓорги Костуранов, Борис Белев и Стево Топчев. Тој посочи дека овие пет струмички студенти останаа запишани во македонската историја како симбол на генерација што сонувала за слобода и достоинство. На денешен ден, 13 август, се сеќаваме на Струмичката петорка Мирко Пецев, Ѓорги Јармов, Ѓорги ...

Вчера во 21:10 часот во делчевско село, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода А.З.(40). Според пријавеното, неколку пати во последниот период во семејниот дом во селото, физички ја напаѓал неговата 59-годишна мајка и ѝ се заканувал, а претходно во текот на денот агресивно се однесувал и ја заклучил во собата. При преземање мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,08 промили алкохол ...

Североисточните делови од Македонија се зафатени со локална атмосферска нестабилност, информираат попладнево од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според податоците од метеоролозите, во овие региони има повремени врнежи од пороен дожд, проследени со појава на грмежи. Покрај дождот и грмежите, на овие локации се бележи и повремено засилување на ветерот. Метеоролошките екипи ја следат состојбата на терен, а граѓаните од ...

Вчера околу 12:25 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош е пријавено дека во круг на фирма на подрачјето на општина Аеродром има починато лице. Според пријавеното, при изведување работни задачи В.Н.(65) од Скопје бил прегазен од виљушкар, кој претходно сам се придвижил, соопшти МВР. Известен е јавен обвинител и трудов инспектор, а увид извршила екипа од СВР Скопје. Вчера околу 12:25 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош е ...

Вчерашниот ден беше најтежок од почетокот на новата сезона на пожари, со регистрирани најмалку 52 пожари на отворен простор, од кои 46 се изгаснати, а шест останаа активни, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Покрај активните пожари, Ангелов посочи дека најголем предизвик се жариштата во општините Студеничани и Македонски Брод, додека прилепскиот пожар е ставен делумно под контрола. Вчерашниот ...

Четири авиони интервенираат во гаснењето на пожарот во шумата над селото Габер, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од ЦУК информираат дека иако пожарот е проширен, ситуацијата кон населените места во селото Габер е под контрола и во моментов не претставува опасност за жителите. Поради тоа што огнот се наоѓа на планински и непристапен терен каде интервенцијата од земја е отежната, во воздухот делуваат три авиони „Ер Трактор“ ...

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против вкупно 8 лица како соизвршители во кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 во врска со став 4 и став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите, во текот на 2023 и 2024 заеднички презеле дејствија со кои ги пречекориле границите на своите посебни овластувања и должности, со намера да му нанесат штета на оштетеното правно лице Акционерско друштво ...

Гевгелија и Демир Капија измерија највисоки температури во земјава денеска во 14:00 часот, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според податоците од мерните станици, во Гевгелија се измерени 36,8 степени, додека во Демир Капија живата во термометарот достигна 36,6 степени Целзиусови. Во Скопје (Зајчев Рид) температурата во 14 часот изнесуваше 35,5 степени. Високи температури се регистрирани и во Кавадарци и Велес каде се ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од Струга порача дека е шокантен предлогот на Министерството за култура, со кој Струшките вечери на поезијата (СВП) од самостојна национална установа треба да се сведат на сектор во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“. По средбата со раководството на СВП, таа истакна дека фестивалот 65 години претставува синоним за светска промоција и не смее да се третира како административно прашање. Навистина ...

Вчера во 14:32 часот во СВР Охрид било пријавено дека од видите на езерото кај Пештани било извлечено машко лице. Екипа на Итната медицинска помош се обидела да го реанимира, но набргу констатирала дека лицето починало. Според инфомрациите, немало видливи повреди. Првичната истрага покажала дека се работи за 46-годишниот Б.Д. од Грузија. Извршен бил увид, а по наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција. Вчера во 14:32 часот во ...

Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Илчо Ѓорѓиоски, е пуштен од ефективен притвор и почетокот на судскиот процес ќе го чека во домашен притвор. Оваа одлука на надлежниот суд следува откако Ѓорѓиоски депонираше банкарска гаранција во висина од 500.000 евра. Со одлука на судот, мерката притвор му е официјално заменета со куќен притвор сè до стартот на судењето. Во домашен притвор престојува и актуелниот ...

Вчера во 13:51 часот во СВР Куманово, Н.Љ. од Куманово пријавил дека на улицата „Ѓуро Ѓаковиќ“ пронашол зрно од огнено оружје во ѕид од објект. За време на вршењето увид, Д.К. од истата улица пријавила дека на настрешницата од нејзиниот балкон паднало зрно од огнено оружје и предизвикало оштетување. Двете зрна биле пронајдени и подигнати за понатамошна постапка, а увид извршила екипа од СВР Куманово. Истиот ден во 18:25 часот во СВР Куманово, ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
81%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.03
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
56%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
1.34
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Платина

49319.25

Злато

130856.75

Цинк

3.76

Сребро

1670.34

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32

Бакар

12.58