Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Две жени се повикани во полиција по ширењето објави дека скопската вода не е за пиење, дознаваме од свои извори. Претходно денеска градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски соопшти дека станува збор за оркестриран напад од опозицијата и дека очекува кривична одговорност за оние кои ширеле паника дека водата во Скопје не безбедна за пиење и има ешерихија коли. Денеска на прес-конференција властите кажаа дека сите испитувања покажале дека ...
Најмалку 15 лица ги загубија животите, а 27 се водат како исчезнати откако патнички траект се преврте во водите на езерото Кариба во Зимбабве. Несреќата се случила во вторникот, а според првичните информации од полицијата, на пловилото имало 90 патници и пет членови на екипажот. Сепак, локалните власти подоцна известија дека за патувањето биле издадени дури 114 билети, што отвора сомнеж дека бројот на луѓе на траектот бил поголем од ...
Четиргодишниот Богдан од Македонија, кој беше пријавен за исчезнат во познатото летувалиште во Голем во Република Албанија е пронајден жив и здрав, објави JOQ Albania. Претходно, како што објави JOQ Albania, 4-годишното дете исчезнало во областа Алто Маре. Според пријавата, семејството подолго време го барало детето, а ја известило и полицијата во Голем. За среќе, детето е пронајдено и е заедно со своите родители. Четиргодишниот Богдан од ...
Спасувачките екипи во Хрватска водат интензивна потрага по двајца португалски државјани кои исчезнаа синоќа во морето, откако претходно од водата живи беа извлечени млада жена и маж. Капетанијата на пристаништето Сењ и МРЦЦ Риека ја започнаа спасувачката операција во 4:40 часот изутрината, а водената маса и брановите од три метри ја отежнуваа акцијата. Во близина на островот Крк е пронајден само празниот чамец со кој тие пловеле. Едното ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека утре и во петок наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со постепен пад на температурата. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека утре и во ...
На 12.08.2026 во 04:08 часот во село Богородица, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода И.Р.(42) од село Богородица. -При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „цитроен“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал и по извршеното мерење со дрегер е утврдено дека возилото го управувал со 2,58 промили алкохол во организмот, информира МВР. Возилото е ...
На 11.08.2026 во 20:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Н.Ѓ.(43) и Р.Ѓ.(42) од една страна и А.С.(32) и С.З.(34) од друга страна, сите од Скопје. Според пријавеното, причина за физичката пресметка било тоа што претходно А.С. физички ја нападнал малолетната ќерка на Н.Ѓ. и Р.Ѓ.. Сето тоа се случило во детско паркче спроти општината во Кисела вода, а ...
Денеска (12.08.2026) во ОВР Пробиштип е пријавено дека околу 02:00 часот, при извршување работни задачи во рудник во село Добрево, пробиштипско, И.В.(50) од кочанско се здобил со телесна повреда. Тој бил пренесен во Јавна здравствена установа во Пробиштип каде му била укажана помош. Увид извршила екипа на ОВР Пробиштип. Денеска (12.08.2026) во ОВР Пробиштип е пријавено дека околу 02:00 часот, при извршување работни задачи во рудник во село ...
По екстремните топлотни бранови, австрискиот регион Тирол се соочи со поројни дождови и бројни свлечишта. Познатиот метеоролог и климатолог Андреас Јегер посочува дека овие појави не се повремени аномалии, туку нова реалност. Изминатите месеци беа забележани рекордни температури незапамтени од почетокот на милениумот, при што повеќе од половина од мерните станици во регионот пријавиле историски рекордни горештини, објави 4news.mk. „Ова е ...
Четиригодишно дете од Македонија, исчезнало во областа Алто Маре во Република Албанија, објави JOQ Albania. Според пријавата, семејството веќе подолго време го бара детето, но досега нема никаква трага од него. Семејството ја известило и полицијата во Голем, но до овој момент потрагата не дала резултат. Во моментот на исчезнувањето, детето било облечено во зелен костим за капење, а во раката носел пиштол-играчка на вода. Неговата мајка, е во ...
На ден 12.08.2026 година, до 17:00 часот, има 21 активен пожар. 1.Општина Македонски Брод м.в.Видуш во близина на с.Драгов Дол (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки); 2.Општина Студеничани над с.Моране, Вртекица и Рамни габер (мешана шума); 3.Општина Студеничани 2: с.Батинци (ѓурбе); 4.Општина Илинден: нас.Илинден( ниска вегетација); 5.Општина Желино: с.Чифлик (ниска вегетација и мешена шума); 6.Општина Зелениково: ...
МВР информира дека вчера, на 11.08.2026 во СВР Скопје, 36-годишна жена пријави дека 15-годишен малолетник, кој од претходно се познавал со нејзината малолетна ќерка, објавил слики со експлицитна содржина на социјални мрежи од нејзината ќерка. Со малолетникот бил извршен службен разговор во полициска станица во присуство на родител и адвокат. Од МВР додаваат и дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок против ...
Албанија во 2026 година ја зголеми површината на своите јавни плажи за над 300.000 квадратни метри, што претставува раст од над 10 проценти на годишно ниво, објави агенцијата АТА, повикувајќи се на изјава на албанскиот министер за туризам, култура и спорт, Бленди Гонџја. Во текот на оваа летна сезона, вкупната површина на јавните плажи достигна 3,18 милиони квадратни метри, односно зголемување од 10,5 проценти во споредба со минатата година, ...
Поради планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа, утре (13 август) делови од општините Илинден и Сарај привремено ќе останат без снабдување со електрична енергија, информираат од ЕВН. Во општина Илинден, во периодот од 06:00 до 13:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од линијата Илинден – Мралино, селото Мралино, бензинската пумпа „Дади-Компани“ во Мралино, како и делови од населбата Дрма. Во општина Сарај, прекин во ...
Во Европската Унија од денеска започнува примената на нови правила за амбалажата и амбалажниот отпад, со кои значително се ограничува употребата на PFAS-соединенијата во материјалите што доаѓаат во контакт со храната. Новите мерки директно ги засегаат производите од хартија и картон за храна за носење, како кутии за хамбургери, помфрит, кесички за ќебапи и хартија за пекарници, каде што овие хемикалии со години се користеа за одбивање вода и ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ја изрече првата глоба за напуштање легло со мачиња во Скопје, откако случајот бил пријавен од граѓанин. Инспекциската контрола била спроведена по информација добиена од ЈП „Лајка“, поддржана со видеоснимки и фотографии од настанот во парк во близина на скопски трговски центар. Врз основа на известување кое ЈП Лајка го добило од граѓанин (поткрепено со видео снимки и фотографии) за напуштање легло со ...
Интензивно се интервенира за гасење на шумскиот пожар што изби во близина на селото Моране, во општина Студеничани, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Поради тешко пристапниот и ризичен терен, во операцијата се вклучени и воздухопловни сили. Во гасењето се ангажирани три авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, кои дејствуваат од воздух во зоните каде што интервенцијата од копно е невозможна или премногу ризична поради тешко ...
Партијата ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение и прес-конференција на пратеникот Бране Петрушевски ги обвини активистите и раководството на СДС за намерно ширење дезинформации и предизвикување паника во врска со исправноста на водата за пиење во Скопје. Од владејачката партија тврдат дека станува збор за скроено сценарио за финансиско профитерство на компанија која продава флаширана вода, а која според нив е поврзана со структури на опозицијата. „До ...
Здружението на вработени во секторот игри на среќа “САКАМ ДА РАБОТАМ” смета дека е неосновано да се користи Меѓународниот ден на младите за да продолжи кампањата за оцрнување на легалните игри на среќа и да се врши притисок врз институциите, со истражување од пред две години. „Со внимание ги имаме анализирано овие податоците од истражувањето ЕСПАД 2024, кои ги реобјави ХЕРА Млади. Се согласуваме дека е загрижувачки што се јавуваат податоци ...
Вкупно 115 санкции за непрописно престигнување биле изречени на територија на цела држава, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи. – Во текот на вчерашниот ден во периодот од 16 до 21 часот, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи, спроведе акциска контрола за санкционирање на возила што непрописно престигнуваат на територијата на целата држава, при што санкционирани се 115 возачи. Од нив, 35 ...
Вчера во 07:33 часот во СВР Битола, А.В. од село Беровци, прилепско пријавил дека во нива во атар на истото село го пронашол починат, со прострелна рана во пределот на градниот кош, својот татко С.В.(68) од с.Беровци, информираа од МВР. Лекар од Итна медицинска помош Прилеп констатирал смрт, а во возилото била пронајдена ловечка пушка со испалена чаура во цевката. Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител врз телото на починатиот ќе се ...
Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски ги отфрли тврдењата кои се раширија во јавноста за наводно присуство на бактерии во скопскиот водовод, нагласувајќи дека водата во главниот град е целосно безбедна за пиење. Според него, станува збор за организирано ширење на дезинформации кои имаат за цел да предизвикаат непотребна паника и вознемиреност кај граѓаните. Ѓорѓиевски најави соодветни постапки и одговорност за оние кои ја шират хистеријата, ...
Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по допрен глас за да ги провери информациите за енормно загадување на природата со отпад во заштитеното подрачје во близина на изворите Рашче. Надлежен јавен обвинител ќе ги координира активностите на Државниот инспекторат за животна средина и надлежните инспекциски служби со цел да се извршат проверки во однос на потеклото на депонијата, како и можните последици. Доколку бидат утврдени ...
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Л.Е.(55) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во текот на 2025 година, пријавениот со лажно прикажување на факти земал пари во износ од 15.000 евра од две лица од тетовско, односно ги измамил дека ќе им го среди работниот стаж во странска земја за да можат да добијат пензија. СВР Тетово поднесе кривична пријава против Л.Е.(55) од Тетово поради постоење ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги демантираше информациите кои се проширија во јавноста дека водата од водоснабдителниот систем во Скопје е небезбедна за пиење поради наводно присуство на бактеријата Escherichia coli. Од институцијата соопштија дека до овој момент немаат добиено известување за позитивни или незадоволителни лабораториски резултати од градскиот водовод. „Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро ги демантира ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ги објави мерењата на температурите низ државата извршени денеска во 14 часот. Највисока температура од 38,1 степен е измерена во Велес, по што следат Гевгелија и Демир Капија со измерени 38 степени. Високи температури се забележани и во Скопје, каде што на Зајчев Рид се измерени 37,2 степени, а во Скопје-Петровец 37,1 степен. Во Кавадарци и Виница се измерени 37 степени, додека во Штип ...
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Марков, на денешната прес-конференција ги презентираше реализираните проекти и најавените капитални инвестиции во македонскиот здравствен сектор. Според Марков, во изминатите две години е започнат процес на системска реконструкција на болничките капацитети, набавка на нова опрема и подобрување на условите за пациентите и медицинскиот кадар. „Почитувани граѓани, почитувани медиуми, Владата предводена ...
Вкупно девет пожари на отворен простор се регистрирани денеска до 13 часот, при што пет се сè уште активни, три се ставени под контрола, а еден е целосно изгаснат, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активните жаришта се лоцирани во пет општини. Во Македонски Брод, кај местото Видуш во близина на селото Драгов Дол, гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки. Пожар е активен и во општина Студеничани, над селата Моране, ...
Вчера во 13:15 часот во Преспанското езеро, кај туристичката населба Претор, специјализирана нуркачка екипа од САЕ Тигар го извлече телото на М.М. (71) од Скопје, за кој на 08.08.2026 околу 12:20 часот во СВР Битола било пријавено дека скокнал од чамец во езерото кај село Сливница, ресенско, по веслата кои му паднале, информираа од МВР. Увид извршила екипа на СВР Битола – ОВР Ресен, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е ...
На Клиниката за инфективни болести во Скопје нема евидентирано пациенти со гастроинтестинални тегоби предизвикани од водата за пиење во главниот град, потврди денеска директорот на установата, д-р Фадил Цана. Одговарајќи на новинарско прашање за тврдењата кои се проширија на социјалните мрежи за наводни здравствени проблеми од скопската вода, тој истакна дека такви податоци во клиниката нема. Тоа што можам ја да го кажам како директор на ...